Во држава каде што секој ден никнуваат нови згради, а просторот станува се потесен, најмногу страдаат токму оние кои треба да се чувствуваат најбезбедно – граѓаните во сопствените домови. Семејство од Тетово живее во дом без дневна светлина иако ги алармирале сите институции. На Водно, земјата полека се руши под куќите, а жителите од Шипковица ги напуштија своите домови, поради одрони… Овие три приказни од различни краеви имаат една иста точка – ...
Македонија повторно се соочува со сериозни нивоа на загадување, а речиси сите поголеми градови деновиве дишат воздух кој е класифициран како нездрав. Според платформата World Air Quality Index, Скопје и понатаму е меѓу најзагадените градови во регионот, со дневни вредности кои често достигнуваат и до 180 AQI (индекс за квалитет на воздухот). Но проблемот не е ограничен само на главниот град – високи концентрации на PM2.5 и PM10 се регистрираат и ...
Меѓународниот ден на лицата со попреченост е потсетник дека во едно општество вистински напредок има само ако секој човек е виден, слушнат и поддржан. Иако институциите често зборуваат за еднаквост, реалноста покажува дека лицата со попреченост сè уште се меѓу најмаргинализираните групи: последни на листите, последни за финансиска поддршка, често без пристап до услуги, инфраструктура, образование и социјален живот. Прашањето е — дали државата ...
Започна со работа „Сејф сити“ систем што препознава сообраќајни прекршоци и го информира МВР за сопственикот според регистарската табличка. Во МВР ја проверуваат секоја евидентирана казна и испраќаат СМС и е-пошта на сопственикот за сторениот прекршок и казна што треба да се плати во рок од 8 дена со 50% попуст. Но, за среќа на возачите казни ќе се испраќаат дури по Нова Година, а до тогаш само опомени. Во првите 12 часа во пробното работење на ...

