Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Во текот на 16 и 17 јуни 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 11 лица на различни локации во главниот град, откако кај нив била пронајдена и одземена дрога. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се Е.Р. (21), А.Ј. (37), М.Н. (29), М.Р. (23), Р.С. (44), И.О. (24), сите од Скопје, А.Б. (19) од село Сопиште, А.Б. (43), Р.Ш. (48) и А.Н. (42) од село Катланово, како и К.А. (41) од село ...
Едно лице го загубило животот, а друго е рането во оружен инцидент што се случил во болница во градот Вилмингтон, во американската сојузна држава Delaware. Според првичните информации од истрагата, за нападот е осомничен 23-годишен маж кој исто така бил вработен во здравствената установа. Полицијата соопшти дека осомничениот по инцидентот бил лоциран и приведен во градот Филаделфија неколку часа подоцна, додека истражните тимови продолжуваат ...
Полициски службеници од Полициската станица Кривогаштани вчера лишиле од слобода 29-годишен жител на струмичкото село Баница, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување. Како што информираат од СВР Битола, настанот се случил на 16 јуни околу 11:45 часот во Кривогаштани, при редовна сообраќајна контрола. — реклама — Полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со прилепски регистарски ...
Каса со пари била украдена од пред влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во тетовското село Брвеница, информираат од СВР Тетово. Според пријавата, случајот бил пријавен на 16 јуни во 11:30 часот, а кражбата се случила претходниот ден околу 16:30 часот. — реклама — Од полицијата наведуваат дека засега непознат сторител ја одзел касата со пари која се наоѓала пред влезот на црквата. СВР Тетово презема мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и ...
Тешка трагедија го потресе австрискиот град Тауфкирхен, откако наставник ја убил својата млада колешка во просториите на училиштето, а потоа го загубил животот при бегство од местото на злосторството. Според информациите од истрагата, настанот се случил во библиотеката на средното училиште Билгер-Брештет по завршувањето на наставата. Осомничениот, 29-годишен наставник кој воедно бил и заменик-директор на училиштето, ја повикал својата ...
Четириесет и двегодишен жител на гостиварско село е кривично пријавен откако, според сомневањата на полицијата, со нож го повредил сопствениот татко по расправија во семејниот дом. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривичното дело „телесна повреда“. Според полициските информации, инцидентот се случил по претходна семејна расправија, која прераснала во физички напад. Во ...
Трагичен настан се случи во селото Петница кај Чачак, каде што 79-годишен маж го загуби животот по удар од гром за време на невреме. Според информациите од локалните медиуми, несреќниот човек во моментот на невремето се наоѓал пред својата куќа и се обидувал да се засолни од дождот. Во тие моменти гром удрил во близина на домот, при што мажот бил директно погоден. Соседите велат дека временските услови нагло се влошиле и дека сè се случило за ...
Скопје, 15 јуни 2026 (МИА) - По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци и од Одделението за криминалистички работи Чаир на 14.06.2026 околу 16:00 часот на подрачјето на Мирковци лишиле од слобода 16-годишник од село Блаце, скопско. Имено, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници на место викано „Вражји вир" на подрачје на Мирковци го затекнале малолетникот со моторна пила до него и ...
18-годишна скопјанка го пријавила нејзиниот татко во полиција затоа што им се заканувал на неа и на нејзината малолетна сестра, по што физички ја нападнал сестра ѝ. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка пријавила дека на 12.06.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Чаир, нејзиниот татко В.А. упатувал закани кон неа и нејзината малолетна сестра, по што и физички ја нападнал ...
Меѓународна полициска операција спроведена од германските власти и српското Министерство за внатрешни работи резултираше со голема заплена на кокаин и апсење на повеќе осомничени членови на организирана криминална група. Истрагата започнала на почетокот на минатата година, кога германските служби при редовна контрола на возило откриле и одзеле 16,5 килограми кокаин. Тогаш биле приведени две лица, а собраните докази довеле до откривање на ...
На социјалните мрежи кружи видеоснимка на која се гледа како жена со секира удира по банкомат на банка во Ресен. Во дел од објавите што го придружуваат видеото, поделени се мислењата за мотивите за делото, како и за точниот период кога се случило. Сепак, официјалните информации од полицијата засега говорат дека станува збор за обид за кражба. Имено, во натписот на една од објавите се наведуваат дека инцидентот се случил минатата ноќ, ...
Тројца инструктори се уапсени и обвинети за убиство со умисла по смртта на 21-годишната Марија Едуарда Родригес де Фреитас, која загина во саботата при скок од мост во бразилскиот град Лимеира, бидејќи не била врзана со сигурносни јажиња, соопштија локалните власти. Луис Фелипе Фелисијано Егоров (32), Витор де Фреитас Гонсалвес (27) и Маикон Фернандес Синтра (42) беа уапсени откако беше утврдено че Марија не била правилно прицврстена со ...
Маж од прилепско се шетал низ булевар со воздушна пушка. Полицијата го уапси. - На 15.06.2026 во 13:00 часот на булeвар „Прилепски бранители” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Н.Н.(58) од село Дупјачани, општина Долнени, затоа што бил затекнат како со себе носел воздушна пушка, известија од полицијата. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок. Маж од прилепско се шетал ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(50) од село во општина Врашчиште поради постоење основи на спмнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 28.04.2026, пријавената во два наврати телефонски упатувала закани кон нејзиниот сопруг и свекор. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(50) од село во општина ...
Дваесетгодишниот С.С. починал во Медицинскиот центар во Струга, откако преходно бил изваден од водите на Охридското езеро на „Машката плажа“. Според информациите од полицијата, тој бил со педалинка во езерото. „Бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош,а во 16:05 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопшти МВР. Извршен е вид од ...
Седум до осум месеци старо бебе било пронајдено оставено на клупа во парк на подрачјето на Шуто Оризари, информираа од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 15 јуни во 19:30 часот во СВР Скопје од скопјанецот А.С., кој го забележал бебето и ја известил полицијата. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а екипа на Итна медицинска помош го пренела бебето во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По извршениот ...
Тешка несреќа се случила во водите на заливот Ксамил, каде 22-годишен маж го загубил животот по судир меѓу водно возило и брод на Граничната полиција, јавуваат албанските медиуми. Според првичните информации, младиот Албиано Кречи управувал со т.н. „џет-кар“ кога дошло до директен судир со полицискиот брод кој патролирал во областа. Ударот бил силен, при што водното возило по инцидентот потонало. По несреќата, повредениот 22-годишник бил итно ...
Судир меѓу два мопеда на улицата „Егејска“ во Прилеп завршил со тешко повреден 46-годишен прилепчанец, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, сообраќајната несреќа била пријавена на 15 јуни во 08:20 часот. Во неа учествувале мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.И. (46) од Прилеп, и друг мопед што го управувал Г.М. (55), исто така од Прилеп. — реклама — Во судирот, В.И. се здобил со ...
Remove Format Вчера во 16:55 часот на улица „Брегалница” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Б.(26) од Битола. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, тој се заканувал со остар предмет на неговиот сосед Г.Р.(45) затоа што го пријавил дека неговото куче го нападнало и повредило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Remove Format Вчера во 16:55 часот на ...
Двајца тетовци, од кои едниот на возраст од 74 години, се расправале во полициска станица во Тетово. Ќе се соочат со соодветни пријави. - На 15.06.2026 во 10:10 часот полициски службеници ги привеле М.И.(29) од село Ломница и К.М.(74) од село Дебреше затоа што во во полициската станица Гостивар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, информираа од СВР Тетово. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Двајца ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.(42) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. По претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и со нож му нанел повреди. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.(42) од гостиварско село поради ...
На 15.06.2026 во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од с.Почивало, општина Карбинци. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип. На 15.06.2026 во 11:30 часот во СВР Штип, од ...
Седумнаесетгодишен малолетник од Тетово бил лишен од слобода откако претходно доживеал сообраќајна незгода, при што било утврдено дека управувал мопед без возачка дозвола. Според информациите од СВР Тетово, на 15 јуни околу 23:10 часот на улицата „Љуботенска“ во Тетово, малолетникот, управувајќи мопед, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот. — реклама — По незгодата, тој сам се упатил во Клиничката болница во Тетово, каде му била ...
Полициски службеници од Полициското одделение Теарце доцна синоќа го лишиле од слобода Ј.А. (26) од тетовското село Доброште, откако било утврдено дека управувал возило без возачка дозвола. Според информациите од СВР Тетово, на 15 јуни во 23:20 часот во селото Слатино, при сообраќајна контрола било запрено патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 26-годишникот. — реклама — По извршените проверки, полициските ...
На 15.06.2026 во 12:47 часот во СВР Тетово е пријавено дека во канал за вода има починато лице во атар на с.Горно Јеловце. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето Н.М.(64) од с.Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар. -Според пријавеното, тој со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од каналите. ...
Сериозен инцидент се случил вчера во близина на Белград, кога по долгогодишни семејни несогласувања расправија меѓу девер и снаа завршила со напад и тешка повреда. Според информациите на српските медиуми, 69-годишниот Ж.Н. по вербална расправија на улица ја нападнал својата 70-годишна снаа И.Н. со скалпел, нанесувајќи ѝ сериозна расекотина во пределот на вратот. Наводно, конфликтот избувнал по нова кавга меѓу двајцата роднини, кои подолг ...
Пред Апелациониот суд во Белград за 16 јуни е планирана седница во постапката против првостепено осудената Душанка Тодоровиќ, која е осудена на единствена казна затвор во траење од 15 години поради две кривични дела – тешко убиство во обид. Според пресудата, Душанка е прогласена за виновна бидејќи на 1 ноември 2019 година, околу 11:30 часот, на оштетениот Драгиша Ј., со кого била во емотивна врска и кој ѝ позајмувал пари, во гравот му ставила ...
Безживотно тело на младо момче било пронајдено попладнево во водите на Охридското Езеро, во близина на струшката „Машка плажа“, по што на местото веднаш пристигнале надлежните служби и започнале со потребните постапки. Од СВР Охрид информираат дека телото било забележано во езерото, а по неговото извлекување било пренесено за понатамошни проверки. Лекар кој извршил преглед констатирал смрт, при што не биле утврдени видливи траги што би ...
Скопската полиција во текот на вчерашниот ден спроведе засилена сообраќајна контрола на подрачјето на главниот град, при што беа изречени вкупно 219 санкции за различни прекршоци. Акцијата се реализираше во периодот од 16 до 24 часот, а најголем дел од прекршоците биле направени од возачи на мотоцикли и мопеди. Од вкупниот број санкции, 66 биле изречени за управување мотоцикл без заштитна кацига, 15 за возење мопед без положен возачки испит, ...
Дебар, 14 јуни 2026 (МИА) – Во тешка сообраќајна несреќа, што се случила предпладнево на регионалниот пат Граничен премин Ќафасан-Поградец, во близина на селото Појск, животот го загуби 26-годишна жителка на селото Ливада, струшко. Во полициското соопштение се наведува дека дошло до директен судар меѓу автомобил управуван од Г. Х., жител на Корча, со возилото управувано од Е. Љ. жител на Северна Македонија. „Како последица на здобиените ...