Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Почина хрватската новинарка, писателка и активистка Ведрана Рудан, објавија хрватските медиуми. Рудан почина на 76 години после долга борба со рак. Славната писателка и колумнистка во 2024 објави дека боледува од редок облик на рак на жолчните канали. „Не го прочитав ниту отпусното писмо, ниту типот, ниту прогнозите на интернет. Додуша, некаде налетав на информација дека од појавата на првите симптоми до смртта имаш дури три месеци за да го ...
Еден месец по невремето кое на 19 јули го зафати Скопје, низ градот уште има паднати дрвја. Тие не се расчистени туку стојат откорнати и паднати. На некои локации дрвјата се исечени на парчиња, но не се тргнати. Во Општина Карпош ,каде имаше најголеми штети од невремето, сè уште на повеќе локации стојат паднати дрвја. Паднати дрвја има и во парковите во Општина Аеродром, во Паркот на новинарите во Општина Центар, како и во Градскиот парк. Од ...
Постои сомнеж дека најмалку 30 деца – од кои повеќето се британски државјани – се зачнати со постапка за ин витро оплодување во Северен Кипар при што биле користени погрешни донатори на сперма или јајце-клетки. Во секој од случаите, родителите се сомневаат дека не ги добиле донаторите што претходно ги избрале. Оваа бројка е еден од неколкуте нови наоди од истражувањето „на Би-би-си“, кое претходно оваа година ги откри првите седум случаи. ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе нова наредба за спроведување истражна постапка против уште седум лица, откако обезбедените докази и меѓународната соработка со српските органи покажаа поширока мрежа инволвирана во шверцот на марихуана од Македонија во Србија, соопштија од обвинителството. Новоосомничените се товарат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни ...
АД ЕСМ потпиша стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК за континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен за македонските термоелектрани во наредните три години. Со овој договор, АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, ...
Дваесет и едногодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од добитниците на Меѓународната награда за младинска храброст (International Young Courage Award) за 2026, соопшти Амбасадата на Шведска во Македонија. Костадинов спаси 21 лице во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март 2025, во кој загинаа 63 лица. Тој ставил мокра маица на уста и нос и влегол во дискотеката за да ги спасува младите луѓе. Амбасадорот Ола Солстром денеска се ...
Работна група за именување на улици, формирана од страна на Општина Тетово, излезе со предлог имиња на уште 145 улици во Тетово. Но, и оваа листа, како и претходната во која беа предложени 78 имиња на улици, предизвикува револт. На предлозите најостро реагира Сојузот на борците од Тетово, кој во две соопштенија посочува дека во предлозите за нови имиња на улиците на Тетово има и такви личности кои биле соработници на фашистичкиот окупатор, ...
Вториот пешадиски баталјон (2 ПБ) со големо дефиле денеска во касарната „Јане Сандански“во Штип, каде е и седиштето на единицата, ја одбележа 34-годишнината од основањето. Оваа единица уште од формирањето стана еден од главните чинители на Армијата, а од 27 март 2020 со влегувањето во НАТО и една од главните единици на Алијансата. „Нашите единици се рамноправни во рамките на НАТО и досега на големиот број заеднички вежби и мировни мисии ...
Едно од трите лица фатени со оружје во строго заштитена зона во Националниот парк (НП) „Пелистер“ на 13 август е поврзан со ловно здружение од Битола, соопштија од СВР Битола за САКАМДАКАЖАМ.МК. Неофицијално дознаваме дека се работи за ловочувар на друг ловен терен на Баба Планина, зашто во Националниот парк е строго забранет лов и лицето имало дозвола за поседување оружје. Тројцата биле затекнати на спиење и кај нив не бил пронајден дивеч, ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека пристапувањето во Европската Унија повеќе не претставува приоритет за земјата, но додаде дека целосно не ја затвора вратата за евентуално членство во европскиот блок. Во интервју за телевизијата „Ал Џезира“, Ердоган соопшти дека евроинтеграциите веќе не се на врвот на нивната агенда, додавајќи дека самата Унија ќе биде губитник доколку продолжи да ја одбива Турција. Турција има статус на ...
Три лица починаа од западнонилска треска, а 35 се потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање. Шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника, кажа денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Починатите лица се на возраст од 83, 72 и на 61 година, кои имале повеќе коморбидитети. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за ...
Од Сараево за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Лазаревска „Добри луѓе“, документарецот на Милчо Манчевски со преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, синоќа имаше светска премиера во натпреварувачката документарна програма на 32. Сараевски филмски фестивал. Филмот предизвика голем интерес кај фестивалската публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. По проекцијата завладеа штама, а дури потоа беше разбиена со аплауз. „Во оваа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат. „Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша ...
Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“ заедно со полицијата морале повеќе од три часа да се движат во мрак по непристапен терен на планината на надморска височина од 2000 метри за да ги откријат лицата со огнено оружје кои противзаконски влегле во строго заштитената зона во паркот. Ако бил ставен во функција таканаречениот француски пат, останат од Првата светска војна, контролата и движењето на јужниот и југоисточниот дел од ...
Четири ренесансни уметнички дела се украдени вчера од музејот MuMe во Месина, Сицилија, меѓу кои три панели од „Полиптихот на Сан Грегорио“ од 1473 година, дело на познатиот сицилијански сликар Антонело да Месина. Украдена е и двостраната „Оплакување“, која прикажува Богородица и мртвиот Христос. Крадците ги извадиле сите пет панели од полиптихот, но два оставиле при бегството. Според експертски проценки, вредноста на украдените дела изнесува ...
За само осум дена, од 2 до 10 август, четтворица членови на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и учесници од други клубови, се искачија на највисокиот врв на Алпите и во Европа, Мон Блан, на 4.810 метри надморска височина, а ги освоија и Брајтхорн (4.164) и Бишорн (4.153). Од Тетовскиот клуб во експедицијата учествуваа Надир Мурсели како водич и организатор на експедицијата, Јована Богоеска, Исак Синџировски и Александар Димитриевски, а ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска повика на прекин на повтореното насилство врз палестинското цивилно население на Западниот Брег. „Го повторувам мојот повик за прекин на тековното насилство врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, изјави поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот, во градот Кастел Гандолфо во близина на Рим. Тој итно ја повика меѓународната заедница да го унапреди решението со две држави „за праведен и ...
Според податоци од СВР Тетово, деновите понеделник, четврток и петок се најкритични бидејќи тогаш се случуваат најголем дел од сообраќајните несреќи во Полошкиот Регион. Најмногу сообраќајни несреќи се случиле поради судир меѓу возила во движење, излетување на возилата од патот, како и несреќи со учество на пешаци. Најризични места каде што најчесто се случувале сообраќајките се улиците во населените места и отворените патни правци со висока ...
Иранската армија понуди парична награда во вредност од речиси 30.000 долари за секој убиен или заробен американски војник, според извештајот на информативниот портал „Аваш“. Според извештајот, двојно поголема сума би им била исплатена на жените што ќе заробат или убијат американски војници. Се наведува дека наградата ја понудил Амир Хатами, врховниот командант на иранската армија. Овој потег следи во време на тековни воени тензии меѓу САД и ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) отвори истрага против едно лице поради основано сомнение дека било дел од организирана шема за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според Обвинителството, од февруари до 14 август 2026, осомничениот, заедно со три лица против кои се води постапка во Грција, организирал набавка, чување и транспорт на 324 килограми и 474 грама ...
Еден ден по асфалтирањето, фирмата изведувач ископа дел од турениот асфалт на новата улица СТУ 3 во битолската касарна. За неа градоначалникот Тони Коњановски на 14 август објави видео снимено со дрон, во кое се пофали дека улицата е асфалтирана, инвестицијата е од 19 милиони денари (околу 308.000 евра) и дека ќе има 100 паркинг места. Но, следниот ден, 15 август, советниците од опозицијата објавија снимки од раскопаниот асфалт. „Зошто се ...
Дванаесет лица загинаа, а 47 се повредени откако полски туристички автобус излета од унгарски автопат и заврши во канал.Службите за итна помош соопштија дека уште 10 лица се тешко, а 37 полеснo повредени. Полицијата соопшти дека автобусот се превртел откако излетал од автопатот М3, кој го поврзува главниот град Будимпешта со североисточниот град Њиреѓхаза, ноќеска околу 01:00 часот. Полицијата претпоставува дека возачот заспал зад воланот. ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека не е во ред ако Бадентеровото мнозинство се користи како алатка за постигнување политички решенија, и тоа баш преку образование. Во собраниска процедура се трите закони поднесени од Министерството за образование и наука – за високо образование, за научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и науката, но се блокирани од албанскиот опозициски блок кој инсистира ...
Северна Кореја економски се зајакнува благодарение на продлабочената соработка со Русија во војната во Украина, а Ким Џонг-ун гради нови населби, инфраструктура и туристички комплекси. Режимот на Ким Џонг-ун од Москва добива приходи, храна, гориво и воена поддршка, а за возврат на Русија ѝ испорачува огромни количества муниција и оружје и испрати илјадници војници за учество во војната. Според проценките, вредноста на севернокорејската воена ...
Почна санацијата на таваницата на Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Свети Климент Охридски“, што е втора фаза од реконструкција на Библиотеката, вели директорот Јовица Никчевски. Поради безбедносни причини (демонтажа и отстранување на стаклени плочи) стариот дел на Библиотеката ќе биде затворен и нема да работи со корисници сѐ до завршување на санацијата. Најголемата библиотека во земјава, во која се чува македонското национално ...
Почина прочуената словенечка актерка Милена Зупанчич. Имаше на 79 години. Во текот на својата кариера долга повеќе од пет децении, одиграла над 120 театарски и повеќе од 80 филмски и телевизиски улоги. Зупанчич е родена на 18 декември 1946 година, а детството и младоста ги поминала во Бохињска Бела. Дипломирала во 1969 година со улогата на Клер во претставата „Слугинките“, работена според делото на Жан Жене. Истата година се вработила во ...
Пронајдени се сликите од Реноар, Сезан и Матис, вредни 29 милиони евра, кои беа украдени од италијански музеј во март, соопшти италијанската полиција. Сликите биле украдени од вилата на Фондацијата „Мањани-Рока“, во близина на Парма, во северна Италија, во грабеж што траел помалку од три минути. Началникот на полицијата во Парма, Андреа Паљаро, изјави дека истрагата била насочена кон деветчлена банда осомничени лица од Молдавија. Петмина од ...
Градежни работници во белгискиот град Дендермонде пронашле злато во вредност од околу девет милиони евра. Полицијата соопшти дека била алармирана од работниците со информација дека откриле „голема количина злато“. Вчера, полицијата објави фотографии од околу 50 златни прачки и натрупани златни монети. Според извештаите на белгиските медиуми, златните прачки и монети биле откриени заѕидани во подрумските ѕидови на објект што припаѓа на ...
Операторот на аеродромот во Катанија на Сицилија денеска соопшти дека ќе го продолжи одвивањето на летовите, откако беше намалено нивото на предупредување за вулканска активност на блискиот вулкан Етна. На патниците сè уште им се препорачува да го проверат статусот на своите летови кај авиокомпаниите пред да тргнат кон аеродромот. Сè уште не е јасно колку брзо ќе може да се зголеми обемот на операции на аеродромот и во кој обем ќе се одвиваат ...
Со знамиња, свечени говори и цвеќиња фрлани од воени хеликоптери, исламистичките талибанци во Авганистан ја одбележаа петгодишнината од преземањето на власта. „Денес, светогледите и вредностите на авганистанската влада и нацијата се во согласност“, изјави министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки на церемонија во главниот град Кабул, пренесувана од државната телевизија РТА. Во извештај на авганистанската телевизија „Толоњус“ беше ...