Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Недостигот од кадар сериозно го нарушува работењето на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Наместо предвидените 80, во установата работат само триесетина лица кои секојдневно се грижат за околу 180 корисници, додека Министерството за финансии три години не одобрува нови вработувања. Во домот воопшто нема социјален работник, лекар, сметководител, правник, а фалат и негувателки, медицински сестри, психолози, стражари и друг стручен и ...
Доналд Трамп изјави дека примирјето помеѓу САД и Иран е завршено откако двете страни извршија нови напади денеска. „Не сакам повеќе да се договарам со нив, тие се ѓубре. Што се однесува до мене, сè е завршено. Губење време е да преговараме со нив, тие се лажговци. Преговарачите од двете страни можат да разговараат, но го губат своето време“, кажа Трамп во Анкара, каде што учествува на самитот на НАТО. САД кажаа дека извршија напади врз повеќе ...
Тројца ултрамаратоници од Велес за пет дена истрчаа 330 километри од манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка до охридскиот манастир „Свети Наум“. Верољуб Додевски (59) и неговите пријатели Зоран Димов и Љубиша Андреиќ на 28 јуни тргнале од „Свети Јоаким Осоговски“, а на 3 јули, на празникот Свети Наум, стасале на Охридското Езеро. Трчале главно по планински патишта, и преспале во конаците на неколку манастири. Додевски вели дека ...
Дванаесет земји треба да потрошат 50 милијарди долари во следните 10 години за нова ракета со долг дострел. Проектот „Длабок прецизен удар“ за заштита на Европа беше претставен пред самитот на НАТО во Анкара. Најавен како едно од најнапредните оружја на НАТО, овој проектил треба да погодува цели на оддалеченост од речиси 300 километри со прецизна точност, евентуално протегајќи се до 2.000 километри. „Иницијативата предводена од Велика ...
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ во Советот на Град Скопје вчера не ја прифатија иницијативата на Левица еден автобуски билетот да важи 120 минути од првото валидирање. Советничката од Левица Дарја Мустафаоглу, предложи на дневен ред да се стави точка со која ќе има измени во јавниот превоз, со што граѓаните нема да мора при менување на автобус повторно да плаќаат билет. „Во град со нередовни линии, расипани автобуси и населби без директна ...
Советничкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери во битолскиот Совет гласаа воздржано на предлогот на независната граѓанска иницијатива Поинаку на дневен ред да се стави точка за итна финансиска поддршка на Женскиот кугларски клуб (ЖКК) „Пелистер пин“ од Битола. Токму од овој клуб доаѓаат двете битолски кугларки кои освоија 3 сребрени медали на Светското првенство во куглање (до 23 години) кое во мај годинава се одржа во ...
САД извршија нови напади врз Иран откако три танкери беа нападнати во Ормускиот Теснец. Централната команда на американската војска (Сентком) објави дека се погодени повеќе од 80 мети, вклучувајќи над 60 бротчиња на Иранската револуционерна гарда во Теснецот, Иранските медиуми кажаа дека се нападнати островот Кешм, Бандар Абас и Сирик, каде што има повредени. Иран не ја презеде директно одговорноста за нападите врз бродовите, за што беше ...
1 Каде виделе децата дека не е дозволено да тепаат други деца? Каде виделе дека тоа се казнува? Да не излезеше по социјалните мрежи снимката како врсничка тепа 12-годишнo девојче во скопски Аеродром, а другите деца тоа го снимаат, и да не се појавеше по телевизии мајката на 14-годишното момче избодено во населбата Ченто, никој немаше ни да знае што се случило, па ни институциите ништо немаше да преземат. Ќе се дебатира сега уште два-три дена ...
Засилените контроли на Охридското Езеро и оваа туристичка сезона открија бројни прекршувања на правилата за безбедна пловидба, што директно ја загрозуваат безбедноста на пловидбата. Само во неделата, при заедничка контрола на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, биле затекнати 52 ...
Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција следната година, откако денеска ѝ беше намалена забраната за вршење јавна функција. Таа најави жалба на одлуката да носи електронска нараквица една година откако апелацискиот суд во Париз ја потврди ланската пресуда за обвиненијата за проневера на европски пари. „Не можам да водам кампања со нараквица. Сакам да ги истерам сите правни ...
Доналд Трамп кажа дека италијанската премиерка Џорџа Мелони е добра личност, но ја критикуваше што не помогнала во конфликтот со Иран, што е продолжение на дипломатскиот спор помеѓу двете земји. Мелони се сметаше за близок сојузник на Трамп, но односот се наруши минатиот месец, кога тој за италијанскиот ТВ-канал „Ла7“ изјави дека таа го молела да се фотографираат на самитот на Г7 во Франција. Таа го негираше ова и го обвини дека ја измислил ...
Доналд Трамп се врати на темата Гренланд пред самитот на НАТО во Анкара, велејќи дека полуавтономната данска територија би требала да биде под контрола на САД. Тој исто така кажа дека ќе ги укине американските санкции за Турција, воведени во 2020 поради тоа што таа купи руски противвоздушни ракети. „Гренланд треба да биде контролиран од САД, не од Данска. Прашањето на Гренланд ги наруши американските односи со НАТО. Гренланд не ѝ помага на ...
Жена со нож го прободела невенчаниот сопруг во Велес, кој во животозагрозувачка состојба е пренесен во Скопје. Велешката полиција ни потврди дека таа лани го пријавувала за насилство и дека против партнертот е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес. „На 6 јули во 19 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т. Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела ...
Штипски археолози открија голема и мошне значајна некропола кај археолошкиот локалитет Баргала, кој се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, во близина на селото Козјак, во Општина Карбинци. „Проектот, поддржан од Министерството за култура, е во почетна фаза, па засега на Џамалиски гробишта, на оддалеченост од 500 метри од античкиот град Баргала, се откриени осум гробни места. Според првичните сознанија, тие потекнуваат од 4, 5 и 6. ...
Советот на Општина Битола едногласно одлучи паркирањето на јавните паркиралишта во градот да биде бесплатно за родителите или старателите на лица од аутистичниот спектар. Тие ќе можат да користат повластена паркинг-карта за зоните Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2. Картичката ќе важи една година и ќе му се издава на барателот по претходно поднесено барање. Таа нема да биде пренослива на други лица и возила. Повластената паркинг-карта се ...
Апелацискиот суд во Париз потврди дека лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен е виновна по обвиненијата за проневера, поради што е неизвесно дали ќе се кандидира на следните претседателски избори. Судот ѝ го овозможи тоа откако ѝ ја намали забраната за вршење јавна функција од пет години на 15 месеци. Судот ги потврди казните од 100.000 евра и три години затвор, од кои две условно. Третата година Ле Пен треба да ја отслужи со ...
Од 1 јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови антикоагулантни лекови позитивната листа: „еноксапарин“, „надопарин“ и „ривароксабан“, кои се достапни сега во аптеките, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. „За ‘еноксапаринот’ се достапни два бренда, кај ‘надопаринот’ е достапен еден бренд и кај ‘ривароксабанот’ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Што ќе значи ова? Првите ...
При повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа би било од особена вредност надлежните органи на Грција и Македонија заеднички да ја разгледаат промоцијата на спомен-плочата за седумтемина младинци од Лерин убиени од бугарскиот фашистички окупатор на 17 јануари 1944 година и историските настани поврзани со тоа. Ова го предлага Стратос Василопулос, генерален секретар на Здружението на хотелиери на Општина Преспа, ...
Групацијата „БАЛФИН“ го здоби сертификатот Најдобар работодавач 2026 (Top Employer 2026) кој го доделува Top Employers Institute – глобален авторитет за препознавање на извонредноста во практиките за управување со човечки ресурси. Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација, при што се оценуваат нивните резултати во клучни области како што се стратегијата за човечки ...
Телото на жената осомничена дека го извела бомбашкиот напад во Монако е пронајдено синоќа близу Киев, објави „Украинска правда“. Според изворите, таа била застрелана. Јавното обвинителство на Монако пред неколку дена ја идентификуваше осомничената како 38-годишната украинска државјанка Анастасија Березовска, за која беше активиран меѓународен налог за апсење. „Украинска правда“ објави дека таа престојувала надвор од Украина од 22 март 2025 до ...
Хамас соопшти дека ја распуштил својата влада во Газа и дека е подготвен да ја предаде власта на група палестински технократи, што Израел го отфрли како трик. Ветувањето на Хамас дека ќе го укине своето тело за надзор на министерствата беше клучен дел од планот за цивилно управувана повоена Газа, што го претстави Доналд Трамп по почетокот на кревкото примирје со Израел во октомври. Хамас кажа дека ќе продолжи да ги надгледува безбедноста и ...
Лидерите на НАТО пред самитот во Анкара ќе претстават договори за купување оружје во вредност од десетици милијарди долари, за да покажат дека ги почитуваат повиците на САД за трошење повеќе за одбрана на Европа. Европските влади ќе ги објават договорите на форумот на одбранбената индустрија на НАТО, пред Доналд Трамп да долета за самитот, кој почнува вечерва. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека Европејците направиле ...
Владата донесе длука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Одлуката, донесена на 30 јуни, излезе во Службен весник на 3 јули, а инвеститорот „Енерџи лукс“ од Кочани има 30 дена можност да се жали пред Управниот суд. „Енерџи лукс“ ја има концесијата од 2012 година, а Владата во октомври лани ѝ го продолжи рокот за изградба на хидроцентралата до 7 март 2026. Градоначалникот на ...
Доналд Трамп изјави дека решавањето на повеќе од четиригодишната војна во Украина е поблиску одошто луѓето сфаќаат и дека ќе зборува за Украина за време на самитот на НАТО во Турција оваа недела. Тој ги даде овие забелешки откако викендов разговараше и со Владимир Путин и со Володимир Зеленски, но не даде детали за своето уверување. Наспроти ова, Русија вчера повторно ги нападна Киев и околниот регион со ракети и дронови, при што загинаа ...
Американскиот актер, режисер и продуцент Џорџ Клуни ќе добие Златен лав за животно дело на 83. Венециски филмски фестивал (2 – 12 септември), соопштија организаторите. „Имав толку многу прекрасни моменти во Венеција. Овој фестивал без сомнение ми е омилен и да го добијам Златниот лав е огромна чест. Веројатно тоа значи и дека сум стар, но ќе го прифатам“, изјави 65-годишниот Клуни. Директорот Алберто Барбера рече дека во своето тројно ...
Австралискиот премиер Ентони Албаниз се извини за коментарите што ги даде за поп-ѕвездата Кајли Миног. Тој гостуваше во подкастот на комичарката Ники Озборн, која го праша „дали би имал секс, би се оженил или би излегол со Миног, актерката Никол Кидман или со забавувачката Ронда Берчмор“. Откако првично се обиде да го избегне прашањето, Албаниз рече: „Кајли, јасно“. Тој веднаш се соочи со осуди, при што еден пратеник ги нарече неговите ...
Украински дронови ја погодија рафинеријата во Омск, најголема во Русија и лоцирана длабоко во Сибир, што е еден од најоддалечените украински напади од почетокот на војната. Локалните руски власти го потврдија нападот. Генералштабот на украинската војска соопшти дека нападот предизвикал пожар во рафинеријата на „Газпром“, која се наоѓа околу 2.500 километри од територијата под контрола на Украина и во близина на границата на Русија со ...
Полицијата ги зајакна акциските контроли во Штип поради ноќни трки на моторџии и автомоболисти што неколку дена се одвиваат по главните улици во градот. За неполни десет дена биле приведени десетина лица кои со своиге мотори и автомобилии дивееле по штипските улици. На ваков чекор, полицијата се одлучила по честите реакции на граѓаните, кои пријавувале крајно недолично однесување по улиците во нивните населби и поради силната бучава преку ...
Контактот со гасеницата боров четник (Thaumetopoea pityocampa) може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај луѓето, а опасноста не доаѓа само од директен допир со инсектот, туку и од неговите микроскопски влакненца кои лесно се шират преку воздухот, вели д-р Томица Сотировски, специјалист-дерматовенеролог од Клинката за дерматовенерологија во Скопје. Боровиот четник е инсект чиј фасцинантен животен циклус предизвикува значајни ...
Параглајдерист од САД е тешко повреден при слетување со параглајдер кај селото Породин, Битолско. Несреќата се случила вчера околу 15,30 часот при слетување на параглајдерсистот Ф. Б. (59) во атарот на Породин, во близина на индустриската зона Жабени. Американецот бил сместен во Крушево, а вчера со параглајдерот летал над Пелагонија. Од СВР Битола соопштија дека со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Битола, ...