Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му рече на својот севернокорејски колега дека нивните земји работат на воспоставување „нов и праведен светски поредок“ откако Пјонгјанг ѝ помогна на Москва да ги избрка украинските сили од рускиот регион минатата година. Во порака до севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи, Лавров ја потврди заложбата на Москва да ја зајакне соработката во сите области и да придонесе за ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со тешки економски последици за секоја земја што му помага на Иран и најави, како што тврди, најразрушителната економска операција што некогаш била започната против некоја земја. Вчера, Трамп дополнително го зголеми притисокот на Вашингтон врз Техеран по месеци тековен конфликт. „Објавувам дека секоја земја што им дозволува на своите финансиски институции, компании, аеродроми или владини агенции ...

Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“, симбол на кризата со недвижностите што продолжува да ја оптоварува националната економија, на доживотен затвор, а групата и нејзината дивизија за недвижности ги казни со парична казна од речиси две милијарди евра. „Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, јавајќи го бранот на една деценија брза урбанизација и зголемување на животниот стандард низ целата земја. ...

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова ...

Километарски колони и повеќечасовно чекање повторно се регистрирани на граничниот премин Табановце, каде странски возачи пред да ја напуштат Македонија мора да ги подмират сообраќајните казни евидентирани преку системот „Безбеден град“. Од МВР појаснуваат дека дел од прекршоците не се направени само во текот на денот, туку биле регистрирани и претходно. Примената на системот за возила со странски регистарски таблички почна оваа недела, а ...

Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за создавање економски раст, укажува на забрзување на ...

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. „Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на ...

Во руски ракетен напад врз градот Печениги во Харковскиот регион денес загинаа десет лица, а 17 беа ранети. Нападот е дел од поширок бран руски напади што ги погодија и Киевскиот регион и Запорожје во текот на ноќта и утрото, објави Киев Пост. Шефот на регионалната воена администрација на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека на повредените им е укажана медицинска помош. Според него, во нападот се оштетени десет приватни куќи, едно кафуле, ...

Украинскиот парламент денес се враќа од летниот одмор, а министерствата за одбрана и надворешни работи сè уште немаат постојани раководители. Помина еден месец откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одеднаш го разреши министерот за одбрана Михајл Федоров, во време на сè поинтензивни руски балистички ракетни напади, пишува Euronews. Кога новата влада на премиерот Серги Корецки беше потврдена на 16 јули, сите кандидати беа назначени ...

Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град и температурите ќе опаднат за неколку степени. Прогноза за 22.08.2026 Минимална температура: 11°C до ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ — истакна: „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ ќе побара зголемување на платите во повеќе сектори, со посебен фокус на здравството и образованието. Филипче порача дека основните плати на специјалистите и лекарите во здравството треба да се зголемат за 40 проценти, по примерот на мерките што СДСМ ги реализираше во првите две години од своето владеење. „Ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме ...

После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ истакна дека за трипати пократок период има 120 милиони евра поголем раст на БДП. „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и се потешко ги покриваат основните потреби. „Граѓаните не можат да се прелажат, ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре ќе има ново авионско прскање против комарци, а од 23 до 26 август се најавува и терестична дезинсекција. „Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона. Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови. Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски ...

Преминувањето на границата со Македонија може да ве чини 300 евра, колапс на влезот на Србија, возачите чекаат со часови сето тоа поради ригорозниот систем во Северна Македонија. Вака пишуваат спрските медиуми откако вчера на преминот Табановце почна наплатата на казни за возачите со странски таблички за регистрирани прекршоци со камерите на „Безбеден град“. „Возачите не можат да ја напуштат територијата на Северна Македонија додека не платат ...

Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, ...

Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, ...

Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор, велат од СДСМ. „Го споредува врвот на светската инфлација од јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. ...

Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина преку ноќ. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жители, нападот го оштетил магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“, која се нарекува и „руски Амазон“. Ова ги продолжува украинските напади врз компанијата, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека ...

Москва ѝ се закани на Обединетото Кралство со „последици“ по извештаите дека британски беспилотни летала биле употребени за прв пат во украински напад врз цели длабоко на руска територија. Украина користела беспилотни летала од две британски компании како дел од таканаречената кампања за длабок удар, објави „Сандеј Тајмс“. Киев ги засили нападите врз Русија оваа година, при што ракетите со долг дострел и роевите беспилотни летала сè повеќе ги ...

На почетокот на судењето за убиството на Тупак Шакур, обвинителството го опиша поранешниот водач на бандата Дуан „Кефе Д“ Дејвис како лицето кое го организирало нападот во кој раперот бил убиен од одмазда. Сведоците ја реконструираа пред поротата во Лас Вегас ноќта на смртта на Шакур пред триесет години, во време кога бандите доминираа на хип-хоп сцената, а длабоката недоверба кон полицијата ја направи истрагата невозможна. Поради ова, ...

Поради високата опасност од избувнување и ширење шумски пожари, во одредени шумски подрачја на Халкидики и денес, 16 август, е во сила целосна забрана за движење на пешаци и возила. Забраната стапила во сила во 8 часот утрово и ќе трае до 8 часот во понеделник, 17 август. Таа се однесува на полуостровите Касандра и Ситонија, подрачјето од Комица до Уранополис, како и на општината Полигирос. Грчката полиција ќе спроведува засилени и ...

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, попладнево извести дека има уште еден смртен случај на заболен од западнонилска треска. Пациентот бил на лекување на Инфективна 27 дена. Како што соопшти директорот, станува збор за 76-годишен пациент кој на клиниката бил донесен во исклучително лоша состојба со невроинвазивна форма на болеста. Кај него бил потврден вирусот „West Nile“, а имал и дополнителни заболувања. Тој е ...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. „При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни ...

„Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите коишто ги поседувам, знам дека во минатото имало повеќе од 400 вакви извештаи — не само за Гостивар, туку и за други општини — за квалитетот или неквалитетот на водата, а тогаш институциите воопшто не постапувале. И логично е да се истражи ...

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија. На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во дневникот на ТВ Сител вели дека Владата има мандат од граѓаните за 4 години, но доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш е спремен да свика лидерска средба, да договори термин и повторно да ги победи СДСМ. „Мојот став и ставот на оваа Влада е познат во јавноста, а тоа е дека ние добивме мандат од граѓаните за 4 години и ...

Соопштение за јавност на СДСМ; Сашо Клековски денеска излезе со дел од анализите за водата во Гостивар и веднаш ги прати граѓаните кај други. Што е направено по барање на ЦУК, АХВ и ЈП „Комуналец“, рекол, е нивна сопственост. Барајте ги резултатите од нив. Министер за здравство што покажува врата. Тоа не е одговорност. Тоа е „скретничар“, пренасочувач. Тој веќе еднаш се пренасочи, скршна. Додека Гостивар пиеше отруена вода, додека се ширеше ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58