Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Општина Куманово доби согласност од Советот да почне постапка за задолжување кај комерцијални банки во износ од 100 милиони денари за купување камиони за ЈП „Чистота и зеленило“ и поставување фотоволтаични системи за ЈП „Водовод“. Мнозинството советници од ЗНАМ, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ја поддржаа предлог-одлуката, која беше усвоена со 16 гласа „за“, пет „против“ и еден „воздржан“. „Секторот за финансиски прашања изработи ...
Чекорењето се поврзува со подобро здравје и англиската Национална здравствена служба (НХС) за првпат ќе им дава награди на луѓето за оваа активност. На почетокот на следната година, НХС ќе започне предизвик „месечен маратон“, барајќи од луѓето да пешачат околу 30 минути на ден. Оние кои ќе го прават тоа секој ден ќе достигнат приближно 42 километри месечно, што е растојанието на маратон. Корисниците ќе можат да ги евидентираат своите прошетки ...
Собранието ќе ги избере новите 8 министри во Владата на седницата на 13 јули. Претседателот на Собранието денеска ја закажа 112. пленарна седница на која прво ќе бидат разрешени 8 актуелни министри и двајца заменик-министри опфатени со реконструкцијата на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, а потоа ќе се гласа за предложените 8 нови министри. За нови министри се предложени Јетон Шасивари за правда, Агрон Ферати за односи меѓу заедниците, ...
Со брза интервенџција на локалното население, противопожарната единица, но и на „ер тракторите“ што ги ангажираше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), за два часа се локализираше пожарот што околу пладне избувна на штипската тврдина Исар. Пожарот почна на источната страна на Исарот, веднаш до првите куќи, кои беа најмногу загрозени. Пожарот зафати трева, грмушки и дрвја, па носен од ветерот почна да се шири кон врвот на Исарот. Но, ...
Дали може да гарантирате на децата кои живеат околу цементарницата УСЈЕ дека не се изложени на загадување од токсични материи, рече Драги Змијанац од „Првата детска амбасада во светот Меѓаши” на денешната јавна дебата за издавање нова А-интегрирана дозовола за „Титан УСЈЕ“ во Скопје. Тој кажа децата се најранлива категорија и праша дали некој ќе поднесе одговорност ако во иднина се покаже дека УСЈЕ загадува и побара гаранции од Министерството ...
Жители на Тетово алармираат до надлежните институции да преземат мерки против граѓани кои дозволуваат коњи и крави да шетаат по тетовските улици. Добитокот во неколку наврати е забележан на улиците во реонот на стариот градски стадион и е потенцијална опасност од сообраќајни несреќи. „Неколку дена се движат овие животни во овој дел од градот. Не знаеме чии се, од каде се и каде одат. Предупредуваме дека нивното неконтролирано движење ...
Денеска по 12 часот избувна пожар на источната страна на тврдината Исар во Штип, веднаш до првите куќи. Најпрвин гореше сува трева, но пожарот зафати и грмушки, но и дрвја во близина на куќите. Станарите први почнаа да го гасат огинот со вода, но пламенот носен од ветрот почна да се шири кон врвот на Исарот, но и кон останатите куќи кои гравитиораат кон Штипско Ново Село. Од Противпожарната единица велат дека се пратени првите екипи за рачно ...
Денеска во касарната „Илинден“во Скопје беше промовирана нова опрема за Армијата набавена со пари од Европската Унија (ЕУ). Опремата е набавена во рамки на соработката со Европската Унија, односно Европскиот мировен фонд и е поделена во три пакети. Опремата од првиот и дел од од вториот пакет е пристигната во земјава. Станува збор за опрема од различен тип односно радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни ...
Моќниот генерал Ахмад Вахиди, кој ја предводи паравоената Иранска револуционерна гарда, се појави јавно за првпат по неколку месеци, додека во Иран започна неколкудневниот погреб на убиениот врховен лидер Али Хамнеи. Фотографиите објавени на интернет од иранските државни медиуми го покажаа генералот Вахиди како присуствува на состанок за погребот на 86-годишниот Хамнеи, а потоа седи покрај неговиот ковчег. Вахиди стана главен играч во ...
Во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа додаде дека во многу семејства недостасува воспитната компонента и оти е потребно ангажирање на родителите за справување со врсничкото насилство. Последниот драматичен случај на врсничко насилство се ...
Заврши реконструкцијата на железничката пруга од Скопје до Зелениково и од денес повторно сообраќаат железничките патнички возови кон Гевгелија и кон Велес, соопштија од Јавното претпријатие (ЈП) Македонски железници (МЖ)-Инфраструктура. Остануваат двата пара воза утрински и попладневен од Скопја за Гевгелија и обратно и утринскиот од Велес за Скопје и ноќниот од Скопје за Велес. Нема да сообраќаат пладневните возови на оваа релација. Одреден ...
Жена маскирана во маж го извела бомбашкиот напад во Монако, во кој беа повредени контроверзниот украински бизнисмен Вадим Јермолаев, неговата сопруга и нивниот син. Јавното обвинителство на Монако кажа дека напаѓачот е идентификуван и денеска е активиран меѓународен налог за апсење. Властите соопштија дека инцидентот без преседан во кнежевството се третира како обид за убиство, а не како терористички напад. По експлозијата, осомничениот бил ...
Над 400 монети досега се пронајдени во петгодишните систематски ископувања во археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско. Збирката е збогатена и со монетите од годинешните истражувања кои продолжија во локалитетот, за да се доистражи дрвниот македонски град. Координаторот на проектот, Енгин Насух, археолог советник-кустос во Завод и музеј Битола, вели дека меѓу движните наоди има и моненти ковани во времето на македонскиот ...
Њујоршката полиција соопшти дека еден маж починал од тешки изгореници во близина на седиштето на Обединетите нации, а активисти го идентификуваа како Тибетанец кој се самозапалил во апел за независност. Тој бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт, соопшти полицијата, додавајќи дека истрагата е во тек. „Гласот на Тибет“, медиум на пребегнатите Тибетанци, објави дека активистот Лобга Рангзен се самозапалил пред седиштето на ОН ...
Мнозинството во Советот на Општина Куманово го прифати предлогот на ЈП „Чистота и зеленило“ да се зголеми за 30 проценти цената на услугата за собирање и транспортирање комунален отпад. Предлогот беше усвоен со 17 гласа „за“, пет „против“ и тројца „воздржани“. Според новиот ценовник, за станбен простор физичките лица ќе плаќаат 5,85 денари по квадратен метар. За станбен простор надвор од градежниот реон 3,80 денари по квадратен метар, додека ...
1 Базенот во Спортско-рекреативниот центар „Сарај“ во Скопје повторно работи по 30 години запуштеност. Не ме изненади веста што проработе откако беше даден на приватен инвеститор. Ме изненади дека таа вест беше нашиот најчитан текст неделава. Спортско-рекреативниот Сарај е оформен во 1948 година со урбанистички план што предвидел базени, фудбалски игралишта, трибини и патеки за трчање. Во 1955 е изграден базенот. Во 1971 е направен проект за ...
Маж е спасен од урнатините на зграда осум дена откако два моќни земјотреса ја погодија Венецуела, предизвикувајќи големи жртви и штети. Ернан Гил беше извлечен повеќе од 100 часа откако беше лоциран под 140 тони остатоци. Тимови од Венецуела, Чиле, Костарика, Ел Салвадор, Мексико, Португалија и САД учествуваа во спасувањето на Гил, кој првпат беше забележан во саботата. Тие ноќеска воспоставиле визуелен контакт со него, по што успеале да му ...
Избледените и речиси невидливи пешачки премини низ земјава не се случајност. Тие се последица на начинот на кој Општините ги спроведуваат набавките за нивно обележување, според анализата на тендерите која ја направи Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Анализата покажува дека поголем дел од Општините воопшто немале набавки за т. н. хоризонтална сигнализација на улиците во последните три години, а во многу случаи каде ваквите набавки се ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска објави дека се урива „Али тобако“ на Бит Пазар откако успешно завршиле преговорите со сопственикот. Нелегалниот објект се наоѓаше на пешачка патека и целосно го блокираше движењето низ неа. Ѓорѓиевски денеска на својот фејсбук профил објави фотографија на која се ракува со сопственикот на објектот и напиша: „Добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение“. Градоначалникот Ѓорѓиевски ...
Многу емоции, солзи, болка и тага имаше во судницата на судењето за сообраќајката во која згасна еден млад живот, две момчиња минаа со тешки повреди од кои уште не се заздравени, а возачот се здоби со тешки скршеници. Сите четири момчиња биле другари од деца, се до кобната вечер на 28 август лани. „Изразувам длабоко сочувство кон родителите на починатиот Љупчо, барам прошка од моите другари, жалам од срце и душа за стореното. Ја преземам ...
На неколку локации низ земјава поставени се камери за рана откривање на пожари. Системот овозможува 24/7 мониторинг од Оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), навремено откривање на чад и почетните знаци на пожар, како и брзо известување на надлежните институции за побрза и поефикасна интервенција. „Камерите се со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на ...
Киев прогласи ден на жалост откако во денешниот руски напад загинаа најмалку 17 луѓе. Тоа е вториот најсмртоносен напад врз главниот град на Украина оваа година. Околу 90 луѓе се повредени. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 74 проектили и 496 дронови во нападот врз Украина, додавајќи дека 25 проектили ја пробиле противвоздушната одбрана. „Речиси половина од овие проектили беа балистички. Главниот напад беше насочен ...
Шеесет и шест отсто од вкупниот број на реализирани прегледи на Клиниката за торакална хирургија се извршени преку итни упати или упати без термин. Постои несразмерен сооднос помеѓу бројот на реализирани редовни и итни прегледи и преголема оптовареност на Клиниката, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење и усогласеноста на Клиниката за 2024. „Ваквата структура на упатувања укажува на значително ...
Мајката на грчката политичарка Афродити Нестора од владејачката партија Нова демократија почина откако беше повредена во експлозија во Солун. Властите велат дека ова е последниот во серијата напади врз функционерите на партијата, за кој обвинија мала анархистичка група. Вагија Нестора (72) се здобила со обемни изгореници, по што ѝ откажале повеќе органи, според болницата каде што беше однесена. Таа беше повредена во експлозија и пожар во ...
Русија изведе голем напад со дронови и проектили врз Украина, при што загинаа најмалку 11 луѓе. Неколку населби беа евакуирани откако беа погодени згради низ градот, неколку часа по предупредувањето на претседателот Володимир Зеленски дека Русија спрема голем напад. Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека има и деца меѓу значителниот број жртви. „Непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива ...
Обилните врнежи од дожд со град попладнево го поплавија Скопје. Улиците низ градот се под вода, возила едвај се движат, а во некои делови сообраќајот е блокиран. Поради високите порои низ улиците во некои делови се блокирани и пристапите до зградите. Досега не е соопштено колку и какви штети има од невремето. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен. Поплавени улици зад ...
Пациентите на дијализа кои се лекуваат во Специјализираната болница за нефрологија во Струга алармираат дека со месеци се соочуваат со недостиг од еритропоетинска терапија, неопходна за одржување на нивото на хемоглобин кај лицата со хронична бубрежна болест. Велат дка недостигот на терапијата сериозно го нарушува нивното здравје и квалитетот на живот, а во одредени случаи може да има и животозагрозувачки последици. Од Министерството за ...
Уапсен е тетовецот кој дошол со автомобил на кејот од Пена во Тетово и од багажникот извадил две вреќи со отпад што ги фрлил во реката. Фрлањето било снимен со камера и објавено на социјалните мрежи, по реагирала и тетовската полиција, па тој брзо бил идентификуван, го признал делото и е приведен во полициската станица. „На 30.06.2026 година во 18:00 часот на улица Љубо Божиновски-Пиш во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од ...
Денеска во Струмица почна да се гради новиот маркет на компанијата „Лидл“, на вкупна површина од 2.445 квадратни метри. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на „Лидл“ во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и воспоставување на најсовремени малопродажни стандарди , соопшти компанијата. Оперативниот директор на „Лидл Северна Македонија“ Рубријан Хаџиев кажа дека овој проект е симбол на ...
Русија затвори седум железнички гранични премини со Финска, Естонија и Летонија, според владина уредба објавена вчера. Суспензијата, која стапува во сила на 1 јули, го запира движењето на поединци, возила и товар преку назначените железнички премини. Пет од затворените контролни пунктови се наоѓаат на финската граница и по еден во Естонија и Летонија Властите не ги открија причините за затворањето или кога премините би можеле повторно да се ...