Повисокиот буџетски суфицит од очекуваниот ѝ отвора пат на Грција за забрзана отплата на огромниот државен долг. Според извештајот за извршување на буџетот, примарниот суфицит, во кој не е пресметано сервисирањето на долгот, во првите седум месеци од годинава достигнал 5,72 милијарди евра, што е значително повеќе од првично предвидените 4,41 милијарди евра. Поради ваквите резултати, надлежните во Министерството за финансии разгледуваат ...

По години поминати на врвот на листата на најзадолжени земји во Европската Унија, Грција е на чекор да ја препушти оваа неславна позиција на Италија. Подобрите од очекуваното буџетски резултати ѝ отвораат простор на Атина за забрзана отплата на државниот долг, при што до крајот на годинава се разгледува предвремено враќање на речиси 13 милијарди евра, значително повеќе од првично планираните девет милијарди. Со ваквото темпо, долгот на ...