Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1.328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...
ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани, се наведува во соопштението од партијата кое МИА го пренесува интегрално. За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 ...
Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...
Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов, се наведува во соопштението на СДСМ. Од Бихаќска од изутрина помешаа баби и жаби, историја и сегашност, новинарство и политика, и со бучкуруш оружје запукаа по власта и Мицкоски, а притоа не го штедат ни српскиот претседател Александар Вучиќ. Бучкуруш соопштението на СДСМ во продолжение го пренесуваме ...
Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени ја погоди Колумбија, и тоа е најсилниот земјотрес во оваа јужноамериканска земја досега во 21 век, според Колумбискиот геолошки завод Зградите се урнаа, започнаа евакуации, а повеќе од 130 луѓе загинаа. Владата ја прогласи кризата за „национална катастрофа“. Епицентарот е регистриран во Сан Хозе дел Палмар, околу 400 километри западно од колумбиската престолнина Богота. Меѓу најтешко погодените области е ...
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре. Пожар под контрола е оижарот на градската ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека за скоро ќе започне асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, посочувајќи дека за нешто повеќе од три месеци биле надминати проблемите што со години ја попречувале реализацијата на проектот. Според него, трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а следниот чекор е поставувањето на првиот слој асфалт. ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...
Македонија обезбеди 149,2 милиони евра грант за изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е најголемиот грант што државата досега го добила. Покрај грантот, обезбедени се и 350 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што целосно е затворена финансиската конструкција за ...
-Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување“, вели д-р Лазов во својата реакција на социјалните мрежи по повод ...
Океаните достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени Целзиусови, што е повеќе од претходниот ...
Англискиот клуб Астон вила е заинтересирана да го донесе бразилскиот играч на позајмица, објави шпанскиот весник АС. Ендрик постигна осум гола и имаше седум асистенции во 21 натпревар за француската екипа. Реал Мадрид плати 35 милиони евра за да ги обезбеди услугите на Бразилецот пред две години. Неговата плата од пет милиони евра по сезона, исто така, делумно ќе биде покриена од шпанскиот гигант за време на неговиот иден период на позајмица. ...
Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија, нагласувајќи дека блокадата од страна на Софија е политичка и нема врска со реформскиот напредок на земјата и дека Македонија во моментов постигнува најдобри резултати во однос на реформската агенда. Осврнувајќи се ...
Првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември или во јануари, а набавката на вкупно 150 се очекува да заврши за година и половина. Била поднесена една жалба која денеска е отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Заврши и процесот на жалби, имаше една жалба поднесена, денеска беше отфрлена од Второстепената комисија, така ...
Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето! Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност. Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови. СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој ...
Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени, кој ја потресе Колумбија, а десетици згради се разрушени, соопштија локалните власти. Разорниот потрес заглави локални жители под урнатините, а има и повредени. Катастрофата беше причина за евакуација на луѓе во низа населени места, сè до главниот град Богота. Епицентарот бил во Сан Хосе дел Палмар – општина со население од околу 4.800 жители во департманот Чоко, на околу ...
Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица – ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник – сува трева и ...
Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДСМ глуми загриженост за земјоделците, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и ...
ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол. За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да ...
Братислав ДИМИТРОВ Во нашата поранешна држава СФРЈ имаше периоди на сурова сиромаштија. Кога немаше доволно бензин, колите со парен последен број на регистарската табличка смееја да возат само во денови со парен датум. Тие со непарен број само во непарни датуми. Недостасуваа зејтин, шеќер, детергенти и други увозни производи. Редовно и со часови немаше струја, а долго време немаше и кафе. После имаше, ама под услов со кафето да купиш и вињак ...
Шпанскиот репрезентативец од редовите на Арсенал, Мартин Зубименди би можел да замине од редовите на шампионот на Премиер лигата. За негов ангажман се заинтересирани Реал Мадрид и Челзи. Зубименди во Арсенал дојде пред една година, но од клубот се подготвени за продажба. Тие во овој преоден рок го договорија Бруно Гимараеш од Њукасл и во тој случај Зубименди би бил „прекуброен“. Во Арсенал немаат ништо против продажба на играчот, а според ...
Шумските пожари на југот и во централниот дел на Шпанија, во Уелва, Кастиља и Сеговија, на околу 90 километри оддалеченост од Мадрид, и понатаму се активни, а нивното гаснење бара распоредување на голем контингент копнени и воздухопловни ресурси, соопштија денеска шпанските власти. Во гаснењето на пожарите ширум Шпанија денеска учествуваат 21 авион и околу 300 пожарникари, меѓу кои и припадници на Воената единица за вонредни ситуации, јави ...
Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи разговарал седум часа за најважните прашања со кои се соочува Иран, оценувајќи го состанокот како „многу позитивен“. Пезешкијан рече дека за време на средбата детално биле разгледани прашањата поврзани со санкциите, отпорноста и внатрешното единство, истакнувајќи дека сите државни функционери непрекинато работат на изнаоѓање ...
Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, пренесе Скај њуз. Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Гувернерката на колумбискиот западен регион Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека во главниот град на тој регион, Кибдо, има „значителна штета“ на зградите и повеќе ...
Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни работи ги демантира ваквите наводи. Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои ...
Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, пренесе Скај њуз. Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Гувернерката на колумбискиот западен регион Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека во главниот град на тој регион, Кибдо, има „значителна штета“ на зградите и повеќе ...
Со цел да се утврди дали на територијата на Грција постојат и функционираат ветерни електрани без потребните дозволи, како и дали се почитуваат пропишаните технички услови за нивна инсталација, одржување и работа, обвинителката надлежна за Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари (ДАЕЕ) нареди спроведување прелиминарна истрага, откако неодамнешниот пожар во областа Виотија започна токму од ветреници, јави ...