Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Хари Кејн официјално стана најдобар стрелец на Англија на Светските првенства. Во натпреварот против Панама, тој го постигна својот единаесетти гол на Мундијалите, надминувајќи го претходниот рекорд што го држеше Гари Линекер со десет. Ова е 18-ти гол за брилијантниот напаѓач на големите натпреварувања, а самиот Линекер му оддаде почит на напаѓачот на Баерн Минхен. Новиот рекорд доаѓа како круна на исклучителната сезона на Кејн со Баерн ...
6000 Јужна Африка – Канада (21:00) Канада го освои второто место во групата, па во 1/16-финалето ќе игра во САД, а не на домашен терен. Сепак, тоа не значи дека ја немаат фаворитската улога против Јужна Африка. Очекувањата се дека токму Канаѓаните ќе бидат првиот осминафиналист на Светското првенство. Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.98) 2628 Сандвикенс – Хелсингборг (17:00) Хелсингборг е екипата чии натпревари се најефикасни во првенството ...
Кристијано Роналдо одигра цел натпревар за Португалија во соочувањето со Колумбија, а тој и неговите колеги од националниот тим на крајот мораа да се задоволат со реми и второ место во групата. Роналдо не беше одморен на оваа средба иако беше јасно дека Португалците ќе одат во нокаут фазата на СП 2026, а селекторот Роберто Мартинез истакнал дека фактот што ривалите решиле да ги одморат Лионел Меси и Ергин Халанд не значи дека и тој ќе го ...
Фудбалската репрезентација на Иран доживеа едно од најболните елиминации во историјата на Мундијалите, откако остана без пласман во нокаут-фазата буквално во последните секунди од групната фаза. Иранците до самиот крај се надеваа дека ќе испишат историја, а нивните шанси нагло пораснаа кога Ријад Марез во судиското продолжение погоди за водство на Алжир од 3-2 против Австрија. Тој резултат ги носеше Иранците меѓу најдобрите 32 репрезентации, ...
Лионел Меси го постигна својот втор гол од слободен удар на Светското првенство, израмнувајќи го рекордот. Напаѓачот на аргентинската репрезентација, постигна гол на натпреварот против Јордан (3:1) во 3-то коло од Светското првенство во 2026 година. Во 80-тата минута, 39-годишниот напаѓач постигна гол од прецизен слободен удар. Меси стана шестиот играч во историјата на Светските првенства откако се води статистика (почнувајќи од Светското ...
Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим кој ќе има задача да се бори за самиот врв на табелата. Клубот најавува создавање на вистински „дрим-тим“, а во изминатиот период беа потврдени неколку значајни имиња кои треба да бидат носители на играта во новата сезона. Најголемо засилување во нападот претставува ангажманот на ...
По комплетирањето на групната фаза на Светското првенство, трката за престижната награда „Златна копачка“ станува сè поинтересна, а на врвот на листата се наоѓа аргентинскиот капитен Лионел Меси. Со голот во победата над Јордан (3-1), Меси стигна до шест погодоци и се издвои како прв стрелец на досегашниот тек од шампионатот. Веднаш зад него се наоѓаат Килијан Мбапе од Франција, Ерлинг Халанд од Норвешка и Винисиус Јуниор од Бразил со по ...
Стив Кларк поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска. Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор, тој донесе одлука да се пензионира веднаш откако Шкотска и математички беше елиминирана од Мундијалот. Во конкуренција на Бразил, Мароко и Хаити, Шкотите забележаа една победа и два порази. Кларк ја напушта клупата како најуспешен менаџер на Шкотска во модерната историја. За време на неговите седум години на функцијата (од ...
Разочарувачкиот настап на Уругвај на Светското првенство доби ново продолжение, откако Фудбалската федерација реши да го откаже чартер-летот со кој репрезентацијата требаше заедно да се врати во татковината по елиминацијата во групната фаза. Наместо заедничко патување, фудбалерите и членовите на стручниот штаб ќе отпатуваат индивидуално со редовни комерцијални летови. Овој потег во јавноста се толкува како уште една потврда за ...
Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 13 од 16-те понудени натпревари, два меча се од бејзболот, а еден од тенисот. Токму тенискиот натпревар ја отвора понудата со меч кој започнува во 14:30 часот, а половина час подоцна започнува и првиот фудбалски меч. Меѓу зголемените квоти е и првиот 1/16-финален натпревар на Светското првенство, помеѓу Јужна Африка и ...
Раководството на Челси веќе го обезбеди Марко Палестра за новиот менаџер Чаби Алонсо, но во моментов преговара за уште неколку засилувања, меѓу кои и еден личен избор на шпанскиот стручњак. Премиерлигашот тргнал во акција по потписот на искусниот Гранит Џака, фудбалер кој има историја на одлична соработка со Алонсо и токму менаџерот иницирал да биде доведен во редовите на Челси. 33-годишниот Џака во моментов настапува за Швајцарија на СП ...
Натпреварот за кој многумина предвидуваа дека ќе биде здодевен и ќе заврши со „лесно“ реми, коешто ќе ги одведе двете селекции во нокаут-фазата се претвори со неверојатно возбудлив натпревар преполн со емоции. Во фајтерска игра, Австрија прва ја тресеше противничката мрежа кога Марко Арнаутовиќ умешно се уфрли зад одбраната на Алжир и ја искористи неодлучноста на алжирскиот голман протнувајќи ја топката крај него во мрежата. Алжирците ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Хари Кејн стана најдобар стрелец на Англија на светските првенства со 11 погодоци, минувајќи го Гари Линекер со 10. Кејн има четири гола против Панама на СП, најмногу што еден англиски фудбалер има дадено против еден противник во историјата на мундијалите. Џордан Хендерсон стана првиот фудбалер што ...
Кристијано Роналдо заврши на второто место на листата на играчи кои најчесто биле фатени во офсајд на Светските првенства во 21 век. Португалија одигра нерешено 0-0 со Колумбија во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Напаѓачот и капитен на тимот двапати беше во офсајд на натпреварот. 41-годишниот Португалец сега има 23 офсајди на Светските првенства. Само поранешниот напаѓач на Холандија, Робин ван ...
Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата бидејќи стана првиот играч кој постигнал гол во седум последователни натпревари на Светските првенства. Тој стигна до историското достигнување во натпреварот од последното коло од групната фаза против Јордан, кога во 80-тата минута мајсторски ја затресе мрежата од слободен удар и ги постави конечните 3:1. ...
Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во вчерашното полуфинале го победи Божо Барун од Хрватска со 2:1 во сетови (6:4, 3:6 и 6:3) за 150 минути игра и денес во финалето ќе игра против Кимоун Султанов од Узбекистан, кој спречи „македонско финале“ совладувајќи го Олег Приходко со 2:0 во сетови. Ивановски со победа ја продолжи серијата добри игра по настапот за ...
Шкотска не успеа да се пласира во нокаут фазата на Светското првенство, иако заврши како третопласирана во својата група. Со трите освоени бодови и гол разлика од само еден даден и дури четири примени голови, Шкотска беше на 11-тото место од 12-те третопласирани селекции, па остана без пласман во следната фаза. Ваквиот расплет на Мундијалот за Шкотите е неуспех, па вината падна на грбот на селекторот Стив Кларк кој синоќа поднесе. ...
Нико Вилијамс ја остави зад себе најтешката сезона во својата кариера поради низа физички проблеми кои ги имаше, а кога се чинеше дека темпира посакувана форма на мундијалот, следеше нов шок за крилото. Помладиот од браќата Вилијамс го заврши мечот со Уругвај со наведната глава и покрај победата од 1:0, а причина за тоа беше повредата која ја заработи како резултат на жесток старт. Нико де ла Круз намерно го шутна Вилијамс и ризикуваше да му ...
Со натпреварите од шеснаесетфиналето започнува елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал. Следуваат 16 натпревари во кои нема простор за поправен, а неколку пресметки уште сега привлекуваат големо внимание. Најголемото дерби на хартија е дуелот меѓу Португалија и Хрватска, додека распоредот донесе уште две европски пресметки, Франција против Шведска и Шпанија против Австрија. Се очекуваат неизвесни натпревари и во дуелите меѓу ...
Американската телевизиска репортерка Абигејл Велез јавно им се извини на граѓаните на Босна и Херцеговина и на фудбалската репрезентација, откако нејзината изјава во пресрет на натпреварот од нокаут-фазата на Светското првенство предизвика бројни негативни реакции. Велез преку социјалните мрежи призна дека нејзиниот настап бил непромислен и несоодветен. „Во неуспешен обид да внесам малку забава во духот на Светското првенство, отидов ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Светското првенство, од 1966 година, кога се следи таа статистика. Во 83. минута, во победата над Гана (2-1), со која „коцкестите“ се пласираа нокаут фазата на Светското првенство, Модриќ изведе корнер по кој Никола Влашиќ го постигна победничкиот гол со глава, а на 40-годишна возраст стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што забележал асистенција. ...
Со завршувањето на групната фаза, официјално е познат комплетниот распоред за нокаут-рундата на Светското првенство. Од овој момент, секој натпревар е елиминациски, а секоја грешка може да значи крај на сонот за титулата. Возбудувањата започнуваат вечерва со дуелот меѓу Јужна Африка и Канада, додека во следните денови ќе се одиграат низа атрактивни натпревари. Распоред на 1/16-финалето: Јужна Африка – Канада (28 јуни, 21:00) Бразил – Јапонија ...
Рано утринава беше комплетирана групната фаза на Светското првенство, а со тоа го имаме комплетниот распоред на нокаут-фазата во 1/16-финалето. Неколку средби привлекуваат големо внимание, а вечерва елиминациите почнуваат со натпреварот меѓу ужна Африка и Канада. 1/16-финале: Јужна Африка – Канада (28.6., 21:00) Бразил – Јапонија (29.6., 19:00) Германија – Парагвај (29.6., 22:30) Холандија – Мароко (30. 6., 3:00) Брегот на Слоновата Коска – ...
Најдобрите репрезентации кои го поминаа првиот филтер сега го започнуваат патот во нокаут-системот, без можност за нерешен резултат. По комплетирањето на натпреварите од групната фаза на Светското фудбалско првенство, официјално е познат конечниот изглед на костурот за втората рунда од турнирот. Најдобрите репрезентации кои го поминаа првиот филтер сега го започнуваат патот во нокаут-системот. Од овој дел од турнирот повеќе нема право на ...
Со одигрувањето на последните натпревари од групната фаза познати се и сите натпревари од шеснаесетина финалето на Светското првенство кое што се игра во САД, Мексико и Канада. Највозбудливо се очекува да биде на дуелот меѓу Хрватска и Португалија. Португалците по очајното реми против Хрватска само си ја усложнија работата и направија невозможна мисија во освојувањето на „Златната божица“. Доколку Кристијано Роналдо сака да го освои ...
Аргентинa ја освои групната фаза на Светското првенство и се пласираше во нокаут фазата со максимални девет бода. Актуелните светски шампиони рутински го победија Jордан со 3-1, откако претходно ги победија I Алжир (3-0) и Австрија (2-0). Jордан успеа да постигне барем гол во својот прв настап на Светското првенство. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, одлучи да игра со мешан состав, но неговите играчи и покрај тоа немаа проблеми. ...
Со натпреварите кои се одиграа утринава по македонско време и официјално заврши групната фаза на Светското првенство, а веќе вечерва започнува и 1/16-финалето. Од претходно е познато дека нокаут-фазата ја отвораат селекциите на Канада и Јужна Африка, а сега се познати и сите 1/16-финални двојки. Ако добро се погледне костурот, Аргентина има отворен пат до полуфиналето, каде за противник би ги имала Бразил или Англија, доколку нема ...
Австријците поведоа во 28. минута со гол на Арнаутовиќ, пред крајот на првото полувреме Белгали изедначи на 1-1. По десет минути игра во вториот дел, Сабицер реализираше за ново водство на Австрија, Марез во 60. минута израмни на 2-2. Во судиското продолжение се случуваше вистинска драма. Најпрво Марез во 93. минута донесе водство на Алжир, а Калајџиќ во 96. минута израмни на 3-3. Резултат кој им одговараше и на двете селекции. Меси влезе од ...
Колумбија и Португалија одиграа мирен натпревар во Мајами во рамките на третото коло од Групата К, кој на крајот заврши без голови. Со овој исход, Колумбија ја освои групата со седум бода на првото место, додека Португалија остана второпласирана репрезентација со пет бода. Најдобрата шанса за Португалија ја пропушти Бруно Фернандеш, чиј удар од седум метри во 39-тата минута го одбрани Камило Варгас. Во вториот натпревар од групата, ...
Фудбалерот од средниот ред на Сандерленд и Швајцарија Гранит Џака би можел да се приклучи на Челзи. Според инсајдерот Фабрицио Романо, 33-годишниот фудбалер е подготвен да прифати какви било договорни услови од лондонскиот клуб за да се обедини со главниот тренер Чаби Алонсо, со кого работеше во Баер Леверкузен. Во сезоната 2025/26, Џака постигна еден гол и имаше шест асистенции во 36 натпревари. Трансфермаркт ја проценува вредноста на ...