Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Светиот пророк Езекил Син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Езекил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Еремија. И додека Еремија учеше и пророкуваше во Ерусалим, дотогаш Езекил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Еремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Езекил во Ерусалим. Пророштвата на обајцата свети ...
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Американскиот геолошки завод првично ја процени јачината на 5,3 степени, но подоцна ја коригираше на 5,0. Земјотресот се случи околу 3 часот наутро по локално време на релативно мала длабочина од 10 километри во близина на градот Фајед, сместен на Суецкиот Канал. Засега нема извештаи за штети или жртви. Силните земјотреси се ...
Битола годинава потврдува дека е еден од најживите културни центри во државата. Во пресрет на големиот македонски празник Илинден, градот се соочи со исклучително голем интерес од посетители, при што речиси и да немаше слободни сместувачки капацитети. Кулминацијата на празничната атмосфера беше спектакуларниот концерт на Здравко Чолиќ, кој на едно место собра околу 20.000 посетители од земјата и регионот, а поддржувач на настанот беше Општина ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот ...
Бразилскиот фудбалер Ендрик нема да биде дел од тимот на Реал Мадрид во новата сезона. Тренерот Жозе Мурињо јасно му ставил до знаење на раководството дека не смета на 20-годишниот Бразилец, и покрај неговите добри настапи за време на позајмицата во Лион. Ендрик има договор со Реал до летото 2030 година, а според најавите, клубот повторно ќе го испрати на позајмица за да продолжи со својот развој и да добие поголема минутажа. Бразилскиот ...
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој беше поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 75) за 68 минути. Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0. Во вториот сет беше изедначено до последниот гем немаше брејк, а во 12.гем ...
Актуелниот светски шампион во рели, Себастијан Ожие, доживеа сериозна несреќа на Финското рели. Французинот излета од патеката со голема брзина, се преврте неколку пати и се удри во дрво, а по сето тоа, тој и неговиот заменик-совозач Жулиен Инграсија беа однесени со хеликоптер во болница на медицински прегледи. Несреќата се случи во претпоследната етапа денеска, кога Себастијан Ожие ја држеше водечката позиција. Неговата Тојота заврши надвор ...
Цепелинот на нашите ракометари против Франција се најде во листата на ТОП 5 најубави голови во првата фаза од натпреварите на ЕП за кадети во Белград. Делото е на Бобан Поповски кој постигна извонреден гол од цепелин кој се најде на третото место на ТОП 5 листата формиранаод ЕХФ за најубави голови на ЕП. The M18 #ehfeuro2026 preliminary round 𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 are here! 🔥 Which one is your favourite? 🤔 #followthefuture #handball ...
НБА тимот Бостон селтикс би можеле да биде меѓу главните кандидати доколку Стеф Кари некогаш одлучи да ги напушти Голден стејт вориорс, објави новинарот Џон Каралис. Пол Џорџ, Сем Хаузер и два пика од првата рунда на драфтот што Бостон претходно ги доби од Филаделфија би оделе во Сан Франциско, додека Кари би се приклучил во редовите на сегашниот НБА гигант. Кари сè уште е еден од најдобрите шутери и најефикасните бекови во НБА. Тој минатата ...
Германскиот ракометен клуб Фленсбург го потврди ангажманот на португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа договори со клубот до 2032 година. Потписите на Мартим и Кико Кошта ја потврдуваат и долгорочната стратегија на Флензбург, кој сака да изгради конкурентен тим способен да се бори за сите трофеи во Германија и Европа во наредните години. Германскиот ракометен клуб Фленсбург го потврди ангажманот на португалските ...
Искусниот кошаркар на Хјустон рокетс изјави дека сака да игра на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, но нагласува дека мора да заработи место во тимот. Дурант на настан организиран од USA Basketball нагласи дека конечната одлука нема да биде во негови раце, туку во рацете на директорот на репрезентацијата Грент Хил и стручниот штаб. – Сè зависи од Грент Хил и од тоа што сака репрезентацијата на САД. Ќе продолжам да работам и да го ...
Поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Милан Гуровиќ стана херој на денот, откако спаси човек од запален автомобил во близина на центарот на Белград. Според српските медиуми, Гуровиќ се враќал дома кога автомобилот што се движел пред него ненадејно изгубил контрола и застанал покрај патот, само неколку метри пред неговото возило. Само неколку секунди подоцна избувнал пожар, а поранешниот кошаркар без двоумење притрчал и успеал да го ...
Англискиот шампион Арсенал сака целосно да ја реконструира својата структура на плати за да го донесе Винисиус во своите редови. Тие сакаат да одат над планираниот „селари кап“ и да му понудат огромен бонус за потпишување, како и правата на ликот. Исто така, актуелниот шампион на Англија јасно стави до знаење дека трансферот на Винисиус може да биде најголемиот досега во Премиер лигата. На самиот крај се појави информација дека Жозе Мурињо е ...
Лондонски Тотенхем ја реактивираше приказната за доведување на Коди Гакпо, објавува TEAMtalk. Лондонскиот клуб долго време ја следи ситуацијата со холандскиот интернационалец, а интересот не стивнува ниту ова лето. Според истиот извор, Тотенхем ги обновил контактите и се распрашал за можноста за трансфер. TEAMtalk тврди дека разговорите со претставниците на Гакпо биле позитивни. Самиот холандски фудбалер наводно е отворен за можноста за ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажа од контроверзниот план за продажба на удели во натпреварувањата на управното тело на приватни инвеститори по противењето на фудбалските асоцијации во Европа, Азија и Северна Америка и оставките од луѓе блиски до него. Инфантино рече дека станало јасно дека проектот „создал поделби“ кои „веќе не се во интерес“ на првичната цел. „Како резултат на тоа, нема да продолжиме со овој предлог“, рече ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода В.Х. (21) од скопското село Идризово, осомничен дека му нанел тешка телесна повреда на 15-годишен малолетник. Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведувањето следувало по пријава од таткото на повредениот, кој пријавил дека инцидентот се случил на 31 јули околу 23:50 часот во село Идризово, во врска со претходно нарушен јавен ред и мир. Полициски службеници од ...
Челси и официјално го претстави своето ново засилување за следните сезони. Лондонскиот клуб го ангажираше аргентинскиот репрезентативец Валентин Барко, кој потпиша договор до летото 2033 година. Дваесет и едногодишниот фудбалер, кој може да покрива повеќе позиции во средниот ред, ќе му се приклучи на тимот на Чаби Алонсо во завршниот дел од летните подготовки. Барко своите први фудбалски чекори ги направи во младинската школа на Бока Јуниорс, ...
Дилерите на Ауди често се жалеа дека Ку 7, со три реда седишта и најголем модел на марката досега, еднсотавно им е недоволно голем на клиентите што имаат големи фамилии или тие што сакаат и бараат повеќе простор. . За разлика од Кадилакот, со каросерија врз носечка рамка, Ауди има самоносечка, автомобилска каросерија. Извршниот директор на Ауди, Герно Делнер, го гледа Ку 9 како нов знаменосец на марката. Тој е развиен посебно за пазарот во ...
На 01.08.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Идризово e пријавено дека при влез во установата, бил извршен претрес врз осуденикот Р.Е.(28) од Скопје, кој се вратил од отсуство и кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.08.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Идризово e ...
Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди откако четирицикл излетал од патот во гостиварското село Дебреше, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 1 август во 22:06 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во селото Дебреше, во близина на основното училиште, ...
Фудбалската федерација на Франција објави дека сите влезници се продадени за првиот домашен натпревар на репрезентацијата под водство на новиот селектор Зинедин Зидан. Тој го наследи на клупата на „триколорите“ Дидие Дешамп. Зидан дебито како селектор ќе го има на 25.септември на гостувањето кај Турција во Измир, а првиот домашен дуел ќе биде на „Стад Д’Франс“ против Италија во Лигата на нациите на 2.октомври. Се очекуваат 80.000 гледачи. ...
Евакуација на индустриска зона и шест села во близина на градот Мегара западно од Атина беше наредена денеска, додека стотици противпожарни екипи трет ден се борат да сопрат голем шумски пожар кој уништи илјадници хектари шума и десетици домови. Две лица се уапсени под сомнение дека од небрежност го предизвикале пожарот. Според истрагата на противпожарната служба, извршен е увид на видеоснимки од местото каде што почнал огнот и се земени ...
На 01.08.2026 во 21:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.О.(29) од с.Драчевица, скопско. При сообраќајна контрола на ул. „Бранко Заревски“, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Љ.О. го управувал возилото нерегистрирано и пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е ...
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата ...
Летната сезона продолжува со полна динамика, а Градскиот базен во Кавадарци останува омилено место за освежување и рекреација на граѓаните во текот на целиот ден, но и во вечерните часови. Од Општина Кавадарци потсетуваат дека базенот работи до 23:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат и во ноќното капење, кое е сè попопуларен избор во топлите летни денови Покрај дневното освежување, вечерните часови нудат пријатна атмосфера за ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа. – Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го ...
На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на нашиот народ. Крушевската Република остана најсилен симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество. Нека е честит Илинден! Вечна слава на хероите на Илинденското ...
Како што нивото на водата во Рајна и Дунав паѓа кон рекордно ниски нивоа, тоа почнува да го нарушува транспортот на хемикалии, нафтени производи и други стоки, а воедно ги зголемува трошоците за превоз. Зголемените температури, исто така, го ограничуваат производството на енергија во реактори од брегот на Франција до Унгарија, зголемувајќи ги цените на енергијата и оптоварувајќи ги економиите во Источна Европа. По пожарите што ги опустошија ...
Босанскиот фудбалер Керим Алајбеговиќ официјално потпиша за Јувентус. Старата дама официјално потврди дека Алајбеговиќ е новиот играч на овој клуб. Алајбеговиќ потпиша договор до летото 2031 година. Првите информации велат дека трансферот на репрезентативецот на БиХ вреди околу 35 милиони евра. Инаку по фантастичните настапи на Алајбеговиќ за селекцијата на БиХ, за него беа ззиантересирани неколку европски гиганти, но сепак Јуве беше ...
Златко Далиќ е на листата на кандидати за функцијата селектор на дури три репрезентации, објавија хрватските медиуми. Според „Спортски новости“, најголем интерес покажале Обединетите Арапски Емирати, кои наводно му понудиле на Далиќ договор вреден околу 5.000.000 евра по сезона. Искусниот хрватски стратег се заинтересирани и фудбалските асоцијации на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, кои бараат тренер со искуство во водење на репрезентации на ...