Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и нивниот технички партнер „Најк“ денеска официјално ја претставија новата колекција на дресови во кои „коцкестите“ ќе настапат на претстојното Светско првенство 2026 во Канада, САД и Мексико. Новиот изглед е вистински спој на традицијата и модерната технологија, со моќна порака до навивачите. Враќање на корените: Инспирација од легендарниот меч со САД Главната инспирација за новиот дизајн е историскиот ...

Атлетико Мадрид повторно го изнуди најдоброто издание од Реал и го предизвика градскиот ривал во голема мера на „Сантијаго Бернабеу“, а во самиот финиш, „душекџиите“ беа многу блиску и до реми. Извонредниот удар на Хулијан Алварез заврши во стативата и остана да важи актуелниот резултат 3:2, па токму еден гол направи разлика во возбудливото дерби на кое очекувано имаше и спорни моменти, но и еден црвен картон. Атлетико се жалеше дека не доби ...

Американскиот тенисер Себастијан Корда синоќа го победи Шпанецот Карлос Алкараз во третото коло на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 2 часа и 19 минути и заврши со резултат 6:3, 5:7 и 6-4 во корист на Американецот. Светскиот тенисер број 36, Корда, сервираше 12 аса, не направи двојни грешки и реализираше три од своите пет брејк топки. Алкараз, светскиот тенисер број еден, имаше два аса, две двојни грешки и реализираше две од своите пет брејк ...

Дали некогаш сте се запрашале што значи вистинска пасија кон фудбалот? Еве еден пример од деветтата италијанска лига (Трета категорија, регион Лоди) кој буквално изгледа како сценарио за комедија. Матео Чичери, тренер на екипата Унион Мулацано, имал забрана да го води својот тим поради претходна суспензија. Но, тоа воопшто не го спречило да ја исполни својата должност. За да не биде препознаен, тој одлучил да дојде на натпреварот против ...

Микел Артета наиде на критики за тим-селекцијата која ја имаше во финалето против Манчестер Сити на „Вембли“, од една страна поради тоа што го постави Инкапие на местото на Калафиори, но најмногу поради фактот што му се довери на Кепа Аризабалага. Шпанскиот голман доби шанса како стартер во ситуација кога бранеше на сите претходни натпревари во Карабао Купот, но токму неговата почетничка грешка на стартот на второто полувреме кулминираше со ...

Винисиус Жуниор ја пронајде најдобрата форма под водство на Алваро Арбелоа и изгледа како навистина друг играч во последните два месеци, а тоа беше случај и вчера на големото мадридско дерби против Атлетико. Бразилскиот ас постигна два гола во пресвртот кој го режираа „кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“, а новата победа за Реал го натера Винисиус да ја продолжи „војната“ која ја води со Диего Симеоне. Чоло за време на шпанскиот Суперкуп во ...

Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) дава еден негативен рекорд оваа сезона во Европа, затоа што го има единствениот тим без победа на целиот фудбал на Стариот континент. Шкупи од Чаир е единствена екипа која нема победа во досегашниот дел од сезоната во најдобрите шампионати од земјите на листата на УЕФА. До овој викенд друштво правеше Енозис Паралимни од Кипар, но успеа да победи во своето првенство. Некогашниот освојувач на шампионатот ...

Еден од најдобрите дански репрезентативци, напаѓачот на Наполи, Расмус Хојлунд од еден специфичен амбиент од неговата кујна во домот во Неапол, во разговор за данската телевизија „Тв2“, порача дека воопшто не резервирал летен одмор затоа што верува дека неговата селекција ќе оди на Светското првенство 2026. Данска веќе во четврток (26 март) во Копенхаген ја пречекува Македонија на „Паркен“ во полуфиналниот плејоф мундијалски бараж. А, Хојлунд ...

Францускиот офанзивен играч од средниот ред, Дмитри Паје, го објави крајот на кариерата седум дена пред неговиот 39-ти роденден. Поранешниот играч на Екселсиор од неговиот роден Реунион, Нант, Сент Етјен, Лил, Марсеј, Вест Хем и Васко де Гама го стори тоа по 22 сезони во професионален фудбал и речиси 800 натпревари. Пресвртница во животот на „десетката“ висока 175 см беше неговото доаѓање во Нант во 2005 година, каде што помина две сезони, ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одби да ја бара вината во судењето по поразот на неговиот тим од 2-3 против Реал Мадрид во натпревар од 29-тото коло на Ла Лига. Аргентинскиот стратег се фокусираше на играта на својата екипа. „Не мислам дека загубивме поради судиите. Имавме можности да создадеме добри шанси, но не ги искористивме. Заслужувавме барем малку повеќе“, изјави Симеоне. „Дали судијата имаше различни критериуми? Не мислам ...

Лос Анџелес Лејкерс здивнаа. Најдобриот стрелец во лигата, Лука Дончиќ, нема да биде суспендиран и ќе може да настапи на вечерашниот дерби-дуел против првопласираниот Детроит Пистонс. НБА лигата официјално ја поништи неговата 16-та техничка грешка заработена на мечот против Орландо, со што ја повлече автоматската суспензија од еден натпревар. Што навистина се случи во Орландо? Инцидентот се случи во третата четвртина додека Словенецот беше на ...

Манчестер Сити со фуриозни 20 минути заврши работа во големото финале на „Вембли“ и осигура победа против Арсенал, а со самото тоа, стигна до рекордна деветта титула во Карабао Купот. Момците на Пеп Гвардиола излегоа далеку подобро во вториот дел и постигнаа два погодоци преку О’Рајли, но мора да се нагласи дека убедливо најактивни играчи во сини дресови беа Рајан Шерки и Антоан Семењо. Двајцата направија голема разлика на крилните позиции, а ...

Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, се искачи на второто место по број на постигнати голови од слободни удари во кариерата. Триесет и осумгодишниот Аргентинец вчеравечер постигна гол од слободен удар во гостинскиот натпревар со Њујорк сити во регуларниот дел од МЛС-лигата. Меси сега има 71 гол од слободни удари во кариерата. Овој резултат го става пред легендарниот Бразилец Пеле (70 голови од слободни удари). Рекордер е ...

По одличниот двомеч во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, Реал Мадрид славеше синоќа со 3-2 против Атлетико во Ла Лига. Фудбалерите на Реал немаа право на неуспех ако сакаа да го следат темпото на Барселона, која имаше седум бода предност пред нив пред вечервашното дерби. Иако атмосферата во соблекувалната на Реал значително се подобри во последно време, шпанските медиуми пишуваат за тоа што се случило пред ...

Никола Јокиќ го запиша својот 35-ти трипл-дабл во сезоната, вкупно 198 во кариерата, откако тој и Џамал Мареј постигнаа по 22 поени во победата на Денвер Нагетс од 128-112 над Портланд Треилблејзерс. Србинот зад своето име покрај 22 поени, запиша 14 скока и 14 асистенции. Дени Авдија ги предводеше Треилблејзерс со 23 поени, додека Донован Клинган постигна 18. Портланд не го предводеше целиот натпревар, последниот од петте гостувања на ...

Антоан Гризман (35) го напушта Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Орландо во САД. Трансферот е финализиран и тој лета за САД за да потпише договор. После тоа, тој ќе се врати во Шпанија за да му помогне на Атлетико да се обиде да го освои Купот на Кралот и Лигата на шампионите до крајот на сезоната. Потоа ќе стане играч на Орландо. Ова беше објавено во 1 часот наутро од Марка, а потоа и од Ас. Во најголемите шпански спортски ...

На НБА терените во неделната програма беа одиграни пет натпревари, а повторно своја вечер имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој доминираше против Портланд трејлблејзерс. Неговиот Денвер го совлада Портланд со 128-112. Во овој дуел немаше многу драма и победникот беше решен многу пред последната четвртина. Иако не играше до крајни граници, Јокиќ и во таква ситуација успеа да запише трипл-дабл. Постигна 22 поени, а имаше и по 14 скокови и ...

Пеп Гвардиола не ги криеше емоциите и бурно ги прослави головите на Манчестер Сити во финалето на Карабао купот, привлекувајќи го вниманието на фановите и медиумите со своите потези. Шпанскиот тренер освои нов трофеј во Карабао купот со екипата од „Итихад“, а дополнителна тежина на успехот му дава и фактот што противник во финалето беше Арсенал. Гвардиола ретко прославува погодоци на ваков начин, па затоа и добил прашање за однесувањето во ...

Технолошките промени во Формула 1 сериозно го менуваат начинот на возење, а новиот софтвер за управување со енергијата сè повеќе ја презема контролата врз перформансите на болидите. Наместо агресивен пристап и ризик, возачите сега се принудени да возат попрецизно, бидејќи секое отстапување од „идеалниот круг“ може да резултира со загуба на време. Софтверот автоматски одлучува кога да се полни батеријата и кога да се користи електричната ...

Канадскиот кошаркар Шеј Гилџес-Александер испрати силна порака до критичарите по новата одлична партија во НБА лигата, истакнувајќи дека негативните коментари се дел од патот кон врвот. Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер блесна во победата над Вашингтон Визардс, постигнувајќи 40 поени и додавајќи седум асистенции, со што уште еднаш ја потврди својата извонредна форма оваа сезона. По натпреварот, Гилџес-Александер се осврна на критиките и ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, постигна значаен успех израмнувајќи го клупскиот рекорд на Пеп Гвардиола за најдолга серија на последователни домашни победи во Ла Лига. Каталонскиот гигант го совлада Рајо Ваљекано со 1:0 во натпревар од 29. коло во шпанското првенство. Со оваа победа, Барселона ја продолжи својата домашна победничка серија во Ла Лига на импресивни 15 натпревари по ред. Со овој резултат, Ханси Флик го израмни рекордот меѓу ...

Американскиот тенисер, Себастијан Корда, го направи најголемото изненадување на АТП турнирот во Мајами, откако во 1/16-финале успеа да го елиминира лидерот на светската ранг-листа, Карлос Алкарас. 36-тиот тенисер во светот го доби мечот со 2-1 во сетови, 6-3, 5-7 и 6-4. Првите седум гема од првиот сет им припаднаа на тенисерите кои беа на сервис, но Корда направи брејк во осмиот гем и на тој начин поведе со 1-0. И вториот сет започна одлично ...

Фудбалерите на Реал Мадрид извојуваа херојска победа над градскиот ривал Атлетико со 3-2, во натпревар кој понуди сè – пресврти, исклучувања и драма до последната секунда. Со овој триумф, тимот на Алваро Арбелоа ја намали разликата на само четири бода во однос на лидерот Барселона и ја одржа жива трката за титулата. Ладен туш од Лукман и одговорот на „кралевите“ Натпреварот започна со иницијатива на Реал, а Федерико Валверде уште во 9-та ...

Натпреварот од 19. коло на Првата ракометна лига меѓу Младост од Богданци и Кичево кој беше закажан за денес во „Билјанини Извори“ во Охрид сепак не се одигра поради технички причини. По одлука на делегатот истиот воопшто и не започна, па сега се отвара работа за Натпреварувачката комисија на РФМ. Повеќе од јасно е дека бодовите службено ќе ги добие Младост, а домаќин на истиот беше Кичево. Инаку, првиот нивен меч наместо во Кичево се одигра ...

Фудбалерите на Реал Мадрид со блиц-криг за само три минути успеаја да стигнат до целосен пресврт против Атлетико Мадрид во градското дерби како дел од 29. коло во шпанската Ла лига. Гостите водеа со 0-1 со голот на Локман во 23. минута. Сепак, во вториот дел Брахим Дијаз беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот, а Реал Мадрид доби пенал кој успешно во 52. минута го реализираше Винициус Жуниор. Само три минути подоцна беше и 2-1 со ...

Она што требаше да биде рутински пат кон одбрана на тронот, се претвори во кошмар за Карлос Алкараз. Првиот рекет на светот е елиминиран во третото коло на Мастерсот во Мајами, откако Американецот Себастијан Корда ја оствари победата на кариерата, славејќи со 6-3, 5-7, 6-4. Во меч кој траеше два часа и 19 минути, Корда покажа неверојатна ментална сила, успевајќи да се издигне и по големиот пад во вториот сет кога пропушти шанса да го докрајчи ...

Реал Мадрид го доби градското дерби против Атлетико со 3-2 и се врати на минус четири од Барселона. Мечот на „Сантијаго Бернабе“ понуди од се по нешто. Фудбалската драма беше збогатена со пет гола, пенал и црвен картон, а на крајот „кралевите“ беа тие кои се радуваа. Адемола Лукман во 33-тата минута најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и го донесе Атлетико во водство од 0-1. Тој резултат беше и на семафорот и на крајот од првиот ...

Ниту „Д“ од дербито меѓу Драчево Јуниор и Вардар Неготино, откако во рамки на 19. коло на Првата ракометна лига, домаќинот со 33:24 славеше висока победа. Уште од самиот почеток Драчево Јуниор одлично отвори и имаше постојана предност, а гостинот само на момент намали на 12:10 и тоа беше се што можеше да направи. На полувреме резултатот беше 16:13, а во вториот дел разликата стигна до конечните 33:24. Димитар Петковски беше прво име кај ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа екипата на Атлетико Мадрид со 3:2 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Алваро Арбелоа и покрај сите потешкотии успеаја да стигнат до многу важна победа и го совладаа најлутиот ривал по прв пат од 2022 година. Реал беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, но Атлетико Мадрид имаше предност по првите 45 минути откако Лукман постигна убав погодок во 33-тата минута. Во ...

Познатата натпреварувачка во УФЦ-борење, Ронда Роузи, упати остри критики до челниците на УФЦ поради ниските плати, а во својот говор ја спомена и шампионката Валентина Шевченко, што предизвика брза реакција. Роузи тврди дека многу спортисти се принудени да бараат дополнителни извори на приход, наведувајќи дека шампионките како Шевченко мора да продаваат содржина на платформата за возрасни, „Онли фанс“. Во своите коментари, таа истакна дека ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
59%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.46
86%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
68%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
51%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
44%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.47
71%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
49%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Родиум

358480.82

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Калај

43.91