Австријците поведоа во 28. минута со гол на Арнаутовиќ, пред крајот на првото полувреме Белгали изедначи на 1-1. По десет минути игра во вториот дел, Сабицер реализираше за ново водство на Австрија, Марез во 60. минута израмни на 2-2. Во судиското продолжение се случуваше вистинска драма. Најпрво Марез во 93. минута донесе водство на Алжир, а Калајџиќ во 96. минута израмни на 3-3. Резултат кој им одговараше и на двете селекции. Меси влезе од ...
Фудбалерите на Алжир ремизираа со Австрија 3-3, и со тоа двата тима обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Еден од највозбудливите натпревари на Светското првенство 2026 досега се одигра во Канзас Сити. По еден бод беше доволен за двете селекции да поминат, но малкумина очекуваа ваков спектакуларен исход. По мирниот почеток, Австрија поведе во 22. минута благодарение на одличната акција на двајца од најискусните играчи. ...

