Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец. Италијанските медиуми јавија денеска дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетување. Сузуки, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи 57. натпревари во италијанската ...

Арсенал и Њукасл постигнаа договор во врска со трансферот на Бруну Гимарајс. Актуелниот англиски првак за услугите на Бразилецот ќе плати 87,5 милиони евра. Бруну Гимарајс беше голема желба на менаџерот Микел Артета. Тој го идентификуваше 28-годишниот играч од средниот ред како клучно засилување за тимот што ја освои Премиер лигата минатата сезона. За трансферот на Гимарајс на стадионот „Емирејтс“ се зборува со месеци, а реализацијата на ...