Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Денеска во големата сала на Општина Тетово се конституира новиот Совет на Општината по завршените локални избори. Од страна на Општинската изборна комисија беа предадени уверенијата на 31 советник. Новиот Совет на Општината претрпе мали промени во однос на претходниот состав. Според изборните резултати коалицијата на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има минимално мнозинство во Советот. ВРЕДИ освои 13 советнички места, едно повеќе во однос на ...
Полицијата лишила од слобода двајца возачи од Битола и Прилеп кои управувале возила со скоро 100 километри на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол. „Вчера, на 4 ноември во 16.04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишијле од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило ‘јагуар‘ со битолски ...
По изборот на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити за градоначалник на Чаир, Беким Сали ќе го замени само во делот прв вицепремиер. За министер за животна средина коалицијата „Вреди“ ќе предложи друг кандидат, кажа денеска портпаролот Дритон Сулејмани. Со тоа, од сегашните 6 министри, „Вреди“ ќе има 7, но со тенденција во претстојната владина реконструкција тој број да порасне барем за уште еден ресор/министер. Засега се ...
Двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп-Градско се жители на кавадаречкото село Дреново. Од СВР Битола соопштија дека се работи за Ѓ. П. (35), кој управувал со едно од возилата кое учествувало во судирот и Б. П. (56), сопатник во автомобилот. Сообраќајката се случи вчера во 16:40 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај село Радобил, Прилепско, пред приклучувањето на експресниот пат за Велес. Во неа ...
Русија кажа дека украинските трупи во Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат зашто немаат шанси да преживеат. Руската војска се обидува да го освои Покровск уште од лани како дел од напорите да го заземе целиот регион Доњецк, од кој Украина и натаму контролира околу 10% или 5.000 квадратни километри. Место фронталните напади што ги користеа против други градови, руските сили се обидуваат да ги опколат Украинците во Покровск и ...
Најмалку седум луѓе загинаа откако товарен авион се урна набргу по полетувањето од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Гувернерот Енди Бешир кажа дека меѓу загинатите најверојатно се тројцата членови на екипажот. Авионот експлодираше веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродромот „Мухамед Али“, при што се повредени најмалку 11 луѓе. Официјални лица кажаа дека некои од нив имаат сериозни повреди и дека бројот на жртви би можел да порасне. Авионот ...
Двајца мажи и две жени измамиле, а потоа и натепале скопјанец и му зеле 200.000 денари (околу 3.200 евра). Една од жените е во бегство, соопшти Обвинителството. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во друг поубав и поевтин хотел. „Излегувајќи од ...
Компанијата „Аустријан ерлајнс“ идното лето ќе лета од Виена за Охрид. Првиот лет е закажан за 17 мај 2026 и картите се веќе достапни во резервациониот систем. За почеток, австриската компанија која е дел од „Групацијата Луфтханза“ ќе лета еднаш неделно, а во јули и август ќе ја одржува линијата два пати неделно со авион од типот „ербас- А320“. Последниот лет за идната година е закажан за 27 септември. Се очекува „Аустријан“ да ја пополни ...
Триесет и четиригодишниот демократ и левичар Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк, ветувајќи дека ќе ја врати власта на работничката класа и ќе се бори против непријателската администрација на Доналд Трамп. Мамдани ги порази некогашниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, кој доби поддршка од Трамп и републиканскиот кандидат Кертис Слива, што се смета за голема победа на прогресивното крило на Демократската партија. „Доналд Трамп, ...
Најмалку десет луѓе загинаа, а 20 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла. Пожарот избувнал на седмиот кат од зградата синоќа околу 20:45 часот и причината засега не е позната. Околу 20 луѓе се примени во болница и меѓу нив се штитеници на домот и припадници на спасувачките екипи, објави полицијата. „Според првичните информации, во пожарот настрадаа десетмина штитеници на домот. Целосна истрага ќе биде спроведена откако условите ќе ...
Двајца загинаа, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска околу 17 часот на патот Прилеп-Росоман во близина на село Радобил. Од Основното јавно обвинителство соопштија дека, според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Меѓу починатите лица е возачот на едниот автомобил. Тројца од повредените се пренесени в болница во Прилеп, а другите двајца в ...
Француските обвинители отворија кривична истрага против ТикТок зашто не го заштитува менталното здравје на децата на своите платформи. Ова е првпат заштитата на малолетници на социјалните мрежи да доведе до кривична постапка. Таа следува по парламентарната истрага предводена од социјалистичкиот пратеник Артур Делапорт, која ги презентираше своите наоди на 11 септември. Единицата за сајберкриминал на париската полиција отворила кривична истрага ...
Очув и мајка се под истрага за сексуална злоупотреба на 16-годишната ќерка, соопшти Обвинителството. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против сопружниците кои се осомничени за продолжено кривично дело Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. „Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба ...
Европската Унија би можела да прими нови членки до 2030 година, изјави еврокомесарката за надворешна политика Каја Калас, при што како водечки кандидати беа истакнати Црна Гора и Албанија, но во исто време беше критикувано назадувањето во Србија и уште поостриот демократски пад во Грузија. Ова следува откако Европската комисија ги објави своите годишни извештаи за 10-те земји кои се стремат да се приклучат кон ЕУ. „Приклучувањето на новите земји ...
Европската комисија го пофали целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната политика на Европска Унија, но предупреди дека преговорите за пристапување остануваат блокирани сè додека таа не го исполни своето ветување од 2022 за вклучување на Бугарите и другите групи во својот устав, стои во нацрт-заклучоците од новиот извешај за проширување, што ќе биде објавен денеска. Како што објави „Јуроњуз“, извештајот, исто така, ја нагласи ...
Руските и украинските војници водат борби среде урнатините на Покровск, транспортен и логистички центар во Доњецк во источна Украина, што Москва се обидува да го освои повеќе од една година. Украинската војска соопшти дека се водат жестоки борби во дел од градот, што е клучен за нејзината логистика на фронтот. Се наведува дека таму пристигнале дополнителни специјални сили и дека се испраќаат повеќе оружје и опрема. Руското министерство за ...
Актерката Даниела Иваноска одржа трогателен говор синоќа на свечената седница на Советот во Прилеп подигајќи ја општинската награда, плакета „3 Ноември“ која му се додели на Народниот театар „Војдан Чернодрински“. Театарот годинава слави 75 години традиција, а пред седум месеци остана без објект зашто бил небезбеден за масовни настани. „Ви се извинувам што нема да ви се извинам. Вечерва му се доделува награда на Народниот театар ‘Војдан ...
Битолскиот адвокат Горан Дамевски го освои врвот Ама Даблам висок 6.812 метри на Хималаите во Непал, вчера, ден пред 4 Ноември, кога Битола слави 81 година од ослободувањето на градот. „Искачувањето на почеток не беше планирано за роденденот на најградскиот град, требаше да биде начелно за 29 октомври, но со природата нема игра. На крајот на денот, испадна така како што треба да биде. Нема случајни работи“, рече Дамевски за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тој ...
На Клиниката за кардиологија е воведена нова процедура, аблација за коморна тахикардија и пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. „Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани ...
Дик Чејни, најмоќниот американски потпретседател во историјата и главен архитект на „војната против тероризмот“, почина на 84 години, објави неговото семејство. Чејни беше 46. потпретседател на САД, служејќи два мандата со претседателот Џорџ Буш од 2001 до 2009 година. Тој со децении беше моќен играч во Вашингтон, но во последните години се најде во немилост на Републиканската партија поради критикувањето на Доналд Трамп, кого го опиша како ...
По големата пауза за локалните избори, претседателот на Собранието Африм Гаши ги викнал на координација координаторите на пратеничките групи, на која не зборувале за Кривичниот законик кој амнестира и ослободува функционери од корупција и од злоупотреба на службената положба и овластувањата, туку за носење нов Изборен законик. „Вратата за новиот Кривичен законик и за измените што ги бара Управниот суд во однос на амнестирачките членови во него ...
Општина Центар ќе поставува уреди за мерење на бучавата од кафулињата. Како што најави градоначалникот Горан Герасимовски уредите ќе почнат да се поставуваат оваа недела, на местата каде што има најмногу поплаки од граѓаните. „Ќе се поставуваат на 30 локации, да видиме кои ни се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови“, вели Герасимовски. Жителите на Општина Центар со години се жалат на бучавата од ...
Драматургот Дејан Дуковски, еден од најизведуваните македонски драмски автори ќе биде Автор во фокус на 60. јубилеен Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура. Со повеќе од сто и педесет евидентирани премиерни изведби на ...
Годинашнава жетва на оризот е во втора фаза, но сè уште е далеку од крајот на собирањето на родот од оризовите површини. Се смета дека над 40 отсто од вкупно застапените 4.000 хектари со ориз во регионот сè уште не се ожнеани. Жетвата се интезивираше викендов, но оризарите секојдневно се преокупирани со оваа завршна операција со собирање на родот за да не ги прегази времето затоа што временските прилики, климатските промени и задоцнетата сеидба, ...
Мажите се соочуваат со повисок ризик од самоубиство во споредба со жените, а многумина избегнуваат да побараат помош поради стигма, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) одбележувајќи го почетокот на Мовембер, месецот посветен на машко здравје. Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година во Македонија беа регистрирани 89 самоубиства – 68 мажи и 21 жена. Мовембер (Movember) е меѓународно движење што се одвива секоја ...
(Од Солун за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Костова) Француската ѕвезда Изабел Ипер, една од најголемите современи актерки во светот, во Солун откри дека не ѝ е тешко да игра комплексни ликови, клучно ѝ е да има доверба и разбирање со режисерите и дека секоја улога ја заборава во моментот кога ќе ја изигра. Кажа и дека, да бил жив кога таа ја почнувала кариерата, би сакала да ја игра во филм на Алфред Хичкок и тоа во „Вертиго“, но рече низ смеа „не ...
Албанија е на добар пат да ги заврши пристапните преговори со Европска Унија до 2027 година, според нацрт-заклучоците од новиот извештај за проширување, објави „Јуроњуз“. Таа очекува да стане членка на ЕУ во 2030 година. Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе го претстави годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Албанија досега отвори шест од седумте ...
Стотици илјади дрвја ќе бидат засадени во Берлин во следните 15 години откако покраинската влада усвои закон за адаптација на климата. Само крајнодесничарската Алтернатива за Германија гласаше против мерката, која се базираше на граѓанска иницијатива. Законот треба да обезбеди Берлин да има еден милион дрвја до 2040 година, повеќе од двојно повеќе од денес. Планирани се и други мерки, како создавање повеќе зелени површини и подобро користење на ...
Доналд Трамп се вмеша во претстојните избори за градоначалник на Њујорк, при што го поддржа демократот Ендрју Куомо и ги повика гласачите да не гласаат за левичарот Зохран Мамдани, кој важи за фаворит. „Без разлика дали лично ви се допаѓа Куомо или не, вие всушност немате избор. Мора да гласате за него и да се надевате дека ќе заврши фантастична работа. Тој е способен за тоа, Мамдани не е“, кажа Трамп. Коумо е долгогодишен критичар на Трамп и ...
Почина работникот кој беше затрупан при уривањето на средновековна кула во центарот на Рим. Тој беше извлечен од урнатините синоќа околу 23 часот, речиси 12 часа откако попушти дел од Торе деи Конти, што се наоѓа близу Колосеум, на работ на Римскиот форум. Романското министерство за надворешни работи потврди дека починатиот работник Октај Строичи бил романски државјанин, како и уште еден од тројцата работници кои порано беа спасени. Еден е во ...