Поранешниот градоначалник на Манчестер, Енди Бернам, денеска стана нов премиер на Велика Британија, откако минатата недела го наследи Кир Стармер како лидер на владејачката Лабуристичка партија. Бернам наскоро ќе почне да го именува својот тим. Тој е седми премиер на Велика Британија во изминатата деценија, а доаѓа во време кога Лабуристичката партија се обидува да го надомести заостатокот во анкетите во однос на популистот Најџел Фараж. ...

Десет луѓе загинаа во руски ракетен напад врз товарен брод близу пристанишниот град Одеса, објавија украинските власти, што е најсмртоносниот напад откако пред повеќе од една недела се засили конфликтот во Црното Море. Бродот „Голден Лео“ пловел под знамето на Гвинеја Бисау и бил натоварен со пченка. Екипажот бил составен од Индијци и Сиријци. Украинската морнарица соопшти дека бродот бил погоден со три крстосувачки ракети, при што се ...

Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Рита Ора (36) на 1 август за првпат ќе настапи во Охрид. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК Ора, која е пејачка, текстописец и актерка, и живее и работи во Лондон, вели дека иако како едногодишно дете со родителите се преселиле во Велика Британија, таа растела со балканската традиција и култура. Вели дека е возбудена што ќе пее во град како Охрид. „Чувството е неверојатно посебно. Родена сум во Приштина, ...

На територијата на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, рече д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во денешната изјава за медиумите, тој кажа дека првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово и досега се пријавени вкупно 140 заболени лица, на кои им се врши анкета од страна на епидемиолози. „Ние сме во комуникација со Центарот за јавно здравје ...

Доналд Трамп изјави дека американската војска силно го нападнала Иран, велејќи дека тоа било во чест на тројцата американски војници кои загинаа во изминатите денови, двајца во Јордан и еден во Ирак. Централната команда на САД соопшти дека утрово лансирала нов бран напади, деветта ноќ по ред, при што експлозии се слушнале низ целиот Иран. Цел на нападите биле воени локации и комуникациски мрежи. Иран кажа дека возвратил со изненадувачки напад ...

Владата соопшти дека внимателно го следи развојот на настаните во врска со водоснабдувањето во Гостивар и донесе одлука за обезбедување 50.000 литри вода на ден во следните денови, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции. Дистрибуцијата на водата ќе се реализира на следните пунктови: Водостопанство Гостивар, ул. ЈНА бр. 139, градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47, ...

Хидробиолошкиот завод од Охрид (ХБЗ) ги објави резултатите од испитувањата на водата во езерото Младост. Извршени се микробиолошки, физичко-хемиски, зоопланктонски и фитопланктонски анализи. Испитувањата на примероците се од исто место на три различни длабочнини, на половина метар, на 7 и на 13 метри. Еден примерок е земен од крајбрежниот појас на Отовичкиот залив. Петтиот е од близина на браната, a испитан е примерок од 15 метри длабочина за ...

Почна да се реконструира најдолгиот и највисок мост на Брегалница, кој е изграден пред 70 години. Инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта, кое издвои 30 милиони денари или околу 480.000 евра. Изведувач на работите е фирмата „Синтек“ од Скопје. Според договорот, работите ќе траат во наредните 10 месеци. И покрај реконструкцијата, мостот и натаму е во функција, само што до крајот на летото сообраќајот ќе се одвива наизменично на ...

Околу 80.000 луѓе се евакуирани синоќа од концертот на порториканската музичка ѕвезда Бед Бани во Милано поради екстремните временски услови. Концертот на отворено на хиподромот „Ла Маура“ беше откажан. Тоа требаше да биде вториот од двата распродадени концерта на Бед Бани во Милано. Нешто по 21 часот, областа ја погоди насилно невреме проследено со пороен дожд, град, грмежи и силни ветрови, по што беше донесена одлука за прекинување на ...

Четириесет отсто од градежните работи на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се завршени. Како што велат од Град Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК, градежните работи во моментов се одвиваат со забрзано темпо и до првата половина на 2028 година треба да заврши изградбата. Потоа ќе следи пробен период на работа, по што официјално ќе биде пуштена во употреба во првата половина на 2030. „Изградбата на пречистителната станица е комплексен ...

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се уапсени во САД откако британските власти издадоа 38 нови обвиненија против низ. Кралската обвинителска служба (ЦПС) соопшти дека Ендрју е обвинет за уште седум случаи на силување, како и за сексуална трговија и непристојни слики на дете. Обвиненијата за Тристан вклучуваат два случаи на силување и три случаи на организирање или олеснување на трговија со луѓе заради сексуална ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од институциите целосно да го расчистат случајот со труењето на над 1.200 жители на Гостивар. Во партиското соопштение се вели дека одговорна за труењето е локалната власт во Општина Гостивар, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. „Очекуваме целосно расчистување на случајот и секој што со своето постапување го загрозил здравјето на граѓаните да понесе одговорност согласно законот. Според ...

Минатата година во септември, при ископ на канал за поставување електричен кабел, во близина на тетовското село Стенче биле ископани повеќе керамички предмети. Со оглед на тоа што овој реон и отпорано е познат како богато археолошко наоѓалиште, локалните жители го информирале Музејот на Тетово, чии стручни лица веќе наредниот ден дошле на посоченото место. После добиените први сознанија било утврдено дека се работи за досега непознат ...

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да се повлече, потпишувајќи го новиот амандман на уставот, со кој заврши неговиот мандат на полноќ. Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја протурка промената на уставот во парламентот оваа недела за да го отстрани Суљок, кого го сметаше за марионета на поранешниот премиер Виктор Орбан. Суљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикуваше постапка за отповикување. Тој потврди дека ќе го ...

Министерот за здравство Сашо Клековски смета дека труењето на над 1.200 жители на Гостивар не може да е од храна. Тој денеска при посета на болницата во Гостивар кажа дека уште не може да се каже причината за труењето бидејќи во тек се испитувањата на примероците од водата, но ја отфрли можноста тоа да е од храна, како што вчера за телевизијата „Телма“ изјави директорката на ЈП „Комуналец“, Артана Асани. „Ниту јас, ниту директорката на ...

Американската војска изведе нова серија напади врз Иран, велејќи дека ѝ се одмаздила на Иранската револуционерна гарда за смртта на американските војници во Јордан. Централната команда на САД (Сентком) соопшти дека успешно биле погодени иранските воени капацитети, додека иранските медиуми известија за напади врз островот Кешм во Ормускиот Теснец. „Нападите беа насочени кон брзо казнување на силите на Исламската револуционерна гарда, која ...

Двајца американски војници се убиени, а еден се води како исчезнат по вчерашните ирански напади со балистички ракети и беспилотни летала врз Јордан, соопштија воени претставници. Централната команда на САД соопшти дека четворица војници биле евакуирани во болници во Јордан, но во меѓувреме биле отпуштени. Јорданската војска претходно соопшти дека пресретнала 10 ирански ракети испукани во нејзиниот воздушен простор ноќеска, без да пријави ...

Градовите низ североисточна Канада и САД продолжуваат да страдаат од интензивен чад предизвикан од стотици пожари што горат во Канада. Во Торонто, Њујорк и Вашингтон денеска се забележани едни од најлошите нивоа на квалитет на воздухот во светот, поради што локалните власти ги повикаа луѓето да го ограничат времето поминато на отворено. Големото аерозагадување во регионот на Њујорк предизвикува загриженост пред финалето на Светското ...

Содржината на органската материја (хумус) во почвите во Македонија е намалена како последица на проретчениот сточен фонд. Во минатото хумусот изнесувал 3 до 4 проценти, а сега е намален на 1,5. Во најголемата житница во земјава Пелагонија порано достигнувал 6 до 7 проценти, а денес е преполовен на 2,5 до 3. Резултатите ги презентираше Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) од Битола, добиени во рамки на проектот ...

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО се предлага „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион (Албанија, Северна Македонија) да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност“. Конечната одлука ...

На крајот на улицата Воин Драшкоци во скопската населба Хром до пред две години имаше четири куќи во кои живееја четири семејства и имаа четири коли. Сега на тоа место има четири згради, во кои живеат 100 семејства и 100 нови коли во населбата, а истата инфраструктура, истата канализација, истата градинка. Вака денес изгледа цел Хром, уште една уништена населба во Скопје, во која секоја куќа стана зграда, тротоарите се блокирани со коли, а ...

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството рече дека на судиите и обвинителите нема да им се зголемат платите, иако тоа се бара во извештајот. Мицкоски рече дека тие не го заслужуваат тоа и дека ќе продолжи јавно да ги критикува. „Мене ми е тоа работа, јавно да ги повикувам судиите и обвинителите да испорачуваат правда и ќе продолжам во таа насока да коментирам, колку сакаат извештаи нека ...

Германскиот пратеник од владејачката партија ЦДУ, Јенс Шпан, е обвинет за двојни стандарди откако откри дека тој и неговиот сопруг станале родители користејќи сурогат мајка во САД. Сурогат мајчинството е забрането во Германија, политика цврсто поддржана од неговата партија, а пред неколку години и од самиот Шпан. Иако во Германија не постои забрана за одгледување дете родено од сурогат мајка во странство, 46-годишниот Шпан е критикуван од ...

Повеќе од 100 куќи се уништени во пожар во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, додека пожарникарите се мачат да го локализираат огнот поради силните ветрови. Густ црн чад ја покри областа, која се наоѓа околу 50 километри западно од Осло, но нема извештаи за жртви или исчезнати лица. Полицијата евакуираше 400 луѓе бидејќи пожарот не беше ставен под контрола и се ширеше во околната шума. Временските услови, особено ветерот, остануваат ...

Најмалку седуммина работници загинаа, а десетици се повредени во украински напад врз големо складиште во рускиот град Котовск, 475 километри југоисточно од Москва. Гувернерот на регионот Тамбов, Евгени Первишов, изјави дека украински дронови се забиле во складиште во сопственост на „Вајлдберис“, најголемиот руски онлајн продавач. „Седуммина луѓе кои работеле ноќна смена загинаа на самото место. Уште 25 луѓе се повредени“, кажа Первишов. ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Со надзорот е утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Над 1.200 жители на Гостивар побарале медицинска помош во Градската ...

Шпанскиот премиер Педро Санчес ќе отпатува во САД утре за да го гледа натпреварот помеѓу Шпанија и Аргентина во финалето на Светското првенство. Портпаролот на шпанската влада потврди дека Санчес ќе биде на трибините, откако и шпанското кралско семејство објави дека ќе го гледа мечот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, кој би можел да се соочи со еден од неговите најгласни европски ...

Американската војска го бомбардираше Иран седма ноќ по ред откако Доналд Трамп кажа дека привремениот договор за примирје е завршен. Централната команда на САД објави дека нејзините сили погодиле локации за надзор, воена логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски капацитети, во што учествувале борбени авиони, дронови и воени бродови. Иран кажа дека возвратил со напади врз американските објекти во Кувајт и Јордан. ...

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови царини за Канада откако стотици шумски пожари го оставија поголемиот дел од северот на САД задушен во чад. Заканата уследи по поплаките на американските пратеници за пожарите, додека премиерот на Онтарио, Даг Форд, побара од САД да испратат помош, наместо да се жалат. „САД се непотребно нападнати од валкан, загаден и нездрав воздух“, рече Трамп. Во Канада вчера активно гореле повеќе 850 пожари, ...

1 Кривичниот суд го ослободи поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ за незаконската донација со која е изградено седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Делото ионака застарува за еден месец, но поважно е дека со ослободителната пресуда веќе нема шанси за конфискација на Белата палата. Претходно, премиерот Христијан Мицкоски постојано ја пизмеше и обвинителката Ленче Ристовска што ги водеше „Талир 1“ и „Талир 2“ во кои обвинета беше ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.43
30%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
50%
1011
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
4.87
47%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.8
31%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.38
30%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.79
58%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
39%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.0
21%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.62
31%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
36%
1009
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
2.85
100%
1016
Currency

61.5717

Currency

54.1076

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Паладиум

39448.97

Бакар

12.74

Сребро

1870.85

Родиум

263636.12

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Платина

50958.93

Алуминиум

3.17

Калај

53.50

Злато

130265.18

Кобалт

56.29