Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Жителите на викенд-населбата Подмоље, на само пет километри од Охрид, со години имаат проблем со водоснабдувањето. Деновиве, кога населбата е преполна со жители и гости, од чешмите повторно тече заматена, каллива вода, која не ја користат ниту за пиење, ниту за говење. Водоснабдувањето е во надлежност на Општина Дебрца, а жителите велат дека за проблемот повеќепати реагирале, но досега не добиле трајно решение. Сега очекуваат од актуелната ...
Русија го нападна киевскиот регион со балистички проектили, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а повеќе од 50 се ранети. Нападот почнал после полноќ и тревогата за воздушна опасност била во сила повеќе од еден час, за време на што бранови на балистички проектили ги погодувале Киев и перфиферијата. Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека девет луѓе загинале во округот Бориспил, а четири во Буча. Руското министерство за ...
Над 560 илјади евра ќе чини санацијата и репарацијата на делови и позиции во Македонскиот народен театар (МНТ). Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки (БНЈ), тендерот за санацијата и репарацијата ја добила фирмата „Мартин инженеринг“ од Скопје, а рокот за изведување на работите е една година. Согласно податоците, вкупната вредност на сите санации изнесува 34.883.514,00 денари со ДДВ, што е приближно 567.212 евра. Објектот во ...
Група нацистички скинхеди се обиде насилно да влезе, а потоа го блокираше влезот во хотел во Софија, во кој беа сместени италијански тинејџери со еврејско потекло. Младите од Милано и Рим беа во хотелот со своите едукатори заради еврејски младински собир. На снимките објавени од „ЛаПрес“ можат да се видат неколкумина млади луѓе облечени во црно кои се собрани пред влезот на хотелот и извикуваат „Sieg Heil“ и поздравуваат на фашистички начин. ...
Володимир Зеленски сподели видео на социјалните мрежи кое прикажува дрон како лови човек во јужна Украина, велејќи дека тоа е пример за таканаречениот руски сафари напад врз цивили. На видеото се гледа дрон како гони уличен продавач во регионот Херсон. Човекот се обидува да се оддалечи од дронот што лебди над него, криејќи се зад бело комбе. На крајот, дронот се забива во комбето и експлодира, при што продавачот бил повреден. „Светот мора да ...
Жителите на Гостивар максимално да ја истекуваат водата, апелираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по завршувањето на состанокот на Кризниот штаб. Водата во Гостивар е забранета за пиење од 17 јули, откако инстутуциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се речиси 5.000 граѓани, од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини нафтените гиганти „Ексон“ и „Шеврон“ дека заработуваат премногу пари од повисоките цени на горивата и рече дека треба да вратат дел од тоа на јавноста. „Не ми се допаѓа. ‘Шеврон‘, премногу пари. ‘Ексон‘, премногу пари“, рече Трамп три дена откако компаниите објавија огромни приходи за вториот квартал од годината, бидејќи тековната војна во Иран ги одржува цените на нафтата високи. Трамп често ...
Пожарот кој пред два дена изби во Кавадарци е ставен под контрола, кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Пожарот избил на непристапен предел и вчера се дејствувало со два „ер-трактора“ и два хеликоптера. Денеска на терен се три „ер-трактори“. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев рече дека пожарот бил подметнат и оти од денеска ќе има патроли за да се спречат нови пожари. „Во 9 часот е пријавен ...
Поради проблеми со водата за пиење во Гостивар, пациентите кај кои треба да се извршат хируршки и гинеколошки интервенции се носат во Клиничката болница во Тетово. Директорот на Тетовската болница Ерзан Елези вели дека болницата за пациентите од Гостивар е отворена 24 часа и се примаат сите оние пациенти кој кои треба да се извршат посериозни хируршки интервенции. „Во последниов период најмногу пациенти од Гостивар имаме на одделенијата за ...
Раст од 41,21% во јули бележи аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, соопшти концесионерот ТАВ Македонија. Во текот на минатиот месец, охридскиот аеродром опслужил 52,544 патници и претставува најуспешен месец во историјата на аеродромот. Реализирани се 443 летови, односно 34,65% повеќе отколку во јули 2025 година. „Во истиот месец беа поставени уште два значајни рекорди. На 26 јули беше регистриран најфреквентниот ден во историјата на ...
Здравствените власти на Мичиген ги потврдија првите два смртни случаи во САД поврзани со тековната епидемија на циклоспоријаза, паразитска инфекција што се шири преку контаминирана храна или вода и може да предизвика тешка дијареја. „Двете лица имаа значителни здравствени состојби кои можеби биле под влијание на циклоспоријаза и дехидрација“, соопштија државните здравствени власти. Болеста предизвикана од храна се прошири во 45 сојузни ...
Најмалку пет лица загинаа, а уште 10 се повредени во украински напад со дронови врз магацин во близина на Москва, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Тој не прецизираше што било цел, но Украина во последните недели напаѓаше објекти управувани од „Вајлдберис“, честопати нарекуван „руски Амазон“. Локалните власти рекоа дека магацини на „Вајлдберис“ ноќеска биле нападнати и во регионите Санкт Петербург и Твер. Руското министерство за ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која вчера беше лишена од слобода и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица. „Осомничената подолг период, и покрај сите ...
Обвинителството бара притвор за четири лица од Општина Врапчиште кои со пиштоли и пушка пукале на свадба. По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР), Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот ...
Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа. Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. И други големи европски реки со важни транспортни, индустриски и земјоделски функции забележаа рекордно низок водостој, вклучувајќи го Дунав, кој тече ...
Бројот на загинати во експлозија на дрон на плажата во Архипо-Осиповка порасна на седум лица, меѓу кои има и три деца, соопшти оперативниот штаб на рускиот Краснодарски Крај преку платформата „Телеграм“. Во воздушниот удар во близина на руското црноморско одморалиште Геленџик беа повредени уште 40 луѓе. Дополнително, 21 лице е хоспитализирано, додека 19 луѓе добиле амбулантна медицинска помош. Засега не е познато дали дронот бил пресретнат ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов соопшти дека водата од градскиот водовод во Гостивар е микробиолошки неисправна и штетна за консумирање и употреба поради присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Како што кажа Ангелов, оваа бактерија претставува сериозен ризик за здравјето на луѓето, особено кај лицата со ослабен имунитет. Нејзиното присуство во водата за пиење може да предизвика инфекции на кожата, ...
Техеран користи стратегија на пресметана ескалација со цел да ја истиснува актуелната американска администрација преку претворање на трговските патишта, поморските сообраќајни коридори и енергетската инфраструктура на Блискиот Исток во точки на постојан притисок, проценуваат аналитичарите и официјалните претставници од Персискиот Залив. Наместо директен воен судир, иранските власти го прошируваат конфликтот без да го преминат прагот на ...
Противпожарните служби во Франција и Шпанија се соочуваат со сериозен недостиг на авиони за гаснење на разорните шумски пожари, па експертите и институциите сè погласно укажуваат дека долгорочното решение лежи во враќањето на традиционалното сточарство. Идејата за користење животни за испасување со цел создавање природни препреки за огнот доби официјална поддршка од Европската комисија и водечките земјоделски здруженија. Истражувањата во ...
Градинките „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“, кои досега беа посебни правни субјекти, со одлука на Советот на Општина Штип во иднина ќе се спојат и ќе функционираат како еден правен субјект. Наместо досегашните 14 членови во двата управни одбора, новиот заеднички управен одбор ќе брои седум членови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, објаснува дека децата и нивните родители воопшто не треба да бидат загрижени за оваа ...
Бројот на невработени лица во Германија во јули се зголеми за 71.000, со што ја надмина границата од три милиони и достигна 3,007 милиони, покажуваат најновите податоци на Сојузната агенција за вработување. Со ова се прекинаа очекувањата за евентуална стабилизација на пазарот на труд. Во споредба со истиот месец минатата година, регистрирани се 28.000 повеќе лица без работа. Стапката на невработеност порасна за 0,2 процентни поени во однос на ...
Унгарија се соочува со најкритичните пет дена откако рекордната суша во Централна Европа го принуди Будимпешта целосно да ја исклучи нуклеарната централа Пакш, која произведува 40 проценти од електричната енергија во земјата, соопшти премиерот Петер Маѓар во неделата. Според соопштеното од премиерот, со оглед на тоа што електроенергетскиот систем ќе се соочи со огромен притисок, од сите граѓани се бара дополнително внимание и меѓусебна ...
Најмалку 72 лица го загинаа за време на последниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко, соопштија шпанските власти. Мароканските претставници подоцна излегоа со помала проценка, наведувајќи дека загинале 11 лица, од кои десет се удавиле, а едно паднало од карпест предел. Владиниот претставник во Сеута, Мигел Ангел Перез Тријано, потврди дека новата бројка на смртни случаи достигна 72 лица. Во меѓувреме, поголемиот ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и покрај донесените мислења за директна и немилосрдна дискриминација врз жени кои добиваат откази веднаш штом ќе им соопштат на газдите дека се бремени, сепак преплавена е од вакви претставки. Ваквите случаи станаа секојдневие, а државата не презема мерки да ја спречи оваа нечовечност. Комисијата утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род, здравствена состојба и ...
Македонија изобилува со вредни стари народни носии, но државата речиси и да нема стручњаци за конзервација на текстил. Музејот на Македонија денес ја чува најголемата музејска збирка на народни носии во државата, со 8.623 текстилни предмети и 87 комплетни носии изложени во постојаната етнолошка поставка, Но, дури ни таму нема конзерватор на текстил, вели директорот на Музејот Александар Ристевски. „За жал, низ годините, Музејот на Македонија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во понеделник попладне започнуваат нови преговори со Иран, откако ги откажа планираните обемни воени напади врз таа земја. За време на разговорот со новинарите во претседателскиот авион, Трамп изјави дека Вашингтон влегува во директен преговарачки процес со Техеран. Тој додаде дека нема одредено краен рок за постигнување договор и дека приоритет е да се избегнат човечки жртви. Претходно, ...
Соединетите Американски Држави и Јапонија потврдија дека минатата недела спровеле заедничка интервенција за да го запрат падот на вредноста на јапонската валута, откако јенот ослабна на ниво најниско ниво во последните четири децении. Ова е прва усогласена акција од ваков вид по 2011 година, кога двете земји исто така интервенираа за да го спречат падот на јенот по разорниот земјотрес и цунамито што го погодија источниот дел на Јапонија. ...
Почина д-р Никола Стојановски, кој долги години раководеше со Сојузот на борците на Македонија и ја водеше конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание. Како учесник во Народноослободителната борба, Стојановски беше еден од живите сведоци на штрајкот на велешките гимназијалци од март 1942 година, организиран против воведувањето на бугарскиот јазик во наставата. Во јануари 1991 година, како најстар пратеник во тогашниот состав, ...
Два хеликоптери од типот „Бел“ се судрија за време на интервенција за гаснење на големиот шумски пожар во областа Псата, западно од Атина. Грчката противпожарна служба соопшти дека инцидентот се случил додека леталата учествувале во операцијата за справување со огнот во регионот Атика-Беотија. Во двата хеликоптери, кои полетале од аеродромот во Елефсина, се наоѓале вкупно четири лица. Членовите на екипажот биле двајца грчки државјани и двајца ...
Договорот со германскиот воен концерн „Рајнметал“ е исклучително поволен за Бугарија, но фабриката за барут и гранати веројатно нема да се изгради, бидејќи од овој проект нема можност да се земе поткуп, изјави лидерот на опозициската ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов. Според Борисов, единствениот проблем со договорот е што нема начин да се побара мито од германскиот гигант, па затоа проектот најверојатно ќе биде префрлен на ...