На 06.11.2026 во 17:10 часот на Граничниот премин Табановце на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(25) од Скопје кој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што при гранична контрола на увид дал фалсификувана словенечка возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. На 06.11.2026 во 17:10 часот на Граничниот премин ...

На 06.11.2026 во 16:55 часот во село Црник, пехчевско, полициски службеници од ОВР Берово и полициски службеници од ОВР Делчево лишија од слобода 17-годишен малолетник од Берово, бидејќи при преглед кај истиот пронајдена и одземена е марихуана и остар предмет. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 06.11.2026 во 16:55 часот во село Црник, пехчевско, полициски службеници од ...

Том Нолан ja постигна една од најзначајните победи во кариераta откако го нокаутира Ренато Моикано во главниот настан на УФЦ Фајт најт 292. Настанот се одржа во УФЦ Апекс во Невада, САД. 26-годишниот Австралијанец го заврши во третата рунда, запишувајќи ја шестата победа по ред и консолидирајќи ја својата позиција во лесна категорија. Со победата, Нолан го подобри професионалниот скор на 14 победи и само еден пораз. Успехот што го забележа ...

Италијанскиот возач Кими Антонели испиша нова страница во историјата на Формула 1, откако на само 20 години ја освои светската титула и стана најмладиот шампион во историјата на најбрзиот автомобилски спорт! Возачот на Мерцедес зад себе остави сезона за паметење, во која покажа неверојатна зрелост, брзина и константност, и покрај тоа што му беше само втора сезона во елитното натпреварување. На трката за ГН на Мексико, до победата дојде ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз обезбеди место во финалето откако во полуфиналето на АТП-турнирот во Виена го совлада рускиот тенисер Данил Медведев со 2:0 во сетови, односно 6:4 и 7:6. Натпреварот траеше нешто помалку од час и половина. Во претходната фаза, Карлос Алкараз оствари победа над Томи Пол со 6-4 и 7-6 (2) на АТП турнирот од серијата 500 во Виена. Во меѓувреме, австралискиот тенисер Алексис Де Мињор (исто така споменат како Алекс ...

Италијанскиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, се осврна на обезбедената титула во генералниот пласман во Формула 1 за сезоната 2026. На Големата награда на Мексико, Кими Антонели синоќа заврши трет. Тој ја обезбеди вкупната победа во Формула 1 на четири трки пред крајот на сезоната. – Успеавме. Знаете, без нив, не би стоел тука – без Мерцедес, без моето семејство. Затоа сум неверојатно благодарен за овој момент и тој ќе живее ...

На МТКФ државниот шампионат во енбу одржан викендот во Скопје најуспешни беа каратистите од Работнички. Во категоријата кадети – сениори мешано најдобри беа: 1.Работнички 1 (Матеј Мангаровски и Камелија Недев) 2.Работнички 5 (Матеј Мангаровски и Матеј Јарчевски) 3.Работнички 7 (Георги Кокорманов и Андреј Трпков) 3.Скопје 5 (Александар Зафировски и Андреј Мишиќ). Победници во категорија деца 11-13 год се Работнички 2 (Филип Недев и Георги ...

Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, коментираше за обезбедениот шампионски трофеј на италијанскиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, во шампионатот на Формула 1. – Неверојатно е каква сезона имаше. Да се направи тоа на толку млада возраст, тоа е навистина импресивно. Прекрасно е да се види целиот тим како слави со него. Неговото семејство е исто така тука, па сигурен сум дека ова е многу емотивен ден за него и многу сум горд ...

Одбојкарската федерација на Македонија, 25 клубови во машка и женска конкуренција, кои функционираат под нејзината капа, како и четири одбојкарски школи ја отворија новата „сезона“ на училишниот проект на Европската одбојкарска конфедерација, „Играј одбојка – расти со неа“. Во септември и октомври во три града во Македонија – Скопје, Битола и Струмица се одржаа шест настани кои се дел од овој проект. Фит Фан Волеј и Шкупи, Пелистер Волеј, ...

Лоренцо Музети приреди големо изненадување на Мастерсот во Париз, откако го совлада Александар Зверев со 2-0 во сетови (7-6, 6-2) и го елиминираше германскиот тенисер во второто коло. Италијанецот, кој се наоѓа на 24. позиција на АТП листата, одигра одличен натпревар против првиот носител и не му дозволи на противникот да се врати по загубениот прв сет. Особено импресивен беше во вториот сет, во кој целосно ја презеде контролата и со 6-2 ја ...

Поранешниот австралиски Ф1 возач Алан Џонс почина на 81-годишна возраст, објави прес-службата на австралиското Гран при. Во понеделникот (2 ноември), Џонс го одбележа својот 80. роденден. -Со длабока тага ја објавуваме смртта на Алан Џонс и им изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство, најблиските и пријателите. Како шампион во Формула 1 и еден од најголемите тркачки возачи во Австралија, Алан има посебно место во историјата на ...

По повеќе од 13 години заедничка работа, тренерот Димитар Лабудовиќ со емотивна објава на социјалните мрежи се осврна на периодот поминат со најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Лабудовиќ на својот Инстаграм-профил објави порака во која ги сумираше заедничките 13 и пол години, исполнети со успеси, тешки моменти, повреди и враќања на тениските терени. Во тој период Ѓорческа освои вкупно 62 титули на професионалната турнеја во сингл и ...

Ландо Норис го диктираше темпото на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Бразил во Формула 1. Британецот го постави најбрзото време со болидот на Мекларен, кој доби одредени подобрувања. Норис беше побрз за 0,082 секунди од новокрунисаниот светски шампион Кими Антонели од Мерцедес. Макс Верстапен го забележа третото најдобро време, со заостанување од 0,236 секунди зад Норис, и покрај тоа што се пожали дека менувањето на брзините ...

Шпанецот Хорхе Мартин доби медицинска дозвола за настап на првиот слободен тренинг пред ГН на Катар, со што направи значаен чекор кон враќањето на патеката по повредата заработена во Австралија. Возачот на Априлија во петок ќе се појави на патеката „Лусаил“, но неговото учество во продолжението на тркачкиот викенд ќе зависи од дополнителна медицинска проценка. Шпанецот во четврток го помина прегледот на медицинскиот тим на Мото ГП, предводен ...

Кошаркарите на Бешикташ приредија едно од најголемите изненадувања во Евролигата, откако во драматична завршница славеа на гостувањето кај Виртус Болоња со 103-101, во најефикасниот натпревар од оваа рунда. Најзаслужен за триумфот беше Лони Вокер со 30 поени, четири скока и пет асистенции. Скоти Вилбекин го следеше со 16 поени, два скока и три асистенции, додека кај Виртус најдобар поединец беше Дерик Алстон Јуниор со 19 поени и четири скока. ...

Турскиот Фенербахче е на чекор до ангажман на искусниот канадски центар Двајт Пауел, кој по 13 години минати во НБА лигата е подготвен за прв европски предизвик во кариерата. Пауел во најсилната кошаркарска лига во светот настапуваше за Далас Маверикс, каде што имаше значајна улога во ротацијата на тимот. Со Далас во 2024 година стигна и до големото финале во НБА, но не успеа да ја освои шампионската титула. Пауел има и репрезентативно ...

Виктор Вембањама одигра натпревар и со 43 поени го предводеше Сан Антонио до победа над Минесота од 121:111. Исто така зад своето име запиша и седум скокови, шест блокади и четири асистенции. Голема поддршка имаше од Дилан Харпер, кој постигна 25 поени, додека Де’Арон Фокс средбата ја заврши со 20 поени. По двата порази на стартот од сезоната, Сан Антонио влезе во победнички ритам и моментално има серија од четири последователни триумфи. ...

Голден Стејт Валкириз се шампионки во ВНБА за 2026 година. Во решавачкиот седми натпревар, одигран во саботата, на 31 октомври, во „Чејс центар“ во Сан Франциско, Калифорнија, го совладаа тимот на Атланта Дрим. Двете екипи влегоа во последниот натпревар со израмнет резултат од 3:3 во финалната серија, а победата во ноќта на Ноќта на вештерките им припадна на домаќинките. Првата шампионска титула Валкириз ја освоија во само својата втора ...

На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.М.(18) од Скопје, поради учество во тепачка пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“. -Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. ...

Екипата на Работнички ја продолжи победничката серија во Суперлигата, односно по славјето над Скопје од 89:79 има пет од пет во шампионатот и е на лидерската позиција на табелата. Роберт Рикиќ имаше 29 поени, собра 8 скока и дојде до индекс 31 со што воедно дојде до признанието МВП на рундата во најсилната македонска кошаркарска конкуренција. ПРВА ПЕТОРКА Роберт Рикиќ (Работнички) Тедерик Волф (Тиквеш Голден Игл) Марланд Херис (Струмица 2001) ...

Кошаркарската Евролига ги изрече паричните казни за белградските екипи Црвена Звезда и Партизан за инцидентите за време на дуелот од седмото коло. Црвена Звезда ја доби една од најригорозните санкции – во следните пет натпревари ќе игра на гостински терен без поддршка од своите навивачи. Дополнително Црвена Звезда е казнета вкупно и со 115.000 евра од причина што навивачите на Црвена Звезда ја загрозиле безбедноста на другите навивачи, ...

Евролигата го прогласи македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс за најкорисен играч (МВП) на месец октомври. На девет одиграни натпревари во Евролигата, македонскиот плејмејкер бележи просек од 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки по натпревар. Во категориите поени и асистенции се наоѓа на третото место во лигата, додека со просечен индекс на корисност од 20,7 е меѓу двајцата најдобри играчи според овој параметар. ...

Аргентинскиот плејмејкер има повреда на мускул на ногата, а тренерот Педро Мартинез во вторникот потврди дека засега нема утврден датум за неговото враќање. Кампацо сезонава во Евролигата има просек од 9,7 поени и 4,9 асистенции на девет настапи, од кои три ги почна во стартната петорка. Отсуството на 35-годишниот организатор на играта, двократен европски првак и поранешен НБА кошаркар, дополнително ги стеснува опциите на мадридскиот тим. На ...

Екипата на ТФТ Скопје доживеа убедлив пораз од тимот на Херцеговац со конечни 107-82 во натпреварот од второто коло во АБА2 лигата. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Рашун Дејвис со 17 поени, а во редовите на ТФТ петнаесет поени постигна Секој Сила. Уште 13 додаде Страхил Николов. За скопскиот состав ова беше втор неуспех во групата Б. Следен противник ќе му биде екипата на Подгорица. Овој дуел се игра на деветти декември. Екипата ...

Виктор Вембањама одигра еден од најимпресивните натпревари во досегашната НБА-кариера. Францускиот кошаркар го предводеше Сан Антонио до победа од 112:111 против Далас, а натпреварот го заврши со неверојатни 52 поени, 24 скока и осум блокади. Ова се негови лични рекорди во кариерата според бројот на поени и скокови. Забележа и по две асистенции и украдени топки. Од поле шутираше 16/28 (тројки 1/8), додека од линијата за слободни фрлања имаше ...

По три години минати во Белград, Макаби Тел Авив повторно ја менува локацијата на која ги игра домашните натпревари во Евролигата. Израелскиот клуб ја напушта салата „Пионир“, а до крајот на сезоната ќе биде домаќин во салата „Спирос Кипријану“ во Лимасол, на Кипар. Новата промена ќе стапи на сила од 11. коло, кога тимот на Одед Каташ ќе го одигра дербито против градскиот ривал Хапоел Тел Авив. Евролигата официјално ја потврди одлуката, со ...

Вчера во 10. коло од Евролигата, а на програмата беа пет натпревари. Париз приреди изненадување во Истанбул, Фенербахче убедливо ја совлада Басконија, а Барселона и Баерн стигнаа до драматични победи на гостински терен. Кошаркарите на Париз славеа на гостувањето кај Анадолу Ефес со 95:90 (23:26, 19:10, 24:34, 29:20). Францускиот тим одигра одлична завршница и му го нанесе шестиот пораз на составот на Пабло Ласо во досегашниот тек од ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, продолжува да доминира во НБА-лигата. Тој одигра уште еден фантастичен натпревар и со 40 поени ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа над Сакраменто Кингс со 116:103. Неговиот учинок го смести во друштво на најголемите легенди на НБА лигата, бидејќи стана првиот кошаркар по Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен кој постигнал повеќе од 300 поени на првите осум натпревари од сезоната. Дончиќ досега има 308 поени, ...

Кошаркарите на Црвена звезда приредија изненадување во Евролигата, откако славеа на гостувањето кај Олимпијакос со 62-57 и освоија значајни бодови против еден од фаворитите во натпреварувањето. Белградскиот состав одигра одлично во дефанзивата и успеа да го неутрализира нападот на грчкиот гигант. Иако Олимпијакос имаше расположен поединец во Саша Везенков, кој постигна 27 поени, тоа не беше доволно за домашните да избегнат пораз. Најзаслужен ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42