Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Како што пишува „Саут Чајна морнинг пост“, овој подводен енергетски систем отвора нови можности за снабдување со енергија за време на подводни операции. Успешните тестови покажаа дека сончевата светлина може да се претвори во електрична енергија дури и во слабиот „самрак“ на океанските длабочини. Chinese scientists have achieved the world’s first practical demonstration of underwater #solar power generation at a depth of 10 meters, ...
Американската технолошка компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) објави дека нејзиниот асистент со генеративна вештачка интелигенција, „Чет-ГПТ“ (ChatГПТ), го користат повеќе од 1,2 милијарди луѓе секоја недела. Оваа бројка на корисници беше откриена на „Девдеј“ (DevDay) – годишната конференција на компанијата за развивачи во Сан Франциско, САД, каде што беше истакнато и дека имаат 2,5 милиони деловни корисници. Овој сектор е клучен за финансирање на ...
Истражувачи од Обединетото Кралство користат вештачка интелигенција (ВИ) и роботи за да создадат дигитален музеј што содржи околу 70 милиони примероци од животни, растенија, фосили и карпи од збирки низ целата земја. Проектот, познат како „Дистрибуиран систем на научни збирки (ДИССКО УК / DiSSCo UK), има за цел да им овозможи на јавноста и на истражувачите пристап – преку телефон и компјутер, до збирки коишто претходно беа достапни само во ...
Платформата за запознавање „Тиндер“, со седиште во САД и во сопственост на „Меч груп (Match Group)“, воведува нова функција што им овозможува на корисниците да се запознаваат и да организираат групни излегувања, со цел да ги привлече помладите генерации и да го запре трендот на опаѓање на бројот корисници. Функцијата, наречена „Групни дружења (Group Hangouts)“, му овозможува на корисникот прво да избере активност, а потоа да покани најмалку ...
Кинеската новоформирана компанија „Photon matrix lab“, со седиште во Чангџоу, со користење на лидар и ласер ќе се справува со комарците, со почетно месечно производство од 3.000 до 5.000 уреди. Производот привлече големо внимание за време на кампањата за групно финансирање на странски пазар. – Првата серија на уредот треба да биде испорачана овој месец, изјави директорот за продажба, Лоренс Ленг. Уредот се нуди во две верзии, со инфрацрвен и ...
Илон Маск планира да ја преименува својата компанија за вештачка интелигенција (ВИ) во согласност со настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп оваа технологија да се нарекува „суперинтелигенција“. Милијардерот од технолошкиот сектор вчера, одговарајќи на прашање на својата платформа „Икс“, потврди дека неговата компанија „СпејсИксАИ“ (SpaceXAI) ќе биде преименувана во „СпејсИксСИ“ (SpaceXSI). „Да, ќе ја направиме таа промена“, ...
Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, изјави дека верува оти вештачката интелигенција би можела да генерира доволно раст на продуктивноста за да им овозможи на Американците да се префрлат на тридневна работна недела или да се потпрат на еден приход во домаќинството – отфрлајќи ги загриженостите дека технологијата би довела до масовни загуби на работни места за американските работници. Извршниот претседател на „Амазон“ го разгледува говорот на ...
Современ SUV со plug-in хибриден погон, електричен домет до 81 километри и комбиниран домет до 1.200 километри Кон крајот на октомври, македонскиот автомобилски пазар ќе биде побогат за нов модел од гамата на Dongfeng – Mage PHEV. Со современ дизајн, напредна технологија и plug-in хибриден погон, новиот SUV е наменет за возачите кои сакаат да ги спојат практичноста на автомобилот за секојдневна употреба со поголема слобода при подолгите ...
Во ерата на вештачката интелигенција, работодавачите сè повеќе ги вреднуваат љубопитноста, приспособливоста, критичкото размислување и способноста за проценка на резултатите што ги генерираат алатките за ВИ, додека конкретните технолошки знаења сè побрзо се менуваат, наведуваат раководителите за човечки ресурси и развој на таленти. Извршниот директор на платформата за вработување Гринхаус, Даниел Чејт, оцени дека поради брзите промени на ...
Нови можности за возачите, со модели што ги обединуваат функционалноста, современиот дизајн и разновидноста на погонските решенија. Автомобилскиот бренд JAC наскоро ќе биде повторно достапен на македонскиот пазар, со понуда што опфаќа модели наменети за различни потреби и животни стилови. Палетата ќе ја сочинуваат четири модели: пикап возилата T8 Pro и T9, SUV моделот JS6 и неговата plug-in хибридна изведба JS6 PHEV. Со оваа понуда, JAC ги ...
Американската технолошка компанија „Мета (Meta)“ претстави нови модели на вештачка интелигенција – „Мјуз вондер“ и „Мјуз вондер фул“ (Muse Wonder / Muse Wonder Full), тврдејќи дека тие можат да им соперничат на најнапредните системи од „Опен-АИ“ и „Антропик“. Овој потег е дел од напорите на „Мета“ да го зајакне своето место во глобалната трка во развојот на ВИ. Од „Мета“ изјавија дека новите модели се дизајнирани за сложени задачи што ВИ може ...
Децата помлади од 15 години во Грција од 1 јануари 2027 година нема да смеат да користат социјални мрежи, според новиот закон што го усвои грчкиот парламент. Со оваа одлука, технолошките компании ќе бидат обврзани да ја проверуваат возраста на корисниците, додека властите најавуваат дека заштитата на личните податоци мора да остане загарантирана. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека платформите имаат околу два и пол месеца да ...
Моделот на вештачка интелигенција „Клод“ (Claude) заобиколи систем за плаќање и извлече агрегирани, јавно достапни податоци за излезноста на гласачите во американската сојузна држава Џорџија без човечка дозвола, соопшти „Антропик“. Моделот Клод не добил пристап до системот за регистрација на гласачи на државата, ниту ги измени или извлече податоци од евиденцијата на гласачите, соопшти компанијата, додавајќи дека презела чекори за блокирање на ...
Американската компанија „Гугл“ (Google) го претстави „Џемини 4 карбон“ (Gemini 4 „Карбон“) – нов модел на вештачка интелигенција, кој, според наводите, се наоѓа на првото место на „Индексот на анализа на ВИ“ (Artificial Analysis Intelligence Index). Како што соопшти технолошкиот гигант, во почетната фаза тој ќе биде достапен исклучиво за избрани стручњаци за кибербезбедност. „Карбон“ доаѓа по моделот „Џемини 4 аргон“ (Gemini 4 Argon). Новиот ...
Кога една компанија ќе изгради напреден модел на вештачка интелигенција, нејзините конкуренти можат да научат нешто од него само со поставување прашања. Ако соберат доволно одговори и ги употребат како примери за обука, можат да го подобрат сопствениот модел. Токму таквата употреба на американските системи од страна на кинески компании отвори спор во Вашингтон за тоа каде завршува конкуренцијата и каде почнува неовластеното користење на туѓа ...
Компаниите „Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ поднесоа одделни тужби против американската сојузна држава Калифорнија, со барање да се оспори Законот за заштита на децата од ризиците поврзани со социјалните мрежи, тврдејќи дека тој ги крши нивните права загарантирани со Првиот амандман на Уставот на САД. Законот што треба да стапи во сила на 1 јануари 2027 година, им забранува на технолошките компании да им нудат на деца помлади од 16 години содржини ...
Локалната полиција на Санта Ана, јужна Калифорнија, соопшти дека од камион на компанијата „Фед-Екс“ биле украдени ретки колекционерски Покемон-картички, со вредност од 963.000 долари. Според достапните информации пренесени од Еј-би-си њуз, картичките биле украдени на 13 октомври од канцеларијата на компанијата „Профешенал спортс отентикјтор“(ПСА), задолжена за проверка на автентичноста и оценување на колекционерските картички. Локалната ...
Предмети од обемната филмска сага за Џејмс Бонд одат на наддавање. Оваа специјална продажба, насловена „Онлајн-аукција за Џејмс Бонд“ (James Bond Online Auction) и организирана од аукциската куќа „Пропстор“ (Propstore), опфаќа 400 предмети од целиот серијал за најпознатиот филмски таен агент. Колекцијата вклучува облека, книги, постери и други предмети, коишто ја покриваат повеќе од шестдецениската филмска историја и глумците кои го толкувале ...
Во ноември, Даблин ги поканува посетителите да зачекорат во фантастичниот свет на „Гуливеровите патувања“ за време на фестивалот со којшто се одбележува 300-годишнината од објавувањето на овој познат роман од писателот Џонатан Свифт. Од 18 до 28 ноември, како дел од ирскиот „Фестивал на Џонатан Свифт“, посетителите ќе можат да уживаат во изведби, тури со водичи низ градот, предавања и други настани посветени на животот, делото и наследството ...
Теориите дека сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог е производ на имагинација, претходни скици и сеќавања на пејзажи набљудувани од неговата соба во една француска психијатриска установа – претпоставки стари повеќе од еден век, сега добиваат нов тек… Живописно небо пред зората (масло на платно), исполнето со големи, сјајни ѕвезди, блескава полумесечина и вртлози од сина и бела боја, доминира над пејзажот во којшто се истакнува чемпрес, ...
Помладите генерации го преобразуваат раскажувањето приказни и конзумирањето медиумски содржини преку платформи како „Јутјуб“ и „Тик-ток“, па дури и со помош на вештачка интелигенција. Ова го посочува извештајот „Тинејџерите и екраните“ (Teens and Screens) за 2026 година, изготвен од Центарот за научници и раскажувачи при Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА). Имено, изминативе пет години, проектот ги проучувал медиумските навики ...
Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), бремените жени изложени на топлотни бранови имаат ризик од предвремено породување и до 26 отсто, што може да предизвика смрт на плодот, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес. Достапните информации укажуваат дека бебињата родени во 2024 година биле почесто изложувани на топлотни бранови од новороденчињата од 1986 до 2005 година. На глобално ниво, 1,5 милијарда ...
Скелет на новооткриен вид диносаурус – којшто претходно бил погрешно идентификуван како млад тираносаурус, е продаден на наддавање во Њујорк за 47,3 милиони долари (околу 42,42 милиони евра). Скелетот, висок околу три метри и познат под прекарот „Џоди“, беше продаден од аукциската куќа „Сотбис“ (Sotheby’s), една година откако истражувачите потврдија дека тој му припаѓа на посебен род од овие праисториски суштества, пренесува „Би-Би-Си“ (BBC). ...
Одржувањето здраво ниво на холестерол не зависи само од исхраната, туку и од дневните навики. Она што го правиме по последниот оброк може да влијае врз здравјето на срцето и крвните садови, особено ако редовно се спроведуваат здрави навики. Малите промени во вашата вечерна рутина можат да помогнат во регулирањето на мастите во крвта и да придонесат за подобро целокупно здравје. Диететичарката Линдзи ДеСото издвои пет едноставни навики по ...
Според многумина интернет-корисници дрон направи величествени снимки од едно необично село во Општината Феланден, Швајцарија, каде што куќите се распоредени во облик на буквата „Ѕ“ или латинско „С / S“ или „О“. Oколу закривениот ред куќи се наоѓаат патеки, зелени површини, дрвја и грмушки, додека од надворешната страна, секоја куќа има своја сопствена градина. Есента внесе дополнително шаренило од бои во населбата. Покрај зелените дрвја, се ...
Цените што завршуваат на 9, како 99, 599 или 999 денари, со години се користат како трговска стратегија за привлекување купувачи. Иако разликата меѓу 599 и 600 денари е само еден денар, многумина овие две цени не ги доживуваат на ист начин. Причината е таканаречениот ефект на првата цифра одлево. Цената од 599 денари на прв поглед ја доживуваме како „петстотини и нешто“, додека 600 денари веќе ја сместуваме во повисока ценовна категорија. ...
Ватиканските музеи ја претставија изложбата „Векот на папaмобил“, посветена на возилото кое им овозможи на папите да се среќаваат со верниците речиси сто години. Изложбата вклучува осум верзии на „Мерцедес-Бенц“ на папамобилот што го користат папите од 1930 година. Официјално изложбата се отвора за јавноста во четврток, откако денес беше објавено. Папата Лав XIV, кој е опишан како голем љубител на автомобили, се сретна одделно со врвни ...
Зборот „maxxing“, кој означува настојување нешто максимално да се унапреди или оптимизира, е прогласен за збор на годината за 2026 година на веб-страницата„Dictionary.com“. Овој збор е избран поради наглиот пораст на употребата во различни области од животот, од исхраната и вештачката интелигенција до физичкиот изглед и животните навики. „Maxxing“ постои во различни облици со децении, но неговата популарност во последните години беше ...
Некои луѓе со леснотија учат странски јазици, брзо паметат нови зборови и совладуваат граматика, но се соочуваат со сериозни тешкотии кога треба да решат математичка задача. Кај други е сосема спротивно – броевите и пресметките им одат природно, додека учењето странски јазик им претставува вистински предизвик. Научниците објаснуваат дека причината не мора да биде поврзана со интелигенцијата, туку со начинот на кој мозокот обработува различни ...
Практиката на давање човечки имиња на бурите е докажано дека ја зголемува јавната свест и спасува животи, а ригорозниот процес на избор на имиња има долга и интересна историја. Именувањето на бурите е практика што се развила од практични причини, бидејќи луѓето полесно се сеќаваат и комуницираат поефикасно за бурите што имаат лични имиња. Со векови, разорните бури се именувани по светците на чиј ден се случиле или местата што ги погодиле. ...