Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, денес изјави дека неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за американската потреба од Гренланд се „целосно неприфатливи“ и претставуваат „непочитување“, со порака дека „е доста“. „Сегашната и повторувана реторика на САД е целосно неприфатлива. Кога американскиот претседател зборува за „потребата од Гренланд“ и нè поврзува со Венецуела и воена интервенција, тоа не е само ...
Соопштение на ЈСП Скопје: Ве информираме дека во среда (31.12.2025 год) ќе се работи по редовен зимен возен ред. Во четврток (1.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од петок (2.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ...
Соопштение на СДСМ: ВМРО повторно со дефокус се обидува да го сврти вниманието од главната тема, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата. Повторно, преку лажни вести за скијање, скокови во далечина, Харис Џиновиќ и други небулозни текстови, ја вметнува приказната за Мадуро. Дали по сите наши активности во борбата против криминалот и корупцијата воопшто треба да нагласуваме нешто за Мадуро? Секако дека поддржуваме борба против криминал ...
На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода маж(45) и маж(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на маж (38) од Кичево. Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската ...
На 04.01.2026 во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода маж(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час. По целосно ...
Од 09:00 часот сообраќајот за ТМВ на ГП Меџитлија е во прекин. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 09:00 часот сообраќајот за ТМВ на ГП Меџитлија е во прекин. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...
Главната обвинителка на Соединетите Американски Држави, Пам Бонди, соопшти дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се обвинети во федералниот суд во Јужниот округ на Њујорк, при што американските претставници дополнително ги доразјасниле обвиненијата што се однесуваат на Мадуро. Според Бонди, против Мадуро се поднесени повеќе точки на обвинение, меѓу кои заговор за извршување наркотероризам, заговор за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не се плашат од потенцијално испраќање копнени сили („чизми на земја“) во Венецуела, по извештаите за заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. – Не се плашиме од чизми на земја, рече Трамп на прес-конференцијата во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида. „И мораме да имаме, имавме чизми на земја синоќа, на многу високо ниво. Всушност, не се плашиме од тоа“. – Не ни ...
Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, говорејќи на државната телевизија на шпански јазик, ги повтори повиците за ослободување на Мадуро и неговата сопруга. Таа повика на смиреност и единство за одбрана на земјата во контекст на, како што рече, „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниту една нација. Родригез зборуваше од Каракас заедно со својот брат, претседателот на Националното ...
Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан во притворниот центар во Бруклин. Според официјални лица на кои се повикуваат медиумите, се очекува тој првично утре да се појави пред федералниот суд на Менхетен. Би-би-си пренесува дека Мадуро прво пристигнал во воена база во САД од каде со хеликоптер е однесен во канцелариите на американската ...
Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти локалната полиција. Младиот Стивен Ивановски (16), по кој се трагаше по пожарот во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана е идентификуван како загинат. Меѓу идентификуваните се осум млади лица на возраст меѓу 16 и 24 години кои живееле во Швајцарија. Италијанските медиуми јавија дека меѓу ...
Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во швајцарскиот алпски центар Кран Монтана, вклучувајќи и 14-годишно девојче од Швајцарија кое е најмладата жртва досега, соопшти денеска полицијата. Многу од жртвите се малолетници, меѓу кои Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Меѓу досега идентификуваните се и 18-годишен Романец, 18-годишен ...
Кубанската влада синоќа објави дека 32 нејзини граѓани се убиени во операцијата на САД во Венецуела во која претседателот Николас Мадуро беше уапсен, Хавана вели дека денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост поради тоа. Владата не даде детали освен дека убиените биле членови на кубанската војска и разузнавачките служби. „Нашите сонародници ја исполнија својата должност со достоинство и херојство и паднаа по жесток отпор во ...
Четириесет лица ги загубија животите, а повеќе од 100 беа повредени во ужасниот пожар што го зафати барот Le Constellation во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана на новогодишната ноќ. Меѓу жртвите е и Стефан И. (31), обезбедување кој стана херој откако спасил неколку гости од пожарот, но, за жал, не можел да се извлече од него, пишува швајцарскиот портал „Блик“. Стефан И. работел како обезбедување. Кога избувнал пожарот, тој мирно ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите на САД со Кина и кинескиот претседател Кси Џјинпинг. „Имам многу добар однос со Кси“, изјави Трамп пред новинарите во неделата вечерта на „Ер Форс Уан“. „Ние ја имаме моќта на царините, а тој има други механизми на влијание врз нас.“ Американскиот претседател, исто така, објави дека планира патување во Кина во април, каде ...
Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и удар врз меѓународното право, оценува Би-Би-Си во анализа. Трамп изјави дека САД привремено ќе управуваат со Венецуела, додавајќи дека не се исклучува ниту испраќање војска. Американските власти тврдат дека операцијата била успешна воено, но експертите предупредуваат дека политичките ...
Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила близу 50 проценти од гласовите, потенцијално ставајќи крај на политичкиот ќорсокак што ја парализираше земјата. Централната изборна комисија соопшти дека партијата Самоопределување освоила 49,79 проценти од гласовите откако беа пребројани гласачките ливчиња на околу 95 проценти од гласачките ...
Под влијание на нестабилна воздушна маса до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m². До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата. Прогноза за 06.01.2026 Минимална температура: 4°C до 9°C Максимална температура: 8°C ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 12 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 7 до 14 степени Целзиусови. Најсвежо ќе биде во ...
Со богата програма за најмладите почна предновогодишното расположение на Боемска. Во утринските часови децата уживаа во настапите на училишните хорови и Златните славејчиња, како и во магични шоу изведби. Дедо Мраз им подели пакетчиња, а градоначалникот Горан Герасимовски им упати топли честитки за претстојните празници. „Овие моменти се посветени пред се на нашите најмали жители. Им посакувам многу радости, игра и, секако, насмевки во 2026 ...
„Град Скопје денеска направи значаен чекор во насока на целосна и координирана подготовка за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини, се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоупр“, соопштија од оваа институција. Овој чин, како што нагласуваат од Град Скопје, ...
На 03.01.2026 во 20:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, каде бил на гости со мајка му, паднал 19-годишник од Скопје кој имал здравствени проблеми. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот. На 03.01.2026 во 20:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на ...
На 03.01.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода лице(23) и лице(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од едното лице, каде била пронајдена и одземена клупа. Тие се ...
На 03.01.2026 во 18:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на делницата помеѓу с.Митрови Крсти и с.Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Обезбедено е местото и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. На ...
На 03.01.2026 во 10:20 часот, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода маж(51) од Велес поради основано сомнение дека од викенд куќа во Велес одзел паричник сопственост на З.К.(52) од Велес, во кој имало пари и лични документи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Осомничениот е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
На 03/04.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(48), лице(26), лице(21), лице(21), сите од Скопје, како и момче(24) од с.Орешани, општина Зелениково, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и сина материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. На 03/04.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
Нашата непоколеблива поддршка кон нашиот стратешки сојузник, Соединетите Американски Држави, била и останува јасен и исправен избор, напиша во фб статусот претседателот Али Ахмети во врска со акцијата на Соединетите Американски Држави во Венецуела. – Го поддржувам лидерството на претседателот Доналд Трамп и ангажманот на САД во спротивставувањето на авторитарните режими и криминалните структури кои ја загрозуваат слободата, демократијата и ...
На 04.01.2026 во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од Скопје. Претходно, на 03.01.2026 во 20:55 часот на ул.„100“ во с.Волково, таа со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во пешакот Г.И.(60) од с.Волково. Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен ...
Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД како стратешки партнер и владата ја поддржува акцијата во Венецуела, ама од друга страна вели дека е спротивно на меѓународното право. „Во животот, кога еднаш ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и таа пракса е прашање на време, не дали туку прашање на време е кога ќе се удри од вашиот грб“, рече денеска Мицкоски. За Мицкоски ниту ЕУ не се грижи за меѓународното ...