Кошаркарската федерација на Македонија објави конкурс за доделување вајлд-карта. На тој начин ќе биде пополнето испразнетото место во машката Супер лига за сезоната 2026/27, откако тимот на КК Чаир во процесот на лиценцирање беше утврдено дека не ги исполнил условите предвидени со правилниците и актите на федерацијата за настап во највисокиот ранг на натпреварување. Во новата сезона според пласманот, но и по исполнување на условите ќе ...

Со цел да се утврди дали на територијата на Грција постојат и функционираат ветерни електрани без потребните дозволи, како и дали се почитуваат пропишаните технички услови за нивна инсталација, одржување и работа, обвинителката надлежна за Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари (ДАЕЕ) нареди спроведување прелиминарна истрага, откако неодамнешниот пожар во областа Виотија започна токму од ветреници, јави ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи разговарал седум часа за најважните прашања со кои се соочува Иран, оценувајќи го состанокот како „многу позитивен“. Пезешкијан рече дека за време на средбата детално биле разгледани прашањата поврзани со санкциите, отпорноста и внатрешното единство, истакнувајќи дека сите државни функционери непрекинато работат на изнаоѓање ...

Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија, напиша нa својата Фејсбук страница, заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители. -Во касарната Илинден оддадовме почит на 8-те ...

Премиерките на Италија и Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска во заедничко соопштение го потврдија единството во борбата против „неконтролираната миграција“ и ветија дека ќе го „заштитат“ европското христијанско културно наследство. Во соопштението се напоменува дека Мелони и Фредериксен се единствените претседателки на европски влади и дека, и покрај тоа што доаѓаат од различни политички и географски реалности, се обединети во ...

Германската влада го гледа најновиот план на американскиот претседател, Доналд Трамп, за Газа како можност за напредок кон разоружувањето на Хамас, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи. Кога беше прашан за отфрлањето на планот од страна на Израел, портпаролот рече дека беше очекувано одредено несогласување, објавија британските медиуми. „Со толку сложен потфат, беше сосема јасно дека ќе има многу, многу ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска изјави дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи, и претседателот на парламентот, Мохамед Багер Калибаф, добиле официјална покана од Пакистан да го посетат Исламабад, со цел разговор за постигнување решение во конфликтот со Соединетите Американски Држави. Багеи изјави дека Арагчи и Калибаф ќе го посетат Пакистан „во соодветно време“, без да наведе детали ...

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот се случил на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Засега не е познато дали има жртви или предизвикана материјална штета. Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците на средбата била истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание било посветено на Петгодишната рамка за ...

Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Јон Фрчковски. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден ...

Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“. Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го ...

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...

Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...

Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата. Изет Меџити – 0 седници. Беким Сали – 0 седници. Арбен Фетаи – 0 седници. Вкупно: нула, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада. Функцијата може да се нарекува „прв ...

Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...

Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж. Многумина се прашуваат зошто Мицкоски одбра да летува токму во Брисел – административен центар на Европската Комисија, без плажа и без особена туристичка содржина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тој ги повика сите граѓани да останат во Македонија, да летуваат по планини и езера, да не се мачат со часови чекање на граница на жега. ...

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, повика на брзо воспоставување центри за враќање на мигрантите во Африка, откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанската територија Сеута. „Сеута покажа дека тесната соработка со соседните земји може да функционира. Мароко веднаш ги прими луѓето назад. Никој не можеше да патува подалеку во Шенген зоната. Европа мора брзо да воспостави центри за враќање во Африка“, напиша Вебер во ...

Земјите од Блискиот Исток повеќе не можат да се потпираат на тврдењата на САД дека ќе им осигуруваат безбедност како во минатото – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. – Амбициите на ционистичкиот режим не се нешто за кое можеме да кажеме дека се скриени. Нападите на израелскиот режим врз Либан, Палестина и Сирија и заканите кон земјите од Блискиот Исток укажуваат дека земјите во регионот не ...

Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен ...

Премиерките на Италија и на Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска објавија изјава насловена „Заедничка порака за Европа“, во која ја претставуваат својата заедничка визија за иднината на европскиот континент, безбедноста на европските граѓани и потребата од заштита на европските вредности и европскиот начин на живот. На почетокот на изјавата, Мелони и Фредериксен признаваат дека потекнуваат од различни политички семејства со многу ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата испорача уште повеќе и за ...

Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на жителите и оние кои се наоѓаат во населено место што е во непосредна близина на огнената ...

Тајванската војска денеска симулираше одбрана од кинески десант на стратешки важниот остров Пенгу, а подоцна во текот на денот, за првпат во рамките на воена вежба, ќе биде намалена брзината на интернетот. Десетдневната воена вежба, која започна минатата недела, опфаќа различни сценарија за можен напад од Кина, која го смета Тајван за своја територија, и евентуално негово заземање со сила. Пенгу, кој е поблиску до главниот тајвански остров ...

Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот рече Мартин Андоновски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар. „Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го ...

Рускиот постојан претставник при меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов, изјави дека француските политичари и новинари кои зборуваат за наводна вмешаност на Русија во шумските пожари во Франција покажуваат непочитување кон сопственото население. „Некои француски функционери и новинари тврдат дека Русија на некој начин е вмешана во шумските пожари во Франција. Тие едноставно не го почитуваат населението на сопствената земја“, напиша ...

Ерол Маск, таткото на американскиот милијардер Илон Маск, на пријатели и познаници од Јужна Африка кои размислуваат да се иселат од земјата им препорачал, меѓу другите можности, да размислат за преселување во Русија. Како што пренесува српскиот весник „Политика“ Маск во интервју за руски агенции изјавил дека Русија ја смета за земја во која, според неговото мислење, многу луѓе би можеле да најдат добро место за живеење. „Ги советував луѓето ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава. Од 11 август 2026 година од 00:01 часот, горивата ќе поевтинат во просек за 5,81 отсто во однос на цените утврдени со претходната одлука од 4 август. Најголемо намалување има кај дизелот, чија максимална малопродажна цена се намалува за 8 денари за литар. ...

Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице. СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на „децата“ кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За ...

Американската кибер-команда покрена истрага по серијата од пет смртни случаи на нејзини припадници и лица кои тесно соработувале со таа воена единица. Петте смртни случаи регистрирани во периодот од почетокот на јуни до поечтокот на јули предизвикаа загриженост во воениот врв и во Конгресот, а раководството на Кибер-командата ситуацијата ја третира како таканаречен „кластер на самоубиства“, што подразбира примена на посебни процедури за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. – Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
69%
1027
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
72%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
68%
1030
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1666.05

Калај

46.54

Иридиум

321507.47

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07