Овој месец ќе започнат работите на автопатот Скопје–Блаце, изјави заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи во емисијата „Клик Плус“. Станува збор за делот од 10 километри. Според Зеколи, работите ќе започнат од Скопје кон Блаце, поради што и веќе завршените 2 километри нема да можат да се пуштат во употреба, бидејќи асфалтирањето завршува на висока ридеста површина. Таа се надева дека временските услови нема да го одложат почетокот на ...

Извидничкиот одред Штип започна камања за собирање донаторски средства за реконструкција и реновирање на објектот каде што сега се наоѓаат. Потребни се околу 15 илјади евра, но како што посочуваат од Еквинокс, помошта може да биде и од страна на фирми кои би донирале градежен или било каков материјал кој ќе биде од голема помош и поддршка за младите извидници. „Оваа реконструкција опфаќа целосно покривање на ѕидовите кои се оштетени, нов ...

По завршувањето на денешното судење за трагедијата во Кочани, Александар Нонов, татко на загинато дете, изрази загриженост за начинот на кој обвинетите се појавуваат во јавноста. „Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи, иако се соочуваат со сериозни обвиненија за настанот во кој беа уништени 63 животи и зацрнети 200 семејства. Тие се однесуваат како оштетени, како да не знаат зошто се ...

Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува правата од интелектуална сопственост. Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на ...

Компаниите во Индустриската зона Доброшане добиваат реална можност за приклучување на природен гас, откако дистрибутивната мрежа долж трасата кон зоната е целосно изградена, технички испитана и подготвена за употреба, соопшти денеска директорот на ЈП „Куманово-Гас“, Марко Митровски. Тој наведе дека се извршени сите неопходни тестирања и верификации, а обезбедени се и потребните дозволи за функционирање на системот. – Во овој момент, мрежата ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Молдавија, Емил Жакота, кому му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија. Триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, според нив, сведочи за долг период на меѓусебно пријателство, што во иднина треба да се збогати со поширока соработка во повеќе области, пред сѐ во економијата, за што е ...

Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, и со членовите на Советот на Општината. Разговорите беа насочени кон клучните приоритети на Општината, тековните инфраструктурни активности, како и кон можностите за дополнителна поддршка преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, кој обезбедува ...

Тим од странски и домашни експерти денеска презентираа дел од решенијата од процесот на изработка на физибилити студија за изградба на гондола на „Пелистер“. Експертите од Словенија и Франција, како и домашните, ги претстави претседателот на Советот Бојан Бојкоски, пред присутните советници, администрацијата на општината, планинари, здруженија и медиумите. Екипата која ќе ја подготвува физибилити студијата за гондолата, констатирала голем ...

Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно тврдам дека апсолутно нема никаков проблем со Буџетот, пробпемот е од техничка природа во УЈП, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со повратот на ДДВ, таа напомена дека клучен проблем се системите во УЈП кои не биле надградени од 2011 – 2012 година. Според министерката, државата се задолжува во рамки на планираното, а за ...

Започна судењето за зетот кој во август годинава ги нападнал родителите и братот на неговата сопруга. Во судот во Штип денеска, се одржа првото рочиште за кривично дело убиство во обид. На обвинетитот 37 годишен жител од село Таринци на товар му се стави и кривично дело нанесување телесна повреда. Основното јавно обвинителство Штип побара соодветна казна за обвинетиот и имотно правно побарување. Истакнаа дека со докази ќе покажат дека на 3 ...

Германска фирма сака да инвестира во Штип или Скопје да гради нов современ производствен погон, со што Македонија би станала сериозна опција за нивното проширување. Компанијата, која е водечка во технолошкиот и инженерскиот сектор, планира развој на високо прецизни системи, автоматизација, роботика и зелени технологии. Во посета на државата, директрот на оваа компанија остварил средба со директорот на ТИРЗ, на која што биле презентирани условите ...

По наредените мерки за целосно чистење и дезинфекција во кујната на основното училиште „Димо Хаџи Димов“, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска повторно земаа брисеви од работните површини, опремата и машините. Целта е да се утврди дали објектот е безбеден за работа. Вработените во кујната се испратени на вонредни здравствени санитарни прегледи. Кујната ќе остане затворена сè додека не пристигнат лабораториските резултати. ...

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната оцени дека обвинението против обвинетите од обезбедувањето е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата посочија институционални пропусти и недостиг на надзор. Во пожарот што се случи на 16 март годинава ...

„Емоциите се моќни, но тие не се доказ. Оваа постапка не смее да биде колективен гнев.“ Со овие зборови, бранителот на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, ја започна одбраната, но веднаш беше прекинат од бурни реакции на родителите на жртвите во судницата. На самиот почеток, кога адвокатот ја нагласи тезата за „правда“, од родителите се слушна: „Каква правда? Само за нашите деца нема правда!“ На крајот на неговиот говор, кога ...

Неговиот бранител, наведе дека тој не бил задолжен за организирање на безбедносно-сигурносниот систем во објектот и дека дејствијата што требало да ги преземе според обвинението не биле дел од неговите работни задачи Единствено за што каам е што не успеав да спасам повеќе луѓе, рече обвинетиот Лазар Захариев, кој бил дел од обезбедувањето на „Пулс“, односно на агенцијата за обезбедување на фирмата „Рубикон“. Ова беа единствените зборови што ...

Македонски фотографии денес повторно се искачија на CNN. Станува збор за кадрите на кои се бебето гибон во прегратка на својата мајка, направени од врвниот фотограф Горан Анастасовски. - Да, CNN — медиумот кој ретко кому му дава простор, а уште поретко на фотографи од малите земји. И токму таму се најдоа моите фотографии на бебето гибон како ја гушка мајка си. Не е случајност. Не е среќа. Ова е резултат на години работа, чекање моменти, ...

Град Скопје известува дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки: – редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела; – за затоплување на ...

„Негова задача била ставање печат со лого на дискотеката. Тој немал работна обврска да ги проверува лицата кои влегуваат и излегуваат.“ Со ова тврдење, Елизабета Панева, бранителка на обвинетиот Мартин Ѓорѓиев (вработен во „Рубикон“), се обиде целосно да го амнестира својот клиент од одговорноста за пропуштање на пиротехниката и малолетниците. Одбраната тврди дека Мартин не можел да ја спречи трагедијата бидејќи опасните материјали веќе биле ...

Педагошкиот факултет св. „Климент Охридски“ во Скопје го одбележа својот 30 годишен јубилеј од својата работа. Како институција, од неа произлегуваат педагошки кадри, наставници, негуватели кои потоа работат со најмладитe и поставуваат цврсти основи за учење, знање, размислување, социјални и други вештини. Министерката за образование и наука ја истакна важноста на факултетот и неговата незаменлива улога. „Соработуваме со педагошкиот факултет и ...

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за првпат се одржа заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО – формат што обезбедува побрза, поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем. Министерката Сања Божиновска порача дека редовна координација е неопходна бидејќи МЕПСО како еден од клучните столбови за енергетската сигурност на државата мора да работи беспрекорно, со стабилна динамика на ...

Руската економија мора да се свикне на силна рубља и покрај негативните последици за некои извозници, изјави министерот за економски развој Максим Решетников. Во првата половина од годината, рубљата порасна за повеќе од 40 отсто, забележува Reuters, поддржана од високите клучни каматни стапки и надворешната трговија. „Треба да разговараме за неколку предизвици, а еден од нив е силната рубља“, рече министерот Решетников во вторник на ...

Во пресрет на зимата и очекуваните денови со густ смог, Град Скопје упати низа препораки до граѓаните со цел да се намали загадувањето и да се подобри квалитетот на воздухот во главниот град. Од Секторот за заштита на животната средина потсетуваат дека одржувањето на грејните уреди и избегнувањето на штетни материјали за согорување може значително да влијае на чистиот воздух. Од Градот апелираат редовно да се чистат оџаците и да се сервисираат ...

По подолгиот и исклучително сушен период, последните врнежи имаа клучно значење за стабилизирање на хидролошката состојба, бидејќи, активирани се планинските извори и малите потоци во карадачкиот регион. „Зголемениот доток на реките Брезјанка и Гошинска директно влијаеше врз подобрување на состојбата со акумулациите, кои со месеци работеа под ризични нивоа. Акумулацијата ‘Глажња’ моментално располага со 9.126.245 кубни метри вода, додека ...

Одбраната на обвинетите поранешни градоначалници на Кочани, Николчо Илијев и Љупчо Папазов, слично како и одбраната на ексградоначалникот Ратко Димитровски, истакна дека локалната власт нема никакви ингеренции во врска со дискотеката „Пулс“, која е целосно во надлежност на државната власт и на државните инспекторати. Според адвокатите, постапката против градоначалниците се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ...

По наредените мерки за целосно чистење и дезинфекција во кујната на основното училиште „Димо Хаџи Димов“, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска повторно земаа брисеви од работните површини, опремата и машините. Целта е да се утврди дали објектот е безбеден за работа. Вработените во кујната се испратени на вонредни здравствени санитарни прегледи. Кујната ќе остане затворена сè додека не пристигнат лабораториските резултати. ...

Иницијативата „Кој е следен?“ упати јавен повик до граѓаните да се приклучат на 32. „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи на 6 декември 2025 година (сабота), со почеток во 14:05 часот, од Паркот на револуцијата во Кочани. Организаторите истакнуваат дека маршот се одржува паралелно со тековниот судски процес, со цел да се потсети на важноста од правично и транспарентно судење. Тие ги повикуваат сите граѓани кои веруваат во човечноста и правдата да ...

Сподели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин. Надворешната канцеларија за криминалистички ...

Годинава 4 жени се убиени од своите бивши или сегашни партнери. Во периодот од 2014 до 2024 година, пак 115 жени се жртви на фемицид, односно убиства и обиди за убиства. Државата треба не само декларативно, туку вистински да се заложи за превенција и реинтеграција на жените, жртви на родово базирано насилство- порачаа од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Оваа година се случија 4 фемициди, зотоа што сите сторители ...

„Рибата од главата смрди, велат старите. Ќе се согласам со обвинителството дека системот е разнебитен, но овде седат само дел од тие карики.“ Со оваа народна поговорка, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот Ивица Грозданов (обезбедување), го нападна обвинителниот акт, тврдејќи дека на обвинителна клупа недостасуваат главните виновници. Давидовиќ упати директна критика кон Јавното обвинителство во Кочани, обвинувајќи ги за лицемерие ...

Проекти.гов.мк – новата дигитална платформа со која Владата отвора ново поглавје во пристапот за поголема транспарентност. За првпат, граѓаните, новинарите и целата јавност имаат целосен увид во реализацијата на проектите за општините финансирани од државниот буџет. Секој може да провери кој проект се реализира, во која општина, со колкав буџет, во која фаза на реализација е, дали има договор и кој е изведувачот. А информациите се достапни со ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
77%
1009
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1011
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.42
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1009
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
93%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
87%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Кобалт

55.67

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24

Сребро

1837.41

Никел

471972.96

Злато

135322.28

Паладиум

45879.12

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Платина

53106.37

Бакар

10.76

Родиум

255598.44