Доколку има консензус веднаш ќе се укине пржинската власа, а ако СДСМ не се согласува со тоа, техничката влада ќе се укине после следните редовни парламентарни избори, рече денеска Биљал Касами по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците. Во врска со Изборниот законик, Касами рече дека како претставник на коалицијата Вреди се заложил да се овозможи гласање на дијаспората, затоа што се важен чинител и економски многу ...

Сите лидери на политичките партии се едногласни за укинување на Техничката влада и за законот за „Сејф сити“, изјави денеска премиерот Христијам Мицкокси по завршувањето на лидерската средба. -Она што за мене претставува моментално, акутно и за кое што во најскоро време треба да се најде решение, а мислам дека денеска на овој состанок успеавме да најдеме своевиден компромис, тоа е законот за прекршоци, да може „Сејф сити“ или Безбеден град да ...

По речиси три часа, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која требаше да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата. Покрај Мицкоски, на средбата од коалициските партнери во Владата ...

Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле без преседан, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, цитиран од портпаролката на владата Мод Брежон. „Доколку суверенитетот на ...

Според најновиот извештај кој ги рангира државите според бројот дестинации достапни без виза, Македонија има скок од две места од минатата година до сега и таа се наоѓа на 38 место во извештајот на Henley Passport Index. Имено, досега Македонија најдобар рејтинг имала во 2014 кога се наоѓала на 36 место според Henley Passport Index. Според листата на најмоќни пасоши во светот, Сингапур е на првото место, со безвизен пристап до 192 од 227 ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оцени дека условите за 10-тата еврообврзница се најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении и оти се постигнати историски најниски маргини. Задолжувањето се реализира преку две транши по 500 милиони евра, со рок на достасување од 4 и од 8 години и таквата структура, според министерката, овозможува оптимално распоредување на обврските ...

Во изминатите 12 години во Србија речиси 95 отсто од судиите и околу 60 отсто од обвинителите се заменети, објави денеска српскиот весник „Данас“. Според податоците што ги доби „Данас“ од двата врховни органи што ја контролираат работата на судството и обвинителството во Србија – Високиот совет на судството (ВСС) и Високиот совет на обвинителството (ВСО), од 2012 година до денес, речиси 95 проценти од судиите и околу 60 проценти од ...

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. – За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето ...

СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, што ја пренесуваме интегрално. Кога во нивно време тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција и по „дифолт’“ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така. Сите тендери и јавни набавки ...

Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, тоа е планирано уште минатата година, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро. Тој наведе дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд. – Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане – посочи Баро за „РТЛ радио“. фото: архива Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на ...

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, денеска е во посета на Белата куќа во обид да ги смири тензиите околу Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со преземање контрола врз овој стратешки важен арктички остров. Откако се врати на должноста пред една година, Трамп во неколку наврати го разгледуваше преземањето на Гренланд од својот долгогодишен сојузник Данска. Неговите намери станаа ...

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека островот сака да остане дел од Кралството Данска. Тој вчера истакна дека не сака Вашингтон да го контролира Гренланд. По неговата изјава, американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека Нилсен поради таквиот став ќе има големи проблеми. – Па тоа е негов проблем. Не се согласувам со него. Не знам кој е тој, не знам ништо за него, но ова ќе биде голем проблем за него – истакна Трамп ...

Средба со криминалци нема да има, СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти-ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, што МИА ...

Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ Никола Мицевски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ. Од ...

Повеќе од 388 милиони христијани низ светот се соочиле со тежок прогон и дискриминација поради својата вера во 2025 година, покажува годишниот извештај на невладината организација Опен Дорс (Open Doors), објавен денеска во Париз. Директорот на организацијата за Франција и Белгија, Давид Хамерлин, истакна дека ова е зголемување за осум милиони луѓе во споредба со 2024 година, оценувајќи ја состојбата како „рекордно критична“. Тој појасни дека ...

Во изминатиот период од страна на Град Скопје биле преземени засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведени редовни и вонредни надзори, се работело на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите. Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. ...

Светлана ДАРУДОВА Атина е високоинтелигентна, со силен инстинкт, супер концентрација и физичка издржливост, се грижи за безбедноста. Нејзина специјалност е заштита од експлозивни средства и направи. На себе го носи елечето на кое е испишано, „полиција“. Атина е прекрасна, мила, позитивна… Нејзината кроткост ги освојува симпатиите на сите што ќе ја запознаат. МИА ја фотографира на крајот од јуни, ни го привлече вниманието на пуштањето во ...

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името ...

Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата! Владиното славење за новото задолжување на граѓаните се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го ...

Новиот закон против пушење претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното здравје. Пред сè, со ваквото законско решение се обезбедува заштита на сите непушачи од пасивното дејство на тутунскиот чад, особено кај најранливите категории како што се децата и бремените жени, за МИА нагласи проф. д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. – Дополнително, се очекува значително ...

Безбедносниот експерт и аналитичар Милан Стефаноски гостуваше во емисијата ЗА ИЛИ ПРОТИВ со Љупчо Цветановски на Алфа телевизија каде даде свое видување за престојната Лидерска средба на која претходно беше најавен своевиден бојкот од лидерот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче. – Кај СДСМ уште кога беше Бранко Црвенковски лидер, бојкотот за нив е една слика и еден ракопис препознатлив кога се во опозиција да бојкотираат. Веројатно ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата истакна дека е тешка ситуацијата во земјата. – Ситуацијата во моментов е тешка насекаде, но најтешка е на фронтот. Нападите продолжуваат. Како и одбраната на нашите позиции, истакна Зеленски. Поради руските напади врз украинскиот енергетски систем граѓаните немаат електрична енергија и греење, додека на фронтот, руската армија напредува кон југ и исток. ...

На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени. До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла ...

САД ќе реагираат „многу решително“ доколку иранските власти започнат со егзекуции на лица уапсени за време на протестите, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку часа претходно, во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека нема намера да се сретне со претставници на иранските власти и ги охрабри демонстрантите, наведувајќи дека „помошта е на пат“. Коментарот уследи во време кога активисти тврдат ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јануари. Денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики. Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на ...

Свети Василиј Велики е еден од најголемите Отци на Црквата Христова низ вековите. Голем православен богослов, црковен пастир, целосно посветен на Црквата и народот. Тој ја бранел Црквата, им помагал на сиромасите, ги украсувал храмовите, основал манастири, подигнал болници, старечки домови и прифатилишта. На народот му го толкувал зборот Господен, пишувал книги, а неговите канонски поуки и совети станаа канони за целата Црква. Роден е во ...

Именден денеска празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (среда) во утринските часови по македонско време ја очекува нов меч од квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Словенката Тамара Зиданшек. Противничката која има 28 години се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата. Мечот е предвиден да се игра на теренот број 11 и како четврти по распоред. Како и на мечот од првото коло се очекува ...

Американска инвазија на Гренланд би била напад врз сите сојузници на НАТО, изјави министерката за енергетика на територијата, Наја Натаниелсен. Таа денеска на прес-конференција во Лондон рече дека американска воена акција би претставувала „колапс на владеењето на правото“ и би ги оставила западните сојузници да мораат да „сфатат за што станува збор во овој нов светски поредок“. Одговарајќи на новинарско прашање дали Гренланд би очекувал ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
73%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
92%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
87%
1005
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.29
99%
1006
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
994
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
9.26
71%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
999
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
91%
1008
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
96%
1000
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Калај

48.78

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09