Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, пишува и претскажува, најверојатно од Дубаи, самоуверениот Зоран Заев (никој не знае каде е ), дали повторно по навика од периодот кога беше премиер прејудицирајќи финален резултат на судски процеси, пишува во својата анализа Курир. Лоша „традиција“ која му останала на екс премиерот кој зборуваше за „распупено судство“ и кој самиот тврди дека е црпнат од нива. Најверојатно од ...
Брз и лесен појадок со неколку состојки е паштета од чаден лосос со семки од тиква коишто додаваат крцкава текстура. Состојките се собираат на едно место и се сецкаат во една целина. Најлесно се готви со рачен мелач ако се приготвува за еден или двајца. Количината на состојките се зголемува ако е за повеќемина и тогаш може да се користи блендер. Може да се приготви и со сечкање врз даска за готвење. Се мачка на леб и е прилично вкусна ако се ...
Мадридски Реал, Галатасарај и ПСЖ се последните осминафиналисти во Лигата на шампиони, откако пласман меѓу 16. најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување преку плејофот претходно вечерва обезбеди и Аталанта. Откако минатата недела во Истанбул претрпе шокантен пораз од 5-2, Јувентус вечерва пред своите гледачи во Торино дојде на чекор до подвиг и во регуларните 90 минути имаше водство од 3-0 (Локатели, 37, Гати, 70, Мекени, ...
Фудбалерите на Аталанта се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен реванш натпревар пред своите гледачи во Бергамо ја совладаа Борусија со 4-1 и со тоа ја надоместија негативата од 0-2 од првиот дуел во Дортмунд. Аталанта веќе по првото полувреме ја анулираше предноста на германскиот тим со головите на Скамака во 5 и Запакоста во 45 минут, пред Пашалиќ во 57 минута да биде прецизен за 3-0. Со голот на ...
Иран се стреми да развие интерконтинентални балистички ракети што еден ден би можеле да стигнат до САД, изјави вчера американскиот државен секретар Марко Рубио, опишувајќи ја ракетната програма на Техеран како „неодржлива закана“. „Вашингтон забележал дека Иран го проширува дострелот на ракетите што веќе се во својот арсенал“, изјави Рубио за новинарите во Бастер, главниот град на Сент Китс и Невис. Беше јасно дека Иран е на пат еден ден да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска попладне и утре ќе биде домаќин на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјава и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателите на Русија, САД и Украина, Владимир Путин, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, треба да се сретнат само за да ги склучат договорите. – Можеби тука треба да се согласиме дека тројцата претседатели треба да се сретнат само ако е потребно да ги финализираат договорите, или, како што велат Американците, „зделката“. Тоа е веројатно точно – рече Песков во интервју за русата државна ...
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на нашата држава Македонија. Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари. Денеска е Преподобен Мартинијан. Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил ...
Денеска е 13 февруари (според стар стил) и се слави Преподобен Мартинијан. Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена, а тој виде дека има опасност да падне во грев ...
Пред 22 години, на 26 февруари 2004 година, претседателот Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при урнување на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина. Роден е на 25 јуни 1956 година. Тој е вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година). Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Икс објави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за утрешните преговори во Женева. Зеленски додаде дека на разговорот присуствувале и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер. -Разговаравме за прашањата со кои нашите претставници ќе се занимаваат утре во Женева за време на билатералната средба, како и за подготовките за ...
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека повеќе од 1.700 Африканци се борат на страната на Русија. -Јасно гледаме дека Русија се обидува да ги вовлече африканските граѓани во оваа смртоносна војна. Според наши податоци, во моментот околу 1.780 Африканци се борат заедно со руската армија, посочи Сибиха на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуѕето Аблакава во ...
Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д-р Александар Станков за МИА изјави дека станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена, но дека се подготвува писмениот извештај кој најверојатно до понеделник ќе биде доставен до Обвинителството. – Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада ...
Венко Филипче и СДС се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС. Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Нема скандал, криминал и ...
Венко Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество, мекотелите се тврди карпи во споредба со националната и исплакната свест на Филипче. Лагодно си кажа дека Бугарите сме требале да ги внесеме во Уставот, без Македонија да добие ништо. Тоа значи дека Филипче самиот кажа дека е на услуга на бугарската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Што се однесува до темата Груби, видливо е од месечината дека Филипче е уплашен, особено од тоа ...
Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува намалување на платите до 13.000 денари. Пратениците ги изгласаа измените на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на ...
Бугарскиот сервис Радио Слободна Европа ќе престане со работа на 31 март поради прекин на финансирањето од САД, изјавија неименувани извори од Радиото. Тие додадоа дека активно работат на решение што „ќе ни овозможи да продолжиме да и служиме на нашата публика“. Директорката на романскиот сервис на Радио Слободна Европа, Елена Вијулие Танасе пред две недели на Фејсбук објави дека на 31 март ќе се затвори сервисот. Бугарија и Романија беа меѓу ...
Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово денеска со воена свеченост припадниците на Третиот пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада и останатите единици ја одбележале 82-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу. – На одбележувањето, свежо цвеќе положија делегации од Командата и штабот на Првата пешадиска бригада, како и Третиот пешадиски баталјон, претставници од верските заедници, ...
Американските и украинските претставници утре ќе одржат нова рунда разговори во Женева, објави специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Претставниците на Украина, Русија и САД на 17 и 18 февруари го завршија состанокот во Женева без напредок во територијалните прашања и за прекинот на огнот. Виткоф изјави дека утре ќе биде во Женева со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп и копретседател на американската ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс за „Фокс њуз“ изјави дека претседателот Доналд Трамп и понатаму преферира дипломатско решение со Иран. Тој додаде дека Трамп се надева дека Иранците сериозно ќе ги сфатат утрешните преговори. – Претседателот беше кристално јасен, колку што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје … Ќе се обиде тоа да го постигне по дипломатски пат – посочи Венс. Утре во Женева ќе се одржи нова рунда ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.И.(56) од с.Чифлик, општина Желино, со престој во Струмица, Ш.П.(30) и Д.С.(25), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории каде престојувал првопријавениот, при што биле затекнати ...
Ракометниот стратег Талант Душебаев официјално е назначен за нов селектор на Франција, но во истовреме ќе продолжи да биде тренер на полски Киелце. Душебаев на селекторската клупа седнува на местото на Гијом Жил, на функцијата тренер на француската репрезентација, објави Француската ракометна федерација на социјалната мрежа Икс. Киелце, исто така, објави дека 57-годишниот тренер ќе ги преземе обете улоги. Киргистанецот со шпански пасош и во ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска ја обвини Украина дека планира да го дестабилизира унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војници и опрема за заштита на критичната инфраструктура. Тој во видео објавено на Фејсбук повтори дека затворањето на нафтоводот „Дружба“ е од „политички, а не технички причини“, потенцирајќи оти разузнавачките извештаи укажуваат на можно понатамошно нарушување на енергетскиот систем на ...
-Барањето отчетност од универзитетите како се трошат средствата и како функционираат не сметам дека е мешање во автономијата. Ние не велиме дека ја завршиле добро или лошо работата, само велиме дека треба да дадат извештај за она што сработиле, како работеле и на кој начин управуваат де факто со средствата што им ги дава државата, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите од јавните универзитети, кои од новиот закон ...
Фудбалерите на Силекс не дозволија изненадување во четвртфиналното соочување од Купот на Македонија против второлигашот Детонит Плачковица, триумфирајќи попладнево со 3:0. Головите за Силекс ги постигна Дарко Додев, Дарко Ангелески и Мигел Фереира Пиреш. Силекс во полуфиналето за противник ќе го има Охрид, кој вчера го елиминираше Вардар додека Шкендија Арачиново по победата над Работнички го чека епилогот од дуелот меѓу Струга Трим Лум и ...
Сириските власти денеска соопштија дека пронашле илјадници луѓе кои живеат во „шокантни“ услови во озлогласениот притворски камп во североисточната покраина Ал-Хасаке, откако владините сили ја преземаа контролата врз местото, јавува ДПА. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нуредин ал-Баба, на прес-конференција во Дамаск изјави дека инженерските единици на армијата прво го обезбедиле кампот Ал-Хол пред силите на Министерството ...
На 24.02.2026 во 22:30 часот во Полициската станица Кисела Вода од слобода е лишен А.С.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Бит Пазар се обидел со тврд предмет да го нападне И.М., при што кај себе имал и огнено оружје. Според пријавеното, подоцна И.М. со разни тврди предмети ги оштетил прозорците од куќата на А.С.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 24.02.2026 во 22:30 ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска ја посети централната лабораторија при Министерството и најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Хоџа, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени ...