Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на реконструираната спортска сала во Кратово даде изјава за медиумите. На новинарско прашање во врска со блокадата на САД за издавање на визи за 75 држави, меѓу кои е и Македонија, тој одговори: – Министерството за надворешни работи веќе излезе со свој коментар. Станува збор за блокада на имигрантските визи, но тоа не важи и за визи наменети за туристички посети, студентски престој и слично, ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска ...
Имаше случаи кога се бараше мерка притвор од политички причини. Самиот Бубевски ми има кажано дека ова е политика, дека овој предмет мора да успее заради политиката. Јавното обвинителство не е алатка на политиката. Јавното обвинителство не е гранапче или не е огранок на некоја политичка партија. И за жал, тој истиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, кој е шеф на Основното јавно обвинителство-Скопје, на кого на 20-ти јануари ќе му истече ...
Можеби ќе биде поскап, но автомобилот што ќе го купите нема да биде дел од нашминканиот авто-отпад што од Запад го „мкнат“ дел од авто-прекупците во Македонија и на Балканот, особено Бугарија. Купувањето на неисправен автомобил од ЕУ земјите и неговото шминкање стана доходовен бизнис за многумина, особено поради евтината работна рака на Балканот. Така, наместо на отпад, тие завршуваа во гаражите на Балканците. А, се чудевме како истиот ...
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени. Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.8 Според досегашните податоци со кои располага ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Како што информира ...
Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против ...
Љупчо Коцевски, не можејќи да се соочи со она што пратениците ќе го изнесат за него од пратеничката говорница, принуден си поднесе оставка. Избега еден час пред да го разрешат, пред да го распарчат. Тој затоа си поднесе оставка и избега од ЈО на најсрамен начин. Можеме слободно да кажеме дека првата и основна работа на наредниот републички обвинител, кој и да е, треба сериозно да се позанимава со неговото работење, со неговото криминално ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово. Како што информира владината прес-служба, со успешно реализирање на сите три фази, завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Општина Кратово – еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. По посетата, предвидена е изјава за медиуми на премиерот Мицкоски. Премиерот Христијан Мицкоски ...
Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници ќе се одржи денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата. Во рамките на свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од Министерството за ...
Белата куќа денеска соопшти дека состанокот меѓу американските официјални претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен и нагласи дека испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за таа територија. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит на прес-конференција изјави дека вчерашните разговори на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја оствари својата закана за преземање на Гренланд, тоа би имало „последици за алијансата“, иако се воздржа од изјавата дека тоа би го уништило НАТО. Писториус, говорејќи во вечерните вести на јавниот сервис, додаде дека моментот на распоредување на трупи од Германија и други земји на арктичкиот остров во овие денови на зголемени ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јануари. Денеска е Св. пророк Малахиј и св. маченик Гордиј. Свети пророк Малахиј е еден од 12-те мали пророци. Неговата книга е последна од книгите на Стариот завет. Пророкувал по враќањето на Евреите од вавилонското ропство, при крајот на петтиот век пред Христа. Денес се слави и споменот на свети маченик Гордиј. При крајот на гонењата на христијаните, во 314 година, некои ...
Денеска е 3 јануари според стар стил и се слави Св. Пророк Малахиј. Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице. Се случуваше и другите ...
Денеска е 3 јануари според стар стил, се слави Св. маченик Гордиј, а именден слават Гордан, Гордана… Роден е во Кесарија Кападокиска. Беше офицер во римската војска, во времето на царот Ликиниј. Но, кога настана страшно гонење на христијаните, ја остави војската и чинот и се оддалечи во Синајската пустина. Осамен на планината Хорив, времето го поминуваше во молитва и размислување за тајните на небото и земјата. Особено размислуваше за суетата ...
Јирген Клоп, сериозно размислува да ја продолжи тренерската кариера и е сосема реална опција за нов тренер на Реал Мадрид, објавува авторитетниот германски новинар Флоријан Плетенберг. Клоп беше едно од главните имиња што веднаш се појавија во печатот по изненадувачкото отпуштање на Чаби Алонсо во понеделник, но потоа Клоп се дистанцира од таква можност. Сепак, Плетенберг тврди дека сегашниот спортски директор за фудбалски прашања во ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва. Говорејќи пред бизнисмени на прием во Хале, Мерц порача дека стабилноста во односите со најголемиот европски сосед е клучна за иднината на Европа и Германија. – Ако успееме да ги вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно пронајдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем ...
Ве известуваме дека утре 16.01.2026 година во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе оствари посета на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово, информираат од прес службата на владата. Со успешно реализирање на сите три фази, завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Општина Кратово – еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во 2025 година, објави денеска спортскиот бизнис медиум „Спортико“ во своето годишно истражување. Меѓу првите 100. се наоѓаат спортисти од осум различни спортови и 28 земји, кои инкасирале вкупно речиси 6,05 милијарди долари во календарската година, вклучувајќи 4,63 милијарди од плати и наградни фондови. Дополнителни 1,42 милијарди се заработени надвор од спортските ...
Неофицијално, повеќе од 10 лица се уапсени во големата полициска акција што попладнево се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување. Според неофицијалните информации, меѓу приведените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат доктор. Сите овие информации засега остануваат непотврдени. ...
Не постои ниедна објава во стручната медицина што покажува некаква корист од пушењето. Сите ние, и пушачи и непушачи, мора да работиме на тоа да се намали бројот на пушачи, вели професор доктор Мирко Станетиќ од Босна и Херцеговина. Станетиќ, кoj e истакнат специјалист пулмолог и редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука, во интервју за МИА вели дека Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и сите земји од ...
Американските сили во Карипското Море запленија уште еден танкер за нафта под санкции за кој администрацијата на Доналд Трамп вели дека е поврзан со Венецуела. Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, напиша на социјалните мрежи дека танкерот „Вероника“ претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите, наметнат од Трамп. Ноем, исто така, објави кратко видео кое ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека меѓународната ситуација се влошува и оти светот станува сè поопасен. Путин сè уште јавно не се изјаснил за американската интервенција во Венецуела и соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, протестите во Иран или заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Гренланд. – Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува сè повеќе, мислам дека никој тоа не би го ...
Реал Мадрид бара тренер кој ќе биде подготвен да ја преземе функцијата пред почетокот на следната сезона, јави денеска шпанското радио „Кадена СЕР“. Оваа недела, раководството на 15-кратниот европски клупски шампион одржа неколку состаноци со потенцијални кандидати за тренерската позиција. Се очекува новиот тренер да почне со работа во клубот на лето, а Алваро Арбелоа ќе остане на чело на Кралскиот клуб барем до крајот на сезоната. Пред ...
Куче од расата лабрадор, наречено Роџер, е вклучено во терапевтскиот процес на Универзитетската клиника за психијатрија. – Ова е Роџер, најновиот член од нашиот тим на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Станува збор за 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор, кој го удомивме неодамна и кој за исклучително кратко време се приспособи и на персоналот и на пациентите – нашиот четириножен колега е обожаван, едноставно, од сите! – стои во ...
Едно лице е потешко повредено попладнево при најмалку една експлозија во куќа во центарот на холандскиот градот Утрехт, по што во објектот избувнал пожар. Како што јави холандската државна телевизија НОС, околу 15.30 минути полицијата била алармирана дека се слушнала „гигантска експлозија“, по што кон местото на настанот се упатиле полициски тимови, како и екипи на брзата помош и противпожарната служба. Други медиуми јавуваат дека пред ...
Со оглед на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, Русија предупреди да не се занемаруваат нејзините интереси на Арктикот, пренесе ДПА повикувајќи се на извештајот на државната новинска агенција Тас. – Сите обиди да се игнорираат интересите на Русија во поларниот регион, пред сè во областа на безбедноста, нема да останат без одговор и ќе имаат многу далекусежни последици, изјави портпаролката на ...
Данската премиерка Мете Фредериксен потврди дека Данска и САД имаат фундаментални разлики за иднината на Гренланд во услови на искажаните намери на американскиот претседател Доналд Трамп да го поседува островот, објавија гранцските медиуми. Вашингтон и Копенхаген се согласија да формираат работна група, но „тоа не го менува фактот дека имаме фундаментални разлики бидејќи решеноста на САД да ја преземат контролата врз Гренланд останува ...
САД повторно го продолжија рокот за завршување на преговорите за продажба на странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ продолжувајќи ја општата дозвола за компаниите да го подготват теренот за склучување на договорот до крајот на февруари. САД ја продолжија дозволата првпат на почетокот на декември поставувајќи го 17 јануари како краен рок за потпишување договорите за продажба со „Лукоил“. Рокот за склучување трансакции со ...