Англискиот премиерлигаш Фулам официјално го потврди двојниот трансфер од редовите на Реал Мадрид. На „Крејвен Котиџ“ пристигнуваат младите шпански таленти Гонзало Гарсија и Цезар Паласиос, за кои лондонскиот клуб издвои комбинирана сума од околу 42,5 милиони фунти (50 милиони евра). Двајцата фудбалери ставија потпис на петгодишни договори кои ги врзуваат за клубот до 2031 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци. Клучна улога во ...

Винисиус Жуниор треба да ги продолжи преговорите за договор со Реал Мадрид оваа недела, додека шампионот на Премиер лигата, Арсенал, го задржува интересот за напаѓачот, објави „aol.com“.. Лондонскиот клуб го гледа бразилскиот фудбалер како приоритетно лево крило доколку ситуацијата со неговиот договор остане нерешена. Но, иако можноста еден од најдобрите напаѓачи во светот да се пресели во Арсенал ја привлече имагинацијата на навивачите, ...

Џордан Хендерсон и официјално е нов член на Челзи, со кого потпиша двегодишен договор, откако ја прекина соработката со Брентфорд по меѓусебен договор, соопшти клубот. Искусниот 36-годишен играч од средниот ред се приклучува во редовите на лондонскиот клуб по една сезона во Брентфорд, за која одигра 32 натпревари во Премиер лигата. „Со оглед на големината на клубот, менаџерот Чаби Алонсо, кого многу го почитувам, и квалитетот на играчите, ова ...

Откако ја презеде селекцијата во септември 2024 година, Покетино го подигна нивото на игра и испиша историја на Мундијалот во 2026. Под негова палка, Американците ја освоија својата група, стигнаа до осминафиналето и ја забележаа првата елиминациска победа на светските првенства по 2002 година – поставувајќи нов национален рекорд по број на победи на еден турнир. Улогата на Покетино повеќе нема да биде врзана исклучиво за сениорскиот тим. ...

Полицијата го расветли случајот со бруталното насилство во Гостивар, откако по објавувањето на вознемирувачка видео-снимка на социјалните мрежи биле преземени интензивни мерки и активности за идентификување на учесниците во инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2 август 2026 година, во 22:20 часот, во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден, околу 02:30 часот, на улицата „Борче ...

Аријана Гранде се повлече од новата екипа на мјузиклот „Недела во паркот со Џорџ“ во Лондон, а претставникот на американската поп-пејачка изјави дека таа има намера да направи пауза од јавните настапи и вниманието што тие го привлекуваат, објави германската новинска агенција ДПА во понеделник. Пејачката Аријана Гранде требаше да настапи заедно со Џонатан Бејли, нејзиниот колега од „Негативец“, во нова продукција на познатиот мјузикл на Стивен ...

Педесетгодишен маж е приведен откако пијан се движел како пешак по автопатот Гостивар–Тетово. Од МВР информираат дека случајот бил откриен денеска околу 2:30 часот кај клучката „Тучевиште“, каде полициски службеници забележале пешак на коловозот. Станува збор за О.А. (50) од селото Неготино, кај кого со алкотест биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта. Според МВР, при преземањето на службените дејствија тој ги омаловажувал полициските ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја разреши украинската амбасадорката во САД, Олга Стефанишина. – Олга Виталиевна Стефанишина е разрешена од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Украина во САД, се наведува во декретот на Зеленски. Стефанишина беше амбасадорка во САД речиси една година. Таа е поранешна вицепремиерка на Украина, а нејзиното разрешување е дел од бранот кадровски промени на клучните позиции што ги презеде ...

Околу 1.600 дански воени регрути во понеделник ја започнаа новата, продолжена програма за задолжителна воена служба, која наместо досегашните четири, сега ќе трае 11 месеци. Мерката е дел од пошироката стратегија на Данска за зајакнување на одбранбените капацитети поради војната во Украина и зголемените безбедносни предизвици на Арктикот. Реформата беше најавена во 2024 година и предвидува проширување на воената регрутација, при што за првпат ...

Мало девојче по име Клое Клем стана познато преку ноќ благодарение на својот сомнителен поглед. Иако во тоа време имала само две години, нејзиниот израз на лицето означил еден период од нејзиниот живот. Таа стана препознатливо лице на пантомимската култура, а таа слава ѝ донесе финансиски придобивки. Сè се случи во 2013 година кога нејзината мајка Кејти објави видео на YouTube во кое таа и нејзината петгодишна сестра Лили дознаваат дека ќе ...

Пораки за евакуација од бројот 112 за итни случаи добија попладнево жителите и оние кои се наоѓаат во седум населени места и околината на индустриската зона на предградието Мегара во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, поради големиот пожар, што во текот на денешниот ден одново се интензивираше, а гаснењето продолжува веќе четврти ден, јавува дописничката на МИА од Атина. Во пожарот продолжуваат да интервенираат речиси ...

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски го потврди тоа што во кулоарите се зборува подолго време – тајна дипломатија за изнаоѓање на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира македонскиот евроинтегривен пат и што е најважно ќе има предвидлив крај без влијание на сулудничавите идентитески и историски барања на Бугарија во рамките на отворањето и затворањето на поглавјата. Точно, секоја земја членка ќе може да постави вето во тој процес, но ...

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а негово целосно ставање под контрола во текот на вечерта не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во ...

Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запалил додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар. Според информациите, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот зафатен од пламен. Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар се одвивал отежнато во изминатите часови. Причините за пожарот засега се непознати. Повеќе ...

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции. Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, ...

Англискиот премиерлигаш Челзи продолжи со летните засилувања за новата сезона, потпишувајќи договор со 22-годишниот аргентински репрезентативец од средниот ред Валентин Барко. Аргентинскиот фудбалер ги напушти редовите на француски Стразбур и потпиша седумгодишен договор со клубот од Лондон. Финансиските детали за трансферот, засега, не се обелоденети. Барко беше дел од аргентинската репрезентација на неодамнешното Светско првенство и досега ...

OpenAI соопшти дека надминала една милијарда активни корисници на своите модели за вештачка интелигенција, што претставува значајна пресвртница во развојот на компанијата и во глобалното прифаќање на AI технологијата. Во објава на официјалниот блог, компанијата наведува дека нејзините решенија денес ги користат повеќе од милијарда активни корисници, како и над два милиони компании ширум светот. Од OpenAI истакнуваат дека целта е вештачката ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека иранското раководство е „неверојатно лицемерно“. Неговата објава на „Трут соушл“ уследи откако Техеран демантираше дека денеска ќе се одржи нов круг разговори со ирански претставници за завршување на војната. Трамп наведе дека поради планираната средба ги откажал нападите врз Иран. – Иранското раководство е неверојатно лицемерно. Тие бараат средба, некои дури би рекле и дека молат за неа. ...

Откако се соочи со загубата на својот сопруг, актерката Сандра Булок ретко се појавуваше во јавноста. Последен пат беше видена во април оваа година на настанот CinemaCon, а сега објави ретка фотографија со својата сестра, Џеси Булок Прадо, на Инстаграм. По повод Меѓународниот ден на сестрите, актерката ѝ посвети нова објава на гореспоменатата мрежа, придружена со емотивни зборови. Заедно со семејните спомени, актерката откри колку многу ѝ ...

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Гостивар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 16 часот на улицата „Железничка“, каде патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во четиригодишното дете. По укажаната лекарска помош, детето било пренесено во ...

Јелена Карлеуша откри дека заедно со поранешниот сопруг Душко Тошиќ ги подготвува последните детали за големата семејна прослава по повод 18. роденден на нивната ќерка Атина, кој ќе биде одбележан заедно со 17. роденден на помладата ќерка Ника. Иако по разводот нивниот однос беше тема на бројни шпекулации, пејачката вели дека кога се во прашање децата, сите несогласувања остануваат настрана. – Ќе славиме во еден хотел, ќе биде прекрасно, како ...

Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец. Италијанските медиуми јавија денеска дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетување. Сузуки, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи 57. натпревари во италијанската ...

Сообраќајот на државните патишта во попладневните часови се одвива непречено по суви коловози, но е забележана зголемена фреквенција на возила на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија. На граничните премини има подолги задржувања поради зголемен интензитет на сообраќајот. На ГП Табановце за влез во државата се чека околу два часа, а за излез околу 30 минути. На ГП Пелинце (Прохор Пчињски) ...

Џеј Клејтон денеска положи заклетва како нов директор на американското Национално разузнавање, што надгледува 18 американски разузнавачки агенции. Тој ја презема функцијата по оставката во мај на поранешната директорка на националното разузнавање, Тулси Габард. Нејзиниот мандат е обележан со конфликти со демократите во Конгресот. Опозицијата ја обвини дека ја поддржува политичката агенда на американскиот претседател Доналд Трамп и шири ...

За само неколку моменти плажата се претворила во хаос, а луѓето масовно втрчувале во морето обидувајќи се да ги дофатат банкнотите што се движеле кон брегот. Италијанските власти брзо интервенирале, а истрагата отворила бројни прашања за потеклото на речиси 700.000 евра пронајдени во морето. Необичниот настан се случил на 28 јули во местото Казуце (Casuzze), западно од Марина ди Рагуза на Сицилија. Според информациите на италијанската ...

„Пукачите“ на свадбената веселба од гостиварското село Добри Дол, по употребата на огнено оружје ќе добијат судска постапка, а исто така е предложен и притвор. По поднесена кривична пријава од МВР, јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а десет се изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, помеѓу селата Доброшинци и Василево, каде гори сува трева, стрништа и дива депонија, во Општина Кичево, во атарот на селото Зајас, каде е зафатено стрниште, како и во Општина Кавадарци, помеѓу селата ...

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство кое се одржува во Србија, откако попладнево ја совлада Италија со убедливи 33-23 во воведниот натпревар во групата 1 во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски од самиот почеток на дуелот во Белград стекнаа водство од три голови разлика и на полувремето заминаа со предност од 17-13. Македонските ...

Вчера во 18:30 часот во ОВР Ресен од страна на доктор од Здравствен дом Ресен било пријавено дека на место викано „Планинче“, атар на с.Јанковец, ресенско четирицикл марка „линхаи“ со ресенски регистарски ознаки управуван од Н.Т.(46) од с. Јанковец и сопатници Д.К.(28) од с. Јанковец и 9-годишен малолетник од с. Базерник, Демир Хисар изгубил контрола и се превртел. Од страна на доктор кај возачот и малолетникот биле констатирани тешки телесни ...

Њукасл Јунајтед го договори денеска трансферот на чешкиот голман Лукаш Хорничек од Брага за сума од 32. милиони евра. Дваесетичетиригодишниот Хорничек веќе им се приклучи на соиграчите во тренинг кампот на Њукасл во Шпанија каде официјално ќе потпише петгодишен договор, јавија британските медиуми. „Последните неколку дена беа емотивен ролеркостер откако првпат слушнав за овој трансфер, а сега сум многу среќен што сум тука. Ова е одлична ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.43
31%
1011
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
59%
1012
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.03
31%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
0.59
35%
1012
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.82
42%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 24ᴼ
1.52
45%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
41%
1010
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.42
44%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.44
42%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
0.89
40%
1012
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
1.79
27%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.7
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Сребро

1994.05

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Калај

56.46