Младиот Кристијан Лазарев од Скопје го изгуби видот, но не се откажа од велосипедот. Денеска, на првата инклузивна велосипедска тура во Преспа, тој возеше тандем-велосипед стар 26 години, со придружник кој управуваше со велосипедот. „Од мал пораснав на точак. Видот го изгубив подоцна, кон 15-та година и не возев до кај дваесетата. Потоа дознав дека постојат тандем точаци. Го набавив и во Скопје го возам најмногу со сестра ми. Исто е возењето ...

За помалку од четири недели комплетно е прочистен водоводниот систем во Гостивар како никогаш досега, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот кризен штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата е прогласена за безбедна за пиење, откако беше забранета за пиење од 17 јули. Забраната беше донесена откако институциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се над 5.000 граѓани, од ...

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнени одредби за лица коишто свесно создаваат хистерија, односно, како што рече, „вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај кај граѓаните“. На отворањето на новата спортска сала во Основното училиште „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода, зборувајќи за лажната вест која на 12 август се прошири дека ...

Британскиот социолог Џејсон Ардеј, кој минатата недела поднесе оставка од Универзитетот во Кембриџ по неколкунеделни јавни обвинувања за плагијат и медиумскo внимание, вчера беше пронајден мртов. Ардеј, кој имаше 37 години кога во 2023 стана најмладиот црн професор на Кембриџ, поднесе оставка откако се најде под силен медиумски притисок, проследен со повеќенеделни обвинувања за плагијат во неговата академска работа и прашања поврзани со ...

На 20 август во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ) ќе се отвори изложбата „90 години од раѓањето на Јован Петров“, посветена на творештвото македонскиот уметник, конзерватор и реставратор (1936 –2011). Изложбата е веќе поставена и отворена за јавност, а свеченото отворање и промоција на монографијата се на 20 август. Колекцијата е во сопственост на семејството Петров. Автор на изложбата е Маја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека има намера да го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД откако ќе заврши војната со Иран, но не даде дополнителни детали за тоа како би го сторил тоа. „Откако ќе завршиме со поразот на Иран – а тој претрпува тежок пораз – наскоро ќе го прогласам Ормускиот Теснец за територија на САД“, рече Трамп за време на еден настап во сојузната држава Њујорк. Цените на нафтата нагло пораснаа ...

Најмалку 20 лица загинаа откако земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Индонезија рано утрово, соопшти националната агенција за справување со катастрофи. Од агенцијата изјавија дека има и повредени со различен степен на повреди, при што напоменаа дека бројките се прелиминарни додека траат операциите за пребарување и спасување. Екипите работат на извлекување на лицата заробени во зградите оштетени од земјотресот и од десетиците ...

Директорот на Јавното претпријатие (ЈП) „Лајка“, Воислав Димитровски, вели дека проблемот со улични кучиња во Скопје ќе биде решен за година и пол. Граѓани секојдневно се жалат дека во нивните населби има глутници улични кучиња поради кои се чувствуваат небезбедно. До редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК се обратија жители на населбата Ѓорче Петров кои велат дека не можат нормално да живеат од глутница од 8 големи кучиња која од пред извесно време се ...

Двајца поажрникари биле нападнати од сопственик на магацин со тутун што изгорел за време пожарите кои вчера избувнаа во Прилепско. Сопственикот претрпел голема материјална штета, а кога стигнале пожарнкарите да гаснат ги туркал и попречувал во интервенцијата. „Првите двајца пожарникари кои со помало возило стигнале кај објектот биле нападнати од сопственикот. Тој нервозно се приближил до нив и со туркање во градите ги отстранувал и ги ...

Едно лице почина, а над 40 се повредени во големиот шумски пожар кај хрватскиот град Омиш, што почна вчера. При прегледот на опожареното подрачје е пронајдено едно тело, чиј идентитет засега не е потврден. Седуммина од повредените се во животна опасност и се ставени на респиратор, изјави министерката за здравство Ирена Хрстиќ. Четворица од нив се префрлени на лекување во Загреб, вклучувајќи 17-годишна девојка. Бројни објекти, возила и пловила ...

1 Дента кога се ширеше паника во Скопје дека водата од градскиот водовод има бактерија ешерихија коли, ми се јавија неколкумина пријатели и познаници да ме прашаат дали водата во Скопје е безбедна. Божем, ние новинарите нешто знаеме, ама не објавуваме. Ми викаат, објавете. Што да објавиме? Не е вест дека водата за пиење е безбедна за пиење. Вест би било кога водата за пиење не би била безбедна за пиење. Ми викаат, значи ти веруваш дека е ...

Опожарен е дворот на спомен-куќата на ОЗНА -Оделение за заштита на народот од бившата заедничка држава Југославија во историското село Горно Врановци- велешко, информираа од СВР Велес. „На 13 август во СВР Велес било пријавено дека околу 7.30 часот настанал пожар во објект на музеј во село Горно Врановци, општина Чашка. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од жителка на селото“, соопшти Ана Милевска-Ѓеоргиева, портпаролка нa СВР Велес. ...

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење, водата е безбедна, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој е и шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули, откако институциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се над 5.000 граѓани, од 19 ...

Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Латвија и било соборено од италијански авиони „еурофајтер“, соопшти војската. Одлуката за соборување е донесена за да се спречи закана за населението на Латвија, изјави министерот за одбрана Раивис Мелнис. Портпаролката на латвиската војска изјави дека дронот бил соборен над пошумена област. Нема повредени или материјална штета. Војската првично не го идентификуваше потеклото на дронот, но ...

Вчера попладне пожар изби во селото Богомила, Велешко во кој гореле стотина дрвени користени железнички прагови, складирани на железничката станица во селото за реупотреба, а огнот се проширил и кон првите куќи. „Драматично беше во селото Богомила во Општина Чашка, каде огнот дојде до првите куќи. Благодарение на брзата интервенција на локалното население и на пожарникарите од Велес, пожарот беше локализиран, ставен под контрола и изгаснат“, ...

Контролата на летање на скопскиот аеродром доби нов систем за менаџирање на авиосообраќајот (АТМ). Директорот на Македонска навигација (М-НАВ) Владимир Ристески вели дека со ставањето во употреба на новиот АТМ систем е од исклучително значење за М-НАВ, затоа што со него не се добива само нова технологија, туку се создава стабилна и современа основа врз која треба да се развива целиот систем во воздухопловната навигација. „Со новиот ...

Актерот Едмонд Сотир е нов директор на Театар Комедија, соопшти националната установа. Едмонд Сотир е вработен актер во Театар Комедија уште од основањето. Тој е основач и организатор на фестивалот Македонско културно лето кој се одржува во општина Пустец, Албанија. Сотир доаѓа на местото на драматургот Дарко Спасов, кој беше назначен во 2022, откако тогашната министерка за култура Ирена Стефоска ја разреши Магдалена Ризова-Черних, неколку ...

Речиси двесте луѓе, вклучувајќи и деца, се спасени од морето ноќеска откако избегале од катастрофалниот пожар кај хрватскиот град Омиш. Тие се засолниле во водата или на пловилата откако огнот се доближил до брегот, објавија хрватските медиуми. Координираната акција за нивно спасување почнала синоќа пред полноќ по дојавата дека голем број луѓе со деца се наоѓа во морето и иа бродовите без надзор. Нивната евакуација траела два и пол часа, при ...

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ почна да се движи од Виетнам кон Блискиот Исток, откако се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на воениот брод „Абрахам Линколн“. Поради војната со Иран, распоредувањето на „Линколн“ на море се одолжи на повеќе од 260 дена. Неколкумина демократски пратеници бараат одговорност од Пентагон за условите на носачот, за кои министерот за одбрана Пит Хегсет рече дека се ...

„Сите си го сакаме бисерот на Македонија, Охрид. Сега полесно се стигнува, а уште полесно ќе се стигнува. Убаво е што се освестуваме полека. Да си помогнеме себеси, да ни е убаво, да ни е полошо за подобро утре“, рече македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески на синоќешниот концерт во Античкиот театар во Охрид, зборувајќи за својата посебна поврзаност со градот и за автопатот Охрид-Кичево, кој е во фаза на изградба. Трпчески кажа ...

Александар Чепиговски (34) од битолското село Ивањевци со трактор влегол директно во огнената линија за да помогне да се спаси селото Лознани во Пелагонија од синоќешниот голем пожар, во кој со изгореници беше повредено и едно лице од локалното население. „Да истакнам еден локален жител, храбар тракторист од село Ивањевци, Аце, кој со неговиот огромен трактор направи големо дело орајќи директно низ пожарната линија и гасејќи голем дел од ...

По повлекувањето на германската авиокомпанија „Луфтханза“ во мај годинава, од есен од Скопје во зимскиот ред на летање ги нема и линиите на полската национална компанија „Лот“ за Варшава. Од ноември се укинува и летот на нискобуџетната „Изиџет“ за парискиот аеродром Орли, линија која е субвенционирана од македонската влада. Според резервациониот систем на полската авиокомпанија, откажани се сите летови до Варшава за зимската сезона која трае ...

Откинати парчиња мотор скршија прозорец на авионот на „Рајанер“ минатиот месец, при што главата и десното рамо на еден патник излегле надвор среде лет, соопштија американските истражители. Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ) извести дека ова се случило откако перка од вентилаторот на моторот се скршила кратко по полетувањето од Солун на 10 јули. Авионот патувал за Меминген во Германија, кога биле забележани проблеми за ...

Ситуацијата на Халкидики се подобри по големиот шумски пожар во Сивири, каде што огнот се прошири од земјоделско и шумско земјиште во станбена област. Локалните жители пријавија штети на домови и возила, откако силните ветрови го разгоруваа пламенот, а густиот чад се ширеше низ полуостровот. Властите извршија евакуација од плажата во Сивири преку море, користејќи брод на крајбрежната стража, девет приватни чамци и патнички глисер. Беа ...

По повеќе од 24-часовна битка за спас на селото Лознани, кое се наоѓа на границата меѓу општините Могила и Прилеп, ноќеска е локализиран големиот пожар што се закануваше да ги зафати и куќите. Командирот на Битолската противпожарна единица, Христијан Тодоровски, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека 85 проценти од пожарот е локализиран. „Спасувавме куќи, според податоците што ги имаме, нема штети по објекти но постоеше голема опасност да бидат ...

Во тек е спасувачка операција за евакуација на луѓето од плажите во Сивири и Фурка поради активниот пожар на првиот крак на Халкидики. Досега, преку море се евакуирани вкупно 481 лице, туристи и локални жители, меѓу кои има повозрасни лица и деца. Според информациите од грчката крајбрежна стража, 285 лица се пренесени до марината Сани, додека 196 патници се превезени до пристаништето во Солун со брз брод. Во акцијата учествуваат пловила на ...

Штип денеска околу 16 часот го зафати големо невреме со силен ветер над 100 километри на час и пороен дожд што траеше повеќе од еден час. На повеќе места има штети, но најпогоден беше центарот на градот каде летнаа кровни конструкции. Од паднати дрвја се оштетени автомобили, а ветерот ја откорна и заштитната и украсната фасада на стоковната куќа „Идеал“ (таканаречената На-Ма). Засега нема информации за повредени, но штетИте се очигледни и ...

Албанскиот премиер Еди Рама повика на континуирана поддршка за Украина, и покрај тоа што Киев беше критикуван во регионот за неговото одбивање да ја признае независноста на Косово. Ова беше повторено и при неодамнешната посета на Володимир Зеленски на Белград. „Украина може и да греши во врска со Косово, но нејзиното право да биде слободна останува неприкосновено, а борбата за тоа право значи борба за Европа и за самите себе. Албанија е ...

Првиот украински балстички проектил ќе биде спремен оваа есен, изјави извршната директорка на украинската одбранбено-технолошка компанија „Фајр поинт“, Ирина Терех. Таа кажа дека се работи на тактички балистички проектил со краток дострел наречен „ФП-7“. Тој треба да има дострел од 200 километри и да носи боева глава од 150 килограми, а ќе биде преработен и за потребите на противвоздушната одбрана. „Фајр поинт“ развива и балистички проектил ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Струга рече дека била шокирана од предлогот на Министерството за култура и туризам до Владата, Струшките вечери на поезијата (СВП) наместо самостојна национална установа да бидат сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“во Струга, и кажа дека тоа е некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот. Директорот на СВП, Никола Кукунеш, рече ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34