Премиерот Христијан Мицкоски очекува, по изборот на јавниот обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата, како и што се случувало во Македонија седум години, додека владееле СДМС и ДУИ. Мицкоски, како што рече денеска од собраниската говорница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека очекува, исто така, со промените во Обвинителството, голем број граѓани да се охрабрат и ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А.(62) од с. Зајас, А.Н.(38) од с. Србица, Х.Б.(37) од с. Црвевци и Б.С.(36) од с. Стрелци, за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. -Првопријавениот Ф.Д., во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од ...

„Граѓаните без исклучок сакаат да имаат помалку сообраќајни незгоди, и да има помалку жртви и последици од тие сообраќајни незгоди. Лага е дека „Безбеден град“ има етничка заднина, за сега е имплементиран во Скопје, Куманово, Тетово и по коридорите 8 и 10. Анализите покажуваат дека три четвртини од прекршоците се направени во Скопје, но истовремено покажуваат и дека оние 110-150 илјади прекршоци, во овој тест период се намалени на 7-8 ...

Денеска присуствувавме на годишниот брифинг за борбената готовност на Армијата за 2025 година, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. -Брифингот беше посветен на разгледување на тековните состојби и активностите насочени кон јакнење на одбранбените капацитети и континуирана модернизација на Армијата. Посебен акцент беше ставен на значењето на постојаната набавка на современа опрема и вложувањата во човечкиот потенцијал ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави вести од Брисел во врска со протестот на превозниците. „Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе ...

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36 илјади денари. Износот од 57 проценти на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите на Македонија. Димитров потсетува дека кај нас со закон е предвидено дека минималната плата не ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најавува тужба против сопственикот на приватната клиника „Жан Митрев“ доколку се утврди дека не се точни наводите оти заедно со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, правеле рекет со цел да добијат дел од сопственичкиот удел во клиниката. – Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Зошто тој не поднесува тужба, туку Обвинителството по допрен глас. Но, како и да е, нека ја ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш порача дека нема да има уставни измени сè додека не бидат, како што рече, исполнети најмалку два услова – загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека тоа ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови билатерални вета, омаловажувања, понижувања и опструкции од кој било од субјективни причини, нови придавки ...

Аргументот на Венко Филипче за негова „невиност“ во случајот со рекет со Заев врз д-р Жан Митрев и обидот од позиција на моќ – премиер и министер за здравство да му ја земат за бадијала болницата не се темели на вистински докази за невиност туку на едно небаре „кооперациско“ тврдење во кое тој како и СДС минатите 14 дена прашува: „ А, зошто Жан Митрев чекал толку и зошто тој не поднесе кривична пријава?“ Оваа евтина и патетична финта СДС ...

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските плати. Лидерот на партијата Венко Филипче се надева дека сега законот ќе биде поддржан од власта за разлика од 2024 година кога беше одбиен нивниот предлог-закон за зголемување на минималната плата. – Наше е да предложиме, власта е таа што го има последниот збор. Имаат две третини мнозинство во ...

Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Политичката заробеност на ССМ, од страна на СДС се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски како и ССМ како синдикат не им е грижа за работниците, се докажува по тоа дека одбиле 40% зголемување на платите за административните службеници или минимум во ...

Силната подршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложби за интнезивирање на политичките и економски релации меѓу Македонија и Хрватска, беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и Маријана Петир, пратеник во хрватскиот Сабор. При работната посета во Саборот, вицепремиерот Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ- Опара, претседател на Одборот за надворешна политика. ...

Комисијата за одбрана и безбедност на денешната седница даде зелено светло за набавка на опрема за Армијата обезбедена од владата на САД усвојувајќи четири информации а потреба од договор меѓу двете влади и амандмани на постоечки договори. Потребата од нова опрема и склучување договори, која вклучува Комуникациско-информациски системи – Тип 1 радио уреди, надградба на симулациска платформа во Центарот за симулации, набавка на комплет за ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Бислимовски во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република ...

Секое утро минатите денови СДС го стартуваше со ступиден текст „Каде е доктор Жан?“, алудирајќи дека нема ништо од истрага за рекетот кој Жан Митрев го обелодени во Тв Алфа, изнуда од позиција на власт која ја пректикувале Венко Филипче и Зоран Заев. Луцидниот текст требаше да инсинуира невиност на вистинскиот лидер Зоран и неговиот октроиран чувар на тронот Венко, пишува Курир. Не само тоа, фрчеа по 10-на уште поступидни прес-соопштенија на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи. „Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за правичната застапеност, ...

Почеток на меѓународна работилница за сајбер безбедност, дигитална трансформација и eIDAS 2.0 најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук. Со поддршка од Европската Унија и со значајна експертска помош од нашите партнери од Република Грција, денес ја започнавме TAIEX работилницата посветена на јакнење на сајбер безбедноста, унапредување на дигиталното управување и имплементацијата на eIDAS 2.0 и Европската рамка ...

Европската комисија на украинското членство во ЕУ гледа како на безбедносна гаранција, не само за Украина, туку и за Европа, па затоа сум сигурна дека нема отстапувања од европската интеграција на земјата, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на денешниот Совет за надворешни работи на Унијата. – Украина ќе стане членка на Европската Унија, тоа можам да ви го гарантирам, истакна Кос. Таа додаде дека ја разбира ...

Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40 отсто покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците. ССМ ...

Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите, а втората за миграцијата и азилот. Портпаролот на Еврокомисијата за внатрешни работи, Маркус Ламерт во понеделникот во врска со протестите и блокадите на границите од страна на балканските превозници, изјави дека Комисијата е свесна за нивните проблеми и работи на нивно надминување во рамки на подготовките на Стратегијата за визи. – Свесни сме дека голем број ...

Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата и на останатите плати, гувернерот нагласува дека е важно решенијата ...

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат, напиша на Фејсбук пратеникот, Бране Петрушевски. -Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за испитување на наводите за скандалот околу обидите на Зоран Заев и Венко Филипче со уцени да ја купат Клиничката болница „Жан Митрев“ за багателни пари. Ова е доказ дека упорноста, транспарентноста и ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши ...

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Новиот состав на ДИК, кој вчера беше изгласан од пратениците го сочинуваат, се Бојан Маричи претседател на Комисијата, Абдуш Демири потпретседател и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа најави дека неделава ќе бидат одржани нови руско-украински разговори. – Се очекува руските и украинските преговарачи, кои се сретнаа во Абу Даби минатата недела за да разговараат за американскиот план за решавање на конфликтот, во присуство на медијатори од Белата куќа, се очекува да спроведат понатамошни разговори оваа седмица, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот. Тој ...

Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините ќе има врнежи од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. ...

Тринаесет патници и двајца членови на екипажот синоќа загинаа откако се урна авион во Колумбија. Авионот полетал од северниот град Кукута, но исчезна од радарите пред да слета во Оканија. Леталото се урна во близина на границата со Венецуела. Колумбиските власти потврдија дека нема преживеани во несреќата. Сè уште се истражува причината за падот на авионот. Неодамна во Колумбија се случи авионска несреќа кога во приватен авион загинаа шест ...

Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера изјави дека е разочаран од одлуката на Европа да склучи голем трговски договор со Индија. Според него за Европа приоритет е трговијата пред интересите на украинскиот народ. Бесент за американската телевизија Си-ен-би-си (CNBC) наведе дека Европа купува рафинирани артикли произведени во Индија со санкционирана руска нафта и не беше подготвена да ги исполни повисоките царини што САД ги ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јануари. Денеска е Св. апостол Петар. На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои беше ставен во времето на Ирод и од кои беше ослободен на чудесен начин. Христијаните ги чуваа овие окови заради чудата што се случуваа преку нив. Во петтиот век царицата Евдокија еден дел од оковите испрати во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другиот дел го прати во Рим на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
9.77
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.52
96%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
88%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.57
84%
1020
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Цинк

3.37