Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција. Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници. – Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social. Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА. Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ...
СВЕДОШТВО ВО ГРУПАТА „НЕ СИ САМ ВО ОВАА БОРБА“ Почитувани здраво на сите. И јас сум една од вас но многу тешко ја прифатив реалноста. Не сакав да верувам, одев на работа, а проблемот го ставав во позадина. Се до моментот кога се најдов во операциона сала каде ми беше направена хируршка интервенција, отстранета ми е цела града и сите жлезди. Diagnoza Her2neu status 1+ И се почна кога се разбудив, се погледнав и сфатив колку сум била болна и што ...
По настапите во Осака и Виена, истакнатите македонски оперски уметници Ана и Игор Дурловски ќе го одбележат 25-годишниот јубилеј на уметничката сцена со свечен новогодишен концерт во Националната опера и балет. Под диригентство на Ана Спасовска и во придружба на симфонискиот оркестар „Ајга“, концертот ќе донесе избор од најубавите македонски љубовни песни, во нови аранжмани на композиторот Сони Петровски. Ана Дурловски Ана Дурловски е сопран со ...
Со положување цвеќе пред бистите на народните херои од Народноослободителната војна во Младинскиот парк и пред Спомен костурницата од НОВ, Општина Велес денеска одбележува 81 година од 9 Ноември 1944 година кога е ослободен градот. Цвеќе положија делегација од Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев, делегација од Командата за обука и доктрина при велешката касарна, претставници на институции, политички партии и членови на ...
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2.876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава. Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1.354 ...
Реконструкција на постоечкиот Клинички, изградба на целосно нов здравствен комплекс на нова географска положба или локациски новиот клинички центар да да се префрли кај градската болница „8 Септмеври“ – ова се трите опции кои што се во игра за нов Клинички центар во Скопје – најави министерот за здравство Азир Алиу. Конечното решение за да се финишира проектот ќе го имаат експертите од ресорното министерство и стручен кадар кој ќе направат ...
На 08.11.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријави дека околу 11:00 часот во семејниот дом во скопско, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг В.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР. А, на 08.11.2025 во 17:50 часот во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Е.Р.(29) од Кочани по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата ...
Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари. Во објавената видео информација на фејсбук профилот на Граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71 900 денари. -Почитувани, транспарентно ја споделуваме ...
Илјадници војници, ветерани и граѓани денеска се собраа во Лондон каде што кралот Чарлс Трети ја предводеше годишната британска церемонија за загинати во војни. Кога Биг Бен одбележа 11:00 часот, толпата одржа две минути молчење, прекинато со пукање од артилериски вод и свирење на последен поздрав за загинатите во војната. Кралот, облечен во униформа на фелдмаршал, положи венец од црвени булки во подножјето на споменикот Кенотаф во близина на ...
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека го расчистило инцидентот кој се случи синоќа во близина на кулите „Џевахир“ во Скопје. Возач од Турција направил хаос и со својот автомобил „БМВ 5“ удрил во неколку контејнери и паркирано возило „алфа ромео“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 22-годишниот М.А.А., кој имал привремен престој во Скопје, по несреќата избегал од местото, но полицијата брзо ...
Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк) Има една реченица на републиканскиот сенатор, Џон Кенеди, за демократката Александра Окасио Кортез која Си-Ен-Ен ја опиша како „прогресивна“ (мислам беше Си-Ен-Ен) во која сенаторот вели дека таа е толку интелигентна што заради неа на шампоните има упатство за користење. Знаете она, упатство на кое пишува дека прво ја мокриш косата, па го ...
Пензионираниот потполковник на американската војска, Даниел Дејвис, оцени дека западните лидери се обидуваат да ја испровоцираат Москва со воинствени изјави, но дека таа реторика нема да има реален ефект. – Сите водечки европски земји продолжуваат да користат воен наратив. Можеби ќе продолжат да се обидуваат да ја иритираат Русија, но тоа нема да ја запре, рече Дејвис во емисија на Јутјуб каналот „Дип Дајв“ (Deep Dive). Тој истакна дека Западот, ...
Доколку граѓаните беа навистина незадоволни од работата на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да и дадат толкава и убедлива поддршка на локалните избори. Тоа е најјасната порака од народот дека има доверба во политиките кои носат резултати. Како може токму партијата која со години го оштетуваше државниот буџет за лични и партиски интереси, денес да држи прес-конференции за подобар животен стандард и економија, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМЕ на ...
Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА. Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе. Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината ...
Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...
Да ни векува храмот ѓорчетровски, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. -Почитувани сограѓани, со голема радост и заедничка духовна гордост денес одбележуваме 50 години од осветувањето на црквата „Св. апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров. Во чест на овој златен јубилеј, денеска се одржа свечена литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со ...
Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%. Најголемо зголемување од 7% е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – ...
Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот во Скопје следната сабота, што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, а советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис во разговор со дописничката на МИА од Атина открива дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани. Концертот насловен „Wandering Echoes“ ќе се одржи на 15 ноември во малата сала на Македонската ...
Структурните реформи со кои Венко Филипче и СДС сугерираа нивен нов почеток, на повидок никаде ги нема и покрај фактот што Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата и петта на ниво на Градот Скопје, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. -Јасно е дека со ваквото однесување СДС навлегува во се подлабoка политичка криза. Безидејноста и дезориентираноста кај СДС е очигледна и дополнително ги поткопува нејзините веќе разнишани ...
Во 18 од 38-те општини во Косово, вклучувајќи го и главниот град Приштина, денеска се одржува втор круг од локалните избори, при што полицијата и обвинителството најавија дополнителни мерки со цел да се обезбеди мирно одвивање на изборниот процес, јавува Косовското радио и телевизија. По првиот круг од локалните избори во Косово, кој се одржа на 12 октомври, стана јасно дека во 18 општини во земјата ќе има втор круг. Тоа се главниот град ...
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба. Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини. ...
ДУИ/НАИ не ја разбраа казната на гласачите на локалните избори. ВЛЕН освои 10 општини и ја затвори вратата за измамите, ПР триковите и пропагандата што ги одржуваше во живот со години. Но, наместо да размислуваат, сега се обидуваат да го продадат неуспехот како „реформа“, велат од ВРЕДИ. -Се обидоа да ги протолкуваат локалните избори како парламентарни. Не помина. Сега, истите луѓе што се удавија себеси лажејќи со „референдумот“, повторно се ...
Кина денеска соопшти дека привремено ја суспендира забраната за извоз на галиум, антимон и германиум во САД – ретки и стратешки важни метали, што се смета за нов сигнал за подобрување на односите меѓу двете земји. Регулативата со која беше блокиран извозот на овие метали – клучни компоненти, особено во производството на полупроводници – е суспендирана до 27 ноември 2026 година, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија. ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе биде домаќин на церемонија по повод значајните настани поврзани со 9 ноември во германската историја – прогласувањето на Републиката во 1918 година, нацистичките погроми врз Евреите во 1938 година и падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, јави ДПА. Според најавата, Штајнмаер ќе одржи говор во неговата резиденција – палатата Белви во Берлин – со фокус на потребата од заштита на ...
Користење на сперма од исклучен донатор, замена на јајце клетки и непочитување на лимитот за оплодување од едно лице, се само некои од сериозните пропусти наведени во извештаите на инспекциските служби при контрола на центрите за плодност во Белгија. Извештаите се однесуваат на инспекции спроведени од белгиската Федералната агенција за здравство, благосостојба и спорт помеѓу 2019 и 2025 година во 46-те белгиски центри за плодност. Белгиските ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. За сторениот прекршок на операторот, изречена му е мерка времена забрана за работа и глоба, како и наредба за ...
СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во ...
Лидерот на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, Манфред Вебер, оцени дека сириските бегалци треба, по можност, да се вратат во својата татковина. – Тие што можат да се вратат во Сирија и да помогнат во обновата на земјата, треба да ја напуштат Германија и Европа и да се вратат дома, изјави Вебер за весникот Билд, пренесе ДПА. Тој посочи дека правната ситуација е јасна: „Ние помагаме во итни случаи, но кога војната ќе заврши, ...