Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не призна вина. Многумина од нив изразија длабоко сочувство, а некои побараа да бидат ослободени затоа што не знаат зошто се во судницата. Првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на „Пулс“, рече дека не чувствува вина. „Не се чувствувам за виновен за кривичните дела што ми се ставаат на товар“, рече Јованов во судницата. Обвинетиот ...

Познатиот ирански режисер Џафар Панахи, добитник на овогодинешната Златна палма, беше осуден во отсуство на една година затвор, јавува иранската новинска агенција ИСНА. Судот во Техеран го осуди Панахи за „пропагандни активности“ и му изрече двегодишна забрана за патување и членство во какви било политички или општествени групи, јавува ИСНА. Панахи е овогодинешен лауреат на Канскиот филмски фестивал, каде што 65-годишниот режисер победи со „Еден ...

Средбата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф со рускиот претседател Владимир Путин би можела да означи почеток на нова фаза во пристапот на Вашингтон кон украинската криза, а според проценките од Брисел, таа би можела да доведе и до притисок врз Киев да направи отстапки кон Москва. Како што објави Гардијан, шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изрази загриженост дека претстојните дипломатски контакти би ...

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд беше жртва на провала, откако крадци провалија во куќата во Париз каде што живеат Оланд и неговата партнерка Жили Гаје на 22 ноември, изјави канцеларијата на парискиот обвинител за „Фигаро“. Провалата ја потврдија и луѓе блиски до претставникот на Социјалистичката партија од Корез, додава парискиот дневен весник. Благодарение на брзата интервенција на полицијата, две лица беа уапсени, обвинети и ...

По повеќе од две години поминати во заробеништво на Хамас во Газа, српскиот државјанин Алон Охел (24) ги опиша ужасите што ги доживеал под терористичките окови во шокантна исповед. Киднапиран на 7 октомври 2023 година на музичкиот фестивал „Нова“, Охел откри детали за тортурата, гладувањето и за дехуманизирачките услови на кои биле подложени тој и другите заложници во своето прво подолго интервју по неговото ослободување, пишува „Блиц рс“. ...

Лидерите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одамна ќе постигнеа договор за решавање на конфликтот во Украина доколку не беше интервенцијата на европските земји, објавува „Волстрит журнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори запознаени со дипломатските контакти. Според весникот, француски функционер изјавил дека компромисот меѓу Москва и Вашингтон ќе бил постигнат „доколку не биле Европејците“, посочувајќи дека токму европското ...

Денес во Франција се одржува штрајк организиран од синдикатите CGT, FSU и Solidaires против предложениот државен буџет за 2026 година, објавија локалните медиуми. Според организаторите, планирани се околу 150 собири и маршеви низ целата земја, но се очекува вкупниот број да биде ограничен, со оглед на тоа што големите синдикати CFDT и FO не учествуваат во акцијата, пишува „Figaro“. Во Париз, властите проценуваат дека помеѓу 5.000 и 10.000 луѓе ...

Францускиот претседател Емануел Макрон продолжува да предизвикува силни реакции на домашната политичка сцена поради неговиот став за украинскиот конфликт, а најновите критики беа упатени кон него од лидерот на партијата Патриот, Флоријан Филипо, кој го обвини дека е главен противник на мирот“. Филипо на платформата Х оцени дека Макрон, и покрај неговите јавни изјави за продолжување на работата за мир, директно придонесува за продолжување на ...

Непознати лица украле 20.000 куршуми воена муниција, што им припаѓале на германските вооружени сили (Бундесверот), од камион на цивилна транспортна компанија, кој бил оставен преку ноќ на необезбеден паркинг во сојузната покраина Саксонија-Анхалт. Министерството за одбрана потврди за „Шпигел“ дека возачот на цивилна транспортна компанија ангажирана од вооружените сили за транспорт на муниција паркирал камион натоварен со муниција на германските ...

На иницијатива на СВР Охрид, денеска се одржа работна средба помеѓу полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Целта на средбата беше размена на информации и координација околу повторните телефонски измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди. Притоа, полициските службеници укажаа на потребата, Здружението низ своите активности како и ...

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност на државата, на единиците на локалната самоуправа и на сите учесници во сообраќајот. Безбедноста не е само формално почитување на правилата, тaa е култура на однесување кои ги штити животите, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето обраќање на Националната конференција ”Безбедност во сообраќајот во единиците на локланите самоуправи.” Патната инфарструктура што ја креираме мора да ...

„Jа користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе нема да ...

Соопштение на СДСМ: Фирма основана една година, со дваца вработени добива тендер од 9 милиони евра од владата на Мицкоски и тоа за период од само шест месеци. Институциите мора да реагираат, крдањето на народот да запре. СДСМ продолжува со бората против корупцијата и киминалот на власта. Проследете ја изјавата на СДСМ пред зградата на Државната комисија за спречување корупција (Пресвета Богородица бр. 3), денеска, 02.12.2025 година (вторник), со ...

Соопштение на СДСМ: За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани. Тоа покажува колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите. И тоа зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е само полоша состојбата во помалите градови и населени места? Економијата паѓа а народот едвај ...

На 01.12.2025 во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 58-годишен жител на село Тромеѓа. Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички средства. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно ...

Изјава за медиуми, Петар Огњеновиќ, СДСМ: Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави дека ако објавениот скандал од СДСМ за тендерот од 9 милиони евра е корупција и криминал, нека реагираат институциите, тој нема ништо против. Еве денеска сме пред Државната комисија за спречување корупција, да поднесеме официјална пријава со сите документи, докази и информации што ги објавивме изминативе денови. Како што ветивме, нема да дозволиме ова да ...

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен службеник во Министерството за економија, кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп. „Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска. Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те ...

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека меѓу повредените е тринаесетгодишно момче. Воената администрација на Киев ги предупреди жителите и на заканата од напад со балистички ракети и ги повика да останат во затворен простор. Шефот на воената администрација на Кијева, Тимур Ткаченко изјави дека еден човек загинал во нападот, како ...

Четири лица се убиени, а 10 се ранети во пукотница за време на семеен собир во свечена сала во Стоктон, Калифорнија, објавија ноќеска официјални лица од канцеларијата на шерифот, пренесуваат американските медиуми. Меѓу жртвите има деца и возрасни, потврди Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече Брент за време на прес-конференцијата на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина, велејќи дека постои „добра шанса“ за договор. Зборувајќи во авионот „Ер Форс Уан“, тој рече дека Украина има „сериозни проблеми“ и дека скандалот со корупција во земјата „не помага“. Претседателот не одговори на новинарското прашање дали скандалот ќе ги попречи ...

Азија е погодена од разорни поплави, кои одзедоа стотици животи и загрозија милиони луѓе. Во Индонезија спасувачките екипи се тркаат со времето за да пронајдат најмалку 400 исчезнати лица за кои се стравува дека се закопани во лизгање на земјиштето откога циклонските дождови го опустошија регионот пред речиси една недела. Властите потврдија дека бројот на жртви само на островот Суматра надмина 440, а бурите и обилните дождови на Тајланд, во ...

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир Путин од одговорност за воените злосторства поставувајќи јасна црвена линија за Брисел за каков било иден договор. Во едно интервју европскиот комесар за правда и демократија, Мајкл Мекграт, нагласи дека разговорите за прекин на огнот не смее да резултираат со тоа што Русија ќе избегне гонење за своите постапки, објави ...

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење на снимките за креирање сексуално експлицитен материјал, што го продале на странска веб-страница. Полицијата објави дека обвинетите ги искористиле безбедносните ранливости во ИП (интернет-протокол) камерите, како што се едноставните лозинки, објавува Би-би-си. ИП-камерите, или домашните камери, се поевтина алтернатива на ...

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен функционер на алијансата. Адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, потврди дека западната воена алијанса ја проучува можноста за зајакнување на својот одговор на хибридното војување што го спроведува Москва, пишува „Фајненшл тајмс“. „Разгледуваме сè… Во однос на ...

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината портпаролка, додавајќи дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва. „Мислам дека администрацијата е многу оптимистична“, изјави Каролин Ливит, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „работеа многу напорно на ова прашање и искрено сакаат да видат како оваа војна завршува“. ...

На 01.12.2025 во 10:13 часот на магистралниот пат Ресен–Охрид, кај превој Буково, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 24-годишен жител на Дебарца. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 70 километри на час. По целосно документирање на случајот, против него ќе ...

Општина Илинден останува посветена на транспарентната комуникација со граѓаните. Во таа насока, во просториите на Општина Илинден се одржа oтворен ден, на кој граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со претставници од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија, оствари директна средба со граѓаните. На средбата граѓаните ги ...

Градоначалникот Горан Герасимовски, во утринската програма на МРТВ потенцираше дека Општина Центар веќе ја подготвува буџетската програма за наредната година, кадешто во текот на месец декември ќе се одржи уште еден буџетски форум. „Ги повикувам граѓаните да даваат предлози, не само на форумот што го подготвуваме, туку и преку анкетите преку кои ќе можат да достават свои иницијативи и идеи за новата програма. Ова не е нешто што го оставаме за ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави: „Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме ...

Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а во рамки на манифестацијата Гевгелија – Град на културата за 2025-та година, деновиве од печат излезе изданието Одблесоци на сонот – збирка со наградени книжевни творби од учениците во основните и средното училиште во општина Гевгелија и учесниците во работилниците за креативно пишување во периодот од 2022-ра до 2024-та година. Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи кои во ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
92%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
88%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1026
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
86%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
76%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Бакар

10.77

Цинк

3.24

Сребро

1991.62

Алуминиум

2.89

Паладиум

4758.31

Платина

56365.91

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Злато

138244.13

Иридиум

145787.60

Родиум

256402.20

Калај

42.10