Кафулињата, маркетите и другите фирми ќе мора да си постават посебни контејнери за фрлање ѓубре, а и за тоа ќе им се наплатува. Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја изгласа точката за измена и дополнување на Одлуката за комунален ред, предложена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Сите субјекти кои создаваат или поседуваат отпад при вршење на комерцијални, индустриски, трговски, услужни, административни и слични дејности и е ...

Глобалните цени на нафтата паднаа под 100 долари за барел, а берзите пораснаа, откако САД и Иран ноќеска прифатија условно двонеделно примирје, проследено со отворање на Ормускиот Теснец, низ кој минуваат 20% од светскиот извоз на нафта. Цената на суровата нафта брент падна за 13%, на 94,80 долари за барел, додека нафтата што се тргуваше во САД беше поевтина за 15% и чинеше 95,75 долари за барел. Сепак, цените на нафтата останаа повисоки во ...

Претседателот на САД Доналд Трамп на својата мрежа Трут соушал објави дека се воздржува од уништувањето на Иран, откако разговарал со премиерот на Пакистан Шахбаз Шариф и шефот на пакистанскиот генералштаб, маршалот Асим Мунир. Тој напиша дека Иран се согласил на целосно, безбедно и моментално отварање на Ормускиот теснец. Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека го прифаќа двонеделниот прекин на непријателствата и ќе го ...

Доналд Трамп објави дека ова е голем ден за светскиот мир откако САД и Иран, со посредство на Пакистан, се согласија на условно двонеделно примирје, проследено со отворање на Ормускиот Теснец. Трамп во последен момент уште еднаш го одложи својот ултиматум до Иран откако вчера се закани со „уништување на цела цивилизација“ ако Техеран не прифати договор. „Иран сака тоа да се случи, доста им е! Исто така, и на сите други. САД ќе помагаат во ...

Гнезда налик на пајажина стојат на борови дрвја во околината на Кочани. Составот на чаурата е толку цврст што е потребно многу сила, по можност и остар предмет, за да се отвори. А, кога ќе се отвори, се укажува голема раздвиженост внатре. Тоа се гасениците на боров четник, инсект чиј фасцинантен животен циклус предизвикува значајни уништувања на шуми во Македонија. „Во едно гнездо може да ги има и над 500. Ова што го отворивме е под просек, ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека унгарските граѓани го сакаат Доналд Трамп дури и повеќе од премиерот Виктор Орбан. Тој ова го кажа за време на митинг на партијата Фидес во Будимпешта, каде што Венс во живо на сцената му се јави на Трамп. Додека насобраните поддржувачи гласно извикуваа, Венс му пренесе на Трамп дека толпата го сака дури и повеќе отколку самиот Орбан. Трамп одговори дека гласот на народот му звучи како негов ...

Иран не покажува знаци на отстапување откако Доналд Трамп се закани дека „вечерва ќе умре цела цивилизација“ ако Техеран не прифати договор и не го отвори Ормускиот Теснец. Експерти предупредуваат дека изјавите на Трамп можат да се протолкуваат како закана со геноцид, според американското и меѓународното право. Тој претходно се закани дека ќе ги уништи сите ирански електрани и мостови ако Иран не го испочитува неговиот ултиматум, што треба да ...

Лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар ги обвини САД за мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во Будимпешта за да му даде поддршка на премиерот Виктор Орбан. „Ниедна држава не смее да се меша во изборите во Унгарија. Ова е наша земја. Унгарската историја не се испишува во Вашингтон, Москва или во Брисел“, напиша Маѓар на Икс. Венс дојде во Унгарија за да ...

Општина Битола во 2026 и 2027 ќе даде 355.000 евра од парите доделени од унгарскиот кредит од Владата за да изгради терариум наменет за змии и други влечуги, како и за живеалиште за копитари. Во измените и дополнувањата на Програмата за развојни планови што ги донесе општинскиот Совет, за 2026 и 2027 година предвидено е за терариум да се дадат вкупно 169.000 евра, а за живеалиштето за копитари 185.000 евра. Само годинава, изградбата на овие ...

Доналд Трамп предупреди дека цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се поврати, упатувајќи му досега најсериозна закана на Иран, додека истекува американскиот ултиматум за склучување договор и отворање на Ормускиот Теснец, „Не сакам да се случи тоа, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што превладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се ...

Во 1903 година Мисирков го создава првиот научно аргументиран обид за стандардизација на македонскиот јазик и со тој чин, тој всушност ја поставува основата на политичката легитимност на македонската нација. Ако постои една константа во мисловниот корпус на Мисирков тоа е автономијата на Македонија, но автономија не како политичка цел сама по себе туку автономија како императив за сочувување на опстанокот на македонската самобитност, рече ...

Еден напаѓач е убиен, а двајца се ранети во пукање пред зградата на израелскиот конзулат во населбата Бешикташ во Истанбул, изјави регионалниот гувернер Давут Ѓул. Турските медиуми објавија дека напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки и пиштоли и дека се судриле со полицијата. Турските ,медиуми објавија дека сите тројца напаѓачи се убиени. „Двајца полицајци се ранети. Еден од терористите е убиен, а другите двајца се ранети и ...

Од 1 април, Александар Ристевски е нов директор на Музејот на Македонија, соопшти националната установа. Ристевски доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Пано Серафимов, кој e од редот на вработените. Ристевски е избран на конкурсот кој го распиша Министерството за култура и туризам во февруари. Тој доаѓа од Националната галерија на Македонија во која работи над 16 години, како кустос-етнолог во Одделението за депо и документација, а ...

Модуларната болница во Штип се преадаптира во 17 амбуланти на Клиничката болница, кои со закажување на „Мој термин“ ќе започнат со работа од утре. По повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, во истата установа денеска е отворен и Центар за менаџирање на дебелината, прв од ваков вид во Источна Македонија. „Центарот ќе работи по истиот принцип ‘Мој термин’ и ќе пружа совети за намалување на дебелината, ќе ги испитува и дијагностицира ...

Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8 отсто до 5,4 отсто, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3 отсто до 15,5 отсто од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг. Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, вели извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во извештајот се вели дека податоците од ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека хаосот со јавниот превоз ќе се нормализира откако ќе пристигнат новите 100 автобуси кои ги набавува Владата. Тој рече дека тендерот кој го распиша Министерството за транспорт и врски е завршен и во моментов се врши евалуација на пристигнатите понуди. „За брзо, мислам, таа голгота со јавниот превоз ќе заврши конечно. Од околу 130 наши автобуси коишто беа во функција, сега од гаражите ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура, поради сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата. Тој назначил в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ Струга, без соодветно образование и сертификат за познавање англиски јазик, што е спротивно на Законот за јавни претпријатија. За ...

„Нутела“ се појави во вселената, што корисниците на интернет го нарекуваат „најголемиот момент во историјата на бесплатно рекламирање“. Додека астронаутите од мисијата „Артемис 2“ летаа подлабоко во вселената од кој било друг човек досега, тегла со популарниот намаз од лешници лебдеше во нулта гравитација во вселенското летало „Орион“, се вртеше и практично позираше со етикетата напред. „Чест ми е што патував подалеку од кое било друго место ...

Доналд Трамп се пошегува дека би можел да се кандидира за претседател на Венецуела, тврдејќи дека котира подобро од сите политичари во оваа земја. „Луѓето во Венецуела велат ако се кандидирам за претседател на Венецуела, ќе имам повисок рејтинг од кој било друг досега, па откако ќе завршам со Иран, можам да одам во Венецуела“, рече Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа, свикана по спасувањето на пилотите на соборениот американски авион ...

Доналд Трамп изјави дека односите помеѓу САД и Северна Кореја се многу добри зашто тој му се допаѓа на Ким Џонг Ун. Зборувајќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп откри и дека Ким имал многу лошо мислење за бившиот американски претседател Џо Бајден, кого го нарекувал „ретардиран“. „Ким знаеше да каже за Бајден дека е ментално ретардирана личност. Тој беше многу гаден кон Џо, беше ужасно. Од другата страна, тој кажа многу убави работи ...

На аеродромите во Скопје и Охрид има доволно резерви на керозин за да се постигне стабилност на авиосообраќајот, велат од Министерството за транспорт и врски за САКАМДАКАЖАМ.МК. Војната на САД и Израел во Иран и блокадата на поморските патишта предизвика зголемување на цената на нафтата, но и недостиг на авионско гориво, па неколку авиокомпании веќе предвидуваат откажување на некои летови, па дури и приземјување на дел од флотата. Во ...

Гнезда налик на пајажина стојат на борови дрвја во околината на Кочани. Составот на чаурата е толку цврст што е потребно многу сила, по можност и остар предмет, за да се отвори. А, кога ќе се отвори, се укажува голема раздвиженост внатре. Тоа се гасениците на боров четник, инсект чиј фасцинантен животен циклус предизвикува значајни уништувања на шуми во Македонија. „Во едно гнездо може да ги има и над 500. Ова што го отворивме е под просек, ...

Иран продолжи да пркоси и одбива да го отвори Ормускиот Теснец и да склучи договор со САД, додека истекува крајниот рок поставен од Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го уништи Иран во една ноќ ако не ги прифати неговите барања. Иран вчера го отфрли американскиот предлог за итен прекин на огнот и укинување на блокадата на Теснецот, по што би следеле разговори за поширок мировен договор во рок од 15 до 20 дена. Место тоа, Иран инсистира на ...

Успори големиот судски процес за катастрофалниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади луѓе, гости, персонал и музичари, а над 230 беа повредени. Проблемот настана откако сведоците од кои Обвинителството на минатото рочиште се откажа, а за кои одбраната не даде согласност, сега одбиваат да дојдат да сведочат. Меѓу нив е и вработена во Oпштината, а останатите се млади луѓе, гости, кои го ...

Четворицата астронаути на мисијата „Артемис 2“ отидоа најдлабоко во вселената од сите луѓе досега и ја прелетаа досега невидената далечна страна на Месечината и сега се враќаат дома. Шестчасовното истражување на скриената хемисфера на природниот сателит на Земјата беше проследено со директните визуелни набљудувања на астронаутите. Прелетот, што се случи на височина од 6.545 километри од површината на Месечината, уследи на шестиот ден од ...

Астронаутите на „Артемис 2“ го соборија рекордот на „Аполо 13“ и станаа луѓе кои отишле најдалеку од Земјата. На 11 април 1970, „Аполо 13“ отпатува 400.171 километар од Земјата, но Кристина Кох, Виктор Гловер, Рид Вајсман и Џереми Хансен ќе го надминат ова за 6.601 километар и ќе достигнат максимална далечина од 406.772 километри. „Го надминуваме најоддалеченото растојание што луѓето некогаш го поминале од планетата Земја. Го правиме тоа во ...

Мисијата „Артемис 2“ тргна во соборувањето на рекордот на „Аполо 13“, додека луѓето патуваат подалеку во вселената од кога било досега. На 11 април 1970, „Аполо 13“ отпатува 400.171 километар од Земјата, но Кристина Кох, Виктор Гловер, Рид Вајсман и Џереми Хансен се стремат да одат подалеку и да станат првите луѓе кои ја виделе далечната страна на Месечината. Во текот на ова попладне, „Орион“ целосно ќе потпадне под гравитационата сила на ...

Доналд Трамп изјави дека крајниот рок за Иран за склучување договор е конечен, откако Техеран денеска ги одби американските предлози за крај на војната. Тој се закани со уништување на иранските електрани и мостови ако Техеран не го отвори Ормускиот Теснец до 8 април во два часот по средноевропско време. „Ќе продолжиме со бомбардирањата на Иран зашто не сака да се предаде и затоа прави голема грешка. Ако не го направат тоа, нема да имаат ...

Израел се обидел да убие припадник на Хезболах во Либан, но место тоа настрадал висок функционер на христијанска партија која се противи на проиранската група. Израелските одбранбени сили (ИДФ) признаа дека не успеале да ја убијат предвидената мета и дека жалат што повредиле цивили. Партијата на либански сили, во која членуваат главно христијани, кажа дека во нападот врз станбена зграда во доминантно христијанскиот град Аин Садех близу Бејрит ...

Во чест на 75 години од основањето на Државниот архив на Македонија, АД „Пошта“ на Македонија издаде поштенска марка за јубилејот. Поштенската марка е отпечатена во тираж од 6.000 примероци, дизајнот е на Јован Стојановски и има номинална вредност од 43 денари. Архивиот е формиран на 1 април 1951 година со указ на тогашната македонска влада. Директорот на Поштенски операции во АД „Пошта“, Бојан Кереместевски, на денешната промоција рече дека ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.75
72%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Бакар

12.06