Специјалниот суд против корупција и организиран криминал го отфрли барањето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, за замена на мерката „затворски притвор“ со поблага мерка. По расправата, адвокатот Сократ Ѓермени изјави дека градоначалникот, кој присуствувал на рочиштето, побарал обврска да се појавува пет пати неделно, па дури и обезбедување паричен износ како гаранција за негово ослободување, но тоа не било прифатено од судот. ...

Синдикатот на УПОЗ потврди дека в четврток во 16.45 часот во Владата ќе седнат на маса за преговори во врска со барањата на Синдикатот за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството. Од Синдикатот на УПОЗ, меѓу другото, посочуваат дека Владата, според нив, веднаш излегла со понуда за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството по протестот одржан на 28 јануари. – Нагласуваме дека вработените имаат ...

Дел од моштите на свети Василиј Велики, еден од најголемите личности во историјата на Црквата Христова, доби манастирот „Свети Ѓорѓиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица. Тие, како што објави Бигорскиот манастир, чиј метох е манастирот во Рајчица, се дар од јеромонахот Стефан Симион од Православната црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија во регионот Лацио. „Овој чин е плод на искрената духовна љубов и ...

Градоначалникот на едно романско село со 166 жители, кое нема вода за пиење, ниту канализација, оди на работа со хеликоптер вреден 800.000 долари, објавуваат телевизијата „Диџи 243 и веб-страницата „Хотњуз“. Жителите на селото Бребу Ноу во округот Карас-Северин немаат ниту вода за пиење ниту канализација. Сепак, неговиот градоначалник користи хеликоптер за службени цели, купен за 800.000 долари од Австрија на име на компанија што ја ...

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во интервју за повеќе медиуми изјави дека светот станал многу опасно место, но оти Москва не сака глобален конфликт. – Ситуацијата е многу опасна. Изгледа се намалува прагот на болка. Не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Но, не може да се исклучи глобален судир, наведе Медведев за ТАСС, рускиот воен блогер ...

Нашата порака е јасна – криминалот не смее и нема да биде исплатлив. Со системски пристап, силни институции и јасна одговорност ќе создадеме услови нелегално стекнатиот имот да биде идентификуван, одземен и вратен во функција на општеството. Како Министерство за финансии, ќе придонесуваме овој совет да биде активен, функционален и ориентиран кон резултати – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на ...

Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Слободан Трендафилов, Владата најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. -Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со ...

Партијата која настојуваше да го легализираше бизнисот со марихуана (демек само за медицински цели) и која со сиот ум додека беше на власт сакаше да донесе Закон за мариухуана со натопорено ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ во Собранието, веќе два дена ламентира и кука како тоа 5 тони канабис минале низ Македонија и завршиле во Србија, пишува Курир во својата анализа. Заборавија ли од СДС дека марихуаната е нивна бизнис измислица? Не им „текнува“ ли за ...

Покачувањето од 40% на платите на административните службеници, Трендафилов ги одбива по насока на СДС и на Левица. Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците, посочува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што ...

Премиерот Христијан Мицкоски в четврток ќе оствари средба со Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ. -Откако премиерот даде понуда за раст на платите, синдикатот УПОЗ ја прифати и за неа треба дополнително да се разговара во рамки на синдикатите, дознава Курир. Претходно и синдикатот на Благоја Ралповски, КСС, ја прифати оваа одлука на Владата. Како што дознаваме средбата е закажана на 5-ти ...

Полициски службеник, кој возел без возачка дозвола во Делчево, бил лишен од слобода, а возилото било одземено, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Утрово во 6:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР – Делчево го лишија од слобода С.Д., на возраст од 23 години, од делчевското село Тработивиште. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со ...

Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од ...

Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. Ова е огромен, криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност, рече на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ, се наведува во соопштението кое МИА го пренесува интегрално. Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: Како 5 тони ...

Денеска ги поставуваме темелите за систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединците. Јасна е нашата заложба за борба против корупцијата и криминалот, но борбата мора да заврши со конфискација на нелегално стекнатиот имот бидејќи криминалот не смее да се исплати. Украденото ...

Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите. Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој. Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини ...

Втор ден по ред СДС шири весела датумска математика со која вадејќи ги работите од контекст шири бизарен дефокус од истрагата која обвинителството ја отвори за рекетот на нивниот претседател Филипче и вистинскиот лидер Заев врз д-р Жан Митрев, пишува Курир. Конструкцијата има редица дупки, но тоа не ги спречува патолошките лажговци од Бихаќка како расипана плоча да верглаат дека – замислете: Кедев демек дал оставка поради отворениот случај ...

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џефри Епштајн. Во еден од мејловите што се појавија во јавноста, Епштајн е информиран за научно истражување поврзано со развој на лек кој, според тврдењата, би можел да ги стопира самоубиствените нагони. Во рамки на ова истражување, како што стои во пораката, биле користени и човечки мозоци од Македонија. „Ги зеле ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена. – Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја, пишува во објавата на Фејсбук. Ѓорѓиевски најави дека следнава недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а очекува ...

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери. Камерите автоматски ги детектираат прекршоците штом возилото ќе ја надмине ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се најавени во југоисточните делови од земјата (над 20 l/m²). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје времето ќе биде облачно ...

Тенискиот рекет со кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои финалето на Австралија опен во 2012 година е продаден на аукција за 540.000 долари, објави „ESPN“. Оваа цена е рекорд на сите времиња за тениски рекет. Претходниот рекорд беше поставен во 2025 година, кога рекетот што го користеше Шпанецот Карлос Алкараз, оној што му го донесе финалето на Вимблдон во 2023 година против Ѓоковиќ, беше продаден за 173.000 долари. Финалето на ...

Јапонија денеска соопшти дека седименти што содржат ретки земни елементи се извадени од длабочина од 6.000 метри за време на истражување на отворено море. Токио изјави дека ова е прв обид во светот за ископување ретки земни елементи на таква длабочина. „Деталите ќе бидат анализирани, вклучувајќи ги и точните количини на ретки земни елементи содржани“ во примерокот, рече Кеи Сато, портпарол на владата. Тој го опиша откритието како „значајно ...

На патниот правец Удово – Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на патниот правец село Марвинци – Валандово. Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека многу лесно може да го реши финансискиот проблем на Обединетите нации така што ќе ги натера земјите кои не ја платиле членарината во ОН веднаш да го сторат тоа. Трамп, во телефонски разговор за „Политико“, рече дека не е запознаен со тоа дека Соединетите Американски Држави не ги исполнуваат сите обврски кон ОН. Тој наведе дека е сигурен оти може многу лесно да ги реши финансиските проблеми на ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јануари. Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики. Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра. Животот го ...

Денеска е 20 јануари (според стар стил) и се слави Преподобен Ефтимиј Велики. Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, во пустината ...

Шпанецот Карлос Алкараз ѝ се обрати на публиката во Мелбурн веднаш по првиот освоен трофеј на Австралија Опен. „Новак зборуваше за тоа како дојдов овде да бидам успешен, ме инспирираше и ми даде мотивација. Тоа што го гледав од тебе и твојот тим, ме правеше уште посилен. Ти благодарам што си огромна инспирација за мене и за мојата кариера. Никој не знае колку напорно работевме за да дојдеме до овој момент. Се фокусиравме на овој турнир и не ...

Данска ја освои титулата на Европското првенство, а Матиас Гидсел постави нов рекорд со 68 постигнати гола, станувајќи играчот со најмногу голови на едно ЕП. Тој го надмина Сандер Сагосен, кој заврши со 65 голови, додека Симон Питлик се смести на третото место со 64 гола. Кире Лазаров (61 гол на ЕП 2012) е четврти на вечната листа. Гидсел, покрај титулата најдобар стрелец, ја освои и наградата за МВП на турнирот Данска ја освои титулата на ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави идеалниот тим на Европското првенство кое се одржуваше во Данска, Норвешка и Шведска. За најкорисен играч на турнирот (МВП) е избран неверојатниот Матијас Гидсел од Данска. Идеалниот тим на Европското првенство 2026 година: Голман: Андреас Волф (Германика) Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка) Лев бек: Симон Питлик (Данска) Среден бек: Гисли Кристијансон (Исланд) Десен бек: Франциско Коста ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
9.77
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.52
96%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
88%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.57
84%
1020
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339190.38

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Кобалт

64.04

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Цинк

3.37

Сребро

3663.67

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Калај

49.78

Злато

159322.70