Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Кина ја намали царината за увоз на виски од 10% на 5%, што ќе претставува поттик за британската индустрија на виски, по средбата на лидерите на двете земји. Од канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека овој договор ќе донесе 344 милиони долари за британските извозници во следните пет години. Царините на шкотско виски беа една од темите за кои разговараа Стармер и кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, при што се ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес истакна дека Законот за работно ангажирање на лица, кој почна да се применува од 1 јануари 2026 година, претставува значаен исчекор во уредувањето на пазарот на трудот и формализацијата на сивата економија. Тековниот период беше наменет за техничка и институционална адаптација, со цел имплементацијата на законот да биде ефикасна, усогласена и функционална во пракса. Формализацијата на ...
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, оствари работна средба со менаџментот на „Кам“, по повод 30 години успешно работење на компанијата. Како што соопштуваат од Комората, предмет на разговорите биле предизвиците со кои се соочува „Кам“, компанија која е една од водечките деловни субејкти во трговијата на мало во земјава. Акцентот во разговорите бил ставен и на важноста на основните параметри на живеењето како, пазарната ...
Шпанскиот трговец инвестираше повеќе од 52 милиони евра во 2025 година во реновирање на 26 продавници низ девет шпански автономни заедници. Според малопродажниот синџир, реновирањето на пет хипермаркети и 21 супермаркет е дел од поширока програма за реновирање на малопродажната мрежа на „Алкампо“. Во регионот Кастиља и Леон, повеќе од девет милиони евра беа инвестирани во реновирање на девет супермаркети. Во Мадрид беа реновирани пет ...
Европската Унија најави воведување мерки за привремено запирање на увозот на евтин суров шеќер преку режимот „Постапка за внатрешна преработка“ (IPP), со цел стабилизација на пазарот и заштита на европските производители на шеќерна репка. Како што соопшти комесарот за земјоделство Кристоф Хансен, мерката се однесува на царинскиот режим што овозможува увоз без царина за преработка и повторен извоз, но кој, според експертите, во последните ...
Фармацевтската компанија „Галеника“ стана сопственик на 100% удел во словенечката компанија „Санофарм“, дополнително зајакнувајќи ја својата позиција на словенечкиот и хрватскиот пазар и продолжувајќи го стратешкото проширување на своето работење во Европската Унија. Со ова преземање, „Галеника“ ја презема и ексклузивната дистрибуција на производи од реномираните италијански производители Pharmalife Research и ESI за словенечкиот пазар, како ...
И годинава македонската компанија „Витаминка“ е дел од Интернационалниот саем на слатки и бисквити (ИСМ) во Келн, каде што компанијата се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред. Како што соопштуваат од компанијата, изложувањето на ИСМ е стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на ...
Честопати можете да наидете на објави и текстови во кои се коментира ставот на генерацијата Z кон работата, кариерата и бизнисот. Мислењата се поделени - некои ги гледаат ставовите на генерацијата Z како освежителен пристап што носи позитивни промени на пазарот на трудот како целина, додека други имаат тенденција да ги карактеризираат како површни и неодговорни. Сепак, овие дискусии честопати го игнорираат поширокиот контекст: пазарот на ...
Според заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, неопходна е заедничка соработка во рамките на Економско-социјалниот совет (ЕСС) за да се решат прашањата што се во насока на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани. Како влада и министерство за економија и труд, спроведуваме голем број мерки и активности за подобрување на животниот стандард и пораст на сите плати. Изминатиов период се работеше на ...
Според заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, неопходна е заедничка соработка во рамките на Економско-социјалниот совет (ЕСС) за да се решат прашањата што се во насока на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани. Како влада и министерство за економија и труд, спроведуваме голем број мерки и активности за подобрување на животниот стандард и пораст на сите плати. Изминатиов период се работеше на ...
Трговците во Велика Британија брзо се приспособуваат на промените во потрошувачките навики, предизвикани од лековите за слабеење GLP-1, како што се Wegovy, Mounjaro и Ozempic. Тоа создава можност за нови прехранбени производи, која може да им помогне да ја одржат продажбата. Кон средината на декември „Морисонс“ гордо објави дека е првиот трговец во Велика Британија што лансира готови оброци под сопствениот бренд, приспособени на GLP-1. ...
Уставниот суд на Црна Гора објави дека го укина членот 35а од Законот за внатрешна трговија, односно неработната недела во продавниците, како неуставна. Судот оцени дека оваа одредба ја нарушува слободата на претприемништвото гарантирана со Уставот, како и уставниот принцип на еднаквост на сите пред законот, бидејќи на една група претприемачи/трговци им е дозволено да вршат дејност во неделa и на државни и други празници, додека на друга ...
Истражувањето на „Нилсен IQ“ покажува дека навиките на купување производи во Европа стануваат сè пофрагментирани, не само поради бројот на големи малопродажни синџири. Француските домаќинства во просек посетуваат девет различни продавници за храна за одреден период, иако за најголем дел од трошоците се потпираат на една или на две „централни“ продавници. Истовремено, анализите покажуваат дека потрошувачите на многу пазари прават почести ...
Проектот „Никогаш повеќе сама“, кој компанијата „дм дрогерие маркт“ го реализира со цел унапредување на менструалната правда и обезбедување бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети, продолжува и во вториот семестар од студентската 2025/2026 година. Врз основа на досегашните резултати и утврдените потреби, проектот влегува во следната фаза со проширен обем и дополнително зајакнати активности. Во рамки на вториот ...
Првата продавница на „Лидл“ во Аранѓеловац беше отворена на 22 јануари, на адреса Занатлиска, бр. 81. Свеченото пресекување на лентата го извршија раководителите на продавницата, како и Невена Ириќ, заменичка на претседателот на општина Аранѓеловац. Продавницата на „Лидл“ ќе придонесе за подобра и поубава слика на развојот на општината, најпрвин преку економскиот развој, а потоа и преку туризмот. „Лидл“ дополнително ќе го прошири асортиманот ...
Соочени со најавените промени во граничните режими и примената на новите европски системи за контрола, побаравме став и мислење од Групацијата за меѓународни шпедитери и логистички оператори – MIFA, која ги обединува клучните чинители во меѓународниот транспорт и логистика во земјава. Од MIFA велат дека во моментов не може да се зборува за универзални и мерливи застои на границите со Европската Унија, бидејќи времето на чекање зависи од ...
Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, додека превозниците во Црна Гора и Македонија ги прекинаа блокадите. Овој чекор следува откако ЕК објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во шенген-зоната. Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од ...
„Унилевер“ објави дека потпиша договор за продажба на својот бизнис со производи за домаќинство во Колумбија и Еквадор на „Аликорп“. Трансакцијата вклучува портфолио од добро етаблирани локални брендови во Колумбија и Еквадор, како што се Fab, „3D“, Aromatel и Deja. Овие брендови имаат долгогодишно наследство и играат значајна улога во секојдневниот живот на потрошувачите низ Колумбија и Еквадор. Иако ова беше намерна одлука, таа е во ...
Европската Унија ги прифаќа возачите на камиони како професионалци со што се решава проблемот на превозниците, објави министерот за транспорт и врски Александар Николоски на Фејсбук и сподели делови од нацрт Стратегијата за визи. По протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, објави Николоски. Во соопштението се наведува ...
Дигиталната трговија поминува низ драматична трансформација, бидејќи генеративните ВИ-платформи стануваат главни алатки за откривање на производи, покажува новата анализа на „Еуромонитор“. Според истражувањето „Voice of the Consumer: Lifestyles Survey“ на „Еуромонитор“, повеќе од половина од потрошувачите користат генеративни алатки за вештачка интелигенција (ВИ), како ChatGPT, Google Gemini и Perplexity за информации и препораки. ...
Зголемени чекања од 20 до 40 проценти на одредени гранични премини кон ЕУ и нови ограничувања за возачите веќе го менуваат начинот на кој функционира меѓународниот транспорт. Во интервју за InStore, Алија Феревски, National Sales Manager во Kuehne+Nagel предупредува дека најпогодени се индустриите каде што времето е критично, а долгорочната непредвидливост носи реален ризик за ланците на снабдување во целиот регион. 1. Дали вашата компанија ...
Во интервјуто за InStore, генералниот секретар на Асоцијација Макам-транс, Биљана Муратовска истакна дека проблемот на македонските превозници не се граничните редици, туку ограничувањата за работа на професионалните возачи во Шенген зоната – ризик што директно ја загрозува логистиката, производството и трговијата. 1. Дали македонските превозници веќе чувствуваат реални застои на границите со ЕУ? Колку во просек чека камион од Македонија на ...
Трговецот ја објави својата намера да ги затвори продавниците „Амазон фреш“ и „Амазон гоу“ со цел да „се фокусира на инвестиции во области на пораст“. Откако внимателно го оценивме нашиот бизнис и како најдобро можеме да им служиме на нашите клиенти, донесовме тешка одлука да ги затвориме физичките продавници „Амазон фреш“ и „Амазон гоу“, при што некои локации беа трансформирани во продавници на „Хол фудс маркет“, се вели во соопштението на ...
Групацијата „Шварц“, најголемиот малопродажен конгломерат во Европа и сопственик на „Лидл“ и „Кауфланд“, го развива планот со „Дојче Телеком“ за учество во еден од водечките проекти на ЕУ за ВИ-гигафабрики – огромни центри за податоци дизајнирани за хостинг и тренирање на генерацијата на модели за вештачка интелигенција (ВИ). Според тековните преговори, „Шварц“ и „Дојче Телеком“ имаат цел заеднички да изградат центар за податоци со фокус на ...
Европската Унија почнува институционална расправа за можни исклучоци од правилото 90/180 дена во Шенген, за одредени професии, меѓу кои и за возачите на камиони. Според информации што ги пренесуваат регионални медиуми, во работен документ на Европската комисија – како основа за нова визна стратегија – се најавува „стратешка дискусија“ за олеснувања што би ја зачувале конкурентноста на ЕУ и би спречиле нарушувања на единствениот пазар, без да ...
Универзитетската болница во Гент, Белгија, потпиша четиригодишно партнерство со синџирот дрогерии „Кројдват“. Според договорот, трговецот ќе обезбедува пелени, марамчиња и храна за бебиња од сопствената трговска марка за породилните одделенија на болницата. Ова е првиот договор меѓу болница во Белгија и трговец со производи за нега на новороденчиња и исхрана на доенчиња. Според досегашните индикации, договорот е уникатен и во Европа. ...
„МК груп“ и „Фортенова груп“ потпишаа договор за купопродажба на компанијата „Дијамант“ со седиште во Зрењанин, преку кој „МК груп“ треба да стекне 100% удел во „Дијамант“, што претставува еден од најзначајните процеси на аквизиција во прехранбениот и земјоделскиот сектор во Адриа Регионот. Трансакцијата ќе биде финализирана по добивањето на одобрение од надлежните регулаторни тела за заштита на конкуренцијата. Оваа аквизиција ја потврдува ...
„Гемак траде“, еден од водечките дистрибутери и увозници на производи од широка потрошувачка во Северна Македонија и дел од „Малиќи груп“, со гордост го најавува почнувањето на партнерство со три реномирани регионални и европски брендови – Franck, Chio и Neva. Со повеќе од три децении искуство, „Гемак“ се развива во компанија која обезбедува висококвалитетни производи, комплетна логистичка покриеност и поддршка во градење на брендови на ...
Маслиновото масло, чие производство традиционално е поврзано со сончевите предели на Јужна Европа, почнува да се развива и на север. Мал број, но растечки компании во Велика Британија одгледуваат маслинки со амбиција за производство на висококвалитетно екстра девствено маслиново масло, што претставува значителна промена во европското производство на храна. Во делови од Есекс, Линколншир и Корнвол (Велика Британија), маслинови насади се садат ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе почне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера на прес-конференција рече дека протестот се организира поради ингнорантскиот однос на Владата и работодавачите ...