Ракометарите на Хрватска многу тешко стигнаа до првата победа на Европското првенство откако на стартот ја совладаа Грузија со 32:29, откако ривалот водеше во поголемиот дел од натпреварот. Во првото полувреме Грузија имаше и водство од шест разлика (12:6), но хрватските ракометари сепак ја запишаа првата победа. Ова беше првиот дуел во групата Е, додека во вечерниот термин играат Шведска и Холандија, а дуелот го судат македонските судии ...

На 16.01.2026 во 10:48 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека околу 10:30 часот на ул. „11 Македонска бригада“ во Свети Николе настанал пожар во куќа, сопственост на К.Ј.(32) од Свети Николе. Повредени лица нема. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе. На 16.01.2026 во 10:48 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека околу 10:30 ...

Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук. Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти за трајна промена – темели за ...

Лидерот на албанската опозициска, Демократска партија и поранешен премиер и шеф на државата, Сали Бериша, ситуацијата во земјата ја оцени како „драматична“, обвинувајќи ја владата за поплавите и неуспешното справување со природните вонредни состојби. На состанокот на пратеничката група на ДП, Бериша рече дека Албанците и меѓународните партнери очекуваат опозицијата да ја реши кризата. – Сите пријатели на Албанија во Европа и во светот ...

Пет лица загинаа во две лавини во Австрија во саботата, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург за ДПА, пренесуваат медиумите. Седум лица беа затрупани од лавина попладнето на врвот Финстеркопф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, рече таа. Планинската спасувачка служба објави дека четворица членови на скијачката група се пронајдени мртви, додека другите се тешко повредени. ...

Врховниот лидер на Иран за прв пат јавно призна дека илјадници луѓе се убиени, „некои на нехуман, дивјачки начин“, за време на неодамнешните протести. Насилниот одговор на немирите одзеде 3.090 животи, според новинската агенција Ирански активисти за човекови права (HRANA) со седиште во САД, додека некои активистички групи проценуваат дека бројот на жртви е многу поголем. Прекинот на интернет го отежна добивањето јасни информации. Во говорот ...

Неколку илјади граѓани се собраа попладнево во центарот на Нови Сад на протестот „Што значи победа?“, на кој повикаа студентите. Тој протест е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори во државата што беше спроведена кон крајот на минатата година Обезбедување е распоредено околу Градското собрание и низ целиот Плоштад на слободата. Меѓу транспарентите, се издвојува пораката „Постои одговорност по име и презиме“. Голем ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост на планинскиот премин Плетвар до 100 метри, Крушево и Стража до 50 метри, Маврово до 40 метри, патен правец Штип – Неготино (кај Серта) до 50 метри и на патниот правец Тетово – село Лисец до 30 метри, соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0. Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР снимката. Во серијата пенали првите играчи на Египет Мохамед Салах и Омар Мармуш не ги реализираа првите два ...

ЕХФ ги објави официјалните лица за утрешниот ден од европскиот шампионат, па и македонските ракометари и стручниот штаб ги дозна судиите кои ќе бидат задолжени за делење на правдата на дуелот со Португалија. Мечот ќе го судат браќата Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина. Дуелот Македонија и Португалија се игра утре со почеток во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ арената во Хернинг. ЕХФ ги објави официјалните лица за утрешниот ден од ...

Претседателот Доналд Трамп се подготвува да се спротивстави на кинеското влијание во Канада, бидејќи неговата доктрина за Западната хемисфера се шири надвор од Јужна Америка, изјави поранешниот архитект на кампања и советник на Трамп, Стив Банон за Дејли меил. „Следната голема работа ќе биде Канада. Канада е следната Украина затоа што не може да ја брани својата северна арктичка граница, а Кина ќе дојде и ќе се нафрли“, рече Банон, поранешен ...

Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, како субјект на инспекциски надзор, се вели во демантот од Министерството за социјална политика, демографија и млади, што го објавуваме интегрално. „Министерството за социјална политика, демографија и млади најостро ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ќе бидат воведени царини од 10 проценти за осум европски земји што се спротивставуваат на неговата намера САД да го купат Гренланд. Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп наведе дека царини од 10 проценти ќе стапат на сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Според него, тие царини ќе се зголемат на 25 ...

И во зимскиот период пожарникарите се со полни раце работа. Од ТППЕ Струмица денеска информираа дека имала три интервенции. Во раните утрински часови околу 03.42 часот, извлекувале починато лице заедно со трактор кој беше паднат во каналот од поројот кој води од ул.Крушевска република кон с.Сачево. Таму било интервенирано со едно ПП возило и четири пожарникари-спасители. – Во 14.24 часот, запалена куќа на ул.Бошко Буха бр.6, а интервенирале ...

Фудбалерите на Реал Мадрид по двата пораза во Супер купот и Купот на Шпанија се вратија на победите откако во дуелот на домашен терен во 20. коло го совладаа Леванте со 2:0. Ова воедно беше прв триумф на новиот тренер Алваро Арбелоа. Инаку навивачите со свирежи ги „поздравија“ претседателот Флорентино Перез и играчот Винисиус. Победата „кралскиот клуб“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел. Водството во 58. минута го донесе Килијан Мбапе ...

По стартната победа на Европското првенство против Романија со 40:34, селекцијата на Португалија во второто коло за ривал ја има македонската ракометна репрезентација. Во таборотна португалската репрезентација се подготвуваат за следниот дуел. ,”Навистина сум среќен за победата. Следниот дуел ќе биде сосема поразличен имаат играчи со голем квалитет во нападот. Ќе биде потешко отколку со Романија. Тие одиграа навистина добро прво полувреме ...

Реал Мадрид денес се врати на „Сантијаго Бернабеу“ за прв пат откако клубот се раздели со Чаби Алонсо. Реал, според шпанските медиуми, однапред издаде строго предупредување до навивачите кои планираат да свиркаат. Според „Кадена СЕР“, челниците на Реал одлучиле јасно да го регулираат однесувањето на публиката, првенствено во секторот „Града де Анимасион“, каде што се собираат најгласните и најорганизираните навивачи. На членовите на тој дел ...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина. -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување. Дефектот предизвикал прекин на ...

ТВ Алфа најостро ги осудува обидите за дискредитација и замолчување, се вели во реакцијата на телевизијата по нападите од лидерот на СДСМ Венко филипче. Ова е реакцијата на телевизијата: По сериозните обвинувања од д-р Жан Митрев дека Филипче и Заев пред неколку години се обиделе да ја преземат неговата приватна болница искажани во гостување на Алфа, телевизијата како секој професионален медиум побара став и од опозицискиот лидер, но наместо ...

– Сослушувањето на Комитетот на Сенатот за лекови за абортус стана вирално откако републиканските американски сенатори Џош Холи од Мисури и Ешли Муди од Флорида прашаа акушерка-гинеколог дали мажите можат да забременат. За време на сослушувањето на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот, д-р Ниша Верма, гинеколог-акушер со седиште во Атланта, Џорџија, беше прашана дали мажите можат да забременат. Верма не одговори ...

Пресвртните поместувања кои лани се случија во енергетскиот сектор јасно сигнализираa дека државата влегува во фаза на подлабока енергетска трансформација. По промените кои ги донесоа новиот Закон за енергетика и усвојувањето на Планот за изградба на енергетски објекти за 2025 година, разговараме со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за тоа што конкретно се менува во системот, како се избираат и ...

Такер КАРЛСОН Една работа што никако не смее да се направи – Доналд Трамп го кажа ова многу пати во текот на годините – е да им дозволите на Русија и Кина да станат блок, бидејќи ако го направите тоа, тогаш се соочувате со мнозинството од светската популација, најголемиот блок на население во светот, најголемата копнена маса во светот, најголемата економија во светот, ако ги комбинирате овие две. Значи, не можете да го направите тоа. И сосема ...

Новата пирамида на исхрана: Речиси целосно обратна од досегашните препораки Во САД овој месец беа објавени новите „Диететски упатства за Американците 2025-2030“ (‘Dietary Guidelines for Americans’ – ДГА). За разлика од претходните, подолги и бирократски документи, новите правила се на само околу 10 страници – но според експертите, значат целосно ресетирање на прехранбениот систем и во САД и пошироко. Министерот за здравство на САД, Роберт Ф. ...

Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Љубљана, Уголино Ливи, кардиохирург од Италија и Хугон Можина, специјалист интернист и специјалист по интензивно лекување во Љубљана, се тројцата странски експерти кои ќе бидат консултирани за случаите на непотребни кардиоваскуларни интервенции, дознава МИА. Според нашите експерти, проблем е што во оваа група нема интервентен кардиолог, кој што всушност ја дава дијагнозата, без ангажман на таков ...

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Бојан Стојаноски на прес конференцијата на Венко Филипче: Почитувани, Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата. Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како ...

Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар – на „Момин Поток“ се работи со полна пареа! Со забрзано темпо се реализира еден од најзначајните инфраструктурни зафати во градот, клучката „Момин Поток“, заедно со изградбата на булеварот „Никола Карев“, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Во моментов, во напредна фаза е поставувањето на атмосферската канализација, сместена во средишното зеленило на булеварот „Никола Карев“, на ...

Законот за „Безбеден град“, со кој се регулира еден многу значаен дел од сообраќајот со кој се намалува ризикот од несреќи, апсолутно во тој дел го поддржуваме, вели лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека има две битни работи за коишто треба да се зборува – за висината на казните и за тоа што и кој ги контролира огромната количина на податоци, кои системот ги собира. Прашан дали СДСМ ќе даде поддршка за измените на ...

Повеќе часа без испорака на топлинска енергија на корисниците на парно греење се потрошувачите од неколку населби во Скопје. Од ЕСМ Дистрибуција соопштија дека има дефект во системот, а нивни екипи се на терен за да го отстранат. „Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Екипите на ЕСМ ...

Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче од која партијата објави соопштение кое го пренесуваме интегрално: Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам ...

Новата пирамида на исхрана: Речиси целосно обратна од досегашните препораки Во САД овој месец беа објавени новите „Диететски упатства за Американците 2025-2030“ (‘Dietary Guidelines for Americans’ – ДГА). За разлика од претходните, подолги и бирократски документи, новите правила се на само околу 10 страници – но според експертите, значат целосно ресетирање на прехранбениот систем и во САД и пошироко. Министерот за здравство на САД, Роберт Ф. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Сребро

2733.78

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55