Глумецот Дакс Шепард, се чини, е заштитнички настроен татко – што значи дека и Кристин Бел мора да биде заштитнички насочена сопруга. Американската двојка, која е в брак 13 години и имаат две деца, се појавија заедно во понеделничкото издание на подкастот на Шепард – „Стручњак во фотелја (Armchair Expert)“. Глумицата ја промовираше љубовната приказна „Никој не го сака ова (Nobody Wants This)“, чиишто нови епизоди се објавени неделава, а каде ...

Ноа Вaјл (55) е прогласен за најсекси маж за 2026 година во изборот на списанието People. Актерот, кој доживеа голем професионален камбек во последните години, доби уште едно признание во периодот во кој повторно ја освојува телевизиската публика. Актерот Ноа Вајл, кој беше сакан од публиката како д-р Џон Картер во култната серија „Ургентен центар“, повторно е во центарот на вниманието благодарение на серијата „The Pitt“. Неговата привлечност ...

Моделите на Викторија Сикрет, Џоан Смолс и Кандис Свонпол моментално се во конфликт, а според информациите на мрежите, врската на Кандис со Том Брејди е главната причина за нивната кавга. Сè започна минатата недела кога порталот „Just Jared“ објави на Инстаграм вест дека двете манекенките повеќе не се „следат“ на мрежата. Ова предизвика шпекулации дека не се во добри односи и дека нешто сериозно се случува зад сцената. Смолс набрзо се вклучи ...

Со гордост и љубов ја пречекавме нашата Ана Стојаноска, информираат од нејзиното училиште „Јоспи Броз Тито“ во Струга. -Нашата ученичка Ана нè исполни со радост и гордост! Нејзиниот настап на Детската Евровизија ни покажа дека со талент, труд и храброст се освојуваат срцата. Денес со насмевки, аплаузи и многу љубов ѝ посакавме добредојде на нашата евровизиска ѕвезда! Ана, горди сме на тебе! Продолжи да блескаш, порачаа нејзините соученици и ...

Џулија Робертс, една од најпознатите холивудски актерки, на 28 октомври го слави роденденот, а нејзината препознатлива насмевка и младешкиот изглед со децении го привлекуваат вниманието на јавноста. Сепак, кога ја прашале во што е тајната на нејзиниот изглед, актерката не зборувала само за козметиката и негата, туку истакнала нешто многу полично – добрите гени, исполнетиот живот и љубовта што ја прави среќна. Во интервју за британското ...

Некои деца сонуваат да станат фудбалери, други пејачи, актери или лекари. Кристиан Шопов уште како дете знаел дека го привлекува нешто поинакво – светот во кој невозможното изгледа возможно, предметите исчезнуваат, луѓето се појавуваат од празни кутии, а публиката со неверување се прашува: „Како го направи тоа?“ Неговата детска желба била да стане илузионист, а една од најголемите инспирации му бил светски познатиот американски магионичар ...

Актерот Патрик Стјуарт, легендарниот Капетан Пикард, почина на 87-годишна возраст. – Стјуарт почина во среда во својот дом во Лос Анџелес по кратка и тешка борба со Алцхајмеровата болест и деменцијата – објави неговата долгогодишна портпаролка Кели Буш Новак. – Тој беше опкружен со топлата прегратка на семејството и пријателите, со жива музика, молитва, солзи, смеа и длабоки емоции што само тој можеше да ги инспирира, по цел живот посветен на ...

Актерката Џенифер Лоренс се присети на еден незгоден момент со Бредли Купер за време на снимањето на филмот „ Silver Linings Playbook “. Во гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“, 36-годишната актерка раскажа како целосно го изненадила својот колега со шега. Сè се случило откако снимиле важна сцена со бакнеж кон крајот на филмот од 2012 година. Џенифер Лоренс призна дека овој конкретен момент останал во нејзиното особено убаво сеќавање. ...

Серена Вилијамс која се покажа на теренот, се покажа и во светот на модата. Таа се појави на еден настан во Лос Анџелес, а со својот изглед ги привлече погледите на сите присутни. Серена Вилијамс дефинитивно не престанува да ја изненадува јавноста со своите смели изданија. По повлекувањето од спортот, славната тенисерка им се посвети на семејството и децата, како и на значајните настани во светот на модата. Таа често може да се види на вакви ...

На 31 октомври 2020 година, на 90-годишна возраст почина Сер Шон Конери, светски познатиот актер кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд. Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други. Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит ...

Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна Далмација“, легендарниот музичар починал во болница во Сплит. Пејачот е рекордер според бројот на продадени плочи и други музички носачи на звук во забавната музика во Хрватска, но и во целиот поранешен регион. Со повеќе од 20 милиони продадени плочи во текот на 47-годишната музичка кариера, како и бројни музички и дискографски награди, тој е еден од најпознатите и најхаризматичните ...

Хајди Клум ниту оваа година нема намера да ги разочара љубителите на Ноќта на вештерките. Додека обожавателите се обидуваат да откријат во што ќе се трансформира, манекенката објавува сè побизарни детали. Кралицата на Ноќта на вештерките се враќа! Супермоделот Хајди Клум, позната по своите гротескни и целосно необични костими за овој празник, се огласи на Инстаграм и го сподели последниот навестувачки детал за тоа како ќе изгледа нејзината ...

Германската манекенка и водителка Хајди Клум повторно ги помести границите кога станува збор за костимите за Ноќта на вештерките. На нејзината традиционална забава, која се одржа во Њујорк вчера, таа се појави во необична и прилично морничава верзија – костим како отсечена дланка! Клум овој пат привлече огромно внимание, а нејзиниот костим покажа крвав дел од зглобот, додека главата ѝ беше во самиот центар на огромна дланка. Станува збор за ...

Режисерот Мајкл Ман, познат по својот криминалистички трилер „Жештина“ (Heat), се повредил во несреќа на стрелиште во Лос Анџелес, потврди неговата гласноговорничка за новинската агенција ДПА. Порталот „Ти-ем-зи“ (TMZ) прв ја објави веста за несреќата, повикувајќи се на полициски извори. Според наводите, при инцидентот во саботата, Ман (83), кој е искусен рекреативен стрелец, случајно испукал куршум во ногата додека се обидувал да го стави ...

Меган Кели остро ги критикуваше најновите фотографии на Никол Кидман за магазинот „Вог“, замерувајќи ѝ на актерката поради облеката во која, според нејзиното мислење, изгледа како тинејџерка. Во една од епизодите на својата емисија „The Megyn Kelly Show“, 55-годишната Мегин Кели се осврна на фотографиите на Никол Кидман за австралиското издание на магазинот „Вог“, доведувајќи го во прашање изборот на гардеробата и сугерирајќи дека ...

Хајди Клум секоја година за Ноќта на вештерките ги поместува границите на маскирањето. Со своите костими редовно воодушевува, но и го шокира светот, а последниот во низата е еден од најбизарните. Имено, Хајди се маскираше во џиновска, крвава отсечена рака. Многумина се интересираа што се случува со сите нејзини креации по завршувањето на прославата, а манекенката откри дека ги чува сите. „Сè уште ги имам сите свои костими. Пред некој ден ги ...

Во рачно напишано писмо со датум од ноември 2022 година – три години пред нејзината смрт во нејзиниот дом во Сен Тропе – Брижит Бардо го обвинува Бернар д’Ормал, нејзиниот партнер со кого беше повеќе од 30 години, дека „трпеливо ја уништува, ден по ден“. Објавувањето на ова писмо претставува значаен адут за спротивната страна во спорот околу наследството на Брижит Бардо: фондацијата за заштита на животните која го носи нејзиното име. ...

Џони Деп во текот на кариерата неколкупати се најде во самиот врв кога станува збор за најважните филмски признанија, но една од поинтересните приказни од неговото минато се случила многу пред неговите номинации за Оскар. На почетокот на деведесеттите, неговото име било разгледувано за улогата во филмот „Чаплин“, биографска приказна за легендарниот Чарли Чаплин, во режија на Ричард Атенборо. Деп, сепак, не се задржал долго на размислување за ...

Долгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна мачка продукција“, е избран за македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе комисијата за избор на национален кандидат за „Оскар“ при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од Американската академија за филмски уметности и науки: Марија Димитрова – ...

Вечерва почнува 83. Меѓународен филмски фестивал во Венеција („Мостра“) – со 21 филм во конкуренција за главната награда – „Златен лав“, и ќе трае до 12 септември. Фестивалот ќе го отвори филмот во трка за главната награда – „Ink“ (Мастило) од режисерот Дени Бојл. Станува збор за приказната за медиумскиот могул Руперт Мардок и неговото преземање на весникот „Сан“. Главната улога на Мардок ја игра Гај Пирс. На 83-то издание на „Мостра“ ќе ...

Џорџ Клуни доби Оскар за филмот „Сиријана“, а улогата најпрво му била понудена на Харисон Форд. Харисон Форд ги одбележа „Војна на ѕвездите“, „Индијана Џонс“ и „Истребувач“, а своевремено ја одбил оваа улога, поради што подоцна зажалил. Форд, по многу години, призна дека не бил доволно убеден во сценариото кога му бил понуден проектот. Неговите сомнежи пред сè се однесувале на тоа колку приказната е веродостојна, поради што решил да не ја ...

Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот регион (АФА), основана од шест регионални филмски фестивали, ги објави номинациите за овогодишните „Јадрански филмски награди (Adriatic Film Awards)“ (АФА), соопштија организаторите. Наградите што ги доделува оваа фестивалска мрежа ги одликуваат најзначајните филмски продукции и телевизиски серии во регионот. Оваа година се доделуваат 10 филмски награди во категориите: најдобар филм, најдобар ...

Филмот „Одисеја“ го надмина „Светот Јура“ (Jurassic World) и стана филм на студиото Јуниверзал Пикчрс со најголема заработувачка на сите времиња, само неколку месеци по премиерата. Блокбастерот, кој во кината пристигна на 17 јули, е адаптација на старогрчкиот еп на Хомер и го следи Мет Дејмон во улогата на Одисеј, грчкиот крал на Итака, на неговото опасно десетгодишно патување дома по Тројанската војна. Филмот оствари заработувачка од 1,7 ...

Хорор-комедијата „Widow’s Bay“, за град со духови во Нова Англија, беше најголемиот победник на овогодишните телевизиски награди „Еми“, освојувајќи рекордни 14 статуетки, вклучувајќи ја и наградата за најдобра хумористична серија, а медицинската драма „The Pitt“ повторно е прогласена за најдобра драмска серија. „Widow’s Bay“ ја надмина последната сезона од серијата „Hacks“, минатогодишниот победник во категоријата хумористична серија. Додека ...

Американската актерка Лили Колинс се збогува со серијата „Емили во Париз“ откако го заврши своето последно снимање во улогата на Емили Купер. По повод крајот на ова важно поглавје во нејзината кариера, таа сподели емотивна порака на Инстаграм во која се осврна на годините поминати со популарната серија на Нетфликс. „Немам зборови. Невозможно е да се најдат зборови за тоа што ова патување значеше за мене. Толку години, Емили беше дел од мојот ...

Актерот Том Круз откри дека подготовката за улогата на Дигер Роквел во новиот филм „Digger“ првично траела шест часа, но со тимот за шминка успеал да го скрати процесот на помалку од еден час. Круз зборуваше за трансформацијата во подкастот „New Heights“, каде што објасни дека неговиот оригинален распоред не оставал доволно простор за спиење и снимање. Тој рече дека брзо пресметал дека шест часа за шминка, со долги денови за снимање, не се ...

Филмот „Одмаздници: Завршница“ (Avengers: Endgame) се врати на врвот на бокс-офисот во Северна Америка – седум години по својата премиера – по петочното прво прикажување на новото издание, „Одмаздници: Продолжена завршница“, коешто заработи 11,2 милиони долари. Филмот на „Марвел студиос“ (Marvel Studios) се прикажува во 3.060 киносали низ Северна Америка и се очекува да оствари приход од приближно 26 милиони долари до крајот на викендот, ...

Филмот „Дигер“ (Digger), необичната сатира за крајот на светот со Том Круз во главната улога, би можел да предизвика загуба од неверојатни 250 милиони долари до крајот на своето киноприкажување, дури и кога ќе се земат предвид приходите по планираните прикажувања. Доколку проценката се оствари, тоа ќе биде убедливо најголемата финансиска загуба во кариерата на Круз и една од најголемите загуби за филмско остварување последниве години. ...

Шпанскиот глумец Антонио Бандерас ѝ се приклучи на екипата за петтата сезона на серијата „Вистински детектив (True Detective)“. Во претстојните епизоди ќе се појави и американската ѕвезда Николас Кејџ. Продукцијата на новата сезона од оваа веќе антологиска серија на „Ејч-би-о (HBO)“ треба да почне во 2027 година. Според „Варајети (Variety)“, приказната ќе се одвива во Јамајка Беј, Њујорк, САД. Бандерас ќе го толкува ликот на Реј Гарсија, а ...

Стрим-услугата „Прајм видео (Prime Video)“ објави трејлер за третата сезона на серијата „Господарот на прстените: Прстените на моќта (The Lord of the Rings: The Rings of Power)“, чијашто премиера е закажана за 11 ноември. Извршни продуценти се Линдзи Вебер, Џастин Добл и Кејт Хејзел, заедно со извршната продуцентка и режисерка Шарлот Брандстром. Серијата е продуцирана во куќата „Амазон МГМ студиос (Amazon MGM Studios)“. Продуценти на серијата ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Бакар

12.58