Две деца на 15-годишна возраст и едно 18-годишно лице денеска беа спасени откако се капеле во реката Треска и биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едното малолетно лице веднаш било извлечено од водата, додека другите две лица биле пронајдени низводно по течението на реката Треска. Сите три лица се ...

Ексградоначалникот на Општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски од денеска доброволно се пријавил во затворот во Шуто Оризари на издржување на едногодишната затворската казна. Како што соопштија од ГРОМ, Јакимовски доброволно дошол во затворот. Јакимовски требаше да почне да ја издржува затворската казна од 2 јули, но побара одложување поради здравствени причини. На барањата за проверка за моменталната здравствена ...

Ослободителна пресуда за Никола Груевски во предметот „Талир 2“ е донесена само за да се оневозможи постапка за конфискација на нелегално стекнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, вели обвинителката Ленче Ристоска, на која на 31 март пред завршните зборови ѝ беше одземен овој предмет за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ „Бела палата“ и беше даден да го води друг обвинител. Ристоска на 2 април поднесе оставка на јавнообвинителската функција, ...

Поранешниот унгарски министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека поднел оставка во парламентот за да преземе висока извршна функција во кинескиот гигант за електрични возила „BYD“. „Прифатив многу престижна понуда од компанијата и ќе станам извршен директор одговорен за надворешните односи на групата и за развојот на нови деловни линии“, напиша Сијарто на Фејсбук. Премиерот Петер Маѓар брзо го претвори потегот на Сијарто во ...

Александар Вучиќ најави нова рокада на функциите, па кажа дека по годинашните вонредни избори во Србија повторно би сакал да биде премиер. Во интервјуто за „Фајненшл тајмс“, српскиот претседател најави дека изборите ќе се одржат до декември. Вучиќ, кој со месеци им одолеваше на протестите во Србија, неодамна вети дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател и дека ќе закаже вонредни парламентарни и претседателски избори. „Имам намера да ...

Сопружници се осомничени за убиството на 67-годишниот лекар Ацо Трповски на паркингот пред поликлиниката „Железара“ во Скопје пред две години. Трповски, кој беше општ матичен лекар од поликлиниката „Железара“, на 21 март 2024 беше пронајден мртов во неговиот автомобил со убодни рани по телото. Обвинителството соопшти дека се обезбедени докази оти едно лице го извршило убиството, а неговата сопруга му помагала. „На 21.03.2024 година, на ...

Апелациониот суд Скопје ја потврдил пресудата за доживотни затворски казни на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Вања беше грабната за изнуда на пари од нејзиното семејство, а возилот „ситроен“ убијците го украдоа за превоз на грабнатото девојче во вреќа во гепекот. Како што дознава ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ослободителната пресуда за поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никол Груевски е поради измените на Кривичниот законик направени од СДСМ и ДУИ. Измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за службените лица, што отвори пат за побрзо застарување на кривичните дела на функционерите, беа донесени на 6 септември 2023, за само два дена расправа во Собранието. Измените беа донесени во ...

Украина и Европската Унија потпишаа договор за беспилотни летала, што ќе ја комбинира експертизата на Киев со европските индустриски капацитети за воспоставување заеднички проекти и зголемување на производството, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Произведуваме 10 милиони дронови годишно. И ќе бидат 20 милиони. За првпат, Украина фундаментално го промени бојното поле“, кажа Володимир Зеленски. „Треба да ги ...

Русија и Украина ја засилија битката за Црното Море и клучните трговски патишта, при што денеска три лица загинаа во руски напад врз пристанишниот град Одеса. Гувернерот на регионот Одеса, Олег Кипер, изјави дека масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети продолжува веќе петти ден, при што се нападнати цивилната, индустриската и пристанишната инфраструктура. Три лица загинаа, а најмалку три се повредени во руски ракетен напад врз ...

Поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски доби обвинителен предлог, за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и за Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените ...

Од денеска тргнаа и патничките возови од и за Битола. Ќе сообраќаат два од трите предвидени со годишниот возен ред на Македонски железници. „По завршените работи на пругата Скопје-Битола-Жабени, во делот од станицата Бакарно Гумно до товариште Никола Карев, од 15 јули започнаа да сообраќаат патничките возови на релација Скопје-Битола и Битола-Скопје“, соопштија од МЖ Инфраструктура. Во пракса ќе возат патничките возови кои од Скопје тргнуваат ...

Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе ги затвори „сите други извозни коридори што им користат на САД и нивните сојузници“, објавија иранските медиуми, откако Иран го затвори Ормускиот Теснец, а САД повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа. „Регионалниот извоз на енергија или го делат сите или е затворен за сите“, се вели во соопштението на Гардата. Аналитичарите велат дека Иран најавува дека би можел да ги ...

Советниците на мнозинската СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар денеска здружно изгласаа на Водно под Јужна обиколница да се градат хациенди, за кои треба да се сече шума. Со 13 гласови „за“ од советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан Нацрт-деталниот урбанистички план Градска четврт Ј05-Барутана. Против беа советниците на „Шанса за Центар“, Левица, ЗНАМ, како и советниците Ненад Матевски од СДСМ и Катерина ...

Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските мостови и електрани следната недела ако Техеран не се врати на разговорите, што следува откако двете земји разменија напади во изминатите четири дена. Трамп претходно се откажа од заканата дека ќе воведе такса од 20% за целиот товарен превоз низ Ормускиот Теснец, но ја обнови блокадата на иранските пристаништа. „Следната недела ќе стане навистина лошо за нив. Ќе ги срушиме сите нивни ...

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска изрече ослободителна пресуда во повтореното судење за предметот „Талир 2” за незаконската градба на ВМРО-ДПМНЕ. Прво СДСМ делумно ги спаси експремиерот и екслидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Кирил Божиновски, првично осудени на шест години затвор и на условна казна, со измените на Кривичниот законик, кои целосно го ослободија Божиновски. Судењето продолжи со Никола Груевски кој од 2018 е избеган во ...

Кумановското Основно јавно обвинителство поведе постапка против една 18-годишна девојка од селото Лојане, Општина Липково, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години од Куманово е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при кумановскиот Основен суд, бидејќи заедно учествувале во извршувањ на кривичното дело Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „На 13 март ...

Жената која ги држела нозете на својот сопруг за да не излета низ скршениот прозорец на авион на „Рајанер“ на 10 јули рече дека половина од неговото тело штрчело од авионот. Светлана Грковиќ, која патувала со својот сопруг Љубиша Каровиќ од Солун до Меминген, изјави за грчкиот јавен радиодифузер „ЕРТ“ дека тој две минути бил надвор до градите. „Веднаш реагирав и го зграпчив за нозете. Помислив: ‘Ако умреме, умираме заедно‘“, изјави Грковиќ. ...

Триесетгодишен скопјанец е сосомичен дека го убил татка си со над 30 убоди со нож. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривичното дело Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. „Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во ...

Русија ја обвини Украина за тероризам по нејзините ескалирачки напади врз бродови во Азовското Море, рута преку која се одвива околу една четвртина од рускиот извоз на жито. Украинските дронови погодиле 11 руски бродови во Азовското Море во текот на ноќта, изјави командантот на украинските сили за беспилотни летала Роберт Бровди. „Меѓу целите беа пет танкери, пет брода за сув товар и еден реморкер, со што вкупниот број на погодени пловила во ...

Неколкумина луѓе загинаа во пожар на градилиште во Брисел и се трага по шест исчезнати лица, соопштија локалните власти. Неодреден број тела се пронајдени во еден од двата лифта на големиот проект за реновирање на централниот плоштад Брукер, изјави портпаролот на локалната служба за трудова инспекција Брехт Спејбрук. „Накратко пристапивме до еден од двата лифта и видовме дека има трупови на две или три починати лица“, изјави Спејбрук. Тој ...

Државниот инспекторат за транспорт доби нови 19 возила и опрема во вредност од 700.000 евра, донација од Европската Унија, со цел да се зголемат неговите капацитети за инспекциски надзор и контрола на патниот сообраќај. Донацијата денеска ја промовираа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас. Донацијата опфаќа 16 специјално опремени патнички возила, две возила ...

САД вратиле десетици милијарди долари собрани преку царини откако Врховниот суд ги прогласи за нелегални. Досега по овој основ биле исплатени 81 милијарда долари оваа фискална година, која започна во октомври 2025, во споредба со пет милијарди долари претходната година. Повратот на средства започнал во мај, откако Врховниот суд на САД во февруари пресуди дека голем дел од новите глобални царини на Доналд Трамп се нелегални. Тоа значеше дека ...

Поранешната претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска за кривично дело Оддавање службена тајна и Компјутерски фалсификат денеска во Кривичниот суд од судијата за организиран криминал и корупција Иле Трпков, првостепено осудена е на условна затворска казна во траење од една година. Се работи за праќање на тајни податоци на осомничен во истрагата „Адитив“, нејзин пријател. Таа е соизвршителка со ...

Повеќе од половина од камионите на ЈП „Комунална хигиена“ за собирање ѓубре се расипани или хаварисани, поради што низ Скопје ненавремено се собира ѓубрето, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија за работата на претпријатието во 2024 година. Во овој период, градоначалничка на Скопје беше Данела Арсовска, а директори на „Комунална хигиена“ беа Гоце Трајковски (в. д. директор од 10.10.2023 до 07.02.2024 и директор од 08.02.2024 до ...

Бугарскиот премиер Румен Радев ја одби поканата на Емануел Макрон да учествува на средбата на коалицијата за помош на Украина, што се одржа во Париз, велејќи дека неговата земја не припаѓа таму. „Ние нема да учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина. Ние не даваме таква помош затоа што верувам дека решението на овој конфликт не е во неговото продолжување со воени средства, туку во силна ...

Панче Аџиов (23) е прогласен за виновен, а петчлениот кривичен совет од Основниот суд во Велес му одредни казна од пет години затвор за тешката сообраќајна несреќа во близина на селото Чичево во август минатата година, кога загина едно лице, а три беа повредени. Тој доби и забрана за управување на возило од Б-категорија во траење од една година. Продолжени се и мерките на претпазливост да не го напушта живеалиштето (Градско), повремено да се ...

Украина и клучните европски сојузници објавија коалиција за воздушна одбрана што би вклучувала заеднички развој на нов систем за борба против балистички ракети како алтернативно и поевтино решение на американскиот систем „Патриот“. На самитот на Коалицијата на волните во Париз, лидерите на десет земји и десетина фирми од одбранбениот сектор разговараа за формирање она што го нарекоа Интегрирана коалиција против балистички ракети. „Веруваме ...

Унгарскиот парламент гласаше за отстранување на претседателот Тамаш Суљок од функцијата, кој се смета за лојалист на поранешниот премиер Виктор Орбан. Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар го искористи своето двотретинско мнозинство за да го усвои 17. амандман на уставот, со што заврши мандатот на Суљок и на претседателот на уставниот суд, Петер Полт. Суљок сега има пет дена да го потпише амандманот или да го упати до уставниот суд. Ако ...

Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран за дрзок напад врз два танкера во Ормускиот Теснец, при што загина едно лице, додека САД извршија напади врз Иран трета ноќ по ред. Ова следува откако Доналд Трамп објави дека ја враќа поморската блокада на иранските пристаништа и дека САД ќе наплаќаат патарина од бродовите кои минуваат низ Теснецот. Иранското министерство за надворешни работи возврати на ова дека Иран останува чувар на Ормускиот ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.43
30%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
50%
1011
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
4.87
47%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.8
31%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.38
30%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.79
58%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
39%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.0
21%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.62
31%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
36%
1009
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
2.85
100%
1016
Currency

61.5717

Currency

54.1076

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Злато

130265.18

Рутениум

53852.50

Калај

53.50

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Иридиум

252383.36

Паладиум

39448.97

Бакар

12.74

Сребро

1870.85

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Платина

50958.93