Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Количината на протеини потребна за градење мускулна маса зависи од индивидуалните потреби и нивото на активност, но комбинацијата од исхрана богата со протеини и тренинг за сила е клучна за постигнување на најдобри резултати. За оптимален раст на мускулите, експертите препорачуваат дневен внес од 1,6 до 2,2 грама протеини на килограм телесна тежина, според Health.com. Улогата на протеините во градењето на мускулите Протеините го снабдуваат ...
Пожари на отворен простор – состојба до 18:00 часот на 17.06.2026 година До 18:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 6 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е сè уште активен, додека пет се целосно изгаснати. Активен е пожарот во атарот на селото Војница, Општина Чашка, каде што е зафатена борова шума. Во текот на денот се изгаснати пет пожари, и тоа во атарите на селата Глуво (Општина Чучер Сандево), Талашманце ...
Кривична пријава за пет лица од Скопје, поради, како што велат од МВР, повикувале на формирање на терористичка група по примерот на ИСИС. „Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ј.К.(30), Ј.М.(22), М.Т.(23), Р.К.(23) и против Г.М.(34), сите од ...
На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион. Како што се наведува во соопштението ...
На улицата Јуриј Гагарин 33, спроти „Homax“ и Vero, по втор пат паѓа голем дел од фасада на станбена зграда, пренесува Сител. Првиот инцидент се случил на 9 јули 2025 година, а сега повторно паднал дел од фасадата. Граѓаните предупредуваат дека на објектот сè уште има оштетен дел кој претставува опасност да падне и да ги загрози минувачите. На улицата Јуриј Гагарин 33, спроти „Homax“ и Vero, по втор пат паѓа голем дел од фасада на станбена ...
*Шанкуре, дијалектен израз од прилепско-битолскиот регион. Означува фраер во обид,. Лице кое се замислува и однесува над сопствените капацитети. Гласен без идеја зошто е гласен, често агресивен но најчесто наивен. Може да се користи и како глагол: Доста шанкуруваш, разговорно доста глумиш големина а не знаеш кај тераш. Леон БАКРАЧЕСКИ Европскиот парламент го усвои новиот извештај за Македонија, но во документот останаа повиците за ...
Уште на 28 април ЈСП „Скопје“ склучило договор со скопската подружница на австриската фирма „Допелмаер“ за набавка на резервни делови за тековно одржување на Жичницата, која повеќе од еден месец не е во функција. Договорот во вредност од 2.359.882 денари со вклучен ДДВ е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки дури на 3-ти јуни, а е реализиран без претходно објавен оглас. Законот за јавни набавки дозволува ваква можност, договор да ...
На 16.06.2026 во 17:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Р.(45) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „Апси“ по барање на Сектор за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од ПОлициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. На 16.06.2026 ...
Деталната анализа на текстот открива суштинска промена во рамнотежата на моќта на Блискиот Исток. Кога ќе се отстрани дипломатскиот речник, јасно е дека договорот, со оглед на првичните воени цели на Вашингтон и Тел Авив, претставува огромен геополитички и финансиски триумф за Иран и сериозен пораз на израелската стратегија. Иран излегува од овој конфликт како апсолутен победник бидејќи го преживеа обидот за промена на режимот и ги обезбеди ...
СДСМ реагираше на ставовите на Владата за изградба на големи центри за податоци, обвинувајќи ги дека го загрозуваат јавниот интерес и енергетските ресурси на државата. Опозицијата смета дека овие проекти може да ја зголемат енергетската зависност, да влијаат на растот на сметките на граѓаните и да создадат придобивки за приватни интереси и тендери. „Овие објекти трошат екстремни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот ...
Осум години од историскиот Преспански договор кој стави крај на деценискиот спор со Грција. Договорот го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во грчкото село Нивици. Со тоа Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, а Грција призна македонски јазик и македонски идентитет. Три месеци подоцна Македонија излезе на референдум за да се изјаснат за прашањето „Дали сте ...
Европратениците го усвоија извештајот за напредокот на Македонија, но Вториот протокол од договорот со Бугарија останува. 338 европратеници го одбија амандамот на известувачој Вајц со кој се бараше бришење на ставот кој бара Заедничката историска комисија меѓу двете држави да постигне „јасни и опипливи резултати“ засновани исклучиво на „објективни, автентични и докажани историски извори“. Ова во пракса значи дека секој напредок на Македонија ...
По повод својата 5-годишнина, Matto Napoletano ја реализираше хуманитарната иницијатива MATTO FOR GOOD, во поддршка на СОС Детско село Северна Македонија. За оваа специјална пригода беше подготвено ексклузивно бранч мени со авторски пици и пасти, креирани само за настанот, збогатено со Pizza Cook Experience, DJ сет и музички настапи на sempremusic и theaft3r, во уникатна open garden атмосфера. Посебна чест ни претставуваше присуството на ...
Потпалувачот на возилата со дипломатски таблички во сопственост на бугарската амбасада паркирани пред нејзиниот влез најверојатно ќе оди на психијатриско вештачење. Неговата адвокатка по службена должност Лидија Ристовска изјави дека ќе достави такво барање до судот, врз основа на досегашните сознанија на одбраната. Адвокатката на осомничениот вели дека тој има лекарска документација за влошена психичка состојба, а неговата мајка телефонски ...
Од 142 ветувања кои Владата ги дала на почетокот на мандатот во 2024 година, за две години целосно исполнила само 18% од ветувањата, покажала најновата анализа на Фајнанс Тинк за тоа колку Владата ги исполнила своите ветувања. Најмногу ветувања биле реализирани во делот на образованието а воопшто никаква реализација немало во делот на родовата еднаквост. Во делот на социокономските ветувања од дадени 44 ветувања исполнети се само 5, во насока ...
Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Изјавата на Томас Вајц во Европскиот парламент дека по Црна Гора и Албанија, и Македонија “би можела“ да биде следната членка на Европската Унија, несомнено одекна позитивно во македонската јавност. Во време кога евроинтеграциите се наоѓаат во политички застој, секоја порака што носи надеж за придвижување на процесот привлекува внимание. Дилемата е, дали станува збор за реална политичка проценка или за ...
Уставниот суд денеска соопшти дека ја укинал одлуката на Општина Тетово од 2007 година, со која беа преименувани повеќе улици во градот, како и централниот плоштад, кој со ова повторно официјално се вика „Маршал Тито“, наместо „Илирија“, како што беше преименуван пред речиси 20 години. Уставните судии одлучуваа по претставката која ја поднесоа Сојузот на борците од НОАВМ и тетовецот Даријан Сотировски, пред речиси една и пол година. ...
Денешната позиција на Европскиот парламент е важна победа за вистината, правдата и правата на Бугарите во Република Северна Македонија. Оваа порака преку социјалната мрежа Facebook ја испрати Љупчо Ѓорѓиевски, прв човек на забранетиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. „Европа повторно потврди дека патот кон Европската Унија минува преку исполнување на преземените обврски, а не преку говор на омраза, дискриминација и историски ...
Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 18.06.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција. Селектирај ...
Јавното претпријатие задолжено за паркинзите во Струга функционирало како приватна фирма на поранешното раководство, со сомнителни фактури, финансиски злоупотреби и хаос во работењето, велат од новото раководство на Ј.П “Еко Струга”. Од таму алармираат дека затекнале претпријатие удавено во долгови, без никаква контрола и финансиска дисциплина. Дополнителна загриженост предизвикуваат и фактурите кои, според презентираните информации, се ...
Во најновата колумна, секретарот на Здружението на металурзи на Македонија, Виктор Грозданов, остро ја критикува јавната дебата околу рударските проекти во земјата, оценувајќи дека во неа доминираат емоции, селективно паметење и двојни стандарди. Тој наведува дека дел од најгласните противници на проектот „Иловица-Штука“ во минатото немале резерви кон инвеститорите, а некои од нив, според него, дури и барале можност за вклучување во ...
За седницата на Советот на Општината Штип, закажана за петок, подготвен е документ со статусни измени на ООУ „Гоце Делчев“, со кој во една реченица – му се става клуч на училиштето до 2031 година. Според предлог измените на Статутот на училиштето, се планира фазно припојување кон останатите три централни основни училишта, со тоа што процесот комплетно треба да заврши за пет години. Што се однесува до учениците, е прецизирано во член 2: ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на средбата со земјоделците во Босилово, посочи дека Владата манипулира со исплатата на субвенциите за земјоделците, ги префрла парите од други програми и нема исплата на субвенции за другите сектори во земјоделието. „Сега се исплаќаат субвенции за тутунарите, но што се случува? Парите ги префрлаат од други програми и нема исплата на субвенции за другите сектори во ...
Мониторинг на Владините ветувања во првите две години што денеска го претстави Фајнанс тинк, покажува дека речиси половина од ветувањата (48%) покажуваат некаков напредок – 25 се целосно реализирани (18%, подобрување од 5 п.п. во споредба со претходната година), а 43 се во насока на исполнување (30%). Сепак, 55 ветувања (39%) сè уште не покажуваат напредок, 9 (6%) се движат во спротивна насока, а за 10 (7%) сè уште нема доволно јавни податоци ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања. За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%. „Го ...
Новото болничко крило на Струмичката болница, после 40 години од почетокот на изградбата треба да биде ставено во функција наесен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска беше на увид во новото болничко крило, каде што треба да бидат сместени повеќе одделенија. „Околу 40 години се чекаше за ова. Сега следува мало доопремување, кое треба да заврши до крајот на август, а на почетокот на септември објектот да биде ставен во ...
Жена од Канада ги тужеше OpenAI и извршниот директор на компанијата, Сем Алтман , во американски суд на почетокот на јуни, тврдејќи дека СhatGPT ја охрабрил нејзината ќерка да се самоубие. Тужбата е најновата во низата обвинувања во кои компанијата се обвинува за неуспех во решавањето на опасните разговори меѓу корисниците и четботовите на компанијата. Кристи Кериер во тужбата поднесена во државниот суд во Сан Франциско изјави дека ...
50-годишна скопјанка го пријавила нејзиниот внук од брат, дека ѝ се заканувал пред домот, а исто така и преку мобилен телефон на нејзиниот син. Од МВР информираат дека вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријавила дека околу 11:30 часот пред домот на подрачјето на Карпош дошол К.Ж., нејзин внук од брат, кој ѝ се заканувал и со камења фрлал по куќата. Според пријавеното, К.Ж., исто така, упатувал закани на мобилен телефон и на ...