Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Жителите на преспанското село Љубојно со традиционална локална софра на 18 јули ќе одбележат 50 години од изградбата на водоводот во ова село. Настанот е закажан во 17 часот. Првиот фестивал на локални производи и специјалитети „Преспанска софра“ ќе има продажен карактер, а посетителите ќе можат да вкусат автентична македонска храна. Дел до настанот ќе биде и вечерта со староградска музика. Водоводот во Љубојно бил изграден во 1976 од ...
На 81 година почина ирската актерка Бренда Фрикер, добитничка на Оскар која особено остана позната како жената со гулаби во „Сам дома 2“. Родена во Даблин, Фрикер ја почнала актерската кариера во театар и на телевизија, но испиша историја во 1990 година кога стана првата актерка од Ирска која добила Оскар, победувајќи ѕвезди како Џулија Робертс и Анџелика Хјустон. Таа беше наградена за најдобра споредна женска улога, играјќи ја мајката на ...
Жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки. Според СВР Битола, на 16 јули во 19:50 часот било пријавено дека 41-годишниот Н. И. од Курбиново бил нападнат од дивото животно. По нападот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош. Засега нема повеќе детали за тежината на повредите или за околностите под кои дошло до нападот. Ж. ЗДРАВКОВСКА Жител на ресенското село ...
Само што Државниот обвинител Ненад Савески денеска изјави дека ако Ленче Ристоска не поднесела оставка од обвинителската функција ќе продолжела да го води предметот „Талир 2“ за спорната донација од „Бетон“ на ВМРО-ДПМНЕ, таа итно реагираше дека тој лаже. Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2“ ќе беше во мое надлежно постапување ако не поднесев оставка, одговори Ристоска. „Како обвинител за врски, ...
Енди Бернам в понеделник ќе стане нов премиер на Велика Британија откако денеска беше избран за нов лидер на владејачката Лабуристичка партија. Тој ќе го наследи Кир Стармер на двете функции по неговата оставка минатиот месец. Педесет и шестгодишниот Бернам ќе биде седми британски премиер за десет години, што се случува во периодот на подем на популистичката партија Реформа на Најџел Фараж. Неговиот избор беше очекуван откако другите ...
Седум лица од Велес се затруле од храна во гостилница, која не ги исполнувала санитарно-хигиенските услови за работа. Центарот за Јавно здравје (ЦЈЗ) Велес на 14 јули пријавил дека има сомнежи за труење со храна кај четири лица. Во соработка со неколку институции бил извршен вонреден инспекциски надзор во објектот кој бил пријавен дека е конзумирана храната. „Врз основа на пријава од ЈЗУ Општа болница – инфективно одделение Велес до Центарот ...
Филмот „Инк“ (Ink) на режисерот Дени Бојл, за подемот на медиумскиот магнат Руперт Мардок и уредникот на весникот „Сан“ Лери Лем, ќе го отвори Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. „Инк“ е филмска адаптација на драмата на Џејмс Греам, која го прикажува преземањето на дневниот весник „Сан“ од Мардок во 1969. Гај Пирс го игра ликот на Мардок, а Џек О’Конел го игра Лем во филмот што ја раскажува приказната за тоа како двајцата ...
Американската војска лансираше напади врз Иран шеста ноќ по ред, при што државните медиуми објавија дека биле погодени и цивилни инфраструктурни објекти. Централната команда на САД кажа дека целта на нападите била дополнително деградирање на иранските воени капацитети. Иранските медиуми објавија дека ноќеска биле нападнати и мостови, железничка станица и аеродром. Доналд Трамп неодамна се закани дека САД ќе ги бомбардираат иранските мостови и ...
Доживотна казна затвор е изречена за Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на мајка си, информираа од Основен суд Гевгелија. На обвинетиот му се судеше за кривичното дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Пресудата е по признание на вина од страна на Станковски. Нему притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Обвинетиот го сторил убиството на 11 јануари годинава во Богданци околу 21 ...
Улиците зад Здравствениот дом во центарот на Битола беа блокирани по вчерашниот едночасовен дожд. Надојдената вода ја раскопа делницата од улицата Дебарска чија реконструкција започна при сличен пороен дожд на 23 јуни годинава. Водата со себе носеше земја и камења, па ги затрупа подолните улици предизвикувајќи наноси, поплавувајќи објекти и оштетувајќи возила. „Со години се прават улици, никако да се асфалтираат. Ова како да не е центар. ...
Володимир Зеленски назначи нов министер за одбрана, во обид да ја смири политичката криза предизвикана од разрешувањето на реформистичкиот министер Михајло Федоров. На неговото место доаѓа Евгениј Хмара, кој како шеф на домашната разузнавачка служба СБУ ги надгледуваше украинските напади со дронови во длабочината на Русија. Ретки протести избувнаа во Украина поради смената на Федоров во ненадејната реконструкција на владата и тој потоа влезе ...
Доналд Трамп тешко ја обвини Кина за мешање во претседателските избори во 2020 во својот телевизиски говор во ударен термин и кажа дека американскиот гласачки систем е шокантно ранлив. Зборувајќи од Белата куќа три месеци пред изборите за Конгресот, Трамп изнесе неосновани тврдења за изборна измама и странско мешање во изборите што ги изгуби од Џо Бајден. Тој рече дека ја тргнал ознаката за тајност од стотици разузнавачки досиеја што наводно ...
Силното невреме кое вечерва ја зафати Битола создаде реки низ битолските улици. Голем дел од коловозите беа поплавени, а на одредени крстосници во центарот на градот се создадоа езера. Ризично беше и пред Безистенот во строгиот центар каде возилата беа до половина во надојдената вода. (Фото: СДК.МК) Реки се слеваа од повисоките делови на Битола кон пониските. Сообраќајот тешко се одвиваше, а дел од битолчани останаа заглавени низ улиците ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека воениот персонал на возраст од 30 години и повеќе ќе биде подложен на тестирање на нивото на тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи. Хегсет рече дека ја одобрува програмата за скрининг на војниците за да се осигури дека „имаат соодветно ниво на тестостерон за да функционираат на своето најдобро можно ниво“. На војниците со ниски нивоа на тестостерон ќе им биде понудена ...
По 20 години чекање, со донација од 200.000 евра добиена од турскиот град Коња, конечно започнува изградбата на разрушениот објект познат како Саат кула во Тетово. Откриени се темелите на објектот, одреден е неговиот габарит, па сега се чека да се отстрани подземната инфраструктурна мрежа, која тука проаѓа и да почнат работите. За изработката на проектот била користена вештачка интелигенција бидејќи нема точни податоци како изгледала Саат ...
Иран побарал од движењето хути во Јемен да биде подготвено да го затвори нафтениот пат до Црвеното Море доколку САД ја нападнат иранската енергетска инфраструктура, како што се закани Доналд Трамп, изјавија три извори за „Ројтерс“, Идејата била дискутирана од раководството на Исламската Република и пораката била пренесена до сојузниците во Јемен, изјавија изворите запознати со ова прашање. Извор близок до хутите изјавил дека групата ги ...
Холивудската ѕвезда Елен Берстин ќе добие Златен лав за животно дело на 83. Венециски филмски фестивал, соопштија организаторите. Деведесет и тригодишната актерка доби Оскар за најдобра актерка за филмот „Алис повеќе не живее тука“ од 1974, а уште петпати беше номинирана за оваа престижна награда. Меѓу нејзините понови улоги е и улогата на мајката на првата дама во серијата „Куќа од карти“ . „Не само што ќе отпатувам во еден од моите ...
Проблемот со зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион под УНЕСКО е наследен преку лошите извештаи добиени во периодот на владеење на претходната власт, велат од Владата и Министерството за култура и туризам за САКАМДАКАЖАМ.МК, откако излезе Нацрт-одлуката со која УНЕСКО предлага Охридскиот Регион да се стави на Листата на светско наследство во опасност. Во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, стои: ...
Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип едвај обезбеди место за сите 180 лица колку што добиле билети за премиерата на претставата „Годо“ која се изведе синоќа на големата сцена каде на едно место беа и актерите и публиката, како што предвидувало самото сценарио на режисерот Ѓорѓи Ризески. Билетите ги распределува Општина Штип, која како главен покровител на сите настани во рамките на Штипското културно лето издала двојно повеќе билети ...
Украинскиот парламент го назначи Сергеј Корецки за нов премиер, трет од почетокот на војната, додека низ земјата се протестира против смената на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров. Овие промени се дел од пошироката реконструкција на владата откако премиерката Јулија Свириденко поднесе оставка пред неколку дена. Корецки (48) нема врски со ниедна политичка партија, туку доаѓа од енергетскиот сектор и досега беше извршен директор на ...
Вкупно 26 граѓански организации, движења и иницијативи бараат од Владата итно да ги повлече распишаните јавни повици за доделување концесии за проспекциски геолошки истражувања за металични минерални суровини. Станува збор за повици од декември минатата и од јуни оваа година, со кои Владата упатува повик до заинтересираните компании да достават барања за истражувања на подрачјата на Север, Североисточна и Источна Македонија, со цел да се ...
Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка без да го извести Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски или колегите судии. Тие го бараат Наумовски цел ден, а тој не им крева телефон. Упорен, претседателот Дарко Костадиновски се јавил кај претседателот на Собранието Африм Гаши, каде што е избран Наумовски. Гаши му потвдрил: „Да, судијата ме извести дека си поднесува оставка на функцијата“. „До Судот, од страна на судијата Гоце ...
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска најави дека Министерството ќе го санира распуканиот пат во Теферич. Николоски рече дека Општина Кисела Вода и Град Скопје немаат капацитет да решат едно вакво сериозно свчелиште и проблематиката е далеку од нивните можности. „Патот за Теферич е еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Проблематиката е далеку поголема од ...
Битолскиот Завод и Музеj во Преспа и Битола организираше дводневна стручна работилница за конзервација на културното наследство, на која учествуваа конзерватори, реставратори, архитекти, археолози и други експерти од Македонија, Грција и Албанија. Непосредната размена на знаење и искуства се случи на самите локалитети каде што се реализираат конзерваторски интервенции. Во текот на дводневната програма, учесниците ги посетија Јени џамија и ...
Иран изјави дека Ормускиот Теснец е неповредлива црвена линија, предупредувајќи дека доколку Доналд Трамп ја оствари својата закана за бомбардирање на иранската инфраструктура, ќе ја нападне целата инфраструктура низ Персискиот Залив. САД петти ден по ред го напаѓаат Иран откако пропадна кревкото примирје и повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа, со која Вашингтон врши притисок за повторно отворање на Ормускиот Теснец. По ...
Пет јавни плажи на охридското крајбрежје ќе добијат современа инфраструктура за лицата со попреченост, а Општина Охрид ќе набави и специјализирано возило кое ќе им биде на располагање на корисниците. Ова се дел од активностите што ќе се реализираат преку проектот „АДВЕНТУР 2 – Достапна прекугранична авантура“ (ADVENTOUR II – Accessible Adventure Across the Borders), чија цел е развој на пристапен и инклузивен туризам и создавање заедничка ...
Реки од кал и камења течеа во вчерашното невреме низ битолските улици што се во близина на делницата од улицата Дебарска која се реконструира. Дождот носеше камења големи и по десетина сантиметри, таложејќи ги низ сообраќајниците и затнувајќи ги шахтте. Најмногу наноси има на крстосницата меѓу Чеде Филиповски и Сремска Митровица. Тие ќе мора да се исчистат зашто можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот. При слично силно невреме на 23 ...
Михајло Федоров нема да остане министер за одбрана по реконструкцијата на украинската влада, што ја спроведува претседателот Володимир Зеленски. Владата поднесе оставка изминатиот викенд и Зеленски нема повторно да го номинира Федоров за министер. „Причините се очигледни: конфликт со командата на армијата и неуспешна реформа на воената мобилизација. Федоров направи само имитација на реформите“, изјави еден украински пратеник, додавајќи дека ...
„Природното и културното наследство на Охридскиот Регион (Албанија, Северна Македонија) да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност“, се вели во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Конечната одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули, во рамкитe на 48. сесија што од 19-29 јули ќе се одржи во Бусан, Јужна Кореја. Според образложението во нацрт-одлуката, Комитетот предлага Охридскиот Регион ...
Голем пожар изби вечерва кај Бејбунар во Охрид, кај шумата на 100 метри од бараките во населбата Гоце Делчев. „Пријава за пожар кај магацините на Улица 1-ва Македонска ударна бригада, 33, Охрид , пожарот се шири на кај куќите. Известена е Територијалната ротивпожарна единица Охрид“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Голем пожар изби вечерва кај Бејбунар во Охрид, кај шумата на 100 метри од бараките во населбата Гоце Делчев. ...