Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Жителите од селото Блатец на 20 февруари два часа ќе го блокираат магистралниот пат Виница-Берово кај местото Скараница, каде што се наоѓа крстосницата од која по локалниот пат, по неколку километри, се стигнува до селото. Тоа е последната одлука на жителите на Блатец, донесена во знак на револт, откако по три и пол години повторно се приморани да протестираат и да го блокираат преминот кон реката Блатешница, поради најавата дека некој сака ...
Обилните врнежи на дожд предизвикаа свлечишта на неколку локации во Тетовскиот Регион. Регистрирано е и свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) одронот претставува ризик за околните станбени објекти. „На улица 146 во Тетово пријавено е дека паднал потпорен ѕид врз семејна куќа. На терен се излезени лица од Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и ...
Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан зашто неговото лидерство е клучно за американските национални интереси, кажа државниот секретар Марко Рубио при посетата на Будимпешта, изразувајќи му силна американска поддршка на унгарскиот премиер пред изборите на 12 април. Рубио кажа дека американските врски со Унгарија влегоа во златна ера, но се чини го услови тоа со останувањето на Орбан на власт. „Претседателот Трамп е длабоко ...
Во Основниот суд во Тетово продолжи судењето за злоупотребите при изградбата на новиот театар и библиотеката во Тетово. На обвинителната клупа се Сејди Шашивари, сопственик и управител на правното лице од Тетово „Урбан план констракшн“, самото правно лице, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово, Артан Арслани, претседател на Комисијата за јавни набавки и потоа в. д. директор на Центарот за култура и ...
Напредок е што Собранието на 11 февруари го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, со кој се укинува дискреционото право на директорот при вработувања, но тоа не е доволно, потребни се уште измени, вели Никола Димитров од Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“. Центарот, преку Граѓанската сила „Замисли“ и заедно со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата на ...
Поради поплавите во Кичево евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Најмногу поплавени објекти има на улицата Прилепска. На улицата 29 Ноември во населбата Подварош се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека е организирана достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвениот крст, а на терен активно ...
„Бекутан“, eден од најпрепознатливите македонски брендови за бебешка нега на „Алкалоид“, ќе влезе на пазарите во Балтичкиот Регион преку малопродажната мрежа на „Лидл“, соопшти компанијата. „Со внимателно планиран пласман, производите на ‘Бекутан‘ отсега ќе бидат достапни и за потрошувачите во Летонија и во Литванија, со што се отвора ново поглавје во меѓународниот развој на брендот, зацврстувајќи го неговото позиционирање на европскиот ...
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) лани разгледал 96 од добиените 244 жалби и поплаки за известувањето на медиумите, а мнозинството од жалбите кои биле без основа се однесувале на трагедијата во Кочани. Бидејќи информирањето во голема мера е преместено во онлајн просторот, онлајн медиумите остануваат најголемите и најчести прекршители на Кодексот на новинарите, велат од СЕММ. „Ако во 2024 година тренд беше поднесувањето лажни ...
Во Драмскиот театар во Скопје речиси една година нема пристигнато комплетен драмски текст на конкурсот за наградата „Горан Стефановски“, наменет за млади автори до 30 години. Наградата изнесува 60.000 денари (околу 1.000 евра). Наградата беше востановена лани, а конкурсот траеше 15 дена почнувајќи од 6 февруари. Поради недоработени драмски текстови кои пристигнале на конкурсот, Драмски театар на 28 април соошти дека одлучи да не се додели ...
Американската војска зазеде танкер во Индискиот Океан откако го следела од Карипското Море, каде што, како што кажа, ѝ помагал на Венецуела да ги избегне американските санкции. Упадот на бродот „Вероника 3“, кој плови под знамето на Панама, е втора ваква акција на Американците во Индискиот Океан насочена против извозот на санкционираната нафта од Венецуела. „Далечината не ве заштитува“, објави Пентагон и сподели видео и фотографии од ...
Советот на Општина Велес донесе одлука со која жолтата не е повеќе официјална боја на такси-возилата во Велес. Променети се и дел од такси-стојалиштата во градот. Одлуката дека жолтата е задолжителна боја беше донесена на 15 февруари 2007. „Оваа одлука за бојата е по барање на таксистите, жолтата да не биде задолжителна, да не бидат ограничени, туку сами да си избират во каква боја ќе биде возилото. Има и промена на локациите на ...
Наодите на пет европски држави дека критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, бил убиен со отров се загрижувачки и не ги оспоруваме, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Франција, Германија, Холандија, Шведска и Велика Британија во саботата соопштија дека Русија го отрула Навални со токсин од жаба-отровница, што довело до неговата смрт во казнена колонија пред две години. Москва го отфрли обвинувањето. „Очигледно сме свесни за ...
Жителите на виничкото село Блатец повторно се мобилизираат против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница, стравувајќи дека ќе останат без селскиот водовод, единствениот извор на вода за пиење и за наводнување. По протестите и блокадите на крајот на 2022 година, кога тогашните концесионери се откажаа од проектот, жителите веруваа дека опасноста е надмината. Но, според нив, затишјето било само привремено. „По цели 3,5 години, ...
Поради поплави од обилните врнежи од дожд, евакуирани се околу 180 лица во Кичево, меѓу кои и стари и изнемоштени и деца, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“, соопшти Центарот за управуавање со кризи (ЦУК) за состојбата по обилните врнежи од дожд. Во текот на ноќта, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на Зајашка Река на улица Прилепска во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Регистрирано е и заезерување на улицата ...
Иран се стреми кон нуклеарен договор со САД што ќе донесе економски придобивки за двете страни, изјави ирански дипломат пред втората рунда разговори помеѓу Техеран и Вашингтон. Иран и САД ги обновија преговорите овој месец во обид да спречат нова воена конфронтација. И покрај тоа, САД испратија втор носач на авиони во регионот и се подготвуваат за можноста за продолжена воена кампања доколку разговорите не успеат, изјавија американски ...
Француските власти уапсија девет лица и запленија повеќе од 1,4 милиони евра во врска со сомнителна измама со билети во уметничкиот музеј Лувр, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител. Туристички водичи, двајца вработени во Лувр и едно лице осомничено за организирање на измамата се меѓу деветтемина уапсени, кои завчера беа изведени пред судија. Истражителите изјавија дека се верува оти измамата трае повеќе од 10 години. Лувр ја проценува ...
Москва повторно ја покренува идејата за меѓународна преодна администрација за Украина под покровителство на Обединетите Нации (ОН), непосредно пред продолжувањето на разговорите за завршување на војната. Русија е подготвена да разговара за надворешна администрација со САД, Европа и други земји, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин за државната руска новинска агенција ТАСС во Москва. „Таквиот чекор би овозможил ...
Сајбер-насилството е присутно секаде, не само кај девојчињата, не само кај младите, туку и кај повозрасните. Потребно е младите да станат свесни за тоа, да знаат да се заштитат оти сајбер-криминалот е во подем. Со технологијата која брзо расте, со вештачката интелигенција треба да се знае што треба да се пласира на медиумите, на социјалните мрежи, а младите да знаат како да ги заштитат своите лични податоци, слики, локации и слично, беше ...
Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти скопскиот Драмски театар, нејзината матична куќа. Имаше 77 години. Родена е на 15 јуни 1948 во Скопје. На сцената на Драмски е настапувала од 1964 како актерка-аматерка, а во 1970 стана членка на ансамблот каде играше сè до пензионирањето во 2013. Делова играше во 60-тина претстави во Драмски театар, од првата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ во 1965, преку „Макбет“ на ...
Драмскиот театар од Скопје на 21 април ќе слави 80 години постоење со премиера на претставата „Мачкина глава“, според нов текст на Венко Андоновски во режија на Дејан Пројковски. Директорот на Драмски, Роберт Вељановски, вели дека пробите ќе почнат на 24-25 февруари. „Овој авторски текст на Венко Андоновски, во согласност со стилот и начинот на кој пишува професорот, реферира на ‘Диво месо’ како една многу значајна референца во македонската ...
Околу четири илјади монети се подготвуваат да бидат дел од постојаната нумизматичка поставка на Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. Зад секоја од нив стои долготраен и внимателен процес на конзервација, бидејќи, како што велат конзерваторите, ниту една монета не е иста. Кустос-советникот за средновековна нумизматика Трајан Зафировски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека во нумизматика ќе бидат изложени 4.000 монети, а поставката ќе ги опфати ...
Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со украинскот претседател Володимир Зеленски на годишната Минхенска безбедносна конференција, а како што објави на својот фејсбук профил, разговарале за „актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир“. Во македонската делегација на средбата беа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи Тимчо Муцунски. „Веруваме дека ...
Израел денеска изврши воздушни напади низ Појасот Газа, при што загинаа најмалку 11 Палестинци, соопштија палестински претставници, за она што израелската војска го нарече одговор на прекршувањата на прекинот на огнот од палестинската милитантна група Хамас. Медицинските лица од Газа изјавија дека во израелски воздушен напад врз шаторски камп во кој се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица, додека здравствените ...
Иран е подготвен да разгледа компромиси за постигнување нуклеарен договор со САД ако Американците се подготвени да разговараат за укинување на санкциите, изјави ирански министер за „Би-Би-Си“. Американските претставници постојано нагласуваат дека Иран, а не САД, го спречува напредокот во овој долготраен преговарачки процес. Вчера, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот Доналд Трамп претпочита договор, но дека е ...
Гостиварецот Александар Радически е колекционер на стари предмети. Неговата збирка содржи разни предмети, од кои најстариот е од 18 век, а најновиот е од 1986 година. Но, тоа што ја издвојува неговата колекција од многуте слични е што во неа има речиси 200 телефонски апарати, денес познати како „фиксни“ телефони. Меѓу нив има од најстарите модели произведени во почетокот на 20 век, па сè до оние кои се произведувале до 1986. „Уште како дете ...
Берлинскиот филмски фестивал издаде долго соопштение од директорката Триша Татл во врска со она што го опишува како „медиумска бура“ што го зафати фестивалот. Белешката – објавена доцна синоќа – следи по критиките со кои се соочија повеќе учесници поради коментарите за политиката, особено жирито на прес-конференцијата на денот на отворањето. Соочен со прашања за конфликтот во Газа, претседателот на жирито, Вим Вендерс, рече: „Мора да се ...
Лани се намали процентот на вакцинирани деца од претшколска возраст во Велешко. Најнизок, со 68,5 отсто, е за вакцината МРП (мали сипаници, рубеола и заушки), а во 2024 опфатот бил 77,5 отсто. Во 2024, епидемијата на големата кашлица во земјава придонесе родителите со поголем интерес да ги вакцинираат децата, а лани, како што велат докторите, немаше зарази и немаше интерес. Поради неоправданиот страв од МРП вакцината и нејавувањето за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изрази надеж дека мировните преговори во Женева, посредувани од САД, следната недела ќе бидат суштински, но рече дека од Украина се бара „премногу често“ да прави отстапки. Тој, исто така, ја обвини Москва дека се обидува да ги одложи одлуките со промена на својот главен преговарач. Украинските, руските и американските делегации треба да се сретнат во Женева на 17 и 18 февруари, додека ...
Битолчанка незадоволна од сумата од 1.270 денари (околу 20 евра) што деновиве ѝ била исплатена како отштета за земјотресот од 2022 година во Битола, парите ги ставила во плик и ги вратила на шалтер во Општина Битола. „На овој начин го изразив мојот револт поради ниската сума што ми беше исплатена, покрај големото оштетување што го имав врз куќата. Да можеше парите да се вратат во државниот трезор, таму ќе ги вратев, но исплатата беше преку ...
Илјадници граѓани, меѓу нив голем број ученици и студенти, се собраа во центарот на Сараево два дена по сериозната трамвајска несреќа во која загина 23-годишен маж. По собирот, демонстрантите излегоа на главниот пат, целосно го блокираа и се упатија кон зградата на Владата на Кантонот Сараево, барајќи одговорност од властите и итни мерки за зголемување на безбедноста на јавниот превоз. Протестот започна со спонтан собир во центарот на градот, ...