Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 23:30 часот ги привеле осумнаесет годишниот С.Ѓ и еден малолетник од Неготино, како и малолетник од Демир Капија. -Имено, тие откако ги забележале полициските службеници, фрлиле цигара со зелена растителна материја, која била пронајдена и одземена. Со малолетниците бил извршен разговор во присуство на адвокат за малолетници и претставник од Центарот за социјални работи ...

На обиколницата во Демир Капија патничко возило „митсубуши“ со демиркаписки регистарски ознаки излетало од коловозот. Возилото го управувал осумнаесет годишниот Н.Д од Демир Капија кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кавадарци. Во возилото со него биле и деветнаесет годишниот Д.П и уште еден малолетник кои се здобиле со телесни повреди кои исто така им биле констатирани во ...