Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци. Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување ...

„Гоце Делчев не е важен за македонскиот идентитет и тој не направил ништо за Македонија“. Овој навредувачки и понижувачки став доаѓа од Рубин Земон, член на раководството на СДСМ. Претставувајќи се себеси како научник, Земон кој е член на ЦО на СДСМ „удри“ по Гоце Делчев во обид да им се додворува на Бугарите со кои дебатираше онлајн. -Гоце Делчев, ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а направен е мит од него. ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, a во западните делови од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до девет, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален ...

Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна сеница на Собранието. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците потенцираше дека преодната, односно техничката влада за спроведување на избори на пратеници во Собранието, ...

Немам виза која што е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини. Немам илјадници евра, сметки, немам виза која што е поврзана со милиони, авиони, камиони, рече неодамна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Но како што тоа често бива со него – рекол, па порекол. Доказите ги обезличија лагите на Венко, па лагите на Филипче по којзнае кој пат излегоа на виделина. Телевизија АЛФА вчера објави дека овој политичар, сепак, ...

Помалите европски аеродроми би можеле да се соочат со сериозни проблеми за опстанок доколку недостигот на авионско гориво, предизвикан од кризата на Блискиот Исток, доведе до масовно откажување на авионските линии, предупреди денеска здружението Совет на аеродроми на Европа (ACI Europe). Иако авиокомпаниите наведуваат дека моментално нема проблеми со снабдувањето во вообичаениот период од четири до шест недели, војната на САД и Израел против ...

Венко Филипче вечерва доби шлаканица и тоа директно од европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент. Еве сега и ќе му објасниме на Филипче зошто се занимава со глупости. Прво, Вајц вечерва јасно кажа интервјуто е старо и оти дадено е пред седум недели. Второ, Вајц јасно се осврнува на напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, односно на реализирање на европската агенда. Му даваме совет на Филипче ако сака да ...

Прашањето за уставните измени може да се стави на маса во оној момент кога ќе изградиме доверба преку јасни гаранции, барем некој минимален меѓусебен реципроцитет во делот на почитувањето на човековите права. Тоа е нашето очекување, на тоа работиме, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. За централниот дневник на телевизија „Сител“, Муцунски рече дека кардиналните грешки направени од претходната влада не може да се решат преку ...

Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети ...

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска на церемонијата на пречекот на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила во Белата куќа изјави дека Американците низ историјата ги имале своите најблиски сојузници токму во Британците, истакнувајќи ги долгогодишните врски меѓу двете земји. Трамп, како што пренесува Би-Би-Си, рече дека тој и неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп, никогаш нема да ја заборават посетата на замокот ...

Веќе неколку дена на брегот на Охридското Езеро, на албанска страна кај Подградец, е забележано присуство на голем број риби од видот клен, односно од фамилијата на крапот, објави албанската локална телевизија Televizioni SOT7. Според експертите, овој феномен е резултат на мерките преземени во последните три години од страна на надлежните органи, со кои се обезбедени подобри услови за размножување на овој вид риба. Надлежните апелираат за ...

Светската банка во извештај објавен денеска предупреди дека војната на Блискиот Исток ќе предизвика голем раст на цените на енергенсите за 24 отсто во 2026 година, додека вкупните цени на стоките ќе скокнат за повеќе од 16 отсто, што дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и ќе го забави глобалниот економски раст. Како што се наведува во извештајот, поради војната дошло до еден од најголемите шокови во снабдувањето со нафта, со почетен пад на ...

Клиничката болница во Тетово ќе добие еколошки систем за греење. Проектот за замена на системите за греење со еколошки алтернативи е поддржан преку ИПА 3 програмата за чист воздух и се очекува да се реализира во периодот 2026/2027 година. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска беше во посета на Клиничката болница во Тетово каде во разговор со директорот на болницата Ерзен Елези беше истакнато дека оваа ...

Иран ќе дозволи премин низ Ормуската теснина во Персискиот Залив по завршувањето на војната против САД и Израел само во согласност со протоколите кои ќе ја штитат безбедноста на Иран, изјави денеска иранскиот заменик-министер за одбрана Реза Талаеи Ник. Говорејќи на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Шангајската организација, тој рече дека Иран ја препознава меѓународната загриженост поради моменталните ограничувања што ги ...

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, општина Дебрца. Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила , од утре, за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот ...

Вечерва на „Паркот на принцовите“ каде ПСЖ го пречекува Баерн во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Тренерот на Баерн, Венсан Компани, е свесен дека неговите играчи ги очекува тежок натпревар во Париз, но верува во добар резултат. Интересно е што поради суспензија тој нема да биде на клупата на Баерн, а ќе биде заменет од Арон Данкс. Ќе седам некаде на стадионот, можеби блиску до вас новинарите. Процедурите се јасни, ...

Унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан денеска предложи да се повлече од раководството на својата десничарска партија ФИДЕС, но одлуката за ова прашање ќе биде донесена на партиска конференција во јуни. Десноцентристичката партија ТИСА, предводена од Петер Маѓар, победи на парламентарните избори во Унгарија на 12 април и со тоа стави крај на 16-годишното владеење на Орбан. Ова го отвора прашањето за понатамошниот развој на ФИДЕС. ФИДЕС ...

Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во „состојба на колапс“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Трут Соушл. -Тие сакаат што поскоро да ја ’отвориме Ормуската Теснина‘, додека се обидуваат да ја сфатат ситуацијата со нивните власти (што верувам дека ќе можат да го сторат!), додаде Трамп. Светските агенции коментираат дека засега не е јасно како Иран ја пренел пораката до САД. Иран штотуку нè информираше дека ...

Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ, објави Алфа телевизија. Златната виза, која вообичаено ја ...

Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во единствена политичка партија чии копретседатели ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали. Како што беше најавено на денешниот брифинг со новинарите, новиот политички субјект ќе биде структуриран со пет потсекретаријати, со рамномерна распределба од по 20 отсто за сите пет политички партии кои моментално се дел од коалицијата. ...

Започна поставувањето на 40-те камери, системот „Безбеден град“ во туристичките центри Охрид и Струга ќе почне да функционира пред почетокот на летото. Граѓаните задоволни, велат на овој начин значително ќе се подобри безбедноста, посебно во шпицот на сезоната кога владее сообраќаен хаос, а по улиците неконтролирано се дивее. – „Не сакам да звучи неубаво, но лудило е, навистина е лудило од поединци. Секоја чест на останатите, но навистина е ...

Безбедноста и здравјето при работа не трпи импровизации, политиканство и суети и не смее да биде тема само кога ќе се случи трагедија, кога ќе загине работник. Оваа област бара индивидуална и колективна одговорност зашто не се сведува само на физичка заштита, туку подразбира и системска грижа за менталната благосостојба на луѓето, за организацијата на работата, за превенцијата на стресот и создавањето работни средини во кои секој ќе може да ...

Цените на нафтата продолжија да растат и покрај предлогот на Иран да ја прекине блокадата на Ормуската Теснина во замена за одложување на нуклеарните разговори со САД. Суровата нафта Брент, глобалната референтна цена за цените на нафтата, порасна за три проценти вчера, бидејќи понудата на Техеран не успеа да ги ублажи загриженостите на трговците за блокадата на водниот пат, кој е клучен за глобалните испораки на гориво. Брент беше на 111,49 ...

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани со случајот со падот од тераса на неговата сопруга Ивана и нивната шестгодишна ќерка Катја. Јовановски е обвинет за нанесување телесна повреда како резултат на семејно насилство, загрозување на безбедноста и наведување на самоубиство. Обвинителството предлага максимална казна за сите три кривични дела, ...

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ неочекувано се соочи со големи проблеми пред денешниот прв четвртфинален натпревар од ЕХФ Лига Европа на гости против француската екипа Монпелје. Во составот ќе ги нема Дмитро Горига и Јака Малус, поради здравствени проблеми. Во таква ситуација Чупиќ на вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање: Валах, Гогов (голмани); Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, ...

Северноирската милитантна група Нова ИРА соопшти дека ќе ги нападне полицајците во нивните домови откако ја презеде одговорноста за автомобил-бомба што експлодираше пред полициска станица во Белфаст за време на викендот, објавија локалните медиуми. Во експлозијата нема повредени, а напаѓачите наводно киднапирале возило за достава и го принудиле возачот да го вози до станицата. Групата соопшти дека планирала да нападне полицајци што го ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска на 25-от министерски состанок ЕУ-АСЕАН во Брунеи изјави дека светот се соочува со невидени предизвици, нагласувајќи дека војната на Блискиот Исток предизвика глобална енергетска криза што ќе има долгорочни последици за сите земји, соопшти дипломатската служба на ЕУ. Како што рече таа во својот воведен говор, економиите на Југоисточна Азија се ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји ги губат своите лидерски позиции и им отстапуваат место на нови центри за раст и земји од Глобалниот Југ, и дека земјите што ја поддржуваат нивната сувереност во клучните области играат важна улога во оваа архитектура. Во видео обраќање до учесниците на форумот „Отворен дијалог“, тој рече дека претходните пристапи, како и воспоставените норми и правила на деловниот живот и ...

Денеска и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Како што информираат од УХМР, од петок до крајот на неделава ќе се задржи ...

Москва започна работа на развој на инструменти што можат да одговорат на 20-тиот пакет санкции на ЕУ кон Русија, изјави денеска директорот на Одделот за економска соработка на руското Министерство за надворешни работи, Дмитриј Беричевски. „Разгледуваме економски инструменти што ќе ни овозможат да го зајакнеме нашиот суверенитет, да ги поддржиме нашите производители и да им ги отежниме работите на оние производители на кои не им забрануваме ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
43%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
44%
1010
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.77
57%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
45%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
61%
1016
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Родиум

319899.93