Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Јанис Адетокумбо е решен да си замине од Милвоки бакс во текот на оваа сезона и за својата желба веќе ги известил челниците на овој клуб, пренесуваат американските медиуми. Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Гркот ги избришал сите фотографии од дресот на Милвоки од своите профили на социјалните мрежи, фановите на бакс со право беа загрижени, па неколку часа подоцна пристигна и објаснувањето за ваквиот потег. Јанис е несреќен ...
Пелистер не успеа во посакуваната желба, синоќа во Загреб да се израдува на првата гостинска победа во Лигата на Шампионите. „Пелистерци“ почнаа одлично, поведоа со 1-5, но потоа следеше голем пад во нивната игра што беше искористено од страна на домаќинот кој на крајот стигна до заслужена победа. Според капитенот Филип Кузмановски, главна причина за ваквиот исход била добрата форма на голманот на Загреб и неговите брилијантни интервенции во ...
Сантос синоќа го победи Хувентуд со 3:0 во 37. коло од Бразилското првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Алфредо Џакони“ во Каксијас до Сул. Трите гола за гостинскиот тим ги постигна Нејмар: во 56-тата, 65-тата и 73-тата минута. Триесет и тригодишниот Бразилец сега има 11 гола и четири асистенции во 27 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања. Кон крајот на ноември, беше објавено дека Нејмар ќе го пропушти остатокот од 2025 година ...
Џамал Мареј одигра спектакуларен натпревар во Индијанаполис, го предводеше Денвер до триумф над Индијата 135:120. Репрезентативецот на Канада го затрупа кошот на Индијана со 52 поени, погоди 10 тројки од 11 обиди, од поле промаши само шест пати (19/25). Овај учинк сепак не е најдобар во кариерата на Мареј, му недостигаа три поени за да постави личен рекорд. Во сенка на Мареј остана и Никола Јокиќ, кој одигра на своето ниво (24 поени, осум скока, ...
Денвер нагетс победи на гостувањето од НБА лигата кај Индијана пејсерс со 135-120, а јунак на средбата беше Џамал Мареј кој постигна дури 52 поени, три помалку од неговиот личен рекорд. Мареј погоди дури 10 тројки од 11 обиди, иако пред мечот беше неизвесно дали ќе игра поради мала повреда. Со 24 поени, 13 асистенции и осум скока, и Никола Јокиќ даде голем придонес, а и тој има мала повреда. Мареј стана третиот играч на Денвер кој сезонава дал ...
Наполи после голема пенал драма го мина Калјари и се пласираше во четвртфиналето во Копа Италија, а човек на одлука во пенал рулетот беше Вања Милинковиќ-Савиќ. Во интересна серија со 20 изведени пенали, на крајот како одлувачка се покажа одбраната на српскиот голман во десеттата серија, како и реализацијата на Бонџорно кој сепак не беше баш најсигурен при изведувањето. Претходно, Вања покажа огромна доза на самодоверба и изведе моќен пенал во ...
Нејмар не е за во пензија, напротив, последните два меча на кои даде вкупно пет голови, покажува дека треба да има место во бразилската репрезентација на СП следната година. Ѕвездата му помогна на својот Сантос да голем клучен чекор кон опстанок во елитната бразилска лига, постигнувајќи ги трите гола во победата од 3-0 над Жувентуде. Да биде успехот поголем, Нејмар игра повреден, ќе треба да се подложи на артроскопска операција на крајот од ...
Денеска и утре се играат нови натпревари во Евролигата, натпревари од 14. коло, битки кои сигурно ќе донесат многу возбудувања и квалитетни моменти на терените, но и на трибините каде главни ќе бидат навивачите. Во пресрет на тоа што следува ги имаме најубавите потези од претходната 13. рунда, топ 10 листа која ја предводи членот на шпанска Валенсија, Бадио кој имаше супер блокада над Јовиќ во соочувањето со Баерн Минхен. Ова се мајсториите кои ...
Македонските фудбалски интернационалци, Марко Ѓорѓиевски, Марио Крстовски и Даниел Аврамовски погодија за своите екипи во Куп пресметките во Романија и Турција. Марко конечно го „скрши мразот“ и реализираше за Херманштад во соочувањето со Ботошани. Напаѓачот беше стартер и во 52 минута погоди за водство на својот тим од 2-1, резултат кој беше активен до 78 минута кога играчот кој влезе на местото на Македонецот, Бус ги постави конечните 3-1. ...
Денвер експресно се врати на победнички патеки откако нагетси рано утрово славеа со 120-135 на гостувањето против Индијана пејсерс. Домашниот тим целиот свој фокус го насочи кон Никола Јокиќ, но настрада од феноменалниот Џамал Мареј. Канадскиот ас одигра меч за паметење, реализирајќи 52 поени со шут за тројка 10/11, со што беше најзаслужен за големата победа. Што се однесува до Јокиќ, српскиот центар го заврши мечот со 24 поени, 8 скокови и 13 ...
Селекцијата на Данска и овој пат е меѓу главните фаворити за трофејот, а меѓу другото ко-домаќинот е и противник на Македонија во групата фаза. Селекторот Николај Јакобсен објави список од 35 ракометари, воглавно добро познати имиња кај данската ракометна јавност. Емил Нилсен – ФК Барселона Кевин Молер – Флензбург Микел Ловквист – Пари Сен Жермен Бертрам Облинг – Гумербах Никлас Ландин – Алборг Емил Јакобсен – Флензбург Магнус Ландин – Кил Јохан ...
Баерн Минхен веќе активно ја планира иднината на голманската позиција и, според последните информации, замената за легендарниот Мануел Нојер ја пронашол на „Сан Сиро“. Станува збор за првиот чувар на мрежата на Милан, Мајк Мањан, кој важи за еден од најдобрите голмани во Европа. Нојер влегува во доцната фаза од кариерата, а честите повреди дополнително го натераа раководството на Баерн да размислува сериозно за негов наследник. Токму Мањан е ...
Десното крило на РК Младост од Богданци и младински репрезентативец, Ѓорѓе Атанасов, во пресрет на последниот натпревар од есенската полусезона против Преспа во Ресен, ја сподели својата анализа за досегашниот тек на сезоната. На прашањето како е задоволен од своите и од тимските настапи, Атанасов вели дека тимот функционира одлично. „Лично сум задоволен од моите настапи, но секогаш има простор за напредок. Најважно е што како тим функциониравме ...
Македонскиот репрезентативец стопер Висар Муслиу, со неговиот Сент Труден е елиминиран од Купот на Белгија во драматичен меч против Антверпен кој беше решен по изведувањето на пенали. Мечот во регуларниот дел заврши 3-3, а истиот резултат беше актуелен и по продолженијата, по што се премина кон изведување на удари од белата точка. Таму меѓу стрелците беше и Муслиу кој реализираше во третата серија, но неговите соиграчи промашија во првата и во ...
Возбудувањата во Премиер лигата не застанаа, а вечерта донесе нови шокантни резултати кои ја затресоа табелата. Челси доживеа тежок удар во трката за титулата, додека Ливерпул со многу среќа избегна нов пораз дома. Лидс – Челси 3-1: Шокантен триумф на Лидс на „Еланд Роуд“ Кризата во Лидс барем за момент е минато, откако тимот на Даниел Фарке приреди огромно изненадување и го совлада Челси со убедливи 3-1. Со овој пораз, „Сините“ паднаа на ...
Во последните натпревари во средата во рамките на 14-то коло од англиската Премиер лига, играчите на Челзи беа поразени од Лидс со 1:3, додека Ливерпул освои само бод против Сандерленд на својот „Енфилд“ играјќи 1:1. Во претходно коло Ливерпул конечно победи, славејќи со 2:0 кај Вест Хем, но брзо се врати на просечните или лоши резултати. Против Сандерленд, дури и се спасија од пораз бидејќи гостите водеа со 1:0 до крајот на натпреварот а во ...
Необичен и ретко виден момент го одбележа натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија во рамки на 14. коло од помладата пионерска суперлига. Иако дуелот заврши со минимална победа на гостите од Тетово (2:3), вниманието го привлече ситуацијата во 21. минута, кога главниот судија мораше да го напушти мечот поради повреда. Додека играта се одвиваше на средината од теренот, фудбалер на Брегалница ја водеше топката, а играч на Шкендија се обиде да ...
Масимилијано Алегри ја дозна дисциплинската мерка за неговото „дивеење“ по натпреварот со Лацио во Серија А (1-0), кога доби и црвен картон од судијата Џузепе Колу. Милан го доби дербито со римскиот клуб, но талијанскиот стручњак беше казнет со суспензија од еден натпревар и парична глоба од 10.000 евра, како последица на неговото однесување на теренот. Клубот и навивачите изразија поддршка кон Алегри, истакнувајќи дека ваквите моменти се дел од ...
Тимот на Мекларен ја пропушти шансата да ја добие трката во Катар поради сопствена грешка. Лошата реакција и лошата тактика на тимот, кој ја одбрани титулата кај конструкторите, се виновни за сè. Мекларен ја пропушти можноста да ги смени гумите кога безбедносното возило беше на патеката, што доведе до губење на трката, или поточно, до губење на победата од Макс Верстапен. На крајот, Оскар Пјастри заврши на второто место, додека лидерот во ...
Фудбалерите на Ливерпул и Сандерленд ремизираа со 1:1 во вечерашниот дуел од англиската Премиер Лига. Избраниците на Арне Слот повторно одиграа под очекувањата и не успеаја да ги совладаат „црните мачки“. Сандерленд изненадувачки поведе во 67-та минута преку Талби. До крајот на мечот Ливерпул притискаше и стигна до изедначување со автоголот на Мукиеле во 81-та минута, но домашните не успеаја уште еднаш да го пробијат бедемот на гостинскиот тим. ...
По долги години пауза, фудбалот конечно се врати во радовишкото село Злеово. ФК Слога, единствениот активен клуб од Општина Радовиш што се натпреварува во општинската лига на Струмица, ја оживеа спортската сцена и повторно го раздвижи селото кое со нетрпение ги очекува секој нов натпревар. Во општина Радовиш, покрај второлигашот ФК Детонит Плачковица, единствен клуб што активно настапува во сениорска конкуренција е токму ФК Слога од Злеово. ...
Интер им се придружи на Јувентус, Аталанта и Наполи кои веќе обезбедија пласман во четвртфиналето на италијанскиот фудбалски куп. Вечерва на домашен терен, „нероаѕурите“ покажаа тотална доминација и со убедливи 5:1 славеа над екипата на Венеција. Интер тргна силно и во период од 20 минути веќе имаше водство од 2:0. Прво Диуф погоди за 1:0, а по него и Еспозито за 2:0. До полувреме домашните направија и 3:0 со голот број еден на Турам. ...
Баерн Минхен се пласира во четвртфиналето на ДФБ Купот, откако славеше на гости кај Унион во Берлин со 2-3 (1-3). Мечот на „Ан дер Алтен Форстереи“ беше специфичен бидејќи домашната екипа даде два гола од белата точка, а баварците се радуваа на два автогола. Во 12. минута од средбата Анасах прв си ја стресе сопствената мрежа за 0-1. Веќе во 24. предноста ја удвои Хари Кејн по асистенција од Кимих. Унион не се откажа, па преку Леополд Кверфелд ...
Интер ќе игра четвртфинале во Копа Италија, бидејќи го декласира тимот на Венеција со 5-1 на „Џузепе Меаца“. Иако тренерот Кристијан Киву на терен испрати комбиниран состав и стартери беа Аугусто, Бисек, Енрике, Фратези, Диуф и Еспозито, на крајот победата беше убедлива. Отпорот на гостите пукна по 18 минути игра, а стрелец на првиот гол беше Енди Диуф. Само две минути подоцна водството го удвои Пио Еспозито, а до полувремето меѓу стрелците се ...
Во романскиот куп денеска екипата на Фарул Костанца одигра без голови (0:0) против екипата на Динамо Букурешт, а за првпат капитен на домашната екипа беше нашиот интернационалец Бобан Николов. Николов го почна денешниот дуел со капитенската лента во тимот и остана на теренот до 58. минута кога беше заменет. Екипата на Фарул одигра два нерешени дуели од групната фаза во романскиот куп, па останува на останатите дуели да се надева на бодови за ...
Многу потешко од очекуваното, екипата на Баерн (М) обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Германија, откако вечерва славеше на гостувањето кај Унион Берлин со 2:3. Гостите почнаа одлично и поведоа со автоголот на Ансах во 12. минута, по што Хари Кејн во 24. минута зголеми на 0:2. Домашните успеаја да намалат во 40. минута од пенал, но Баерн до полувреме имаше предност и од 1:3 благодарение на уште еден автогол кој си го постигнаа ...
Дефанзивецот на Челси, Марк Кукуреља призна дека очајно сакал да биде дел од Манчестер Сити. Тој рече дека имал таква можност пред да потпише за Челси, па дури кажа дека бил подготвен да „клекне на колена“ само да се оствари трансферот. На крајот овој трансфер не се реалзиирал, затоа што Сити не најде заеднички јазик со Брајтон за потпис на Шпанецот, по што овој замина во Челси. „Манчестер Сити сакаше да ме купи пред да потпишам со Челси. Тимот ...
После ремито со Челси на гостински терен, Арсенал се врати на победничките патеки и повторно ја зголеми предноста на првото место на табелата пред Манчестер Сити. „Топчиите“ вечерва на свој терен го совладаа тимот на Брентфорд со 2-0. Микел Мерино во 11. минута на додавање на Бен Вајт, со глава стрелаше прецизно во мрежата на Келехер и донесе предност за домашните. Проблем за Артета може да претставува повредата на Москера, кој го напушти ...
Брајтон загуби на домашен терен од Астон Вила со 3-4, и покрај тоа што имаше предност од 2-0 по само 29 минути игра. Но гостите се вратија на полувремето, а во второто тргнаа и дојдоа до трите бода. Ван Хеке во 9. и автогол на Торес во 29. минута двапати ги израдуваа навивачите на Брајтон. Но, Воткинс до крајот на полувремето ја анулираше предноста со два гола. Во вториот дел Онана донесе пресврт, а потоа Мален и предност од 2-4. На крајот Ван ...
Ракометарите на Еуфорарм Пелистер загубија на гостувањето во Загреб кај „фенерџијата“ со 27-23, и го претрпеа осмиот пораз во десетиот натпревар во Лигата на шампионите. Поразот ги оддалечува од посакуваните први шест места кои носат пласман во следната фаза. Битолчани имаа одличен старт, но потоа паднаа и тоа го искористија домашните ракометари кои успеаја да дојдат до триумфот. Европската ракометна куќа ЕХФ одбележа еден момент од македонскиот ...