Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Водата за пиење во Крушево е микробиолошки неисправна вода, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп велат дека по примероците земени на 20 јули, водата од чешмите Света Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за пиење. „Од ЈП ‘Комуна’ Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на ...
Доналд Трамп изјави дека е блиску до одлуката дали да лансира масивен напад врз Иран, кој би бил најголем од почетокот на војната во февруари. „Тие сè уште не претрпеле доволно болка. Размислувам за огромен напад, поголем од кога било досега. Блиску сум до донесување одлука. Сите сме подготвени за тоа“, кажа Трамп за сајтот „Аксиос“. Тој призна дека таквата одлука би имала последици, па затоа сè уште не донел конечна одлука. „Израел ќе се ...
САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери поради тврдења дека не успеале да ја спречат принудната работа. Царините се движат од 10% до 12,5% и се насочени кон клучните економски партнери, вклучувајќи ги Велика Британија, Кина, Европска Унија, Канада, Бразил, Јапонија и Индија. Тие стапија во сила денеска, веднаш откако истече привремената царина од 10% на странска стока. Врховниот суд на САД претходно оваа година пресуди дека голем дел ...
Во конкуренцијата за престижниот Златен лав на 83. издание на Венецискиот филмски фестивал новите филмови Мартин Мекдона, Флоријан Зелер, Дени Бојл, Вернер Херцог, Нани Морети, Хироказу Коре-еда, Ли Чанг-донг и Ленс Опенхајм. Уметничкиот директор Алберто Барбера истакна дека годинашната селекција ја потврдува улогата на филмот како средство за разбирање на современиот свет, при што во фокусот се политичките превирања, семејните односи, ...
Се надевам дека до крајот на оваа недела или почеток на наредната недела Гостивар ќе има техничка вода, а до крајот на наредната недела и вода за пиење, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Општина Гостивар. Тошковски е раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи и и одржа прес-конференцција заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и ...
Неколкумина службеници во француската влада се отпуштени откако имале позитивен тест за дрога во рамките на новата програма за скрининг на министрите и високите државни службеници, изјави премиерот Себастијан Лекорну. „Многу луѓе велат дека го направив ова за да дадам пример. Тоа е вистина. Но, го направив првенствено од безбедносни причини. Многумина од службениците кои биле тестирани имале пристап до исклучително чувствителни информации“, ...
Цените на нафтата достигнаа 100 долари за барел за првпат од мај откако ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток повторно ги разгоре стравувањата за глобалните резерви на енергенси. Суровата нафта брент поскапе за повеќе од 5% денеска по неколкудневните покачувања, бидејќи САД ги засилија воените напади врз Иран, додека јеменските хути почнаа да напаѓаат танкери во Црвеното Море. Ова ја загрози клучната извозна рута што Саудиска Арабија ...
Податоците од „Мој термин“ покажуваат дека во 2025 има 33 отсто зголемување на боледувањата до 30 дена споредено со 2021, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Toj потсетi дека 2021 беше година на ковид-19, кога има[e значителен број боледувања. Денес бележиме дополнително зголемување од 33 отсто, односно повеќе од 300.000 боледувања во текот на 2025, рече тој. Клековски говореше на работилницата „Зајакнување на управувањето со ...
Обвинетиот Васил Режак (56) од дојранско Сретеново денеска во Основниот суд Гевгелија доби 18 години казна затвор, откако беше прогласен за виновен за кривичното дело Убиство на свиреп начин. Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата која е првостепена. Режак убиството го сторил попладнето на први ноември 2025. „Обвинетиот во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла го лишил од живот Никола ...
Триесет парични казни во вкупна висина од 7.750 евра добија оператори со храна во Гостивар поради непочитување на повеќе мерки, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Инспекторите кои вршеа надзор во Гостивар дали се почитува донесената забрана за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем, најдоа небезбедна храна и повеќе недоследности во мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Водата во Гостивар е ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија побара притвор за едно лице поради основано сомнение за сторени кривични дела Телесна повреда и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата сопруга откако имале вербална расправија во домот околу тестаментот што го потпишала нејзината мајка. Тој прво ја навредувал оштетената, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови ...
Владата ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штета од невремето, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ветерот кој дуваше во Скопје, Штип и во Струмица на 21 јули имал јачина на оркан/ураган, соопшти вчера Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По невремето со силен ветер и дожд што на 21 јули ја зафати територијата на Македонија, преку единствениот број за итни повици 112 беа примени над 9.000 повици од граѓани. Во Скопје до 22 ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишник поради основано сомнение дека сторил кривично дело Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Како што објави ОЈО, осомничениот со нож им се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во ...
Дебитанскиот долгометражен филм на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе има светска премиера во конкуренцијата за награди на Филмскиот фестивал во Олденбург, Германија, чие 33. издание ќе се одржи од 16-20 септември. Филмо, со работен наслов „Касапско оро“, се снимаше во средината на 2024. Идејата за филмот е на Јанаќијевиќ, сценариото е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, а главен продуцент е Сашо ...
Одделението за ортопедија во Клиничката болница во Штип соопшти дека нема да прима пациенти од соседните градови сѐ додека целосно не се санира состојбата по завчерашното невреме и ги замоли колегите да ги препраќаат пациентите во останатите ортопедски центри во Македонија. Последиците од невремето, кога силниот ветер откорна поголем дел од кровната конструкција поради што две одделенија прокиснаа се санираат и денеска. Дел од пациентите на ...
Општините во периодот од 2020 до 2024 година акумулирале 2,9 милијарди денари (околу 47,7 милиони евра) ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, а во истиот период извршиле отпис на 233,8 милиони денари (околу 3,8 милиони евра), покажа ревизијата на успешност на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите утврдија дека над 67 проценти од ненаплатениот данок на имот е постар од пет години, што укажува на слаб фискален ...
Долгометражниот документарец „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, со преживеаните од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал, објавија огранизаторите. „Добри луѓе“ е во документарната конкуренција за наградата Срцето на Сараево, на еден од најреномираните фестивали во Југоисточна Европа, а продукцијата објави дека премиерата ќе биде на 16 август. Фестивалот се одржува од 14 до 21 август, а ...
Скаут за манекенки кој регрутирал жени за сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстин е пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз, објавија француските власти. Отворена е истрага за да се утврди причината за смртта. Даниел Сијад (69) бил под истрага на француските обвинители специјализирани за трговија со луѓе и беше обвинет за силување и други кривични дела. Неговото име се појави во повеќе од 1.000 документи во досиејата за ...
Поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, кој беше соборен по 16 години власт на изборите во април, ги повика своите поддржувачи да се спротивстават на тиранијата на Петер Маѓар и да ја вратат демократијата во земјата, за која рече дека била смачкана од новата влада. Во својата прва силна политичка порака по убедливиот изборен пораз, Орбан издаде „изјава за отпор“ на Фејсбук, кратко откако неговата партија Фидес соопшти дека обвинителите ...
Фирмата „Стентон ГРАДБА ДОО” од Горно Оризари-Битола, без електронска аукција, доби јавна набавка вредна 1.670.000 евра од Собранието, за партерно уредување и опрема околу зградата. Договорот е склучен на 8 јуни 2026 година меѓу сопственикот на „Стентон” Гоце Стојаноски и претседателот на Собранието Африм Гаши. Во друг јавен оглас, односно склучен договор за јавна набавка, пак, Собранието ќе им исплати 67.000 евра за надзор во работата на ...
САД потпишаа значаен договор со Саудиска Арабија, што ќе ѝ овозможи да развива цивилна нуклеарна програма, во што ќе учествуваат и американски компании. Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион. Министерството за енергетика на САД кажа ...
Јеменските хути објавија дека нападнале два саудиски танкера во Црвеното Море, додека САД го бомбардираа Иран 12. ноќ по ред. Во исто време, иранските медиуми кажаа дека еден танкер се запалил по експлозија во минирана рута во Ормускиот Теснец. Доналд Трамп се закани дека за секој нападнат брод во Ормускиот Теснец ќе уништи еден ирански мост или една електрана и порача дека ќе се справи со хутите доколку го блокираат Црвеното Море. Тие оваа ...
Лувр повторно ја отвора својата галерија „Аполон“, девет месеци по кражбата на скапоцениот накит. Директорот на музејот, Кристоф Лерибо, изјави дека вредните предмети во иднина ќе се чуваат во трезор без прозорци. Осум вредни парчиња накит, чија вредност се проценува на околу 88 милиони евра, беа украдени од Галеријата во средината на октомври 2025. Четворицата крадци беа уапсени, но осумте парчиња украден накит досега не се пронајдени. ...
Македонската глумица Сара Климоска ќе биде во жирито за наградата Срцето на Сараево во конкуренцијата за игран филм на претстојниот 32. Сараевски филмски фестивал, објавија организаторите. Претседателка на жирито е британската актерка Емили Вотсон, а членови се и хрватскиот режисерот Игор Безиновиќ, директорот на Европската филмска академија (ЕФА) Матис Ваутер Кнол и грчката режисерка Атина Рејчел Цангари. Сараевскиот фестивал ќе се одржи од ...
Генерал-мајорот Михајло Драпатји беше именуван за нов врховен командант на украинските вооружени сили, додека претседателот Володимир Зеленски се обидува да ја ресетира својата стратегија во војната со Русија. Четириесет и тригодишниот Драпатји го заменува Олександр Сирски, кој беше отпуштен од Зеленски по неколкудневните улични протести, кои почнаа поради смената на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров. Драпатји, кој досега беше ...
Вчерашниот ветер во Скопје, Штип и во Струмица имал јачина на оркан/ураган, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118км/ч. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери“, вели УХМР. По невремето со силен ветер и дожд што вчера ја зафати ...
Легендарната југословенска актерка и пејачка Оливера Катарина почина на 86-годишна возраст по кратко боледување. Таа важеше за една од најголемите и најубави актерски ѕвезди на Југославија, а најважните улоги ги одигра во филмовите „Војник“, „Има љубов, нема љубов“ и „Партизани“. Сепак, остана најпозната како Ленче во филмот „Собирачи на пердуви“ од 1967 година, за кој беше наградена на Канскиот фестивал. Последната улога ја одигра во 2008 во ...
Над сто повици упатиле граѓаните до надлежните општински служби по силното невреме што вчера попладне го зафати Куманово. Најголем дел од нив, околу 70 проценти, биле за интервенции поради паднати дрвја, бандери и кровови, додека останатите се однесувале на пријавување материјална штета. Утринава заседаваше Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, кој ја разгледа состојбата и последиците од невремето. „Од МВР имаме ...
Двата дома на францускиот парламент усвоија закон за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години, што ќе стапи во сила во јануари 2027. Франција со тоа ќе стане првата земја од ЕУ со ваква забрана. Законот значи дека секој во Франција ќе мора да ја потврди својата возраст за да пристапи до социјалните медиуми и доаѓа во време кога Велика Британија и ЕУ развиваат свои ограничувања како одговор на загриженоста за менталното здравје на ...
По невремето со силен ветер и дожд што вчера ја зафати територијата на Македонија, преку единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, соопшти утринава Ценатрот за управување со кризи (ЦУК). Според Министерството за внатрешни работи (МВР), во Скопје до 22 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица. Според прогнизата ...