Меѓу 4 и 8 август конечно ќе се асфалтира улицата Козара, зад Здравствениот дом во Битола, најави градоначалникот Тони Коњановски. Улицата беше раскопана пред една година и четири месеци. Општината во изминатиот период беше често критикувана бидејќи сѐ уште не е поставен асфалт на трите улици, Козара, Панде Николов и 11 Март, сите зад Здравствениот дом, во центарот на градот, чија реконструкција започна уште во 2025 година. Коњановски најави ...

Бакарни жици, бакарни шини и прачки се украдени од електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево во Скопје и според првичната проценка, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра, соопшти Министерството за транспорт и врски. При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено ...

Едно лице загина, а 16 се повредени – некои од нив се во животно загрозувачка состојба – откако возило влета во толпа луѓе во близина на местото каде што синоќа се одржуваше парадата на гордоста во Берлин, по што полицијата започна потрага по напаѓачите. Неколку часа по овој напад, кој изгледа како намерен чин, многу детали сè уште беа нејасни, но полицијата соопшти дека возилото удрило во повеќе луѓе откако влетало во централниот градски ...

Последниот викенд од јули започнува Фестивалот во Бајројт, кој оваа година го одбележува својот 150-годишен јубилеј. Како и секоја година, настанот претставува магнет за љубителите на операта од целиот свет и за високи гости, особено од германската политика. Меѓу нив се актуелниот германски канцелар Фридрих Мерц и неговата претходничка Ангела Меркел, која со години е редовен гостин на фестивалот. Точно пред 150 години, на 13 август 1876 ...

Македонија е оддалечена околу 4.500 километри од Брегот на Слоновата Коска, но за битолската компанија „Симпл мобајл солушнс“ тоа не беше пречка нејзината иновација да стигне до Западна Африка. Безбедносниот систем за дигитални брави во хотели и други објекти „Орион 3“, создаден од Никола Ковачевски, наскоро ќе биде инсталиран во туристички комплекс со околу 200 бунгалови на брегот на Атлантскиот Океан. „Орион 3“ е паметен систем што ...

Виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување во Прилеп 3 месеци земал пола од социјалната помош од невработено лице за да не му ја укине. Приепското Основно јавно обвинителство (ОЈО) донесе Наредба за спроведување истражна постапка против него за кривично дело Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно соопштија дека 50-годишниот службеник наврати ...

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Според Клековски водата е неисправна и во изминативе години, а Специјалната болница во Лешок со вода за пиење со години користи диспанзери, односно не ја користи водата од селскиот водовод. „Состојбата во Лешок е неисправна и тоа не е тајна, затоа што таа ...

Канадска државјанка со кинеско потекло, која била на пракса во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под сомнение за шпионажа, соопштија белгиските обвинители. Според обвинителството, таа е осомничена за шпионажа во корист на трета земја, како и за членство во криминална организација. Во оваа фаза од истрагата, властите не откриваат дополнителни информации за осомничената, вклучително и нејзиниот идентитет. Обвинителите велат дека жената била ...

Поради аферата поврзана со обвиненијата за сексално злоставување, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, е разрешен од должноста. Државите-членки на Меѓународниот кривичен суд на гласање во Њујорк со мнозинство се изјаснија за негово разрешување. Државите-членки, од кои 82 гласаа за негово отпуштање, му припишаа „тешко недолично однесување и сериозно прекршување на службените должности“. Аферата, која трае веќе две ...

Четири дена по невремето во Скопје, лим од покрив сѐ уште виси закачен на дрвајата на булеварот Партизански одреди во скопската Општина Карпош. Просторот на тротоарот е ограден со жолта лента, но сепак е небезбедно за минувачите. Од Општина Карпош денеска соопштија дека ова е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети. „Правиме максимални напори што е можно побрзо да го ослободиме јавниот простор од паднати дрвја, оштетени ...

Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023. Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или ...

Австрија се изјасни против брзото пристапување на Украина во Европската Унија, при што министерката за европски прашања, Клаудија Бауер, упати критики кон претседателот Володимир Зеленски. „Мојот впечаток е дека украинскиот претседател во последните месеци често го свртува вниманието кон себе со желбата да диктира датум за пристапување во ЕУ“, изјави Бауер за неделното издание на весникот „Велт“. „Забрзано пристапување по барање очигледно не ...

Органодарителството е највисок степен на хуманост, на човекова вредност, на болниот му се спасува живот, му се дава иднина, рекоа докторите на осмата трибина за органодарителство во Велес. „Секој од нас е потенцијален пациент. Не треба да мислиме себично, треба да се ставиме од другата страна. Мој апел е бидете хумани, потпишете се кај вашиот матичен лекар за дарител, да не ја оставате одговорноста кај вашите блиски во најтешките моменти да ...

Француските власти наредија евакуација на речиси 60.000 луѓе во близина на Бордо, со што вкупниот број на лица кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради шумските пожари во Франција и Шпанија надмина 220.000. Околу 200.000 луѓе се евакуирани во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд. Францускиот претседател Емануел Макрон ја ангажираше армијата за да помогне во справувањето со кризата. Во меѓувреме, шпанските власти ...

Од почетокот на јули мерните инструменти на Министерството за животна средина, лоцирани во населбата Тунел во Велес, не ги прикажуваат измерените вредности и велешани немаат информации за квалитетот на воздухот што го дишат. Но, проблемот не се појавил само во јули – и во текот на седум дена во јуни немало достапни податоци за квалитетот на амбиентниот воздух во Велес. „Автоматската мониторинг-станица за мерење на квалитетот на воздухот во ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека дивоградбите не само во Охрид, туку секаде, треба да се рушат на законски начин. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Во во 2024, Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди дека Охрид има 4.847 ...

1 По 35 години од прогласувањето независност, гледаме дека државата ни се претвори во елементарна непогода. Не ни пречи дека ни е загадена почвата. Не ни пречи дека ни е загаден воздухот. Сега веќе не ни пречи и дека ни е загадена водата. Дека не ни се сигурни дискотеките, автобусите, болниците, жичниците, градилиштата, фабричките мензи… Дури и парите што сме ги тргале за старост во задолжителниот приватен пензиски фонд не ни се сигурни. ...

Шпанските власти наредија евакуација на неколку помали града во близина на Мадрид, додека шумските пожари во регионот се зголемуваат и добиваат на интензитет. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка претходно прогласи национална вонредна состојба поради пожарите во соседните региони Мадрид и Авила. Досега е наредена евакуација на повеќе од 40.000 луѓе, откако трите пожари во градовите Виља дел Прадо и Сан Мартин де ...

Германскиот производител на батерии „Варта“ потврди дека поднел барање за стечај, во обид да ја обезбеди својата економска иднина и да овозможи одржливо продолжување на своето работење. Според компанијата, ова влијае не само на матичната компанија на групацијата „Варта“ со седиште во јужна Германија, туку и на нејзините оперативни подружници. Како главни причини за обновената криза, компанијата ги наведе значително влошените пазарни услови, ...

Падна снег среде лето на врвот Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар. Фотографиите ги снимија вработени во пунктот на Националната радиодифузија. „Пелистер истовремено е убав и моќен, но и непредвидлив во своите намери“, соопштија од Националниот парк. Ова не е првпат преку лето да паднe снег на Пелистер. Ж. ЗДРАВКОВСКА Падна снег среде лето на врвот Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар. Фотографиите ги снимија вработени ...

Најмалку 10 луѓе загинаа, а 100 се ранети откако Русија среде ден ракетираше воен тренинг-центар близу Киев додека таму се одржуваше изложба на оружје. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јури Ихнат изјави дека Русија лансирала три балистички проектили, од кои еден бил пресретнат. На изложбата присуствувале и претставници на украинската воена индустрија. Ова е третпат од почетокот на војната Русија да нападне ваква изложба. ...

Пена се појави во реката Лепенец, на устието со реката Вардар во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош. Изразената бела боја и обемот на пената најчесто се знак на синтетичко загадување, што не е невообичаено за овој дел од градот. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али ни рече дека во системот 112 има пријава оти има пена во реката. „Од страна РЦУК известени се ‘Комунално’ и Град Скопје. Подоцна ќе имаме повеќе ...

Со одлука што ја изгласала на седница на 14 јули, Владата зема заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ). Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17-ти ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се врати до 30.11.2026 година. Средствата се позајмуваат без камата. Со оглед на тоа дека М-НАВ не позајмува пари, бидејќи ...

Млада туристка од Германија вчера на плажата Лабино во Охрид останала без својот ранец, во кој се наоѓале лични документи, банкарски картички, мобилен телефон и пари. Луси, која во Охрид престојувала на одмор со своја другарка, раскажа дека тие изнајмиле кајак и со него пристигнале на плажата Лабино. Го оставиле ранецот на брегот, а додека пливале во езерото, непознат сторител го земал. Веднаш по забележувањето на кражбата, повикале полиција ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Одлуката е донесена на денешната седница на 48. сесија што се одржува во Бусан, Јужна Кореја, а „за“ гласаа 16 земји од вкупно 21 членка на Комитетот за светско наследство. УНЕСКО го одложи впишувањето на Охрид на ...

Тројца кавадарчани се прогласени за виновни за убиството кое се случи пред казино во центарот на градот пред една година. Обвинети како сторители на убиството на П. Т. (43) се Д. Б. (27), М. Ѓ. (36) и Д. С. (28), сите од Кавадарци. „Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите за кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 в.в со чл.22 од Кривичниот законик ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој ...

Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Фере на брегот на Атлантскиот Океан, при што стотици луѓе избегаа од областа со бродови. Овој популарен туристички центар беше евакуиран додека продолжува борбата со шумските пожари во регионот Жиронд. Претходно, двајца пожарникари загинаа додека гаселе пожар близу аеродромот во Бордо. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ситуацијата со шумските пожари во земјата е ...

Од 30.000 до 90.000 денари (500 до 1.500 евра) чини изнајмувањето на Античкиот театар во Охрид за користење за културни и други активности, а околу 60.000 денари (1.000 евра) е изнајмувањето на Хераклеја во Битола. Во наредниот период, на Античкиот театар ќе настапат македонски музичари како бендот „Дупер“, пијанистот Симон Трпчески и етно пејачката Елена Андоновска, но и фолк и поп пејачи од Србија и Хрватска, како Саша Ковачевиќ, Жељко ...

Водата за пиење во Крушево е микробиолошки неисправна вода, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп велат дека по примероците земени на 20 јули, водата од чешмите Света Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за пиење. „Од ЈП ‘Комуна’ Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на ...

Доналд Трамп изјави дека е блиску до одлуката дали да лансира масивен напад врз Иран, кој би бил најголем од почетокот на војната во февруари. „Тие сè уште не претрпеле доволно болка. Размислувам за огромен напад, поголем од кога било досега. Блиску сум до донесување одлука. Сите сме подготвени за тоа“, кажа Трамп за сајтот „Аксиос“. Тој призна дека таквата одлука би имала последици, па затоа сè уште не донел конечна одлука. „Израел ќе се ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.34
37%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
49%
1010
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
3.87
48%
1008
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.8
31%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.19
39%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
0.45
58%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
39%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.0
25%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.02
37%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
37%
1009
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
2.85
100%
1016
Currency

61.5717

Currency

54.1076

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Алуминиум

3.17

Калај

53.50

Паладиум

39448.97

Платина

50958.93

Бакар

12.74

Рутениум

53852.50

Родиум

263636.12

Иридиум

252383.36

Злато

130265.18

Сребро

1870.85

Цинк

0.00

Кобалт

56.29