Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга. Освен ...
Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности за поддршка на реформите во правосудството. Во изминатиот период, како што соопшти Министерството за правда, проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, меѓу кои и подготовката на законите за ...
Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа. -Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја инсистира претседателот на САД, Доналд Трамп, да го исполни ветувањето дадено на Турција во рамките на програмата за продажба на борбените авиони од петтата генерација Ф-35, пренесува телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“. Според медиумот, Ердоган изјави дека потпишувањето на трилатералниот договор од Мека меѓу Турција, Саудиска Арабија и Пакистан е чекор од голема важност и ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка ...
Кирил ЛАЗОВ Денес, од страна на министерот за здравство се организираше состанок со сите вклучени страни во превенцијата и заштитата на населението од вирусот на Западнонилска треска, меѓу кои беше присутен и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при што беа изнесени податоци за состојбата. Од извршените вонредни инспекциски надзори, Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатира дека во сите единици на локална самоуправа е ...
На 16 август 2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје, 41-годишниот И.М. пријавил дека во дворот од неговата куќа во село Батинци, скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С. Според пријавеното, Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата, додека С.С. со остар предмет им нанел расекотини на пријавителот и неговиот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за ...
Во рамки на соработката со Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Тадаши Мураками, генерален директор на канцеларијата во Виена. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, со посебен фокус на следната мисија на јапонска бизнис делегација во Скопје, која е закажана за ноември. Во рамки на средбата беа разгледани ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и проектен менаџер од УНОПС Калинка Габер. Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, на средбата која се одржала во конструктивна атмосфера, било разговарано за актуелните и идните проекти, како и за ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под ...
Првото нешто што ќе го слушнете во Воден не е ниту улицата ниту вревата од луѓе. Тоа е водата. Некаде зад ѕидовите на старите куќи нешто постојано ромори, тивко, но упорно, како во заднина постојано да тече некаков скришен, неразбирлив разговор. Подоцна сфаќате дека водата не е само украс, туку постојан придружник на овдешниот живот со векови. Едеса односно, Воден, е подигнат на карпа над рамницата на Пела. Одзади се планините на Ворас, а ...
На 14 јули 1946 година татко ми го затворија, го зедоа буквално пред порта. Со браќата подоцна се шегувавме дека границата со Грција ја поместиле пред нашата порта бидејќи по дваесетина дена, во весникот „Нова Македонија“ беше објавено дека е фатен на грчка граница при обид за бегство. Ние не знаевме каде е. Мајка ми, за да дознае каде е, отиде во Белград и ја прими Тито. Не знам дали е познато дека татко ми има отидено на островот Вис, каде ...
Братислав ДИМИТРОВ Одамна објавив текст со последна одбрана на ајварот. Оваа ќе биде најпоследна. Ми здосади да бидам неуспешен. Малкумина читаат. Роденденот на кучето на Д. С. Дац има далеку повеќе лајкови од сите наши текстови заедно. Додуша, ако го споредиме со дотичните текстови, кутрето ќе испадне најмалку погонски инжењер. А тие што читаат ги заболе уво или некој друг, да ми извините на израз, орган. Повеќе ги интересираат гласачките ...
Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е ...
Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот. За успешно реализираното првенство, Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета. Дополнително признание пристигна и од претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, кој за време на престојот во земјата ја пофали организацијата. Гарбахоса оцени дека ...
АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години. Потпишувањето на договорот следува после интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата. -АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против тројца 15-годишници од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), на 21 март 2026 година, пријавените пред маркет во Свети Николе предизвикале пожар. По преземените мерки и активности, од страна на надлежните полициски ...
Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки. На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант со девет општини во рамки на Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. Со грантовите, како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, ќе се воспостават и унапредат услуги наменети за старите лица, лицата со попреченост и ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...
Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што ијзави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла. -Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра ...
Во пресрет на 18 август – Денот на македонската Армија, денеска пред платото на министерството и Генералштабот, традиционално со припадниците на Армијата и вработените во одбраната го одбележавме овој значаен ден, пишува на свијата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски. Благодарност до сите, за вашата непоколебливост, посветеност и професионалност, за сигурна и безбедна Македонија. Продолжуваме да функционираме како едно ...
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени. Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со ...
До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Општини Велес кај ...
На Денот на Армијата на РС Македонија, Министерството за одбрана официјално ја претстави како „Македонска армија“. Во уставниот поредок, определбата „македонски“ се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на РС Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Можеби Министерството, ...
Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа – информира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Министерот додаде ...
Шведско-британскиот фармацевтски гигант АстраЗенека соопшти за нов неуспех, прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“, нешто повеќе од еден месец откако прекина друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека волрустомиг, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...