Централната команда на САД објави дека три американски борбени авиони биле соборени „поради очигледен инцидент со пријателски оган“. Кувајтската воздушна одбрана погрешно собори борбени авиони F-15E Strike Eagle доцна во понеделник навечер по источно време. „За време на активните борбени операции, кои вклучуваа напади од ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала, борбените авиони на американските воздухопловни сили беа погрешно ...

Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството. Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш. Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Младеновац дека е сериозно загрижен за воениот сојуз формиран од Тирана, Приштина и Загреб, нагласувајќи дека не станува збор за воено-техничка соработка, туку за сојуз кој има јасен одбранбен, но и потенцијално офанзивен карактер. Вучиќ изјави дека во случај на класична соработка во областа на набавка на оружје меѓу Хрватска и Албанија, ова не би било проблем, но дека сега станува збор за нешто ...

Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола ...

Како што стареете, губењето на тежината и одржувањето на тежината станува потешко поради природното забавување на метаболизмот и промените што доаѓаат со стареењето. Иако забавувањето на метаболизмот е нормално, можно е да се ублажи ефектот со правење промени во исхраната. Експертите за здравје и исхрана наведоа неколку намирници што луѓето над 40 години треба да ги избегнуваат, бидејќи тие дополнително го забавуваат метаболизмот. Еве за што ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 02.02 до 08.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно ...

Интегрален текст од одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска-портпаролка на СДСМ: ВМРО-ОКГ секојдневно го потврдуваат тоа што го зборуваме од самиот почеток – уште од декември мината година, и сите овие факти што ги гледа јавноста се само потврда Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби, ако сè не е наместено? Како однапред знаат и најавуваат од партиска говорница што ќе каже, па дури и листи со имиња споменуваат? Ова дефинитивно е ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 3 март 2026 година, вторник, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави Јавниот оглас за пријавување на интерес од страна на правни субјекти кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди, со што започнува практичната реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Основната цел на јавниот повик е обезбедување директна поддршка за домаќинствата кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, ...

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која на дневен ред беше минималната плата. Тој обвини дека власта на мала врата пробува да утврди усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари. „Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се ...

Интегрален текст од соопштението на СДСМ: Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година. Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека ...

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието Прогноза за 03.03.2026 Минимална температура: -2°C до 5°C Максимална температура: 14°C до 20°C Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за ...

Оманскиот центар за поморска безбедност соопшти дека нафтениот танкер „Skylight“, кој плови под знамето на Палау, бил нападнат на околу пет наутички милји од оманскиот полуостров Мусандам. Четири лица се ранети, а целиот екипаж од 20 лица е евакуиран, јавија локалните медиуми. Засега нема други информации. Оманските државни медиуми претходно јавија дека пристаниште Дукм било нападнато со два дрона, при што бил повреден еден работник. Тоа беше ...

Ирански телевизиски водител се расплака во живо додека ја соопштуваше веста за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој загина во заедничките напади што, според иранските власти, ги извршиле САД и Израел во саботата. Видно потресен, водителот изјави: „Бог е голем. Бог е голем. Со длабока тага ја известуваме иранската нација дека великиот ајатолах Али Хамнеи, врховен лидер на Исламската револуција, денес беше маченички ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади претставува „објава на војна против муслиманите“. „Атентатот на највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат водач на шиитизмот ширум светот … се доживува како отворена објава на војна против муслиманите, а особено против Шиитите, насекаде во светот“, вели Пезешкијан во изјавата ...

Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи. Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран. „Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на ...

Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили Абдолрахим Мусави е убиен во напади врз Иран. Тој беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти за кои се тврди дека биле цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел. Мусави беше тој што пред пет дена им се закани на САД во име на иранските власти, што е најтешката закана дотогаш. „Ако овој пат направат грешка, ќе им ...

Израелската војска соопшти дека почнала широк бран напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, во рамки на операцијата наречена „Рик на лавот“. „Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди ...

Во услови на континуирана размена на ракетни напади на Блискиот Исток, Иран соопшти дека гаѓал во 27 американски воени локации во регионот. Иранската револуционерна гарда наведе дека цел биле и израелската воздухопловна база Тел Ноф, воено седиште и голем одбранбен комплекс во Тел Авив. Според ИРГЦ, станува збор за шести „бран“ одмазднички напади во кои биле користени ракети и дронови. Гарда порача дека ќе продолжи со воените дејствија, но ...

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Бахреин. Гласни експлозии одекнуваа низ целиот регион, а според првичните извештаи, воздушната одбрана беше активирана во неколку земји. Во Дубаи, дописникот на CNN сними „две последователни експлозии“ и млазни авиони што прелетуваат над нив. Во главниот град на Катар, Доха, се слушнаа „прилично гласни“ удари. ...

Во петокот вечерта во швајцарскиот град Ембрах (кантон Цирих) се случи сериозен инцидент во кој 24-годишен државјанин на Косово со нож повреди 30-годишен маж од Македонија. Нападот се случил пред очите на минувачите на железничката станица. Драмата започнала околу 17:50 часот кога, според првичните информации од полицијата, избувнала жестока вербална расправија меѓу две жени и еден маж. Ситуацијата ескалирала кога друг маж се вмешал во ...

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните. Неговата задача е континуирано да ја следи состојбата и да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција. ...

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата ...

Интегрален текст од денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Македонската економија тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Имавме конструктивни предлози како да им помогнеме на граѓаните, како да се зголеми минималната плата, за жал сето тоа власта го одби. Но, на економски план се случуваат консекутивни работи коишто ние ги најавивме и на коишто укажуваме. Еден дел од сето тоа се и последните податоци од ...

Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник(24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете ...

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со ...

Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларјани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“. „Вчера Иран испали ракети кон САД и Израел и тие нанесоа штета. Денес ќе ги удриме со сила каква што никогаш досега не доживеале“, објави Ларијани на социјалната мрежа Икс. Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со предупредување преку социјалните мрежи, наведувајќи дека ако Иран ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја покрене операцијата против Иран, во координација со Израел, следела по недели дипломатски притисоци и интензивна разузнавачка подготовка, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на официјални и регионални извори. Според израелскиот „Џерусалем пост“, месеците собирање разузнавачки податоци резултирале со детална листа на цели, вклучувајќи локации на клучни ирански команданти и високи ...

Илјадници летови беа откажани викендов на Блискиот Исток и во Заливот откако повеќе држави го затворија својот воздушен простор по нападите на САД и Израел врз Иран. Бахреин, Иран, Ирак, Израел, Јордан, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати најавија целосно или делумно затворање на небото, што доведе до масовни откажувања и пренасочувања на летови и десетици илјади заглавени патници. Според аналитичката компанија „Цириум“, во саботата ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
61%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
61%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
53%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.53
85%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
73%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
76%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
57%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
91%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Платина

61858.04

Родиум

353658.21

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84