Серија случаи на труење пријавени во последните недели, по трагичната смрт на германско семејство кое го посети Истанбул, предизвикаа широко распространета загриженост за безбедноста на храната и предизвикаа огромни економски загуби за уличните продавачи, рестораните и хотелите во клучните туристички области. Стравот е толку голем што продажбата на улична храна во некои делови од градот падна за до 80 проценти, објавува „Хуриет дејли њуз“. ...

Кремљ тврди дека сè уште не добил ажурирана верзија на мировниот план по разговорите меѓу американските и украинските претставници одржани во Женева за време на викендот. Портпаролот, Дмитриј Песков, утрово изјави дека администрацијата на Владимир Путин ги следи преговорите и разбира дека се направени „одредени прилагодувања“ во планот, кои Русија ги доби претходно. „Но, досега не сме добиле ништо официјално“, рече тој. Песков додаде дека нема ...

Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за прекин на конфликтот со Русија „треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина“, објави Белата куќа по разговорите во Женева меѓу Американци, Украинци и претставници на Европската Унија. Американското претседателство ги поздрави разговорите во Швајцарија доцна синоќа, на кои присуствуваше државниот секретар Марко Рубио, како „значаен чекор напред“ кон мирно решение во ...

Советничката група на Левица во Општина Карпош поднесе серија иницијативи до локалната самоуправа, меѓу кои како клучна ја посочуваат итната ревизија на сите Детални урбанистички планови (ДУП). Од Левица нагласуваат дека ревизијата мора да биде темелна и да ги вклучи граѓаните и стручната јавност, со цел конечно да се изгради урбанистичко планирање што ќе ги одразува реалните потреби на заедницата и ќе обезбеди подготвување квалитетен општински ...

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти ЦУК. Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска, оствари средба со Делегација од Кралството Шпанија составена од Наталиа Усеро Перез, Хан Помес Лопез и Лукас Кастило Родригес, членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот. Откако претседателот Гаши им посака добродојде на ценетите гости, тој го изрази своето убедување дека ова посета ќе биде почеток на една плодна соработка помеѓу двата пријателски ...

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска се обрати на состанокот на Работниот комитет на Националната развојна стратегија, кој беше посветен на темата „Безбедно општество со фокус на внатрешната безбедносна политика“. На настанот присуствуваа и постојаниот претставник на УНДП, Армен Грегоријан, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставници на меѓународните организации, институциите и експерти од релевантните ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. Градоначалникот најави историска трансформација на градот ...

Министерот за европски прашања и национален координатор за странска помош, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со нерезидентниот амбасадор на Република Кореја, со седиште во Софија, Ким Донгбае; на која се разговараше за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на развојната помош, економските односи и можностите за идни заеднички проекти во области од заемен интерес. Министерот Муртезани изрази искрена благодарност за ...

Министерството за здравство, со поддршка од Владата на Република Кореја, преку грант за помош обезбеди осум современи електрични возила, со инсталација на станици за електрично полнење. – Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецот очекуваме да пристигнат уште пет возила, со што целосно ќе се реализира донацијата од вкупно осум електрични ...

Само преку активна и посветена вклученост на сите засегнати страни ќе го заштитиме од загадување и нерационално користење сливот на реката Вардар и ќе изградиме одржлив и ефикасен систем за управување со сите подземни и површински води во државата, е главната порака од настанот „Денови на Вардар 2025“. Преку дискусии, работилници и тренинзи, првиот настан „Денови на Вардар“ е посветен на заштита и одржливо управување со сливот на реката Вардар, ...

Градот Скопје со забрзано темпо изготви 1.032 решенија поврзани со даночни и административни обврски, со што, како што информираат од градската администрација, се демонстрира ново ниво на ефикасност и навремено сервисирање на потребите на граѓаните. Според градските власти, само во текот на денешниот ден биле потпишани вкупно 1.032 предмети од различни категории – решенија за данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунални ...

Соопштение на СДСМ: Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари. Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо. Тоа е срам, тоа е навреда за ...

„За сето она што го направи за медицината, науката, спортот, за меѓународниот углед на нашата земја, но и за македонската демократија, најмалку што можеме да сториме е да му оддадеме признание“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, истакнувајќи дека има привилегија да му го врачи Орденот „8 Септември“, како израз на длабока благодарност на македонската држава и на македонските граѓани. Во своето обраќање таа се наврати на неговиот ...

На 23.11.2025 во 10:30 часот, во населбата Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 55-годишен жител на селото Беловиште, кој бил затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, од каде одзел пари. Дополнително, тој се сомничи дека во последните шест месеци извршил неколку тешки кражби во други верски објекти во гостиварскиот регион. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање ...

По повод Светскиот ден на детето 20-ти ноември, денеска во градинката ,,Орце Николов” во Карпош 3, градоначалникот Сотир Лукровски ги посети најмалите жители на локалната самоуправа. При обиколка на објектот, првиот човек на Општината се запозна со условите во градинката, а дечињата го поздравија со искрени пораки. Нивните светнати очиња и насмеани лица ја разубавија оваа средба, а најмалите карпошани со стихотворби и песнички умешно се ...

„Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија ...

Работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и граѓанскиот сектор изработи нова Стратегија за образование која ќе се применува од 2026 до 2032 година. Пред да биде усвоена од Владата, ќе биде ставена на увид на јавноста ...

Соопштение на СДСМ: Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека целиот регионот напредува. Нема реформи во ниту една сфера, економијата тоне, странските инвеститори си заминуваат, власта сака повторно да го конторлира судството, целосно е заглавен европскиот пат на земјата. Власта вели „не е време за реформи“ и ја турка земјата во опасен правец. ...

Соопштение на СДСМ: Пред нас е уште еден скандал кој покажува дека и после Кочани имаме целосно нефункционален систем, неспособност и потфрлање на институциите, пред се на полицијата на Тошковски. Во локал со дозволен максимум од 200 лица, имало над 700 луѓе или три и пол пати над дозволеното и спротивно на безбедносните протоколи. Опасност која можела да заврши трагично. И полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за настанот кој бил ...

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ: Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра! Ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови. Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја. Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите! ...

Со интензивно темпо продолжуваат средбите на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“. Денеска тој оствари работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и претставниците на Советот на општината разговараше за приоритетите, она што е потребно на општината и можностите за поддршка во наредниот период. Во фокусот на разговорите беше и работата на ...

– Денес е чест да се обратам по повод воспоставувањето на Ресурсниот центар – стратешка алатка со која ја зацврстуваме имплементацијата на Националната развојна стратегија, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации и со поддршка на Владата на Република Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешното отворање на Ресурсниот центар, говорот го пренесуваме интегрално: Овој центар не е само нова институционална ...

Денеска висока делегација на Министерството за внатрешни работи, составена од шефот на кабинетот на министерот Ристо Ставревски и државниот советник во кабинетот на министерот Владимир Велковски, во име на министерот Панче Тошковски оствари работна средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетите Арапски Емирати со седиште во Рим, Н.Е. Абдула Али Атек Обаид Алсубуси кој во периодот од 24 и 25 ноември е во официјална посета на нашата ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 ...

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, објави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Според неа, овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене ...

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен ...

– Со голема тага се збогуваме со човекот чии придонес, мудрост и достоинствена посветеност оставија трага што ќе се памети. Проф. д-р Илија Џонов (роден 24 ноември 1943 во Штип) — македонски невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје. Добитник е на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени. Времето во наредните ...

Четири лица беа убиени, а неколку други повредени во „масовните“ руски напади врз Харков, вториот по големина град во Украина, во текот на ноќта, соопштија украинските власти. „Во тек е масовен напад врз Харков“, објави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм околу полноќ. Четири лица беа убиени, рече Терехов, вклучувајќи едно лице чие тело беше пронајдено во урнатините. Дванаесет лица беа повредени, вклучувајќи две деца на возраст од 11 и 12 ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
69%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.91
87%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
88%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
78%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
93%
1013
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
82%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Кобалт

55.67

Паладиум

45879.12

Сребро

1837.41

Никел

471972.96

Калај

40.11

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Бакар

10.76

Рутениум

29192.88

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Злато

135322.28