Фудбалерите на Манчестер Сити го загубија денешниот дуел со 3:1 на гости од Нотингем Форест од 10.коло од Премиер лигата и го претрпеа третиот пораз во серија, додека шампионот Арсенал постигна победа од 1:0 против Хал и сега се наоѓа на шест бодови предност пред најблискиот конкурент. Арсенал има 27 бодови, Манчестер Сити 21 бод итн. Нотингем Форест поведе во 6.минута преку Куња, а во 18. минута на 2:0 зголеми Лиам Делап. „Граѓаните“ ...

Во пресрет на храмовата слава, вечерва во параклисот „Свети Великомаченик Димитриј“ во населбата Трајаново Трло во Кочани се одржа празнична вечерна богослужба со петолебие, на која присуствуваа голем број верници од населбата, но и од другите делови на градот. Со молитва, вера и заедништво, присутните заеднички го одбележаа почетокот на празнувањето на светецот-заштитник на параклисот. По завршувањето на богослужбата беше организирана ...

Кожуф приреди изненадување во денешното коло од Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Гевгелија успеа да му одземе бод на Пелистер, играјќи 1-1. Киксот на Пелистер го искористи Охрид, кој немаше никакви проблеми против Камјани и славеше убедливо со 4-0. Со оваа победа охриѓани се зацврстија на лидерската позиција и сега имаат два бода предност пред битолскиот тим. Убедливо издание имаше и Работнички, кој на гостувањето ...

Вардар освои значајни три бода на гостувањето во Кратово, совладувајќи го Силекс со 0-1 во натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Херој на скопјани беше Горан Закариќ, кој го постигна единствениот гол на почетокот од второто полувреме, на асистенција на капитенот Азер Омерагиќ. Вардар успеа да го одбрани минималното водство и да ја запише седмата победа сезонава. „Црвено-црните“ сега имаат 24 бода, исто колку и Тиквеш, ...

Во бугарскиот град Варна се води истрага по пронаоѓањето човечки останки во брод кој беше погоден со дрон во близина на Романија, а потоа бил пренесен на поправка во локален бродоградилишен погон, соопшти Апелациското обвинителство. Бугарската новинска агенција БТА потсетува дека инцидентот се случи во октомври. Бродот пловел под знамето на Сан Марино, а во неговиот екипаж немало бугарски државјани. На почетокот на ноември тој бил примен на ...

Најмалку 146.000 луѓе денеска протестираа низ Франција поради зголемените трошоци за живот и сè потешката положба на младите, но бројот на учесници беше значително помал отколку на претходните големи демонстрации. Според податоците на француското министерство за внатрешни работи, на улиците низ земјата се собрале вкупно 146.000 луѓе, од кои 46.000 во Париз. Истовремено, организаторите од меѓусиндикалната коалиција на младите изнесоа ...

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, ќе биде лидер на нашиот национален тим на гостувањето во Халкида кај Грција. Кузмановски изјави дека ни следи средба со една борбена екипа, која покажала што може со пласманот на СП 2027. „Мислам дека имаме анализирано и собрано доволно видео-материјал од екипата на Грција. Тие покажаа во изминатите квалификации против Холандија една добра и борбена игра во одбраната и една брза ...

Репрезентацијата на Македонија е во Грција каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2028 година. Селекторот Кирил Лазаров е свесен за важноста на мечот. „Не очекува пеколен меч, една одлична репрезентација која во баражот за Светското првенство ја мина Холандија Ќе пристапиме сериозно, треба да бидеме спремни на се. Мора да имаме контрола. Можни се многу ситуации и сценарија, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), по неодамнешните разрешувања предизвикани од корупциски скандал кој предизвика незадоволство во јавноста. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски ги оцени како „отворено срамни и целосно неприфатливи“ откритијата на антикорупциските органи дека високи функционери во безбедносниот сектор и во органите за спроведување на ...

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани по претходна пријава дека истиот одзел електричен тротинет. На 07.11.2026 во 03:30 часот Д.И. пријави дека откако ја извршил кражбата на тротинетот бил физички нападнат од едно лице најверојатно сопственик на истиот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 06.11.2026 во ...

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја освои победата на драматичната спринт-трка во Мото ГП шампионатот, која се возеше во рамките на Големата награда на Катар. Маркез, пак, успешно ја зачува предноста во продолжението и стигна до уште една значајна победа, правејќи нов чекор кон одбрана на шампионската титула. Второто место го освои Фабио Диџанантонио, додека третопласиран заврши Хорхе Мартин со Априлија. Во генералниот пласман, Маркез сега ...

Најмалку 22 лица, главно деца и жени, загинале во денешните воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз главниот град на Јемен, Сана, кој е под контрола на бунтовниците Хути, јавија медиуми поврзани со проиранското јеменско движење. Бројот на загинатите се зголемил по смртоносниот напад врз пазар и врз станбени објекти во населбата Бани Хушаиш во Сана, објавија новинската агенција „Саба“ и телевизијата „Ал Масира“, која ...

Седмиот Светски медиумски самит, во организација на кинеската новинска агенција Синхуа и градската управа на Пекинг, денеска заврши со усвојување на „Пекиншкиот консензус“ – документ со заеднички насоки за координирана и безбедна употреба на вештачката интелигенција (ВИ) во глобалните медиуми, јави Хина. Потписниците на документот повикуваат на итен премин од теоретски расправи кон конкретни активности за безбедно интегрирање на вештачката ...

Претседателот на УО и Генерален директор на ЖРМ ТРАНСПОРТ, Дејан Кошутиќ, очекува дека надлежните државни институции, вклучително и Јавното обвинителство, со должно внимание и сериозност ќе ги разгледаат наодите и препораките од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и, во рамките на своите законски надлежности, ќе преземат соодветни активности за утврдување на евентуалните одговорности. -Институционалната отчетност, ...

На 07./08.11.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Т.(23) од Велес, С.М.(33), И.М.(30), Ф.Г.(29), С.М.(46), С.Б.(39), Ј.К.(21), А.К.(27), Д.Џ.(30) и 16-годишник сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат ...

Во Краков денеска е прогласена жалост до 11 ноември по нападот на Главниот плоштад, во кој напаѓач со карабин пукал кон случајни минувачи, при што уби шест лица, а рани 15. – Прогласив денови на жалост во Краков до 11 ноември – соопшти градоначалникот на Краков, Лукаш Гибала, потврдувајќи дека во градот заседава кризен штаб во чија работа ќе учествуваат и министерот за внатрешни работи Марчин Кјервински и премиерот Доналд Туск. Полицијата ...

Албанската полиција употреби солзавец и бибер-спреј при судирите со демонстрантите пред министерството за образование во Тирана, каде што група учесници на протестот запалија корпи за отпадоци и ги туркаа кон полициските службеници, јави албанската новинска агенција АТА. Тензиите дополнително се зголемија откако маскирани лица почнаа да фрлаат камења и различни предмети кон полицајците, кои возвратија со бибер-спреј и солзавец, а на местото ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека Европската комисија во најновите оценки констатирала „добар напредок“ на Македонија во областа на дигиталната трансформација, при што најави продолжување на реформите за поголема дигитализација на јавните услуги. – Европската комисија констатира „добар напредок“ на Македонија во дигиталната трансформација. На денешниот состанок за Реформската агенда разговаравме за следните ...

Кинескиот производител BYD испиша нова страница во автомобилската индустрија откако неговиот електричен хиперавтомобил Јангванг У9 Екстрим достигна максимална брзина од неверојатни 503,17 километри на час, со што стана првиот сериски автомобил во светот кој ја надмина границата од 500 км/ч. Рекордното достигнување беше остварено на 1 ноември во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, на затворен дел од сообраќајницата Халифа бин Зајед ел ...

Во Рим речиси на секој чекор се наидува на нешто што веќе сме го виделе на фотографии. Монументални градби, плоштади, базилики, тесни улици и археолошки остатоци што сведочат за векови историја. Илјадници туристи секојдневно минуваат низ градот, со однапред испланирани маршрути. Но, зад таа добро позната слика постои и друг Рим, градот на луѓето што тука работат, плаќаат кирија, бараат стан и се обидуваат да го зачуваат своето место во него. ...

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во вооружен напад што се случи денеска во центарот на полскиот град Краков. Напаѓачот е совладан од полицијата, а мотивите за нападот засега се непознати. Инцидентот се случил нешто по 15 часот на главниот градски плоштад „Ринек Глувни“, една од најпознатите туристички локации во Краков. Според првичните информации, напаѓачот пристигнал со автомобил и отворил оган кон случајни ...

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во преполните кампови за раселени Палестинци низ Појасот Газа, при што во изминатите 12 часа се поплавени најмалку 70.000 шатори и се погодени десетици илјади лица, соопштија локалните власти. Според нив, надојдената вода однела многу засолништа, а насекаде има натопени ќебиња и душеци. Има информации за повредени лица, но не и за загинати. Службата за цивилна заштита во Појасот Газа соопшти ...

Најмалку 22 лица, главно деца и жени, загинале во денешните воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз главниот град на Јемен, Сана, кој е под контрола на бунтовниците Хути, јавија медиуми поврзани со проиранското јеменско движење. Бројот на загинатите се зголемил по смртоносниот напад врз пазар и врз станбени објекти во населбата Бани Хушаиш во Сана, објавија новинската агенција „Саба“ и телевизијата „Ал Масира“, која ...

На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје во автобус управуван од Г.Ј.(58), додека се превезувала како патничка К.Ј.(79) од Скопје, истата паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје во ...

Петнаесетгодишниот Марко Џорлев член на Карате клубот (КК) Штип и на Македонската карате репрезенатација се искачи на пиедесталот на Светското карате првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржа минатиот месец во Бјелско-Бјала во Полска. Штип градот каде што живее, тренерира и се радува на неговите европски и светски успеси. Годинава општината му ја додели наградата 8 Ноември, највисокото општинско признание, кое ...

Министерството за здравство во рамки на Реформската агенда 2024-2027 спроведува две клучни мерки поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со законодавството на Европската Унија, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски во објава на Фејсбук. Тој информира дека денеска учествувал на координативниот состанок за Реформската агенда, при што биле разгледани активностите на Министерството за здравство во оваа област. ...

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, информираат од НБРМ. -Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. ...

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ денеска на состанокот посветен на спроведувањето на Реформската агенда, пред претседателот на Владата го презентирал напредокот во реализацијата на реформските чекори во енергетскиот сектор. Во фокусот на презентацијата, како што соопшти ресорното Министерство, биле постигнатиот напредок во спроведувањето на реформите, унапредувањето на законската рамка и ...

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот пресврт веќе дава конкретни резултати за заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот во главниот град, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, за време на денешниот увид во работата на новата когенеративна постројка на „Теса Енерџи“. Проектот, кој претставува приватна инвестиција вредна 2,5 милиони евра, влегува во нова фаза на ...

На 06.11.2026 во 20:40 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на експресен пат Прилеп – Градско, влечно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(38) од село Стојаково, општина Богданци, удрило во метална еластична ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. На 06.11.2026 во 20:40 часот во ОВР Кавадарци ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76