Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во Бугарија се разгледува можноста буџетот за 2027 година да не предвиди повисоки плати за вработените во Министерството за внатрешни работи. Ова денеска го соопшти министерот Иван Демерџиев пред надлежната парламентарна комисија. Тој ја поврза разгледуваната опција со состојбата на државните финансии. Според неговото образложение, претходното зголемување на примањата во безбедносните структури било наменето да го надомести заостанувањето од ...
Нишката општина Медијана денеска соопшти дека поднела кривична пријава против градоначалникот на Ниш и други одговорни лица. Пријавата се однесува на наводни злоупотреби при подготовката и одржувањето на предизборниот митинг на СНС на 21 октомври. Според општината, централниот плоштад бил зафатен од 20 до 22 октомври без потребните одобренија. Со пријавата се опфатени и одговорни лица во градската администрација, комуналните служби и ...
Републичката изборна комисија на Србија на 5 ноември го усвои вкупниот извештај за парламентарните избори. Според конечните резултати, листата „Студенти побеђују“ освои 140 мандати во парламентот со 250 пратенички места. За студентската листа гласале 2.354.417 избирачи. Листата „Александар Вучић – Уједињена Србија“ добила 1.731.323 гласа и 103 мандати, додека преостанатите седум места им припаднале на малцински листи. Извештајот ги опфаќа ...
Сопственикот на „Булметал“ и уште тројца приведени во полициската акција во бугарското Гурково се пуштени на слобода, објави Бугарското национално радио вечерта на 5 ноември. Информацијата ја соопшти адвокатот Валентин Димитров. Адвокатот потврди дека сопственикот бил ослободен од приведувањето во Софија. Претходната полициска информација ја поврзуваше акцијата со сомнежи за неовластено следење преку поставен уред, додека одбраната ги ...
Хрватската влада на 5 ноември предложи продолжување на учеството на хрватските вооружени сили во КФОР во Косово во 2027 и 2028 година. Предлогот предвидува ангажирање најмногу 200 припадници и до два хеликоптера. Документот е дел од пакет од десет предлог-одлуки за учество во меѓународни мисии и операции. Предвидените задачи во КФОР опфаќаат патролирање и поддршка на активностите на мисијата. Предлозите се испратени до Хрватскиот сабор, кој ...
Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на комуналното претпријатие, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во насока на подобрување на условите за работа и зголемување на оперативната ефикасност, комуналното претпријатие го збогатува својот возен парк со нови комбинирани товарни возила – патари, кои ќе придонесат за полесно, побрзо и ...
Град Скопје распиша конкурс преку кој децата и младите до 18 години ќе можат да ги испратат своите новогодишни желби. Пријавувањето започнува на 5 ноември и ќе трае до 1 декември 2026 година. За учество се потребни името и презимето и возраста на детето, податоци за родителот и контакт-информации. Задолжителен дел од пријавата е и потпишана согласност. Според градската најава, испратените желби ќе бидат вклучени во новогодишните содржини во ...
Жителите на улицата „Стефан Цветковски“ во скопската Општина Центар денеска, 5 ноември, од 9 часот ќе останат без водоснабдување поради планирани работи на водоводната мрежа. Известувањето е доставено преку Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Причината за прекинот е поврзување на старата со новата водоводна мрежа на улицата „Анте Хаџи Митков“ во Маџир Маало. Работите ги спроведува ЈП „Водовод и канализација“, а прекинот ќе ...
Град Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници. – Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски присуствуваше на работната средба со претставниците на зимската служба на Општина Битола, во која се вклучени повеќе надлежни претпријатија и институции од градот. Целта на координирање на активностите е во насока на навремено делување на терен за претстојната сезона 2026-2027 година. За програмата на службата информираше раководителката на Одделението ...
Општина Центар денеска додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, кои остваруваат забележителни резултати во областа на културата. Десет ученици добија стипендии од по 4.500 денари месечно, а 27 ученици по 4.000 денари месечно. Финансиската поддршка годинава е зголемена, со цел младите да се поттикнат во развивањето на нивниот талент и творештво. „Како што ветив во предизборната програма, оваа година ги ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, се обезбедени средства за изградба на две целосно нови средни училишта „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. Двете училишта ќе бидат изградени со финансиски средства на Град Скопје. – Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од неговата изборна програма и не станува збор за прифатена иницијатива. – Видов лиферувани информации дека наводно сум прифатил нечија иницијатива за ослободување на млади брачни парови од комуналии за градба, а тоа не е вистина. Почитувани, тоа е пракса која што прв пат во историјата на оваа независна држава јас ја ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на јавните установи и Советот на Општина Илинден, ги посети новоуредените простории во детската градинка „Гоце Делчев“ и новоотворениот шалтер за социјална работа во општинската зграда. При посетата беа разгледани двете нови занимални, кои се уредени со ...
На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии. ,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. ...
Народната банка соопшти дека во сабота, 7 ноември, ќе организира превоз за клиентите на АЛТА банка од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола. Мерката е наменета за граѓаните кои имаат сметки во банката, но немаат платежни картички и затоа не можат да ги подигнат своите средства преку банкомат. Превозот од Прилеп ќе тргне во 10 часот од плоштадот „Методија Антонов-Ченто“, пред „Реклами“. Од Охрид поаѓањето е во 11 часот од градската ...
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Според објавената метеоролошка карта, утринските температури во одделни региони ќе се спуштат до -4 степени, додека во најтоплите делови од земјата дневната температура ќе достигне до 18 степени. Најстудено утро се очекува во источните делови на Македонија, каде што минималната температура ќе се ...
Православните христијани денеска, 7 ноември 2026 година, ја одбележуваат Митровденската задушница, ден посветен на молитвено сеќавање на починатите и зачувување на споменот за најблиските кои повеќе не се меѓу нас. Овој ден се празнува во саботата пред Митровден, големиот православен празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј Солунски, кој годинава се одбележува утре, 8 ноември. Според православната традиција, на Задушница верниците ...
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против лицето на возраст од 37 години од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. ...
На 06.11.2026 во Полициската станица Радовиш, лицето на возраст од 21 година од село Раклиш, радовишко, пријавило дека околу 22:15 часот на ул. „22 Октомври“ во Радовиш било физички нападнато од лице кое извадило и остар предмет со кој мавнало кон пријавителот, но не го погодило. Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена ...
Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 – Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот ...
Прес конференција на Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник: Почитувани, Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата. Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија. Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави ...
Соопштение на Левица: Додека ДПМНЕ се подготвува да го претставува Скопје како европска престолнина на културата, Европската комисија веќе предупредува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители. Наместо оваа историска можност да биде искористена за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот да се претвори во ...
Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Ова е една од клучните пораки на министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Министерот нагласи дека владеењето на правото и борбата против ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун. Функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и не се потврдени дали имаат ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат ...
ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Говорник: Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб. Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински ...
Многу луѓе кога ќе слушнат „дата-центар“ веднаш помислуваат на зрачење, загадување и опасност по здравјето. Но работите не се баш така. Најпросто кажано, дата-центар е голема зграда полна со компјутерски сервери. Тие сервери чуваат податоци и овозможуваат да работат интернет-страници, апликации, банки, социјални мрежи, вештачка интелигенција и многу други дигитални услуги. Самите сервери не испуштаат опасно зрачење што може да им наштети на ...
Автобус што превезувал ученици од Германија се судри со комбе, па се преврте, рано утрово во источна Холандија, при што осум лица беа повредени и однесени во болница, соопшти холандската полиција. „Неколку лица се здобиле со сериозни повреди и се однесени во болница“, соопшти полициската управа на покраината Гелдерланд на социјалните мрежи. Неколку други лица се здобиле со полесни повреди во несреќата. Повеќе од 50 лица во автобусот Во ...
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод ова изјави дека неговата земја е подготвена да ја заврши војната, но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека сè наскоро ќе заврши. Немаме илузии. Не им ...