Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во Брисел дека користењето на замрзнатите руски средства за потребите на Украина може да се протолкува како „објава на војна“ и дека тоа директно би ја вклучило Европската Унија во конфликтот. Зборувајќи по еднодневниот самит на ЕУ, Орбан рече дека идејата за користење на замрзнатите руски средства е „мртва“ и дека Унгарија се спротивставила на тоа од самиот почеток, објави „Хирадо“. „Рековме дека Унгарија ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ја суспендираше програмата за лотарија за визи за разновидност, позната како лотарија за зелена карта, преку која осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун и убиството на професорот на МИТ влезе во САД. Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави на IX дека, по налог на Трамп, ѝ наредила на Службата за државјанство и имиграција на САД да ја суспендира ...

Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината. Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи ...

СДСМ разоткри една ситуација која што практично власта ја држеше под маса и се уште пробува да ја камуфлира, ќе си дозволам да кажам лаже, ја поклопува со резолуции кои што се за мене без смисла и дури се своевидна цензура, рече Јон Фрчковски член на Извршниот одбор на СДСМ, во интервју за емисијата „Аргумент Плус“ на 24 телевизија, коментирајќи ја ситуацијата со мигрантите и како власта сака тоа да го претстави во јавноста. Тој посочи дека ...

Соопштение на Левица: Последниот случај со починато новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје открива не само индивидуални пропусти, туку и системска болест на здравствениот сектор во Македонија, кој го стави интересот на хиерархијата, бирократијата и формалностите над животот на човекот. На ГАК недостасуваат педијатри неонатолози, а новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ требаше ургентно да реагира и да обезбеди стручни ...

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Интервентната полиција во изминатиот период се етаблирала како еден од носечките столбови на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел дека, според него, идејата за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина пропаднала. Орбан им рече на новинарите дека во Европската унија ќе има доволен број земји-членки за таканареченото блокирачко малцинство кое ќе ја спречи одлуката за репарацискиот заем за Украина. Тој исто така додаде дека Европската унија мора да „се држи подалеку ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека, по средбата со севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун, добил впечаток дека е „сосема нормална личност која го знае своето место во светот“. Лукашенко рече дека неговиот впечаток за Ким Џонг-ун главно се темелел на она што го објавиле медиумите, но дека по средбата на воената парада во Кина во септември оваа година, добил впечаток дека „е можно да се постигне договор со него“, објавува ...

Администрацијата на Доналд Трамп постави нови плочи под портретите на поранешните претседатели во Белата куќа. Таканаречената „Претседателска патека на славните“ сега содржи натписи очигледно напишани од самиот Трамп, кои содржат остри критики кон Џо Бајден, Барак Обама, па дури и кон републиканецот Џорџ В. Буш, објавува „Скај њуз“. Најтешките обвинувања се упатени кон Џо Бајден, на чија плоча пишува: „Поспаниот Џо Бајден беше убедливо најлошиот ...

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди евра преку заедничко задолжување за финансирање на Киев во следните две години. Унгарија, Чешка и Словачка нема да учествуваат во аранжманот, објави „Еуроњуз“. Откако разговорите заглавија поради барањето на Белгија за неограничени гаранции пред користење на замрзнатите руски средства, лидерите на ЕУ се свртеа кон издавање заеднички ...

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца. На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички ...

Потпретседателката и пратеничка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизија Сител, порача дека СДСМ влегува во нова фаза на политичко зајакнување, со ново раководство кое претставува спој на искуство, нова сила и енергија. „Ако ја слушате власта и во 2014 година и сега, тие истото го велат дека тоа не се нови луѓе, дека се стари луѓе, меѓутоа вистината е дека новото ...

Потпретседателката и пратеничката на Совијалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизија Сител, нагласи дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вчера беше изгласана во Собранието е антидемократска и обид за политичка пресметка со опозицијата. Тренчевска, исткана дека власта користејќи дезинформации сака да ја замолчи СДСМ, а да ја сокрие својата неспособност. „Имаме една власт која ...

Соопштение на СДСМ: 1. Претставниците на ЕУ и ЕП постигнале договор за нови правила: мигрантите, барателите на азил ќе се депортираат во „трети безбедни земји“, надвор од ЕУ. Косово и Албанија веќе примаат мигранти. Дали е Македонија следна? Ќе видиме до јуни, по изборите. 2. По носењето на Резолуцијата на ДПМНЕ-ЗНАМ што ја гуши демократијата и слободата на говор претседателот на СДСМ презеде брза акција, Филипче побара поддршка од ЕУ за одбрана ...

-Новата сила на СДСМ не се само луѓето во раководството. Претседателот Филипче најави Програма кој подразбира регитрација на 300 нови лица во партијата на сите нивоа – во општинските организации, стручните комисии, координаторите на региони, меѓу младите, тоа се новите млади амбасадори на социјалдемократијата. Луѓе со елан, знаење и кредибилитет, рече Јон Фрчкосски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во емисијата „Аргумент Плус“ на 24 телевизија. ...

„Блу Ориџин“, вселенската компанија на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, успешно ја лансираше својата џиновска ракета „Њу Глен“, што претставува клучен момент за компанијата. Ракетата полета од Флорида, носејќи два сателити на НАСА на долго патување до Марс, и за прв пат компанијата успеа безбедно да ја слета првата фаза од ракетата на офшор платформа. Двојниот подвиг претставува голем чекор напред во напорите на „Блу Ориџин“ да стане сериозен ...

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за тоа што ја остави земјата во „хаос“, истакнувајќи дека економските политики на сегашната администрација ја извлекоа Америка од „работ на пропаст“. „Ја враќаме нашата економија од работ на колапс. Претходната администрација и нивните сојузници во Конгресот ги ограбија нашите каси од трилиони ...

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок во процесот на европска интеграција, што треба да ги инспирира другите партнери од Западен Балкан. По самитот на Европската унија и Западен Балкан, на кој Србија не учествуваше за прв пат, Фон дер Лајен во писмена изјава изјави дека „проширувањето на ЕУ, за прв пат по повеќе од десет години, стана ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека авионот што ја превезувал словачката делегација на самитот на Европската унија во Брисел е сериозно оштетен на аеродромот поради инцидент со аеродромско возило, поради што леталото повеќе не е употребливо и мора да остане во Белгија. Фицо изјави на социјалната мрежа Фејсбук дека за време на маневрирањето на пистата, камион со аеродромска рампа го удрил авионот, предизвикувајќи значителна материјална ...

Поранешниот репрезентативец на Еквадор и фудбалер на Барселона од Гвајакил, Марио Пинеида (33), им подлегна на повредите по нападот на локалните банди. Полицијата ја потврди смртта на Пинеида без да даде многу детали. Објавено е дека 33-годишниот дефанзивец на Барселона е убиен. Уште едно лице, чиј идентитет полицијата не го откри, исто така е убиено во инцидентот, а трето е рането. Медиумите наведуваат дека станува збор за неговата сопруга и ...

Денес низ цела Македонија, се одбележува празникот Свети Никола – најраспространетата семејна слава меѓу православните верници. Често се вели дека половина од народот го празнува, а другата половина е на гости кај оние што слават, што само ја потврдува неговата длабока вкоренетост во традицијата. Со овој празник се поврзани бројни народни верувања и обичаи, кои, и покрај времето, сè уште се почитуваат во многу домови. Во народната традиција, ...

Комисијата за образование, наука и спорт одржа работна средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска; државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска; координаторката Ивана Батиниќ-Поповска и експертите кои ја изработија националната стратегија за образование 2026 – 2032 и Акцискиот план 2026 – 2032. Претседателката на Комисијата, Иванка Василевска, истакна дека оваа средба е важна за добивање ...

„Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција пред Уставниот суд. Таа ...

На ден 19.12.2025 година, со почеток во 10:00 часот, од страна на месното население на с. Двориште е најавен јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на локација позната како „Студенецо“. За време на собирот, сообраќајот на овој патен правец ќе биде целосно блокиран, поради што се известуваат возачите кои сообраќаат на релација Струмица – Берово да користат алтернативни патни правци, извести АМСМ. Сообраќајот на државните ...

Соопштение на СДСМ – Реакција на Христијан Мицкоски: Христијан Мицкоски го зеде судството и обвинителството во свои раце па сега се фали со добиени судски пресуди против СДСМ. Па нормално дека Мицкоски добил пресуда. Но баш чудно, зошто токму денес го објавува овој голем „успех“ на судството на Мицкоски? Токму кога најавивме иницијатива до Уставниот суд за неуставната Резолуција со која сакаат да ја замолчат опозицијата да не зборува за ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик против едно лице на возраст од 36 години. На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи ...

Македонија ќе има најстроги казни во Европа и пошироко и не само поради нивната висина која во некои случаи надминува и минимална плата, туку и во однос на одземање на возачки дозволи и трајно одземање на возила. Со новите законски измени кои веќе влегоа во Собрание, возачите кои ќе добијат три правосудни пресуди за одземање за возачка дозвола ќе останат без право за возачка, а право за ново преполагање ќе стекнат дури по 1 година. Новите строги ...

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – насилство и спречување на службено лице во вршење службено дејствие. Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во дневно-информативниот онлајн медиум „Инфомакс“, како и спрема гостин во нивната емисија, со што ги спречил во вршење на професионалната дејност. „Додека ...

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и Скопје, е дел од уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво, објавија грчките медиуми. Соопштението од грчкото Министерство следи по коментарите на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека ефикасно ја вратил употребата на „Македонија“ на ...

Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ денеска ги претстави кумот и здравичарот за 2026 година. Годинава, водечките бадникарски функции ги прифатија и претприемачот и експерт во областа на енергетиката Зоран Кондратенко како кум и урбаниот трубадур Јаков Дренковски како здравичар. Кумот и здравичарот се заблагодарија за честта што им беше укажана, истакнувајќи дека оваа функција претставува голема радост и гордост за ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
94%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Сребро

2159.01

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95

Рутениум

29192.88

Злато

139515.92

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Бакар

11.07