Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја освои победата на драматичната спринт-трка во Мото ГП шампионатот, која се возеше во рамките на Големата награда на Катар. Маркез, пак, успешно ја зачува предноста во продолжението и стигна до уште една значајна победа, правејќи нов чекор кон одбрана на шампионската титула. Второто место го освои Фабио Диџанантонио, додека третопласиран заврши Хорхе Мартин со Априлија. Во генералниот пласман, Маркез сега ...
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани по претходна пријава дека истиот одзел електричен тротинет. На 07.11.2026 во 03:30 часот Д.И. пријави дека откако ја извршил кражбата на тротинетот бил физички нападнат од едно лице најверојатно сопственик на истиот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 06.11.2026 во ...
Репрезентацијата на Македонијае во Грција каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2028 година. Селекторот Кирил Лазаров е свесен за важноста на мечот. „Не очекува пеколен меч, една одлична репрезентација која во баражот за Светското првенство ја мина Холандија Ќе пристапиме сериозно, треба да бидеме спремни на се. Мора да имаме контрола. Можни се многу ситуации и сценарија, ...
Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, ќе биде лидер на нашиот национален тим на гостувањето во Халкида кај Грција. Кузмановски изјави дека ни следи средба со една борбена екипа, која покажала што може со пласманот на СП 2027. „Мислам дека имаме анализирано и собрано доволно видео-материјал од екипата на Грција. Тие покажаа во изминатите квалификации против Холандија една добра и борбена игра во одбраната и една брза ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), по неодамнешните разрешувања предизвикани од корупциски скандал кој предизвика незадоволство во јавноста. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски ги оцени како „отворено срамни и целосно неприфатливи“ откритијата на антикорупциските органи дека високи функционери во безбедносниот сектор и во органите за спроведување на ...
Вардар освои значајни три бода на гостувањето во Кратово, совладувајќи го Силекс со 0-1 во натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Херој на скопјани беше Горан Закариќ, кој го постигна единствениот гол на почетокот од второто полувреме, на асистенција на капитенот Азер Омерагиќ. Вардар успеа да го одбрани минималното водство и да ја запише седмата победа сезонава. „Црвено-црните“ сега имаат 24 бода, исто колку и Тиквеш, ...
Кожуф приреди изненадување во денешното коло од Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Гевгелија успеа да му одземе бод на Пелистер, играјќи 1-1. Киксот на Пелистер го искористи Охрид, кој немаше никакви проблеми против Камјани и славеше убедливо со 4-0. Со оваа победа охриѓани се зацврстија на лидерската позиција и сега имаат два бода предност пред битолскиот тим. Убедливо издание имаше и Работнички, кој на гостувањето ...
Во бугарскиот град Варна се води истрага по пронаоѓањето човечки останки во брод кој беше погоден со дрон во близина на Романија, а потоа бил пренесен на поправка во локален бродоградилишен погон, соопшти Апелациското обвинителство. Бугарската новинска агенција БТА потсетува дека инцидентот се случи во октомври. Бродот пловел под знамето на Сан Марино, а во неговиот екипаж немало бугарски државјани. На почетокот на ноември тој бил примен на ...
Најмалку 22 лица, главно деца и жени, загинале во денешните воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз главниот град на Јемен, Сана, кој е под контрола на бунтовниците Хути, јавија медиуми поврзани со проиранското јеменско движење. Бројот на загинатите се зголемил по смртоносниот напад врз пазар и врз станбени објекти во населбата Бани Хушаиш во Сана, објавија новинската агенција „Саба“ и телевизијата „Ал Масира“, која ...
Пет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени при пукање од огнено оружје во близина на Главниот плоштад во Краков, по што напаѓачот е уапсен, јави полската телевизија ТВН24. Итните служби интервенираат на местото на инцидентот. Во близина на црквата „Света Марија“ се забележани неколку амбулантни возила и полициски автомобили, а на местото на инцидентот слетали медицински хеликоптер. „На Главниот плоштад во Краков биле испукани истрели. ...
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во преполните кампови за раселени Палестинци низ Појасот Газа, при што во изминатите 12 часа се поплавени најмалку 70.000 шатори и се погодени десетици илјади лица, соопштија локалните власти. Според нив, надојдената вода однела многу засолништа, а насекаде има натопени ќебиња и душеци. Има информации за повредени лица, но не и за загинати. Службата за цивилна заштита во Појасот Газа соопшти ...
Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ денеска на состанокот посветен на спроведувањето на Реформската агенда, пред претседателот на Владата го презентирал напредокот во реализацијата на реформските чекори во енергетскиот сектор. Во фокусот на презентацијата, како што соопшти ресорното Министерство, биле постигнатиот напредок во спроведувањето на реформите, унапредувањето на законската рамка и ...
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, информираат од НБРМ. -Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. ...
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот пресврт веќе дава конкретни резултати за заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот во главниот град, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, за време на денешниот увид во работата на новата когенеративна постројка на „Теса Енерџи“. Проектот, кој претставува приватна инвестиција вредна 2,5 милиони евра, влегува во нова фаза на ...
На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје во автобус управуван од Г.Ј.(58), додека се превезувала како патничка К.Ј.(79) од Скопје, истата паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје во ...
Министерството за здравство во рамки на Реформската агенда 2024-2027 спроведува две клучни мерки поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со законодавството на Европската Унија, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски во објава на Фејсбук. Тој информира дека денеска учествувал на координативниот состанок за Реформската агенда, при што биле разгледани активностите на Министерството за здравство во оваа област. ...
Петнаесетгодишниот Марко Џорлев член на Карате клубот (КК) Штип и на Македонската карате репрезенатација се искачи на пиедесталот на Светското карате првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржа минатиот месец во Бјелско-Бјала во Полска. Штип градот каде што живее, тренерира и се радува на неговите европски и светски успеси. Годинава општината му ја додели наградата 8 Ноември, највисокото општинско признание, кое ...
Глечерот Шварцмилцфернер (Schwarzmilzferner) на австриската страна од Алгејските Високи Алпи го загуби статусот на глечер по овогодишното топло лето. Топлите месеци му одзедоа повеќе од 4 метри во дебелина и околу половина од неговиот волумен, открија денеска истражувачите, пренесе ДПА: – Голема е веројатноста тој целосно да исчезне до следното лето – изјави Кристоф Мајер, глациолог од Баварската академија на науките. Веќе 26 години тој и ...
На завчерашните избори во САД, гласачите во четири американски сојузни држави одобрија предлози за ограничување на правата на трансродовите лица. Гласачите во четири сојузни држави – Вашингтон, Колорадо, Аризона и Небраска – одобрија мерки со кои се забранува трансродовите деца да играат во спортски тимови што одговараат на нивниот родов идентитет или се забрануваат операции за промена на полот кај малолетници. Според анализата на Ројтерс, ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, откако во квалификациите оствари за само 0,0009 секунди подобро време од Џорџ Расел од Мерцедес. За седумкратниот светски шампион ова е прва пол-позиција по пауза од повеќе од две години, односно од квалификациите за Големата награда на Унгарија во 2023 година. Од вториот ред ќе стартуваат Шарл Леклер и Андреа Кими Антонели. Италијанецот ...
Ирската атлетичарка Киара Мигин, поранешна европска шампионка и двократна олимпијка, почина на 34-годишна возраст по битката со рак на дебелото црево, кој ѝ бил дијагностициран во мај 2025 година. Мигин ја претставуваше Ирска на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 и Токио во 2021 година. Најголемиот успех во кариерата го оствари во 2024 година, кога на Европското првенство во Рим го освои златниот медал на 1.500 метри со време од ...
Германскиот тенисер Александар Зверев на 2 ноември првпат се искачи на врвот на АТП ранг-листата, преземајќи го првото место од Јаник Синер. На 29 години, тој стана 30. тенисер што ја предводи листата од нејзиното воведување во 1973 година. „Морав да чекам“, изјави Зверев по победата над Талон Грикспор во Виена на 29 октомври, кога го обезбеди искачувањето на првото место. Зборувајќи за долгоочекуваниот успех, порача дека за најубавите работи ...
Одбојкарките на македонскиот шампион Работнички Скопје претрпеа убедлив пораз од грчкиот Заон Кифисија и во реванш натпреварот одигран во Скопје. каде гостите славеа максимална победа од 3:0 во сетови. Грчкиот состав доминираше во текот на целиот дуел, освојувајќи ги сетовите со 25:9, 25:10 и 25:17. Натпреварот траеше 62 минути, а Работнички успеа да освои само 36 поени. Одбојкарките на македонскиот шампион Работнички Скопје претрпеа ...
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го потврди списокот на седум држави кои изразиле интерес за организација на Летните олимписки игри во 2036 година. Меѓу потенцијалните домаќини се наоѓаат Германија, Унгарија, Индија, Катар, Јужна Африка, Турција и Јужна Кореја. Дел од земјите во трката влегоа со по два предлога за градови домаќини. Германија ги кандидираше Минхен и Берлин, додека Јужна Кореја ги предложи Сеул и провинцијата Северна Џола. ...
Конор Мекгрегор планира да ги остави своите ракавици внатре во „Октагонот“, но не затоа што завршува со кариерата како борец. Поранешниот шампион во две категории во УФЦ беше специјален гостин на настанот „Hype Italy“ во Рим. Мекгрегор беше прашан дали преферира мешани боречки вештини (ММА) или борби без ракавици. Како што се очекуваше, косопственикот на „Bare Knuckle Fighting Championship“ (BKFC) се најде во тешка дилема при изборот. „Многу ...
Работнички продолжува со одличните настапи во македонската кошаркарска Суперлига, откако го совлада Скопје 2023 со 89-79 и ја запиша петтата победа во исто толку натпревари. Најзаслужен за триумфот беше Рикиќ со 29 поени, додека Паркер постигна 23 за Скопје. На останатите два натпревари, Тиквеш го совлада ТФТ со 77-74, додека Штип славеше против Струмица со 87-81. Во победничкиот тим на Штип најефикасен беше Ивица Димчевски со 20 поени, а ...
Кошаркарите на МКК Куманово вечерва на свој терен во последниот меч од 5.коло во елитната кошаркарска лига на Македонија славеа убедлива победа против Кожув со 91:74. Ова за МКК Куманово е трета победа а за гостите вториот пораз. Гуден кај победничкиот тим запиша 21 поени, а кај гостите најефикасен беше Бојчев со 22 поени. Клубот од Аеродром воден од Дејан Србиновски и Тино Даневски успеа да слави над Пелистер (74:60) во Суперлигата и со тоа ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа нов убедлив пораз од 89:66 на гостувањето кај Џики Варшава, во петтото коло од ФИБА Европа купот. Полскиот состав ја искористи предноста на домашниот терен и стигна до сигурна победа, оставајќи го македонскиот тим со празни раце. Во редовите на МЗТ, Адем Мекиќ беше најефикасен со 11 поени, три скока и две асистенции за нешто повеќе од 21 минута на паркетот. Ноа Фаракан и Емир Крајниќ постигнаа по девет ...
Летонскиот центар сè уште нема одиграно ниту еден натпревар во новата сезона, а датумот на неговото враќање е неизвесен поради здравствени проблеми чија точна природа не е позната. Поради тоа, Голден стејт се обидува да најде решение за неговата иднина, па дури и да го размени. Порзингис има релативно поволен договор за трејд, со годишна плата од 20 милиони долари. Според информациите на инсајдерот Брет Сигел, три екипи покажале интерес за ...
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, се приклучи на националниот тим по дербито во Суперлигата и се подготвува за мечот со Луксембург. „Македонија во изминатиот период покажа континуитет на големите натпреварувања, сакаме да го продолжиме истиот и мислам дека од првенство во првенство напредуваме. Оваа генерација за која се зборуваше порано дека надоаѓа, мислам дека сме позрели и имаме доволно првенства во ...